регистрација Archives - Република https://republika.mk/tema/registracija/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Apr 2024 13:37:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png регистрација Archives - Република https://republika.mk/tema/registracija/ 32 32 В понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување https://republika.mk/vesti/ekonomija/v-ponedelnik-ke-se-znae-dali-ke-poskapi-polisata-za-zadolzhitelnoto-avto-osiguruvane/ Sat, 27 Apr 2024 10:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=771623

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност в понеделник на седница треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Таа е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Комисијата ја утврдува премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што ги утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување.

Од Министерството за финансии нагласуваат дека техничката премија останува непроменета, а со донесените одлуки од страна на осигурителните друштва е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци).

Министерството за финансии претходно вчера заради донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница на која ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки и заклучи в понеделник на нова седница да донесе одлука. Врз основа на добиеното известување од страна на АСО, која е регулатор на осигурителниот сектор, Министерството вчера се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата.

Токму АСО го информира Министерството дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до нив за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат.

Од АСО сметаат дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

-По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано, велат од АСО.

Затоа, додаваат, во рамите на своите надлежности доставиле предлог до Министерството за финансии да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност и со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

Од НБО, пак, велат дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување и додаваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа. Оттаму објаснуваат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени.

-Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто. Истовремено цената за осигурување од автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, посочуваат од НБО и додаваат дека имаме најниска цена во регионот на осигурување од автоодговорност.

Нагласуваат дека досегашната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании.

-Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании. Финансиските институции имаат обврска да работат по строго дефинирани одржливи параметри, со цел зајакнување на стабилноста на финансискиот систем. Како потсетување, во 2008 година цената на автомобилската одговорност беше намалена за 30 отсто, но, денес условите за работење се променети и неодржливо е за Осигурителните компании да работат со цени на ова ниво, прецизираат од НБО.

Зголемувањето на цената за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании вчера на својот Фејсбук профил го коментираше и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на владина седница. Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните, напиша Битиќи.

Тој ги повика Министерството за финансии и Комисијата за заштитата на конкуренција да постапат по овој случај.

Го повикувам ресорното Министерство за финансии и Комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата, порача Битиќи на Фејсбук.

Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото.

The post В понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување appeared first on Република.

]]>

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност в понеделник на седница треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи. Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Таа е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Комисијата ја утврдува премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што ги утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување. Од Министерството за финансии нагласуваат дека техничката премија останува непроменета, а со донесените одлуки од страна на осигурителните друштва е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци). Министерството за финансии претходно вчера заради донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница на која ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки и заклучи в понеделник на нова седница да донесе одлука. Врз основа на добиеното известување од страна на АСО, која е регулатор на осигурителниот сектор, Министерството вчера се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата. Токму АСО го информира Министерството дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до нив за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат. Од АСО сметаат дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании. -По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано, велат од АСО. Затоа, додаваат, во рамите на своите надлежности доставиле предлог до Министерството за финансии да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност и со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. Од НБО, пак, велат дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување и додаваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа. Оттаму објаснуваат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени. -Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто. Истовремено цената за осигурување од автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, посочуваат од НБО и додаваат дека имаме најниска цена во регионот на осигурување од автоодговорност. Нагласуваат дека досегашната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании. -Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании. Финансиските институции имаат обврска да работат по строго дефинирани одржливи параметри, со цел зајакнување на стабилноста на финансискиот систем. Како потсетување, во 2008 година цената на автомобилската одговорност беше намалена за 30 отсто, но, денес условите за работење се променети и неодржливо е за Осигурителните компании да работат со цени на ова ниво, прецизираат од НБО. Зголемувањето на цената за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании вчера на својот Фејсбук профил го коментираше и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на владина седница. Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните, напиша Битиќи. Тој ги повика Министерството за финансии и Комисијата за заштитата на конкуренција да постапат по овој случај. Го повикувам ресорното Министерство за финансии и Комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата, порача Битиќи на Фејсбук. Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото.

The post В понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување appeared first on Република.

]]>
Поскапе осигурувањето за регистрација на коли: Од Агенцијата за супервизија на осигурување велат неоправдано https://republika.mk/vesti/ekonomija/poskape-osiguruvaneto-za-registratsija-na-koli-od-agentsijata-za-supervizija-na-osiguruvane-velat-neopravdano/ Fri, 26 Apr 2024 07:58:52 +0000 https://republika.mk/?p=771238

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано. Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и
донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.
И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, се вели во соопштението од Агенцијата.

Регистрацијата на возилата поскапе поради повисоката цена на автодговорност за 15,4%.

Наместо досегашните 5 453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6 292 денари или 893 денари повеќе. 6166 чинеше досега полиса за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените сега тоа ќе ги чини граѓаните 7 115 денари. 8 233 денари сега ќе се пллаќа за полиса за автоодговорност за возило кое е од 66 до 84 киловати, ставка која досега изнесуваше 7 134 денари. За возило од 84 до 110 киловати новата цена на полисите е 9 820, а досега чинеше 8 510 денари. 15,4 отсто е и зголемувањето на цените на полисите за возила над 110 киловати, односно наместо 10.294 колку што се плаќаше досега, ќе се плаќа 11 878 денари.

Промена во цените нема само кај возилата до 44 киловати. Се менуваат и доплатоците за полисата за автоодговорност,  30% останува доплатокот за такси возила, но висината се зголемува, со оглед на зголемената цена.

Како што соопштиле осигурителните компании, новите цени стапиле на сила на 25 април. Оттаму велат дека зголемувањето на цената е оправдана, со оглед дека цената на авто деловите е поскапена. Но нема одговор зошто граѓаните не беа информирани за ваквите промени.

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжително осигурување согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот. Со ова осигурување се покрива одговорноста на сопственикот за штети причинети на трети лица кои за последица може да имаат смрт, повреда, нарушување на здравјето, оштетување и уништување на предмети. Цената за осигурувањето од автоодговорноста ја утврдува Комисија за автоодговорност при Владата на Република Македонија. Владата на Република Македонија носи одлука за висината на минималната и максималната техничка премија.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/poskape-registratsijata-na-vozila/

The post Поскапе осигурувањето за регистрација на коли: Од Агенцијата за супервизија на осигурување велат неоправдано appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании. По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано. Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, се вели во соопштението од Агенцијата. Регистрацијата на возилата поскапе поради повисоката цена на автодговорност за 15,4%. Наместо досегашните 5 453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6 292 денари или 893 денари повеќе. 6166 чинеше досега полиса за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените сега тоа ќе ги чини граѓаните 7 115 денари. 8 233 денари сега ќе се пллаќа за полиса за автоодговорност за возило кое е од 66 до 84 киловати, ставка која досега изнесуваше 7 134 денари. За возило од 84 до 110 киловати новата цена на полисите е 9 820, а досега чинеше 8 510 денари. 15,4 отсто е и зголемувањето на цените на полисите за возила над 110 киловати, односно наместо 10.294 колку што се плаќаше досега, ќе се плаќа 11 878 денари. Промена во цените нема само кај возилата до 44 киловати. Се менуваат и доплатоците за полисата за автоодговорност,  30% останува доплатокот за такси возила, но висината се зголемува, со оглед на зголемената цена. Како што соопштиле осигурителните компании, новите цени стапиле на сила на 25 април. Оттаму велат дека зголемувањето на цената е оправдана, со оглед дека цената на авто деловите е поскапена. Но нема одговор зошто граѓаните не беа информирани за ваквите промени. Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжително осигурување согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот. Со ова осигурување се покрива одговорноста на сопственикот за штети причинети на трети лица кои за последица може да имаат смрт, повреда, нарушување на здравјето, оштетување и уништување на предмети. Цената за осигурувањето од автоодговорноста ја утврдува Комисија за автоодговорност при Владата на Република Македонија. Владата на Република Македонија носи одлука за висината на минималната и максималната техничка премија. https://republika.mk/vesti/ekonomija/poskape-registratsijata-na-vozila/

The post Поскапе осигурувањето за регистрација на коли: Од Агенцијата за супервизија на осигурување велат неоправдано appeared first on Република.

]]>
Поскапува регистрацијата: За постари возила ќе се плаќа поскапо https://republika.mk/vesti/ekonomija/poskapuva-registracijata-za-postari-vozila-kje-se-plakja-poskapo/ Tue, 25 Oct 2022 13:47:18 +0000 https://republika.mk/?p=565500

Регистрацијата на возила е поскапена поради повисоката еколошка такса, велат од станиците за технички преглед.

Цените се движат од 400 до 700 денари за патнички возила и од 1050 до 1900 денари за товарни возила во зависност од староста и зафатнината на возилото, објави „ТВ21“.

Цените за еколошката такса може да се погледнат во продолжение.

The post Поскапува регистрацијата: За постари возила ќе се плаќа поскапо appeared first on Република.

]]>

Регистрацијата на возила е поскапена поради повисоката еколошка такса, велат од станиците за технички преглед. Цените се движат од 400 до 700 денари за патнички возила и од 1050 до 1900 денари за товарни возила во зависност од староста и зафатнината на возилото, објави „ТВ21“. Цените за еколошката такса може да се погледнат во продолжение.

The post Поскапува регистрацијата: За постари возила ќе се плаќа поскапо appeared first on Република.

]]>
Нов фалсификат во МВР, по пасошите – регистрации на крадени луксузни возила https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nov-falsifikat-vo-mvr-po-pasoshite-registracii-na-kradeni-luksuzni-vozila/ Wed, 08 Jun 2022 13:25:30 +0000 https://republika.mk/?p=512734

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, од кои првиот е осомничен за продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, додека другите двајца за продолжени кривични дела „фалсификување исправа“, како и за поттикнување на првоосомничениот да изврши злоупотреба на службената положба.

Во периодот од јули 2020 година до мај 2021 година, првоосомничениот како службено лице – референт во МВР – ОУР Скопје, поттикнат од другите двајца, ја искористил својата службена положба и овластување и со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело. Со тоа на осомничените им остварил значителна имотна корист од 174.052 евра, соопшти Основното јавно обвинителство.

Вториот и третиотосомничениот, во наведениот период, поднесувале фалсификувани документи за регистрација на луксузни автомобили на кои им било извршено прикривање и промена на оригиналните идентификациски броеви. Првиот осомничен, без да ги направи неопходните проверки на целокупната документација, им овозможувал да ги регистрираат возилата и потоа да ги препродадат на трети лица.

За тројцата осомничени, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци или да го повторат делото за кое се осомничени, се вели во соопштението.

The post Нов фалсификат во МВР, по пасошите – регистрации на крадени луксузни возила appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, од кои првиот е осомничен за продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, додека другите двајца за продолжени кривични дела „фалсификување исправа“, како и за поттикнување на првоосомничениот да изврши злоупотреба на службената положба.
Во периодот од јули 2020 година до мај 2021 година, првоосомничениот како службено лице – референт во МВР – ОУР Скопје, поттикнат од другите двајца, ја искористил својата службена положба и овластување и со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело. Со тоа на осомничените им остварил значителна имотна корист од 174.052 евра, соопшти Основното јавно обвинителство.
Вториот и третиотосомничениот, во наведениот период, поднесувале фалсификувани документи за регистрација на луксузни автомобили на кои им било извршено прикривање и промена на оригиналните идентификациски броеви. Првиот осомничен, без да ги направи неопходните проверки на целокупната документација, им овозможувал да ги регистрираат возилата и потоа да ги препродадат на трети лица.
За тројцата осомничени, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци или да го повторат делото за кое се осомничени, се вели во соопштението.

The post Нов фалсификат во МВР, по пасошите – регистрации на крадени луксузни возила appeared first on Република.

]]>
Возилото ќе може да се осигура само за викенд, на шест месeци или за една сезона, а зелениот картон ќе се купува со регистрацијата!? https://republika.mk/vesti/ekonomija/voziloto-kje-moze-da-se-osigura-samo-za-vikend-na-shest-meseci-ili-za-edna-sezona-a-zeleniot-karton-kje-se-kupuva-so-registracijata/ Mon, 18 Apr 2022 10:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=489923

Во завршна фаза е процесот на либерализација на пазарот на автоосигурувањето. Во моментов пазарот на автоодговорноста е регулиран. Тоа е така затоа што кога се подготвувале правилата имало малку осигурителни компании, но со развој на пазарот на осигурителни компании полека се влегува во сегментот за потреба од лебарализирање на автоодговорноста. Регулаторот на пазарот со осигурителни полиси за Денар вели дека многу е битно овој процес да се направи квалитетно, односно при самата либерализација да не настанат дополнителни проблеми.

Во периодот што следи се очекуваат измени во правилата во осигурителниот бизнис. Надлежните велат дека е добро што осигурителните компании од земјава чии мајки фирми во странство, претежно во Европската унија имаат либерализиран пазар. Тие го имаат тоа искуство и знаат како да се справат, односно да ги постават позициите во сегментот како утврдување така и на цената и на пресметувањето на ризиците. Кога се зборува за полиси за автоодговорност или осигурување на автомобилите, колку што е битна цената толку е и битен ризикот кој ја покрива таа цена. А тоа значи, квалитетот на испорачување на услугата. Надлежните се надеваат дека заедно со комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која е формирана од страна на Владата заедно ќе го довршат процесот на либерализација кој мора да гарантира дека нема да бидат оштетени ниту осигурениците, а ниту пак да настанат проблеми кај компаниите од овој сектор.

Во моментов има една утврдена цена и таа утврдена цена ја нудат сите компании на пазарот на автомобилска одговорност. Но услугата пак не е иста кај сите компании, некои подобро сервисираат а некои полошо сервисираат. Со либерализацијата ќе добиеме можност компаниите да отворат лепеза на автоодговорност. Како на пример би можело да биде на викенд ниво, месечно или слично. Има луѓе автомобилот го возат само за викенд, некој сака да го вози автомобилот сезонски, да речеме само во лето. Дополнително, цената на пакетите може да се формира и според тоа колку е ризичен возачот или цената ќе се определува според лицето кое го управува возилото. Имате дисциплинирани возачи и недисциплинирани.

Според планот, недисциплинираните возачи добро ќе бидат познати на осигурителните компании, и тие ќе плаќаат повисока автоодговорност. Податоците ќе може да ги добиваат од МВР, по основ на тоа колку прекршоци имале направено во текот на годината. Либерализацијата е многу посложен процес на менаџирање и тој ќе биде посложен и за компаниите и за регулаторот, во случајот Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Но сепак, надлежните сметаат дека секој осигуреник треба да има право да одбира на кој начин ќе користи одредена услуга. Но на тој начин, и компаниите добиваат интерес да бидат креативни и да нудат производи кои ќе бидат од интерес на клиентите. Очекувањата се дека тие производи ќе бидат и со различна цена, за поголемо осигурување нормално дека цената ќе биде повисока и обратно. Но од Агенцијата за супервизија на осигурувањето велат дека суштината е да се понуди избор. На тој начин ќе се зголеми квалитетот на услугата, а тоа е најбитно за граѓаните.

Информациите од терен пак се дека оваа, актуелна состојба во овој бизнис е далеку подобра за компаниите од колку слободниот пазар. Но, по одредено време кога работите ќе си дојдат на свое место и сите ќе бидат подготвени за новите правила, работите ќе се движат во позитивен правец. Либерализацијата на автоодговорноста подразбира и промени во купувањето на зелениот картон. Слободниот пазар ќе значи и спојување на зелениот картон со автоодговорноста.

Последниот збор за овие промени ќе го има владата. Засега не е познат крајниот рок кога оваа либерализација ќе се случи, но надлежните велат добро е што се работи на случајот. Инаку, податоците велат дека над 50 отсто од полисите кои се продаваат во државава се токму наменети за автоодговорност.

Извор: Денар.мк

The post Возилото ќе може да се осигура само за викенд, на шест месeци или за една сезона, а зелениот картон ќе се купува со регистрацијата!? appeared first on Република.

]]>

Во завршна фаза е процесот на либерализација на пазарот на автоосигурувањето. Во моментов пазарот на автоодговорноста е регулиран. Тоа е така затоа што кога се подготвувале правилата имало малку осигурителни компании, но со развој на пазарот на осигурителни компании полека се влегува во сегментот за потреба од лебарализирање на автоодговорноста. Регулаторот на пазарот со осигурителни полиси за Денар вели дека многу е битно овој процес да се направи квалитетно, односно при самата либерализација да не настанат дополнителни проблеми. Во периодот што следи се очекуваат измени во правилата во осигурителниот бизнис. Надлежните велат дека е добро што осигурителните компании од земјава чии мајки фирми во странство, претежно во Европската унија имаат либерализиран пазар. Тие го имаат тоа искуство и знаат како да се справат, односно да ги постават позициите во сегментот како утврдување така и на цената и на пресметувањето на ризиците. Кога се зборува за полиси за автоодговорност или осигурување на автомобилите, колку што е битна цената толку е и битен ризикот кој ја покрива таа цена. А тоа значи, квалитетот на испорачување на услугата. Надлежните се надеваат дека заедно со комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која е формирана од страна на Владата заедно ќе го довршат процесот на либерализација кој мора да гарантира дека нема да бидат оштетени ниту осигурениците, а ниту пак да настанат проблеми кај компаниите од овој сектор. Во моментов има една утврдена цена и таа утврдена цена ја нудат сите компании на пазарот на автомобилска одговорност. Но услугата пак не е иста кај сите компании, некои подобро сервисираат а некои полошо сервисираат. Со либерализацијата ќе добиеме можност компаниите да отворат лепеза на автоодговорност. Како на пример би можело да биде на викенд ниво, месечно или слично. Има луѓе автомобилот го возат само за викенд, некој сака да го вози автомобилот сезонски, да речеме само во лето. Дополнително, цената на пакетите може да се формира и според тоа колку е ризичен возачот или цената ќе се определува според лицето кое го управува возилото. Имате дисциплинирани возачи и недисциплинирани. Според планот, недисциплинираните возачи добро ќе бидат познати на осигурителните компании, и тие ќе плаќаат повисока автоодговорност. Податоците ќе може да ги добиваат од МВР, по основ на тоа колку прекршоци имале направено во текот на годината. Либерализацијата е многу посложен процес на менаџирање и тој ќе биде посложен и за компаниите и за регулаторот, во случајот Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Но сепак, надлежните сметаат дека секој осигуреник треба да има право да одбира на кој начин ќе користи одредена услуга. Но на тој начин, и компаниите добиваат интерес да бидат креативни и да нудат производи кои ќе бидат од интерес на клиентите. Очекувањата се дека тие производи ќе бидат и со различна цена, за поголемо осигурување нормално дека цената ќе биде повисока и обратно. Но од Агенцијата за супервизија на осигурувањето велат дека суштината е да се понуди избор. На тој начин ќе се зголеми квалитетот на услугата, а тоа е најбитно за граѓаните. Информациите од терен пак се дека оваа, актуелна состојба во овој бизнис е далеку подобра за компаниите од колку слободниот пазар. Но, по одредено време кога работите ќе си дојдат на свое место и сите ќе бидат подготвени за новите правила, работите ќе се движат во позитивен правец. Либерализацијата на автоодговорноста подразбира и промени во купувањето на зелениот картон. Слободниот пазар ќе значи и спојување на зелениот картон со автоодговорноста. Последниот збор за овие промени ќе го има владата. Засега не е познат крајниот рок кога оваа либерализација ќе се случи, но надлежните велат добро е што се работи на случајот. Инаку, податоците велат дека над 50 отсто од полисите кои се продаваат во државава се токму наменети за автоодговорност. Извор: Денар.мк

The post Возилото ќе може да се осигура само за викенд, на шест месeци или за една сезона, а зелениот картон ќе се купува со регистрацијата!? appeared first on Република.

]]>