ректорска управа Archives - Република https://republika.mk/tema/rektorska-uprava/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Feb 2024 16:41:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ректорска управа Archives - Република https://republika.mk/tema/rektorska-uprava/ 32 32 Ректорската управа на УКИМ бара средба со техничкиот премиер во рок од седум дена https://republika.mk/vesti/makedonija/rektorskata-uprava-na-ukim-bara-sredba-so-tehnichkiot-premier-vo-rok-od-sedum-dena/ Thu, 08 Feb 2024 16:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=741942

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Сојузот на синдикати на вработените на универзитетот бараат итна средба во рок од три дена со премиерот Талат Џафери, во спротивно вработените на Универзитетот и Синдикатот ќе преземат соодветни мерки за заштита и остварување на своите права, загарантирани со Уставот и законите, се вели во заклучоците на Ректорската управа на УКИМ.

Ректорската управа, која се состои од 34 члена, декани, ректори и проректори на сите факултети и институти, како и претставник на Универзитетското студентско собрание, денеска одржа вонредна седница на која донесе заклучок дека Колективниот договор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е на сила и во правниот промет се применува од 1 јануари 2024 година, не е откажан, ниту е укинат или поништен, и е задолжителен за работодавачот и за работниците во чие име е склучен.

Универзитетот го отфрла ставот на Министерството за образование и наука дека овој Колективен договор не е важечки затоа што не бил регистриран во Регистарот на колективни договори, кој го води Министерството за труд и социјална политика.


„Имено, според член 231, став 1 од Законот за работните односи, регистрирање е задолжително за општи и гранкови колективни договори, а не и за поединечни колективни договори, каков што е Колективниот договор на УКИМ, за кои според став 3 од истиот член е потребно само известување до Министерството за труд и социјална политика. Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје констатира дека државата не ги почитува актите кои таа сама ги носи, што е во спротивност со принципите на владеење на правото и правната сигурност “ – се вели во заклучоците.

Затоа Ректорската управа бара средба со премиерот Талат Џафери, кој, инаку, е и потписник на Колективниот договор на УКИМ. Управата потсетува дека за непочитувањето на Колективниот договор на УКИМ, со допис од 5. февруари годинава, биле известени Собранието, Владата, МОН, Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика.

 

The post Ректорската управа на УКИМ бара средба со техничкиот премиер во рок од седум дена appeared first on Република.

]]>

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Сојузот на синдикати на вработените на универзитетот бараат итна средба во рок од три дена со премиерот Талат Џафери, во спротивно вработените на Универзитетот и Синдикатот ќе преземат соодветни мерки за заштита и остварување на своите права, загарантирани со Уставот и законите, се вели во заклучоците на Ректорската управа на УКИМ. Ректорската управа, која се состои од 34 члена, декани, ректори и проректори на сите факултети и институти, како и претставник на Универзитетското студентско собрание, денеска одржа вонредна седница на која донесе заклучок дека Колективниот договор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е на сила и во правниот промет се применува од 1 јануари 2024 година, не е откажан, ниту е укинат или поништен, и е задолжителен за работодавачот и за работниците во чие име е склучен. Универзитетот го отфрла ставот на Министерството за образование и наука дека овој Колективен договор не е важечки затоа што не бил регистриран во Регистарот на колективни договори, кој го води Министерството за труд и социјална политика. „Имено, според член 231, став 1 од Законот за работните односи, регистрирање е задолжително за општи и гранкови колективни договори, а не и за поединечни колективни договори, каков што е Колективниот договор на УКИМ, за кои според став 3 од истиот член е потребно само известување до Министерството за труд и социјална политика. Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје констатира дека државата не ги почитува актите кои таа сама ги носи, што е во спротивност со принципите на владеење на правото и правната сигурност “ – се вели во заклучоците. Затоа Ректорската управа бара средба со премиерот Талат Џафери, кој, инаку, е и потписник на Колективниот договор на УКИМ. Управата потсетува дека за непочитувањето на Колективниот договор на УКИМ, со допис од 5. февруари годинава, биле известени Собранието, Владата, МОН, Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика.  

The post Ректорската управа на УКИМ бара средба со техничкиот премиер во рок од седум дена appeared first on Република.

]]>