реклама Archives - Република https://republika.mk/tema/reklama/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Dec 2022 07:41:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png реклама Archives - Република https://republika.mk/tema/reklama/ 32 32 Д-р Пановски апелира: Ако видите реклама со мене за каков било производ, не купувајте – ЛАГА е!! https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-panovski-apelira-ako-vidite-reklama-so-mene-za-kakov-bilo-proizvod-ne-kupuvajte-laga-e/ Sun, 04 Dec 2022 07:39:49 +0000 https://republika.mk/?p=581374

Професорот д-р Никола Пановски, јавно реагира дека огласите што се појавуваат на интернет и на социјалните мрежи, а во кои се вели дека тој промовира одредени производи се лажни.

Д-р Пановски истакнува дека реагирал до надлежните, но дека тоа не донело резултат.

Драги пријатели, една молба до сите вас! Ве молам споделувајте го овој пост со мојов текст кои следи:

 

АКО ВИДИТЕ РЕКЛАМА, ТЕКСТ, ФОТО, ИНТЕРВЈУ СО МЕНЕ НИКОЛА ПАНОВСКИ ЗА БИЛО КАКОВ ПРОИЗВОД, ЧАЈ, ЛЕК ИТН. ЗНАЈТЕ ДЕКА Е ЛАГА, НЕ КУПУВАЈТЕ ВЕ МОЛАМ!!!

 

Минаа 5 дена од кога реагирав овде со пост, на вести на Телма, Сител, откога пријавив во МВР, а нови реклами излегуваат секој ден.

 

Ве молам помогнете со тоа што ќе ја разоткриеме оваа лага и криминал, сите нека разберат, друг начин не знам.

 

СПОДЕЛЕТЕ!!! Ви благодарам, апелира д-р Пановски.

The post Д-р Пановски апелира: Ако видите реклама со мене за каков било производ, не купувајте – ЛАГА е!! appeared first on Република.

]]>

Професорот д-р Никола Пановски, јавно реагира дека огласите што се појавуваат на интернет и на социјалните мрежи, а во кои се вели дека тој промовира одредени производи се лажни. Д-р Пановски истакнува дека реагирал до надлежните, но дека тоа не донело резултат.
Драги пријатели, една молба до сите вас! Ве молам споделувајте го овој пост со мојов текст кои следи:   АКО ВИДИТЕ РЕКЛАМА, ТЕКСТ, ФОТО, ИНТЕРВЈУ СО МЕНЕ НИКОЛА ПАНОВСКИ ЗА БИЛО КАКОВ ПРОИЗВОД, ЧАЈ, ЛЕК ИТН. ЗНАЈТЕ ДЕКА Е ЛАГА, НЕ КУПУВАЈТЕ ВЕ МОЛАМ!!!   Минаа 5 дена од кога реагирав овде со пост, на вести на Телма, Сител, откога пријавив во МВР, а нови реклами излегуваат секој ден.   Ве молам помогнете со тоа што ќе ја разоткриеме оваа лага и криминал, сите нека разберат, друг начин не знам.   СПОДЕЛЕТЕ!!! Ви благодарам, апелира д-р Пановски.

The post Д-р Пановски апелира: Ако видите реклама со мене за каков било производ, не купувајте – ЛАГА е!! appeared first on Република.

]]>
Книгата на Хитлер, „Мајн Кампф“, понудена во реклама како „совршен божиќен подарок“ https://republika.mk/vesti/svet/knigata-na-hitler-majn-kampf-ponudena-vo-reklama-kako-sovrshen-bozikjen-podarok/ Sat, 19 Nov 2022 11:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=575793

Најголемата интернет-страница за купување во Нов Зеланд се извини откако ја промовираше автобиографската книга на Адолкф Хитлер „Мојата борба“ (Mein Kampf), како „совршена“ идеја за божиќен подарок.

Книгата беше вклучена во реклама на Инстаграм-страницата на „Трејд ми“ (Trade Me), којашто претставува неколку подароци, меѓу кои и овој своевиден нацистички „манифест“ од 1925 година, напишан од Адолф Хитлер.

Во книгата тој подробно ги изразува неговите политички ставови, замисли и намери за иднината на Германија, пишувајќи за супериорноста на „ариевската раса“ и за истребување на еврејското население.

„Мајн Кампф“, најдете го совршениот подарок и дајте им го она што навистина го сакаат овој Божиќ!“, се вели во веќе избришаната реклама.

Гласноговорничката на „Трејд ми“ (Trade Me), Сали Феинсон изјави за „Спиноф“ (The Spinoff), дека рекламата е предизвикана од алгоритамска грешка.

Неподносливо е да гледаме дека некој има лошо искуство со нас и навистина ни е жал што ова се случи. За овој вид реклами, нашиот тим создава шаблон за маркетинг и огласите автоматски се повлекуваат преку алгоритам. Ние не ја избравме посебно оваа книга за да се појави во оваа реклама, нагласи Феинсон.

Според прописите, книги со нацистички или материјал поврзан со холокаустот, може да се продаваат на страницата само со истакнат историски контекст. Во Нов Зеланд не е нелегално да се поседуваат и дистрибуираат вакви материјали.

„Трејд ми“ е посетуван 1,9 милиони пати секој ден во просек од 650.000 Новозеланѓани, со повеќе од 9 милиони огласи во секое време.

The post Книгата на Хитлер, „Мајн Кампф“, понудена во реклама како „совршен божиќен подарок“ appeared first on Република.

]]>

Најголемата интернет-страница за купување во Нов Зеланд се извини откако ја промовираше автобиографската книга на Адолкф Хитлер „Мојата борба“ (Mein Kampf), како „совршена“ идеја за божиќен подарок. Книгата беше вклучена во реклама на Инстаграм-страницата на „Трејд ми“ (Trade Me), којашто претставува неколку подароци, меѓу кои и овој своевиден нацистички „манифест“ од 1925 година, напишан од Адолф Хитлер. Во книгата тој подробно ги изразува неговите политички ставови, замисли и намери за иднината на Германија, пишувајќи за супериорноста на „ариевската раса“ и за истребување на еврејското население.
„Мајн Кампф“, најдете го совршениот подарок и дајте им го она што навистина го сакаат овој Божиќ!“, се вели во веќе избришаната реклама.
Гласноговорничката на „Трејд ми“ (Trade Me), Сали Феинсон изјави за „Спиноф“ (The Spinoff), дека рекламата е предизвикана од алгоритамска грешка.
Неподносливо е да гледаме дека некој има лошо искуство со нас и навистина ни е жал што ова се случи. За овој вид реклами, нашиот тим создава шаблон за маркетинг и огласите автоматски се повлекуваат преку алгоритам. Ние не ја избравме посебно оваа книга за да се појави во оваа реклама, нагласи Феинсон.
Според прописите, книги со нацистички или материјал поврзан со холокаустот, може да се продаваат на страницата само со истакнат историски контекст. Во Нов Зеланд не е нелегално да се поседуваат и дистрибуираат вакви материјали. „Трејд ми“ е посетуван 1,9 милиони пати секој ден во просек од 650.000 Новозеланѓани, со повеќе од 9 милиони огласи во секое време.

The post Книгата на Хитлер, „Мајн Кампф“, понудена во реклама како „совршен божиќен подарок“ appeared first on Република.

]]>
Сексизам во рекламите: „Сексот продава“ е девиза која сè уште пречесто се употребува https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/seksizam-vo-reklamite-seksot-prodava-e-deviza-koja-se-ushte-prechesto-se-upotrebuva/ Mon, 18 Jul 2022 11:42:29 +0000 https://republika.mk/?p=530639

Разголена жена во предизвикувачка поза, некој интересен слоган и ете ти реклама. Независно од бурните расправи за сексизмот, во Германија се случува и во оваа, 2018 година. „Дојче веле“ прави аализа како ни влијаат таквите реклами?

Ги гледаме дури и на возилата на производителите на храна за животни или на плакатите во автомобилските салони: голи или разголени тела, кои главно немаат никаква врска со рекламираниот производ. Впрочем, „sex sells“ (сексот продава) се чини дека е сè уште важечки принцип во делови од денешното огласување. Германското регулаторно тело за маркетиншката индустрија секоја година прегледува стотици пријави, а во посериозните случаи поднесува тужби против дискриминирачки, расистички или насилни содржини во рекламите. Ако Советот за огласување одлучи дека одредена реклама не ги задоволува етичките стандарди, првенствено тивко ги информира авторите. Ако тие доброволно не направат корекции или не ја повлечат рекламата, ќе бидат укорени и поставени на „ѕидот на срамот“.

Најчеста причина за жалба со години е полово дискриминирачкото огласување, а голем дел од досега упатените тужби всушност се однесуваат на тој сегмент. Наспроти тоа, како што се тврди во извештајот на оваа установа, на милиони плакати, видеа и други маркетиншки форми, „занемарлив дел“ отпаѓа на сексизмот, поради што сметаат дека не е потребна построга регулација на полово дискриминирачкото огласување. Оттаму велат дека огромно мнозинство од фирмите што се известени дека нивните реклами не ги задоволуваат етичките стандарди на ова регулаторно тело ги прифаќаат укорите.

Но, една иницијатива и понатаму се бори против сексизмот во рекламите, а станува збор за „Pinkstinks“. Ова здружение формирано во 2013 година покренало кампања за построг закон против нелојалната конкуренција и барало во тој закон да се вклучи одредба што ќе се однесува на сексистичките реклами. Ова барање во голема мера имало одек во политиката, но досега не е прифатено. Наместо тоа, Министерството за семејство го поддржало проектот „Werbemelder *In“ на ова здружение, чија цел е мониторинг на огласувањето во Германија во текот на две години. Корисниците имаат можност да ги пријават рекламите за кои сметаат дека содржат полова дискриминација, по што здружението ќе ги разгледува пријавите.

Стручните лица во Германија сметаат дека би било добро, покрај Советот за огласување, да се етаблираат и иницијативите како таа на „Pinkstinks“, кои се залагаат за построги правила, зашто веруваат дека институциите се „беззабен тигар“ и дека се состојат од претставници на рекламната индустрија.

Но, не се проблем само сексистичките реклами. Дискутабилен е и т.н. родов маркетинг, кој, на пример, момчињата ги портретира преку синиот производ „за јунаци“, а девојчињата преку розовиот „за принцези“. Експертите велат дека и овие реклами треба да се прифаќаат внимателно.

Без разлика на иронијата, традиционалната слика повторно се користи и се враќа во главите на луѓето - смета Мартина Тиле, политолог од Универзитетот во Салцбург.

Во денешното живеење повеќе од кога било сме опкружени со реклами, па големо е и нивното влијание врз нашиот светоглед и врз она што го сметаме за нормално однесување.

Сексистичкото огласување промовира паушално размислување во стилот „такви се мажите“, а „жените се вакви“. Многу огласувачи тврдат дека нивните реклами само ја одразуваат состојбата во општеството, но дека на тој начин само си ја олеснуваат работата - објаснува Тиле.

Рекламата има голема моќ, па оттука и одговорност да се придвижуваат позитивни нешта наместо да се шират стереотипи и сексистички поглед на светот.

The post Сексизам во рекламите: „Сексот продава“ е девиза која сè уште пречесто се употребува appeared first on Република.

]]>

Разголена жена во предизвикувачка поза, некој интересен слоган и ете ти реклама. Независно од бурните расправи за сексизмот, во Германија се случува и во оваа, 2018 година. „Дојче веле“ прави аализа како ни влијаат таквите реклами? Ги гледаме дури и на возилата на производителите на храна за животни или на плакатите во автомобилските салони: голи или разголени тела, кои главно немаат никаква врска со рекламираниот производ. Впрочем, „sex sells“ (сексот продава) се чини дека е сè уште важечки принцип во делови од денешното огласување. Германското регулаторно тело за маркетиншката индустрија секоја година прегледува стотици пријави, а во посериозните случаи поднесува тужби против дискриминирачки, расистички или насилни содржини во рекламите. Ако Советот за огласување одлучи дека одредена реклама не ги задоволува етичките стандарди, првенствено тивко ги информира авторите. Ако тие доброволно не направат корекции или не ја повлечат рекламата, ќе бидат укорени и поставени на „ѕидот на срамот“. Најчеста причина за жалба со години е полово дискриминирачкото огласување, а голем дел од досега упатените тужби всушност се однесуваат на тој сегмент. Наспроти тоа, како што се тврди во извештајот на оваа установа, на милиони плакати, видеа и други маркетиншки форми, „занемарлив дел“ отпаѓа на сексизмот, поради што сметаат дека не е потребна построга регулација на полово дискриминирачкото огласување. Оттаму велат дека огромно мнозинство од фирмите што се известени дека нивните реклами не ги задоволуваат етичките стандарди на ова регулаторно тело ги прифаќаат укорите. Но, една иницијатива и понатаму се бори против сексизмот во рекламите, а станува збор за „Pinkstinks“. Ова здружение формирано во 2013 година покренало кампања за построг закон против нелојалната конкуренција и барало во тој закон да се вклучи одредба што ќе се однесува на сексистичките реклами. Ова барање во голема мера имало одек во политиката, но досега не е прифатено. Наместо тоа, Министерството за семејство го поддржало проектот „Werbemelder *In“ на ова здружение, чија цел е мониторинг на огласувањето во Германија во текот на две години. Корисниците имаат можност да ги пријават рекламите за кои сметаат дека содржат полова дискриминација, по што здружението ќе ги разгледува пријавите. Стручните лица во Германија сметаат дека би било добро, покрај Советот за огласување, да се етаблираат и иницијативите како таа на „Pinkstinks“, кои се залагаат за построги правила, зашто веруваат дека институциите се „беззабен тигар“ и дека се состојат од претставници на рекламната индустрија. Но, не се проблем само сексистичките реклами. Дискутабилен е и т.н. родов маркетинг, кој, на пример, момчињата ги портретира преку синиот производ „за јунаци“, а девојчињата преку розовиот „за принцези“. Експертите велат дека и овие реклами треба да се прифаќаат внимателно.
Без разлика на иронијата, традиционалната слика повторно се користи и се враќа во главите на луѓето - смета Мартина Тиле, политолог од Универзитетот во Салцбург.
Во денешното живеење повеќе од кога било сме опкружени со реклами, па големо е и нивното влијание врз нашиот светоглед и врз она што го сметаме за нормално однесување.
Сексистичкото огласување промовира паушално размислување во стилот „такви се мажите“, а „жените се вакви“. Многу огласувачи тврдат дека нивните реклами само ја одразуваат состојбата во општеството, но дека на тој начин само си ја олеснуваат работата - објаснува Тиле.
Рекламата има голема моќ, па оттука и одговорност да се придвижуваат позитивни нешта наместо да се шират стереотипи и сексистички поглед на светот.

The post Сексизам во рекламите: „Сексот продава“ е девиза која сè уште пречесто се употребува appeared first on Република.

]]>
„Тајниот турнир“ кој го собра фудбалскиот крем на едно место: Дваесет години од култната реклама на „Најк“ https://republika.mk/sport/fudbal/tajniot-turnir-koj-go-sobra-fudbalskiot-krem-na-edno-mesto-dvaeset-godini-od-kultnata-reklama-na-najk/ Mon, 04 Apr 2022 17:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=483252

На 4 април 2002 година, „Најк“ ја почна својата глобална кампања за Светското првенство во Јужна Кореја и Јапонија, импресивна најава со 24 фудбалери од највисоко ниво и луксузен домаќин: Ерик Кантона. Режиран од членот на „Монти Пајтон“, Тери Гилијам, спотот е сместен во внатрешноста на еден брод, каде што се игра таен турнир во огромен тревен кафез со два мини-гола на краевите.

Премисата на турнирот е едноставна: Скриени од остатокот од светот, 24 елитни играчи организираат таен турнир, со осум екипи и само едно правило... „Првиот гол победува“, најавува Кантона, кој ја има улогата на судија и контролор на натпреварувањето, додека во позадина оди ремикс на „Малку помалку разговор“ од Елвис Присли.

Овој турнир остави со моменти кои подоцна се имитираа во маалските натпревари ширум светот, како скорпија-голот на Роберто Карлос, невозможните контроли на топката, танци..

Единствена реклама која за кратко време се претвори во вистински мит.

https://www.youtube.com/watch?v=vBy4zDLzQ-I

Ова се осумте екипи коишто учествуваат на турнирот:

1. Тројно еспресо: Франческо Тоти, Шинџи Наката, Тиери Анри

2. Недопирливите: Патрик Виера, Пол Сколс, Руд ван Нистелрој

3. Кербер: Сивиан Вилторд, Лилијан Турам, Едгар Давидс

4. Лудите бикови: Хавиер Савиола, Луис Енрике, Фредерик Љунгберг

5. Торнада: Луис Фиго, Роналдо, Роберто Карлос

6. Тим на огнот: Ернан Креспо, Клаудио Лопез, Гаизка Мендиета

7. Фанк браќата од Сеул: Денилсон, Сеул Ки-Хејонг, Роналдињо

8. Туто бене: Томаш Росицки, Фабио Канаваро, Рио Фердинанд

The post „Тајниот турнир“ кој го собра фудбалскиот крем на едно место: Дваесет години од култната реклама на „Најк“ appeared first on Република.

]]>

На 4 април 2002 година, „Најк“ ја почна својата глобална кампања за Светското првенство во Јужна Кореја и Јапонија, импресивна најава со 24 фудбалери од највисоко ниво и луксузен домаќин: Ерик Кантона. Режиран од членот на „Монти Пајтон“, Тери Гилијам, спотот е сместен во внатрешноста на еден брод, каде што се игра таен турнир во огромен тревен кафез со два мини-гола на краевите. Премисата на турнирот е едноставна: Скриени од остатокот од светот, 24 елитни играчи организираат таен турнир, со осум екипи и само едно правило... „Првиот гол победува“, најавува Кантона, кој ја има улогата на судија и контролор на натпреварувањето, додека во позадина оди ремикс на „Малку помалку разговор“ од Елвис Присли. Овој турнир остави со моменти кои подоцна се имитираа во маалските натпревари ширум светот, како скорпија-голот на Роберто Карлос, невозможните контроли на топката, танци.. Единствена реклама која за кратко време се претвори во вистински мит. https://www.youtube.com/watch?v=vBy4zDLzQ-I

Ова се осумте екипи коишто учествуваат на турнирот:

1. Тројно еспресо: Франческо Тоти, Шинџи Наката, Тиери Анри 2. Недопирливите: Патрик Виера, Пол Сколс, Руд ван Нистелрој 3. Кербер: Сивиан Вилторд, Лилијан Турам, Едгар Давидс 4. Лудите бикови: Хавиер Савиола, Луис Енрике, Фредерик Љунгберг 5. Торнада: Луис Фиго, Роналдо, Роберто Карлос 6. Тим на огнот: Ернан Креспо, Клаудио Лопез, Гаизка Мендиета 7. Фанк браќата од Сеул: Денилсон, Сеул Ки-Хејонг, Роналдињо 8. Туто бене: Томаш Росицки, Фабио Канаваро, Рио Фердинанд

The post „Тајниот турнир“ кој го собра фудбалскиот крем на едно место: Дваесет години од култната реклама на „Најк“ appeared first on Република.

]]>