реквизитерка Archives - Република https://republika.mk/tema/rekviziterka/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Mar 2024 09:03:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png реквизитерка Archives - Република https://republika.mk/tema/rekviziterka/ 32 32 Реквизитерката која го наполни пиштолот на Алек Болдвин прогласена за виновна за убиство од небрежност https://republika.mk/vesti/svet/rekviziterkata-koja-go-napolni-pishtolot-na-alek-boldvin-proglasena-za-vinovna-za-ubistvo-od-nebrezhnost/ Thu, 07 Mar 2024 09:03:35 +0000 https://republika.mk/?p=752107

Одговорната реквизитерка, која го наполни пиштолот на Алек Болдвин при пукањето и убиството на снимањето на филмот „'Рѓа“ (Rust), Хана Гутjерез-Рид е осудена за убиство од небрежност. Освен тоа, таа е прогласена за невинa по втората точка од обвинението - манипулација со докази.

Oсудената може да добие и до три години затвор.

Гутјерез-Рид не сведочеше во двонеделното судење, но нејзиниот адвокат рече дека обвинителите не успеале да докажат дека неговата клиентка е одговорна за фаталното пукање во коешто жена беше убиена, а имаше и еден повреден. Правникот, исто така, тврдеше дека Болдвин е тој што треба да биде кривично гонет, бидејќи тој го држел пиштолот, пренесе „Ен-би-си“.

Таа е лесна мета, најмалку моќната личност на сетот. Лесно жртвено јагне, рече бранителот во воведниот збор на судењето.

И Алек Болдвин се соочува со судење за убиство од небрежност. Почетокот на судењето е закажан за 10 јули, а обвиненијата против Болдвин еднаш веќе се отфрлени.  

https://youtu.be/PfjOtGvvX5o?si=dIcWw8t-niHLaNoC

The post Реквизитерката која го наполни пиштолот на Алек Болдвин прогласена за виновна за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>

Одговорната реквизитерка, која го наполни пиштолот на Алек Болдвин при пукањето и убиството на снимањето на филмот „'Рѓа“ (Rust), Хана Гутjерез-Рид е осудена за убиство од небрежност. Освен тоа, таа е прогласена за невинa по втората точка од обвинението - манипулација со докази. Oсудената може да добие и до три години затвор. Гутјерез-Рид не сведочеше во двонеделното судење, но нејзиниот адвокат рече дека обвинителите не успеале да докажат дека неговата клиентка е одговорна за фаталното пукање во коешто жена беше убиена, а имаше и еден повреден. Правникот, исто така, тврдеше дека Болдвин е тој што треба да биде кривично гонет, бидејќи тој го држел пиштолот, пренесе „Ен-би-си“.
Таа е лесна мета, најмалку моќната личност на сетот. Лесно жртвено јагне, рече бранителот во воведниот збор на судењето.
И Алек Болдвин се соочува со судење за убиство од небрежност. Почетокот на судењето е закажан за 10 јули, а обвиненијата против Болдвин еднаш веќе се отфрлени.   https://youtu.be/PfjOtGvvX5o?si=dIcWw8t-niHLaNoC

The post Реквизитерката која го наполни пиштолот на Алек Болдвин прогласена за виновна за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>