реизбрана Archives - Република https://republika.mk/tema/reizbrana/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jul 2024 12:56:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png реизбрана Archives - Република https://republika.mk/tema/reizbrana/ 32 32 Урсула фон дер Лајен реизбрана за претседателка на Европската комисија https://republika.mk/vesti/svet/ursula-fon-der-lajen-reizbrana-za-pretsedatelka-na-evropskata-komisija/ Thu, 18 Jul 2024 12:56:05 +0000 https://republika.mk/?p=798109

Европскиот парламент попладнево со тајно гласање ја реизбра Урсула фон дер Лајен за претседателка на Европската комисија.

„За“ реизборот на Фон дер Лајен гласаа 401 европратеници, 284 беа „против“, а 15 се „воздржаа“ од гласање. Вкупно гласаа 707 европратеници, а при што седум гласови беа прогласени за неважечки.

Фон дер Лајен, која доаѓа од редовите на Христијанско демократската унија на Германија (ЦДУ), членка на десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП), за претседателка на Еврокомисијата беше номинирана од страна на шефовите на држави или влади на земјите членките на ЕУ на нивниот Самит одржан на 27 јуни во Брисел.

Номинацијата на Фон дер Лајен беше врз основа на договорот меѓу ЕПП, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) за распределба на водечките функции во ЕУ.

Пред гласањето групата Левица достави предлог за одлагање за изборот за во септември додека не се расчисти случајот со одлуката на Општиот суд при Европскиот суд на правдата, кој вчера оцени дека Европската комисија не и обезбедила на јавноста доволен пристап до информации за зделките за набавки на вакцини против Ковид-19 направени со фармацевтски компании за време на корона пандемијата. Предлогот беше одбиен со 531 глас, 101 европратеник гласаа „за“, а осуммина беа „воздржани“.

 

The post Урсула фон дер Лајен реизбрана за претседателка на Европската комисија appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент попладнево со тајно гласање ја реизбра Урсула фон дер Лајен за претседателка на Европската комисија. „За“ реизборот на Фон дер Лајен гласаа 401 европратеници, 284 беа „против“, а 15 се „воздржаа“ од гласање. Вкупно гласаа 707 европратеници, а при што седум гласови беа прогласени за неважечки. Фон дер Лајен, која доаѓа од редовите на Христијанско демократската унија на Германија (ЦДУ), членка на десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП), за претседателка на Еврокомисијата беше номинирана од страна на шефовите на држави или влади на земјите членките на ЕУ на нивниот Самит одржан на 27 јуни во Брисел. Номинацијата на Фон дер Лајен беше врз основа на договорот меѓу ЕПП, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) за распределба на водечките функции во ЕУ. Пред гласањето групата Левица достави предлог за одлагање за изборот за во септември додека не се расчисти случајот со одлуката на Општиот суд при Европскиот суд на правдата, кој вчера оцени дека Европската комисија не и обезбедила на јавноста доволен пристап до информации за зделките за набавки на вакцини против Ковид-19 направени со фармацевтски компании за време на корона пандемијата. Предлогот беше одбиен со 531 глас, 101 европратеник гласаа „за“, а осуммина беа „воздржани“.  

The post Урсула фон дер Лајен реизбрана за претседателка на Европската комисија appeared first on Република.

]]>