Регион Archives - Република https://republika.mk/tema/region/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 11:44:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Регион Archives - Република https://republika.mk/tema/region/ 32 32 ЦЕФТА усвои 9 нови договори за унапредување на трговијата, работните места и правата на потрошувачите низ регионот https://republika.mk/vesti/balkan/tsefta-usvoi-9-novi-dogovori-za-unapreduvane-na-trgovijata-rabotnite-mesta-i-pravata-na-potroshuvachite-niz-regionot/ Thu, 10 Oct 2024 11:52:44 +0000 https://republika.mk/?p=825238

Денешниот ден претставува значаен момент за економската соработка во рамките на ЦЕФТА.Заедничкиот комитет на ЦЕФТА усвои 9 револуционерни договори, дизајнирани да ја трансформираат трговијата и економската соработка. Овие договори ветуваат реални и опипливи придобивки–поедноставување на деловните операции, создавање нови работни места и зајакнување на заштитата на потрошувачите.

Неколку дена пред одбележувањето на 10-годишнината од Берлинскиот процес, ЦЕФТА презема решителен чекор кон реализација на визијата за Заедничкиот регионален пазар. Втемелени на правилата и најдобрите практики на ЕУ, овие договори ќе ги приближат пазарите на ЦЕФТА до единствениот пазар на ЕУ и ќе го отклучат потенцијалот на новиот план за раст на ЕУ.

„ЦЕФТА е од фундаментално значење за слободното движење на стоки и услуги, стимулирајќи го економскиот раст и интеграција. Со овие одлуки создаваме посилна и пообединета економска зона, каде што бизнисите ќе можат побрзо да растат, а потрошувачите ќе бидат заштитени дури и при купување надвор од своите локални пазари. Ова е значаен момент за ЦЕФТА, бидејќи се приближуваме кон целосно усогласување со пазарот на ЕУ. Придобивките ќе се почувствуваат низ целата ЦЕФТА. На малите и средните претпријатија ќе им биде овозможено да извезуваат и да го искористат најдоброто од дигиталните пазари, додека сите ние ќе имаме повеќе избор, подобри цени и квалитет и посилна заштита на потрошувачите,“ изјави Данијела Гачевиќ, в.д. директорка на Секретаријатот на ЦЕФТА.

Клучни поенти од 9-те договори:

Признавање на AEO програмите: Бизнисите кои имаат царински бенефиции на домашните пазари сега ќе ги уживаат истите привилегии на сите 7 пазари на ЦЕФТА. Ова значи побрзи и поефикасни царински постапки, што ќе доведе до значително заштедување на време и трошоци.
Олеснување на е-трговијата: Единствена рамка ќе им овозможи на бизнисите непречено да продаваат преку интернет низ пазарите на ЦЕФТА, што ќе им олесни на потрошувачите да купуваат без ограничувања. Дополнително, ќе бидат воспоставени стандарди за заштита на потрошувачите при онлајн купување.
Испорака на пакети: Новите правила ја поедноставуваат испораката на пакети помеѓу земјите-членки на ЦЕФТА, подобрувајќи ја регулаторната контрола и воведувајќи ЕУ стандарди за транспарентност на цените и квалитет на услугата.
Превенција од неправедно гео-блокирање: Овие правила обезбедуваат дека онлајн продавниците нема да го блокираат пристапот до веб-страниците, производите или услугите врз основа на локацијата и потеклото на потрошувачите, што овозможува неограничено купување низ пазарите на ЦЕФТА.
Трговски аспекти на правата за интелектуална сопственост (IPR): Хармонизираните стандарди за IPR ќе ги заштитат и бизнисите и потрошувачите од фалсификувани производи, поттикнувајќи иновации и штитејќи го пазарот на ЦЕФТА.
Воспоставување на електронски систем за управување со ризик: Електронската размена на податоци ќе им овозможи на царинските служби поефикасно да ги таргетираат пратките со висок ризик, подобрувајќи ја безбедноста на трговијата и забрзувајќи го движењето на стоките.
Олеснување на трговијата со услуги од туристички агенции и тур-оператори: Патничките агенции и тур-операторите ќе имаат полесен пристап до сите пазари на ЦЕФТА, создавајќи нови можности за раст и привлекување повеќе туристи во регионот.
Механизам за решавање на спорови (Дополнителен Протокол 7): Нов механизам за решавање на трговски спорови ќе гарантира правичност и транспарентност, зголемувајќи ја довербата на бизнисите во примената на правилата за олеснување на трговијата на ЦЕФТА.
Олеснување на моторното осигурување (Препорака): Поедноставените процеси за осигурување на моторни возила ќе им овозможат на патниците да возат низ земјите на ЦЕФТА без грижи за осигурителното покритие.
Дополнително, Заедничкиот комитет на ЦЕФТА усвои три одлуки насочени кон реформирање на внатрешното работење. Овие реформи вклучуваат нови Правилници за работа на Заедничкиот комитет, ажурирање на Одлуката за управување на Секретаријатот и создавање нови тела за надзор на соработката во новите области, како испорака на пакети, интелектуална сопственост и професионални квалификации.

The post ЦЕФТА усвои 9 нови договори за унапредување на трговијата, работните места и правата на потрошувачите низ регионот appeared first on Република.

]]>

Денешниот ден претставува значаен момент за економската соработка во рамките на ЦЕФТА.Заедничкиот комитет на ЦЕФТА усвои 9 револуционерни договори, дизајнирани да ја трансформираат трговијата и економската соработка. Овие договори ветуваат реални и опипливи придобивки–поедноставување на деловните операции, создавање нови работни места и зајакнување на заштитата на потрошувачите. Неколку дена пред одбележувањето на 10-годишнината од Берлинскиот процес, ЦЕФТА презема решителен чекор кон реализација на визијата за Заедничкиот регионален пазар. Втемелени на правилата и најдобрите практики на ЕУ, овие договори ќе ги приближат пазарите на ЦЕФТА до единствениот пазар на ЕУ и ќе го отклучат потенцијалот на новиот план за раст на ЕУ.
„ЦЕФТА е од фундаментално значење за слободното движење на стоки и услуги, стимулирајќи го економскиот раст и интеграција. Со овие одлуки создаваме посилна и пообединета економска зона, каде што бизнисите ќе можат побрзо да растат, а потрошувачите ќе бидат заштитени дури и при купување надвор од своите локални пазари. Ова е значаен момент за ЦЕФТА, бидејќи се приближуваме кон целосно усогласување со пазарот на ЕУ. Придобивките ќе се почувствуваат низ целата ЦЕФТА. На малите и средните претпријатија ќе им биде овозможено да извезуваат и да го искористат најдоброто од дигиталните пазари, додека сите ние ќе имаме повеќе избор, подобри цени и квалитет и посилна заштита на потрошувачите,“ изјави Данијела Гачевиќ, в.д. директорка на Секретаријатот на ЦЕФТА.
Клучни поенти од 9-те договори: Признавање на AEO програмите: Бизнисите кои имаат царински бенефиции на домашните пазари сега ќе ги уживаат истите привилегии на сите 7 пазари на ЦЕФТА. Ова значи побрзи и поефикасни царински постапки, што ќе доведе до значително заштедување на време и трошоци. Олеснување на е-трговијата: Единствена рамка ќе им овозможи на бизнисите непречено да продаваат преку интернет низ пазарите на ЦЕФТА, што ќе им олесни на потрошувачите да купуваат без ограничувања. Дополнително, ќе бидат воспоставени стандарди за заштита на потрошувачите при онлајн купување. Испорака на пакети: Новите правила ја поедноставуваат испораката на пакети помеѓу земјите-членки на ЦЕФТА, подобрувајќи ја регулаторната контрола и воведувајќи ЕУ стандарди за транспарентност на цените и квалитет на услугата. Превенција од неправедно гео-блокирање: Овие правила обезбедуваат дека онлајн продавниците нема да го блокираат пристапот до веб-страниците, производите или услугите врз основа на локацијата и потеклото на потрошувачите, што овозможува неограничено купување низ пазарите на ЦЕФТА. Трговски аспекти на правата за интелектуална сопственост (IPR): Хармонизираните стандарди за IPR ќе ги заштитат и бизнисите и потрошувачите од фалсификувани производи, поттикнувајќи иновации и штитејќи го пазарот на ЦЕФТА. Воспоставување на електронски систем за управување со ризик: Електронската размена на податоци ќе им овозможи на царинските служби поефикасно да ги таргетираат пратките со висок ризик, подобрувајќи ја безбедноста на трговијата и забрзувајќи го движењето на стоките. Олеснување на трговијата со услуги од туристички агенции и тур-оператори: Патничките агенции и тур-операторите ќе имаат полесен пристап до сите пазари на ЦЕФТА, создавајќи нови можности за раст и привлекување повеќе туристи во регионот. Механизам за решавање на спорови (Дополнителен Протокол 7): Нов механизам за решавање на трговски спорови ќе гарантира правичност и транспарентност, зголемувајќи ја довербата на бизнисите во примената на правилата за олеснување на трговијата на ЦЕФТА. Олеснување на моторното осигурување (Препорака): Поедноставените процеси за осигурување на моторни возила ќе им овозможат на патниците да возат низ земјите на ЦЕФТА без грижи за осигурителното покритие. Дополнително, Заедничкиот комитет на ЦЕФТА усвои три одлуки насочени кон реформирање на внатрешното работење. Овие реформи вклучуваат нови Правилници за работа на Заедничкиот комитет, ажурирање на Одлуката за управување на Секретаријатот и создавање нови тела за надзор на соработката во новите области, како испорака на пакети, интелектуална сопственост и професионални квалификации.

The post ЦЕФТА усвои 9 нови договори за унапредување на трговијата, работните места и правата на потрошувачите низ регионот appeared first on Република.

]]>
МЕПСО ги има активирано сите механизим за домино ефектот да не се почувстува и кај нас https://republika.mk/vesti/ekonomija/mepso-gi-ima-aktivirano-site-mehanizim-za-domino-efektot-da-ne-se-pochuvstuva-i-kaj-nas/ Fri, 21 Jun 2024 17:30:38 +0000 https://republika.mk/?p=789622

Активирани се сите механизими за да не се почувствува и кај нас домино ефектот од прекинот на струја што денеска зафати дел од регионот, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

Според него, РКЕ е во комуникација со преносните систем оператори и со регулаторните тела на земјите кои се засегнати од оваа состојба.

Денешниот прекин на електрична енергија во Црна Гора, БиХ и делови од Хрватска е уште една потврда, оцени Бислимовски, дека инвестициите во енергетскиот сектор се клучни и дека мора да бидат приоритет.

Денешната главна вест во регинот за тоа дека речиси цела Црна Гора и Босна и Херцеговина и дел од Хрватска се останати без струја е само потврда дека инвестициите во енергетиката мора да бидат број еден приоритет. МЕПСО ги има активирано сите механизим за домино ефектот да не се почувстува и кај нас. Не така далеку беше кога земјава, регионот се соочи со „блек аут“ (колапс на електричната мрежата). Во комуникација сме со преносните систем оператори, како и со регулаторните тела на земјите кои се засегнати од оваа состојба. Енергетиката е испреплетена како крвните садови во човековото тело. Ќе повторам: инвестиции, инвестиции и само инвестиции се неопходни“, изјави Бислимоски.

Денеска без струја беа речиси цела Црна Гора, делови од Хрватска и БиХ. Попладнево постепено почна напојувањето со електрична енергија.

Повикувајќи се на неофицијални информации од хрватскиот преносен систем оператор, хрватската новинска агенција ХИНА јави дека дефектот на електроенергетската мрежа се случил во три земји, прво почнал во Црна Гора, потоа прекинот на струја ја зафатил БиХ, а потоа и дел од Хрватска – цела Далмација, до Риека, наводно до трафостаницата Бриње.

 

The post МЕПСО ги има активирано сите механизим за домино ефектот да не се почувстува и кај нас appeared first on Република.

]]>

Активирани се сите механизими за да не се почувствува и кај нас домино ефектот од прекинот на струја што денеска зафати дел од регионот, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Според него, РКЕ е во комуникација со преносните систем оператори и со регулаторните тела на земјите кои се засегнати од оваа состојба. Денешниот прекин на електрична енергија во Црна Гора, БиХ и делови од Хрватска е уште една потврда, оцени Бислимовски, дека инвестициите во енергетскиот сектор се клучни и дека мора да бидат приоритет.
Денешната главна вест во регинот за тоа дека речиси цела Црна Гора и Босна и Херцеговина и дел од Хрватска се останати без струја е само потврда дека инвестициите во енергетиката мора да бидат број еден приоритет. МЕПСО ги има активирано сите механизим за домино ефектот да не се почувстува и кај нас. Не така далеку беше кога земјава, регионот се соочи со „блек аут“ (колапс на електричната мрежата). Во комуникација сме со преносните систем оператори, како и со регулаторните тела на земјите кои се засегнати од оваа состојба. Енергетиката е испреплетена како крвните садови во човековото тело. Ќе повторам: инвестиции, инвестиции и само инвестиции се неопходни“, изјави Бислимоски.
Денеска без струја беа речиси цела Црна Гора, делови од Хрватска и БиХ. Попладнево постепено почна напојувањето со електрична енергија. Повикувајќи се на неофицијални информации од хрватскиот преносен систем оператор, хрватската новинска агенција ХИНА јави дека дефектот на електроенергетската мрежа се случил во три земји, прво почнал во Црна Гора, потоа прекинот на струја ја зафатил БиХ, а потоа и дел од Хрватска – цела Далмација, до Риека, наводно до трафостаницата Бриње.  

The post МЕПСО ги има активирано сите механизим за домино ефектот да не се почувстува и кај нас appeared first on Република.

]]>
Највисока нето плата во регионот има Словенија, 1.477 евра, најниска Македонија, 643 евра https://republika.mk/vesti/balkan/najvisoka-neto-plata-vo-regionot-ima-slovenija-1-477-evra-najniska-makedonija-643-evra/ Tue, 26 Mar 2024 16:45:13 +0000 https://republika.mk/?p=759042

Словенија е лидер меѓу земјите од поранешна Југославија со 1.477,34 евра просечна нето плата, додека Македонија е на дното со просечна нето плата од 643 евра. На второ место е Хрватска (1.239 евра), на трето е Црна Гора со 819 евра, а со две евра помалку е Србија која е на четврто место со просечна нето плата од 817,7 евра. Просечната плата во Босна и Херцеговина е 679 евра.

Просечната плата (бруто) пресметана за јануари 2024 година во Србија е 132.372 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) е 95.836 динари (817,7 евра според просечниот девизен курс на НБС на 25 март 2024 година), соопшти Републичкиот статистички институт.

Просечната бруто плата во Словенија за јануари 2024 година изнесува 2.317,82 евра. Пониска е од платата за претходниот месец – номинално за 1,3 отсто, а реалната за 0,7 отсто. Просечната нето плата е 1.477,34 евра и номинално е пониска од платата за декември 2023 година за 3,4 отсто, а реално за 2,8 отсто.

Просечната месечна нето-плата во Хрватска во јануари 2024 година изнесува 1.239 евра, номинално зголемување за четири отсто и реално за 4,4 отсто од декември 2023 година.

Во Црна Гора просечната бруто плата во јануари годинава е 1.024 евра, додека нето платата во просек изнесувала 819 евра.

Во Босна и Херцеговина во јануари нето платата изнесувала 1.328 конвертибилни марки (679 евра) и е номинално повисока за 2,4 отсто, а реална за 2,2 отсто во однос на претходниот месец. Реално просечната нето плата е за 2,2 отсто повисока од декември минатата година.

Просечната месечна нето-плата исплатена на вработен во Република  Македонија во јануари 2024 година изнесува 39.542 денари (643 евра), што е за 16,5 отсто повеќе отколку во јануари 2023 година, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика. Зголемувањето е последица на зголемувањето на просечната месечна нето плата во секторите: јавна администрација, одбрана, задолжително социјално осигурување – 27,8 отсто, водовод, канализација, управување со отпад и санација – 19,2 отсто и земјоделство, шумарство и рибарско стопанство – 19,1 отсто.

The post Највисока нето плата во регионот има Словенија, 1.477 евра, најниска Македонија, 643 евра appeared first on Република.

]]>

Словенија е лидер меѓу земјите од поранешна Југославија со 1.477,34 евра просечна нето плата, додека Македонија е на дното со просечна нето плата од 643 евра. На второ место е Хрватска (1.239 евра), на трето е Црна Гора со 819 евра, а со две евра помалку е Србија која е на четврто место со просечна нето плата од 817,7 евра. Просечната плата во Босна и Херцеговина е 679 евра. Просечната плата (бруто) пресметана за јануари 2024 година во Србија е 132.372 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) е 95.836 динари (817,7 евра според просечниот девизен курс на НБС на 25 март 2024 година), соопшти Републичкиот статистички институт. Просечната бруто плата во Словенија за јануари 2024 година изнесува 2.317,82 евра. Пониска е од платата за претходниот месец – номинално за 1,3 отсто, а реалната за 0,7 отсто. Просечната нето плата е 1.477,34 евра и номинално е пониска од платата за декември 2023 година за 3,4 отсто, а реално за 2,8 отсто. Просечната месечна нето-плата во Хрватска во јануари 2024 година изнесува 1.239 евра, номинално зголемување за четири отсто и реално за 4,4 отсто од декември 2023 година. Во Црна Гора просечната бруто плата во јануари годинава е 1.024 евра, додека нето платата во просек изнесувала 819 евра. Во Босна и Херцеговина во јануари нето платата изнесувала 1.328 конвертибилни марки (679 евра) и е номинално повисока за 2,4 отсто, а реална за 2,2 отсто во однос на претходниот месец. Реално просечната нето плата е за 2,2 отсто повисока од декември минатата година. Просечната месечна нето-плата исплатена на вработен во Република  Македонија во јануари 2024 година изнесува 39.542 денари (643 евра), што е за 16,5 отсто повеќе отколку во јануари 2023 година, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика. Зголемувањето е последица на зголемувањето на просечната месечна нето плата во секторите: јавна администрација, одбрана, задолжително социјално осигурување – 27,8 отсто, водовод, канализација, управување со отпад и санација – 19,2 отсто и земјоделство, шумарство и рибарско стопанство – 19,1 отсто.

The post Највисока нето плата во регионот има Словенија, 1.477 евра, најниска Македонија, 643 евра appeared first on Република.

]]>
Се укинуваат голем број авиолинии во регионот https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-ukinuvaat-golem-broj-aviolinii-vo-regionot/ Tue, 06 Feb 2024 12:16:31 +0000 https://republika.mk/?p=740983

Од следното лето Визер веќе нема да лета од Љубљана до Лондон Лутон, со што авиокомпанијата останува само на летови за Скопје (три пати неделно).

Визер ги откажува летовите од Ниш до Дортмунд, Виена и Малме, што е вкупно седум летови неделно. Компанијата останува на само две линии од Ниш (Базел и Меминген). Истото значи дека Ниш наместо 13 ќе има само седум неделни летови, шест помалку од лани.

И во Бања Лука компанијата укинува две линии и ќе остане само на две линии, а ќе има пет лета помалку од лани, пренесува регионалниот авио-портал ЗамаАеро.

Визер дополнително ги намалува и летовите од Тузла. Минатото лето имаше 48 лета на 16 линии, зимава девет лета на три линии, но летово има еден лет помалку од оваа зима, односно ќе има осум неделни летови на 3 линии, имајќи предвид дека Базел се намалува од три на два лета неделно.

 

The post Се укинуваат голем број авиолинии во регионот appeared first on Република.

]]>

Од следното лето Визер веќе нема да лета од Љубљана до Лондон Лутон, со што авиокомпанијата останува само на летови за Скопје (три пати неделно). Визер ги откажува летовите од Ниш до Дортмунд, Виена и Малме, што е вкупно седум летови неделно. Компанијата останува на само две линии од Ниш (Базел и Меминген). Истото значи дека Ниш наместо 13 ќе има само седум неделни летови, шест помалку од лани. И во Бања Лука компанијата укинува две линии и ќе остане само на две линии, а ќе има пет лета помалку од лани, пренесува регионалниот авио-портал ЗамаАеро. Визер дополнително ги намалува и летовите од Тузла. Минатото лето имаше 48 лета на 16 линии, зимава девет лета на три линии, но летово има еден лет помалку од оваа зима, односно ќе има осум неделни летови на 3 линии, имајќи предвид дека Базел се намалува од три на два лета неделно.  

The post Се укинуваат голем број авиолинии во регионот appeared first on Република.

]]>
Македонија е на претпоследно место во регионот по средствата кои ги вложува во култура https://republika.mk/vesti/kultura/makedonija-e-na-pretposledno-mesto-vo-regionot-po-sredstvata-koi-gi-vlozhuva-vo-kultura/ Sat, 28 Jan 2023 17:18:04 +0000 https://republika.mk/?p=602030

„Македонија не го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, велат од „Рефлектор“ преку објавата на инфографик, според кој земјава е на претпоследното место во регионот по средствата кои ги вложува во културата.

Со издвоени само 0,5 отсто од БДП, зад Македонија е единствено Албанија која двои 0.4 отсто од БДП за буџет за култура.

На првото место се наоѓа Хрватска со издвоени 1.5 отсто од БДП, Словенија е на второто место со 1.4 отсто, па Бугарија и Косово издвоени 0.7 отсто.

Автор на публикацијата е економистот Бранимир Јовановиќ, а промоција на публикацијата се очекува во февруари годинава.

The post Македонија е на претпоследно место во регионот по средствата кои ги вложува во култура appeared first on Република.

]]>

„Македонија не го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, велат од „Рефлектор“ преку објавата на инфографик, според кој земјава е на претпоследното место во регионот по средствата кои ги вложува во културата. Со издвоени само 0,5 отсто од БДП, зад Македонија е единствено Албанија која двои 0.4 отсто од БДП за буџет за култура. На првото место се наоѓа Хрватска со издвоени 1.5 отсто од БДП, Словенија е на второто место со 1.4 отсто, па Бугарија и Косово издвоени 0.7 отсто. Автор на публикацијата е економистот Бранимир Јовановиќ, а промоција на публикацијата се очекува во февруари годинава.

The post Македонија е на претпоследно место во регионот по средствата кои ги вложува во култура appeared first on Република.

]]>
Граѓаните во Македонија најмногу осиромашуваат поради највисоката инфлација во регионот https://republika.mk/vesti/ekonomija/gragjanite-vo-makedonija-najmnogu-osiromashuvaat-poradi-najvisokata-inflacija-vo-regionot/ Fri, 09 Dec 2022 08:53:55 +0000 https://republika.mk/?p=583539

Македонија со највисока инфлација во регионот, тоа значи дека граѓаните кај нас најмногу осиромашуваат, велат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Во ноември во Македонија измерена е стапка на инфлација од 19,5%, што е највисока стапка на инфлација во регионот и една од највисоките во цела Европа. Ова покажувa дека трошоците за живот во Македонија најмногу растат, а стандардот на граѓаните најбрзо се смалува. Со други зборови народот во Македонија тоне во сиромаштија. Ова е уште еден во низата поразителни економски факти за Македонија во време на власта на СДС и Ковачевски, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија за година и пол има над 12 илјади затворени компании. Економската активност е сериозно забавена и според проценките на Светска Банка, Македонија ќе има најмал раст на БДП во 2022 година во цела Европа, а од нас полоши ќе бидат само Русија и Украина кои се во војна. Дополниелно Македонија се соочува со огромна стапка на сива економија од 33% што е далеку полоша и од Косово и од Албанија. Македонија се наоѓа на дното по привлекување на странски инвестиции, па така Косово, Албанија и Србија имаат двојно, па и тројно повеќе СДИ по глава на жител од нас.

Секаде во секој сегмент Македонија има најлоши економски резултати со оваа власт на СДС и Ковачевски. Тоа мора да се промени. Прво што треба да се случи е час поскоро да си замине оваа власт, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post Граѓаните во Македонија најмногу осиромашуваат поради највисоката инфлација во регионот appeared first on Република.

]]>

Македонија со највисока инфлација во регионот, тоа значи дека граѓаните кај нас најмногу осиромашуваат, велат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.
Во ноември во Македонија измерена е стапка на инфлација од 19,5%, што е највисока стапка на инфлација во регионот и една од највисоките во цела Европа. Ова покажувa дека трошоците за живот во Македонија најмногу растат, а стандардот на граѓаните најбрзо се смалува. Со други зборови народот во Македонија тоне во сиромаштија. Ова е уште еден во низата поразителни економски факти за Македонија во време на власта на СДС и Ковачевски, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Македонија за година и пол има над 12 илјади затворени компании. Економската активност е сериозно забавена и според проценките на Светска Банка, Македонија ќе има најмал раст на БДП во 2022 година во цела Европа, а од нас полоши ќе бидат само Русија и Украина кои се во војна. Дополниелно Македонија се соочува со огромна стапка на сива економија од 33% што е далеку полоша и од Косово и од Албанија. Македонија се наоѓа на дното по привлекување на странски инвестиции, па така Косово, Албанија и Србија имаат двојно, па и тројно повеќе СДИ по глава на жител од нас.
Секаде во секој сегмент Македонија има најлоши економски резултати со оваа власт на СДС и Ковачевски. Тоа мора да се промени. Прво што треба да се случи е час поскоро да си замине оваа власт, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post Граѓаните во Македонија најмногу осиромашуваат поради највисоката инфлација во регионот appeared first on Република.

]]>
Кадиевска Војновиќ: Бизнисите во Македонија плаќаат најскапа струја во регионот https://republika.mk/vesti/ekonomija/kadievska-vojnovikj-biznisite-vo-makedonija-plakjaat-najskapa-struja-vo-regionot/ Mon, 03 Oct 2022 19:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=557015

„Ајде да анализираме со бројки кои што баш ја покажуваат кондицијата на фирмите и дали енергетската криза и трошокот од цена на електрична енергија не ги погодила фирмите. На регулиран пазар се 70.000 правни субјекти со кои што и ние имаме комуникација со сите нив, и викаат ние не плаќаме евтина струја. Колку е струјата на сите мали бизниси на кои што е регулирана? Во Србија е 100 евра за мегават, а во Босна и Херцеговина е 65 евра, ајде Босна и Херцеговина извезува и е нето извозник, а Србија и увезува одреден процент на струја. А, Косово е 70 евра за мегават, Бугарија е 128 евра за мегават, а ова се податоци од Стопанската комора. Романија плаќа 180 евра за мегават, Грција е 220 со тоа што го субвенционира остатокот. Ова се податоци за струја за бизниси по мегават на час во регионот колку се плаќа. Македонија и на регулиран пазар, малите фирми плаќаат 230 евра за мегават на час“, истакна Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „24 Анализа“.

Кадиевска Војновиќ додаде дека бизнисите имаат најскапа струја во регионот.

„Дали се справуваме добро со кризата? Не се справуваме, а набргу на населението ќе му стане јасно. Не сакам да звучам апокалипстично, ниту да стварам паника меѓутоа набрзо ќе си ги имаме рестрикциите, бизнисот нема да биде субвенциониран поради тоа што државата не обезбеди навремено средства. Заради тоа што за да го платиме енергенсот и струјата ни се потребни средства. Значи проблемот е во менаџирањето“, нагласи Кадиевска Војновиќ.

Таа посочи дека 25% план на раст на производство годишен на ЕСМ е од најниско споредбена основа од 2001 година.

„Ние од буџетот за населението трансферираме средства за увоз и скапи енергенси кои не се набавени на време“, рече Кадиевска Војновиќ.

Таа рече дека планот на Христијан Мицкоски не е само за мали туку и големи бизниси.

 

The post Кадиевска Војновиќ: Бизнисите во Македонија плаќаат најскапа струја во регионот appeared first on Република.

]]>

„Ајде да анализираме со бројки кои што баш ја покажуваат кондицијата на фирмите и дали енергетската криза и трошокот од цена на електрична енергија не ги погодила фирмите. На регулиран пазар се 70.000 правни субјекти со кои што и ние имаме комуникација со сите нив, и викаат ние не плаќаме евтина струја. Колку е струјата на сите мали бизниси на кои што е регулирана? Во Србија е 100 евра за мегават, а во Босна и Херцеговина е 65 евра, ајде Босна и Херцеговина извезува и е нето извозник, а Србија и увезува одреден процент на струја. А, Косово е 70 евра за мегават, Бугарија е 128 евра за мегават, а ова се податоци од Стопанската комора. Романија плаќа 180 евра за мегават, Грција е 220 со тоа што го субвенционира остатокот. Ова се податоци за струја за бизниси по мегават на час во регионот колку се плаќа. Македонија и на регулиран пазар, малите фирми плаќаат 230 евра за мегават на час“, истакна Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „24 Анализа“. Кадиевска Војновиќ додаде дека бизнисите имаат најскапа струја во регионот. „Дали се справуваме добро со кризата? Не се справуваме, а набргу на населението ќе му стане јасно. Не сакам да звучам апокалипстично, ниту да стварам паника меѓутоа набрзо ќе си ги имаме рестрикциите, бизнисот нема да биде субвенциониран поради тоа што државата не обезбеди навремено средства. Заради тоа што за да го платиме енергенсот и струјата ни се потребни средства. Значи проблемот е во менаџирањето“, нагласи Кадиевска Војновиќ. Таа посочи дека 25% план на раст на производство годишен на ЕСМ е од најниско споредбена основа од 2001 година. „Ние од буџетот за населението трансферираме средства за увоз и скапи енергенси кои не се набавени на време“, рече Кадиевска Војновиќ. Таа рече дека планот на Христијан Мицкоски не е само за мали туку и големи бизниси.  

The post Кадиевска Војновиќ: Бизнисите во Македонија плаќаат најскапа струја во регионот appeared first on Република.

]]>
Над 70 отсто од учениците во регионот не сакаат онлајн настава https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nad-70-otsto-od-uchenicite-vo-regionot-ne-sakaat-onlajn-nastava/ Wed, 02 Feb 2022 13:59:20 +0000 https://republika.mk/?p=453059

Најголем број од младите во земјите од иницијативата „Отворен Балкан“ или над 70%, не сакаат да продолжат со онлајн настава и сметаат дека ниту тие, а ниту професорите не вложуваат доволно напори за квалитетна настава преку интернет што резултира во ниско до средно ниво на стекнато знаење и несоодветна едукација.

Ова го покажува онлајн истражувањето на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) спроведено помеѓу ученици и студенти од Македонија, Србија и Албанија во текот на месец јануари 2022 година. Впечатлив и заеднички став на младите од трите земји е податокот дека, помалку од една третина од нив е за продолжување на онлајн наставата, додека останатите се залагаат за настава со физичко присуство или за комбиниран хибриден модел.

При тоа само 14,6 % од младите во Албанија сакаат да учат онлајн, додека 44% се за физичка настава, а 41,4% се изјасниле за комбиниран модел. Во Македонија 27% од учениците и студентите вклучени во онлајн истражувањето се за онлајн модел, 41% сакаа да се вратат во клупа, додека 32 се за комбинирана модел на онлајн и физичка настава. Дури 21% од младите Срби, пак, повеќе сакаат да учат онлајн, 37% се за настава во училиштата, додека 42% посакуваат да имаат можност и за онлајн и за физичка настава.

The post Над 70 отсто од учениците во регионот не сакаат онлајн настава appeared first on Република.

]]>

Најголем број од младите во земјите од иницијативата „Отворен Балкан“ или над 70%, не сакаат да продолжат со онлајн настава и сметаат дека ниту тие, а ниту професорите не вложуваат доволно напори за квалитетна настава преку интернет што резултира во ниско до средно ниво на стекнато знаење и несоодветна едукација. Ова го покажува онлајн истражувањето на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) спроведено помеѓу ученици и студенти од Македонија, Србија и Албанија во текот на месец јануари 2022 година. Впечатлив и заеднички став на младите од трите земји е податокот дека, помалку од една третина од нив е за продолжување на онлајн наставата, додека останатите се залагаат за настава со физичко присуство или за комбиниран хибриден модел. При тоа само 14,6 % од младите во Албанија сакаат да учат онлајн, додека 44% се за физичка настава, а 41,4% се изјасниле за комбиниран модел. Во Македонија 27% од учениците и студентите вклучени во онлајн истражувањето се за онлајн модел, 41% сакаа да се вратат во клупа, додека 32 се за комбинирана модел на онлајн и физичка настава. Дури 21% од младите Срби, пак, повеќе сакаат да учат онлајн, 37% се за настава во училиштата, додека 42% посакуваат да имаат можност и за онлајн и за физичка настава.

The post Над 70 отсто од учениците во регионот не сакаат онлајн настава appeared first on Република.

]]>