Рефет Абази Archives - Република https://republika.mk/tema/refet-abazi/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jan 2024 08:13:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рефет Абази Archives - Република https://republika.mk/tema/refet-abazi/ 32 32 Актерите Беговска, Чоревски, Лукаревски и Абази писателката Николова, музичарот Вртев и режисерот Унквски ќе бидат одликувани со Орден за заслуги https://republika.mk/vesti/kultura/akterite-begovska-chorevski-lukarevski-i-abazi-pisatelkata-nikolova-muzicharot-vrtev-i-rezhiserot-unkvski-ke-bidat-odlikuvani-so-orden-za-zaslugi/ Mon, 29 Jan 2024 08:07:38 +0000 https://republika.mk/?p=737970

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија, ќе ги одликува Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази, Ристо Вртев и Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Македонија.

Како што најавуваат од кабинетот на Претседателот, свечената церемонија ќе се одржи во 19 часот во Филхармонијата.

The post Актерите Беговска, Чоревски, Лукаревски и Абази писателката Николова, музичарот Вртев и режисерот Унквски ќе бидат одликувани со Орден за заслуги appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија, ќе ги одликува Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази, Ристо Вртев и Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Македонија. Како што најавуваат од кабинетот на Претседателот, свечената церемонија ќе се одржи во 19 часот во Филхармонијата.

The post Актерите Беговска, Чоревски, Лукаревски и Абази писателката Николова, музичарот Вртев и режисерот Унквски ќе бидат одликувани со Орден за заслуги appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Чиј беше Јон“ од Рефет Абази во КИЦ на Македонија во Софија https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-chij-beshe-jon-od-refet-abazi-vo-kits-na-makedonija-vo-sofija/ Tue, 04 Apr 2023 06:42:52 +0000 https://republika.mk/?p=626932

Книгата „Чиј беше Јон“ од Рефет Абази вечер ќе биде промовирана во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. Делото е објавено на бугарски јазик како издание на „КВЦ“.

Роман за животот, кој е сплет од страдања, радости и грижи кои го придружуваат човекот и го градат како личност. Книга за љубовта и традициите, за односот меѓу генерациите и пренесувањето на моралните и духовните вредности. Длабоко човечка приказна фокусирана околу еден млад човек кој се бара себеси, се вели во соопштението од КИЦ на Македонија во Софија.

На седумгодишна возраст молња поминува низ Јон и тоа му дава необични видувања - гледа работи со кои ќе се сретне години подоцна. Момчето се претвора во млад човек кој ќе ги доживее своите први љубовни трепети, а подоцна мора да стане сопруг и татко...

Рефет Абази е македонски писател, драматург, актер и педагог. Роден е во Тетово во 1964 година. Носител е на многу награди како театарски актер. Има и незаборавни улоги во киното, ја играше главната улога во „The Forgiveness of Blood“, во режија на Џошуа Марстон и освои „Сребрена мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал во 2011 година.

Автор е на два романи, како и на неколку драми. Како професор по глума и театарска уметност има обучено многу од актерите, кои во моментов играат на театарските сцени во земјава.

Фото: КИЦ на РСМ во Софија

The post Промоција на книгата „Чиј беше Јон“ од Рефет Абази во КИЦ на Македонија во Софија appeared first on Република.

]]>

Книгата „Чиј беше Јон“ од Рефет Абази вечер ќе биде промовирана во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. Делото е објавено на бугарски јазик како издание на „КВЦ“.
Роман за животот, кој е сплет од страдања, радости и грижи кои го придружуваат човекот и го градат како личност. Книга за љубовта и традициите, за односот меѓу генерациите и пренесувањето на моралните и духовните вредности. Длабоко човечка приказна фокусирана околу еден млад човек кој се бара себеси, се вели во соопштението од КИЦ на Македонија во Софија.
На седумгодишна возраст молња поминува низ Јон и тоа му дава необични видувања - гледа работи со кои ќе се сретне години подоцна. Момчето се претвора во млад човек кој ќе ги доживее своите први љубовни трепети, а подоцна мора да стане сопруг и татко... Рефет Абази е македонски писател, драматург, актер и педагог. Роден е во Тетово во 1964 година. Носител е на многу награди како театарски актер. Има и незаборавни улоги во киното, ја играше главната улога во „The Forgiveness of Blood“, во режија на Џошуа Марстон и освои „Сребрена мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал во 2011 година. Автор е на два романи, како и на неколку драми. Како професор по глума и театарска уметност има обучено многу од актерите, кои во моментов играат на театарските сцени во земјава. Фото: КИЦ на РСМ во Софија

The post Промоција на книгата „Чиј беше Јон“ од Рефет Абази во КИЦ на Македонија во Софија appeared first on Република.

]]>
Праизведба на „Јазли“ во Албанскиот театар https://republika.mk/vesti/kultura/praizvedba-na-jazli-vo-albanskiot-teatar/ Sat, 29 Jan 2022 19:50:03 +0000 https://republika.mk/?p=451340

„ Јазли“ е драма , која го прикажува современиот човекот како креатор, но и жртва на изместени вредности, кои потекнуваат од амбициите да стигне повисоко во општествената хиерархија.

Во таква една слобода или во таков еден систем на вредности тие злобни амбиции не може да функционираат. Бидејќи обично тој мрачниот дел во нас сака да плива во матно, тој не сака чиста вода, вели  Рефет Абази- автор на текстот и актер

Распадот на бракот меѓу лекарот Дрен и неговата сопруга, архитектката Леа, низ фрагментарна драматургија ја отвора Пандорината кутија на конфликти и ситуации меѓу бројните ликови, како од поширокото семејство, така и во општеството. На тој начин доаѓа до израз  општиот безизлез, неможноста да се препознае депресијата како болест на денешницата, но и потребата да бидеме хумани, правични и да не посегаме по туѓата сопственост. Покрај допирот до реалноста, претставата оди и до метафизика, низ судирот на доброто и злото, доловен преку два фиктивни лика.

Како естетика или стил на игра, тоа е магичен реализам. Нешто што ми е многу блиску и во книжевноста. Таа насока, тој правец го обожувам. Така што сè е реално, ама нешто е изместено од реалноста, смета Куштрим Бектеши- режисер

The post Праизведба на „Јазли“ во Албанскиот театар appeared first on Република.