референдум за уставот Archives - Република https://republika.mk/tema/referendum-za-ustavot/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Sep 2022 09:39:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png референдум за уставот Archives - Република https://republika.mk/tema/referendum-za-ustavot/ 32 32 Седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одлучува за референдумот за бугарските барања https://republika.mk/vesti/makedonija/sednica-na-ik-na-vmro-dpmne-kje-se-odluchuva-za-referendumot-za-bugarskite-baranja/ Mon, 05 Sep 2022 09:39:05 +0000 https://republika.mk/?p=547554

На седница на Извршниот комитет поплднево ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе одлука за предлогот за референдумско изјаснување за пакетот услови кој стана дел од преговарачката рамка, а ги отсликува бугарските максималистички барања.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски отвори процес на широки консултации со внатрешните органи на партијата, повеќе професори и експерти по уставно право, со академската јавност и коалициските партии за што доби и поддршка за самата иницијатива.

Она што за ВМРО-ДПМНЕ е пречка е членот 5 од преговарачка рамка, кој се потпира на протоколот.

Овој член ги содржи спорните делови од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија потпишан во 2017 година.

Оттука изворот и коренот на проблемите се наоѓа токму во овој договор кој поставува основа на бугарските позиции. Подоцна од него произлезе и преговарачката рамка и членот 5.

ВМРО-ДПМНЕ не ги спори и ги поддржува аспирациите за интегрирање на Македонија во ЕУ, но она што е неприфатливо се бугарските барања за промена на исоптријата, идентитетот, јазикот и културата.
Токму затоа размислувањата во ВМРО-ДПМНЕ, а за кои ќе се дискутира на вечерашниот Извршен комитет, се на референдум да се побара престанок на важноста на овој договор со кој се поставија фундаментите за бугаризација и обезличување на Македонија. До таквиот рефререндум би се дошло преку собирање на граѓански потписи, а на иницијативата прв потпишани ќе биде раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако ќе се собере најмалку 100 потписи, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон собирање на 150 илјади потписи од граѓани. Од партијата апелираат власта да не го попречува процесот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остануват гарант дека уставни промени нема да има.

Седницата на Извршниот комитет ќе започне во 18 часот, околу 20 часот се очекува изјави за медиуми.

The post Седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одлучува за референдумот за бугарските барања appeared first on Република.

]]>

На седница на Извршниот комитет поплднево ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе одлука за предлогот за референдумско изјаснување за пакетот услови кој стана дел од преговарачката рамка, а ги отсликува бугарските максималистички барања. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски отвори процес на широки консултации со внатрешните органи на партијата, повеќе професори и експерти по уставно право, со академската јавност и коалициските партии за што доби и поддршка за самата иницијатива. Она што за ВМРО-ДПМНЕ е пречка е членот 5 од преговарачка рамка, кој се потпира на протоколот. Овој член ги содржи спорните делови од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија потпишан во 2017 година. Оттука изворот и коренот на проблемите се наоѓа токму во овој договор кој поставува основа на бугарските позиции. Подоцна од него произлезе и преговарачката рамка и членот 5. ВМРО-ДПМНЕ не ги спори и ги поддржува аспирациите за интегрирање на Македонија во ЕУ, но она што е неприфатливо се бугарските барања за промена на исоптријата, идентитетот, јазикот и културата. Токму затоа размислувањата во ВМРО-ДПМНЕ, а за кои ќе се дискутира на вечерашниот Извршен комитет, се на референдум да се побара престанок на важноста на овој договор со кој се поставија фундаментите за бугаризација и обезличување на Македонија. До таквиот рефререндум би се дошло преку собирање на граѓански потписи, а на иницијативата прв потпишани ќе биде раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Откако ќе се собере најмалку 100 потписи, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон собирање на 150 илјади потписи од граѓани. Од партијата апелираат власта да не го попречува процесот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остануват гарант дека уставни промени нема да има. Седницата на Извршниот комитет ќе започне во 18 часот, околу 20 часот се очекува изјави за медиуми.

The post Седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одлучува за референдумот за бугарските барања appeared first on Република.

]]>
Маричиќ е убеден дека не е потребен референдум, но ако има прашањето треба да биде „дали сте Македонија да биде членка на ЕУ или не“ https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-e-ubeden-deka-ne-e-potreben-referendum-no-ako-ima-prashanjeto-treba-da-bide-dali-ste-makedonja-da-bide-chlenka-na-eu-ili-ne/ Sun, 21 Aug 2022 16:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=542629

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во денешното интервју за телевизија „Алсат“, посочи дека Референдумот е демократско право и до сега сме го користеле повеќе пати, кој го овозможува и Уставот, но смета дека доколку би имало Референдум суштинското прашање би било дали сте за Македонија да биле членка на ЕУ или не.

- Мислам дека тоа прашање е повеќе пати одговорено и од граѓаните и од институциите и наместо на Референдум треба да се насочиме на завршување на нашите обврски, креирање на еден консензус околу европските интеграции, затоа што овој процес надминува мандат на која било една влада, рече Маричиќ.

Маричиќ истакна дека влегуваме во фаза во која ќе треба паралелно да се води скринингот и да се работи интензивно на уставните измени и дека до завршувањето на скринингот има добри шанси да се комплетираат уставните измени, додавајќи дека според Владата содржината на тие уставни измени не е проблематична, бидејќи се работи за нешто што веќе го имаме во Уставот за повеќе заедници и додавањето на уште неколку заедници, меѓу кои и бугарската, не го гледаат како суштински проблем.

Маричиќ во интервјуто потсети дека од 1991, од независноста, сме се определиле и за ЕУ и за НАТО и дека веќе сме членка на НАТО и ги почнавме преговорите, но дали успешно ќе ги продолжиме и завршиме зависи само од нас, посочувајќи дека ова е важно секој пратеник да го има предвид кога ќе ја носи одлуката.

Вицепремиерот за европски прашања во интервјуто за „Алсат“ го објасни и процесот на скрининг и изјави дека скринингот ќе биде многу интензивен, секое поглавје ќе трае неколку дена, зависно од тоа колку е обемно и дека најважно е сите со внимание да ги следат презентациите и да учествуваат активно во нив, затоа што тоа ќе биде основа за претставување или поставување на критериумите за отворање и затворање на поглавјата понатаму.

Маричиќ дополни дека овој процес ја мобилизира македонската администрација и е многу важен за истата, бидејќи треба да ни ја даде сликата до каде сме со усогласување со европското законодавство, што уште треба да направиме, но и како во пракса да се спроведат полесно и побрзо тие правила

The post Маричиќ е убеден дека не е потребен референдум, но ако има прашањето треба да биде „дали сте Македонија да биде членка на ЕУ или не“ appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во денешното интервју за телевизија „Алсат“, посочи дека Референдумот е демократско право и до сега сме го користеле повеќе пати, кој го овозможува и Уставот, но смета дека доколку би имало Референдум суштинското прашање би било дали сте за Македонија да биле членка на ЕУ или не.
- Мислам дека тоа прашање е повеќе пати одговорено и од граѓаните и од институциите и наместо на Референдум треба да се насочиме на завршување на нашите обврски, креирање на еден консензус околу европските интеграции, затоа што овој процес надминува мандат на која било една влада, рече Маричиќ.
Маричиќ истакна дека влегуваме во фаза во која ќе треба паралелно да се води скринингот и да се работи интензивно на уставните измени и дека до завршувањето на скринингот има добри шанси да се комплетираат уставните измени, додавајќи дека според Владата содржината на тие уставни измени не е проблематична, бидејќи се работи за нешто што веќе го имаме во Уставот за повеќе заедници и додавањето на уште неколку заедници, меѓу кои и бугарската, не го гледаат како суштински проблем. Маричиќ во интервјуто потсети дека од 1991, од независноста, сме се определиле и за ЕУ и за НАТО и дека веќе сме членка на НАТО и ги почнавме преговорите, но дали успешно ќе ги продолжиме и завршиме зависи само од нас, посочувајќи дека ова е важно секој пратеник да го има предвид кога ќе ја носи одлуката. Вицепремиерот за европски прашања во интервјуто за „Алсат“ го објасни и процесот на скрининг и изјави дека скринингот ќе биде многу интензивен, секое поглавје ќе трае неколку дена, зависно од тоа колку е обемно и дека најважно е сите со внимание да ги следат презентациите и да учествуваат активно во нив, затоа што тоа ќе биде основа за претставување или поставување на критериумите за отворање и затворање на поглавјата понатаму. Маричиќ дополни дека овој процес ја мобилизира македонската администрација и е многу важен за истата, бидејќи треба да ни ја даде сликата до каде сме со усогласување со европското законодавство, што уште треба да направиме, но и како во пракса да се спроведат полесно и побрзо тие правила

The post Маричиќ е убеден дека не е потребен референдум, но ако има прашањето треба да биде „дали сте Македонија да биде членка на ЕУ или не“ appeared first on Република.

]]>
Толку ли е голем притисокот врз Пендаровски, па мораше да го менува својот став? https://republika.mk/vesti/makedonija/tolku-li-e-golem-pritisokot-vrz-pendarovski-pa-morashe-da-go-menuva-svojot-stav/ Mon, 01 Aug 2022 07:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=535522

Пендаровски ретерираше од јавно дадената поддршка за референдумот, тој ја одбра антимакедонската страна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Стево Пендаровски имаше можност да биде претседател кој ќе биде заштитник на македонските интереси, доколку останеше цврст на ставот за референдум, но тој се премисли очигледно под притисок на владата, реагираат од партијата.

Потсетуваат дека Пендаровски беше дециден во поддршката, за по неколку дена да ретерира и да зборува спротивно од тоа што еднаш веќе го изјавил.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-chesno-e-referendumskoto-prashanje-da-glasi-dali-sakate-da-odite-vo-eu-pod-vakvi-uslovi/

„Ако некој не разбира дека овој билатерален договор, а и со Грција, се оската по која ние продолжуваме кон Европа, и сака тоа да го нема, почесно е референдумското прашање да гласи: „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови?“. Без спомнување на договори, точки. Опозицијата треба да излезе со чесна формулација и ако такво е прашањето сите партии треба да излезат на референдум, не да бојкотираат“, ова беше ставот на Стево Пендаровски до вчера, кога излезе со нова изјава која очигледно е дадена под присила од владата.

https://republika.mk/vesti/pendarovski-nemam-nikakvo-razbiranje-za-baranjeto-referendum-stanuva-zbor-za-manipulacija/

Толку ли е голем притисокот врз Пендаровски, па мораше да го менува својот став, а со тоа и да ја понижи институцијата Претседател?

Пендаровски има можност да излезе пред јавноста и да каже дека под присила од владата го сменил својот став, народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе го заштитат.

Пендаровски да не се плаши да каже дали Ковачевски му се заканувал. А ако остане да молчи само ќе стане соучесник во предавствата на оваа влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Толку ли е голем притисокот врз Пендаровски, па мораше да го менува својот став? appeared first on Република.

]]>

Пендаровски ретерираше од јавно дадената поддршка за референдумот, тој ја одбра антимакедонската страна, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Стево Пендаровски имаше можност да биде претседател кој ќе биде заштитник на македонските интереси, доколку останеше цврст на ставот за референдум, но тој се премисли очигледно под притисок на владата, реагираат од партијата. Потсетуваат дека Пендаровски беше дециден во поддршката, за по неколку дена да ретерира и да зборува спротивно од тоа што еднаш веќе го изјавил. https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-chesno-e-referendumskoto-prashanje-da-glasi-dali-sakate-da-odite-vo-eu-pod-vakvi-uslovi/ „Ако некој не разбира дека овој билатерален договор, а и со Грција, се оската по која ние продолжуваме кон Европа, и сака тоа да го нема, почесно е референдумското прашање да гласи: „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови?“. Без спомнување на договори, точки. Опозицијата треба да излезе со чесна формулација и ако такво е прашањето сите партии треба да излезат на референдум, не да бојкотираат“, ова беше ставот на Стево Пендаровски до вчера, кога излезе со нова изјава која очигледно е дадена под присила од владата. https://republika.mk/vesti/pendarovski-nemam-nikakvo-razbiranje-za-baranjeto-referendum-stanuva-zbor-za-manipulacija/
Толку ли е голем притисокот врз Пендаровски, па мораше да го менува својот став, а со тоа и да ја понижи институцијата Претседател? Пендаровски има можност да излезе пред јавноста и да каже дека под присила од владата го сменил својот став, народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе го заштитат. Пендаровски да не се плаши да каже дали Ковачевски му се заканувал. А ако остане да молчи само ќе стане соучесник во предавствата на оваа влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
 
The post Толку ли е голем притисокот врз Пендаровски, па мораше да го менува својот став? appeared first on Република.

]]>
Нелегалниот премиер Ковачевски со бегањето од референдум бега од народот https://republika.mk/vesti/makedonija/nelegalniot-premier-kovachevski-so-beganjeto-od-referendum-bega-od-narodot/ Mon, 01 Aug 2022 07:10:51 +0000 https://republika.mk/?p=535525

Нелегалниот премиер Ковачевски со бегањето од референдум бега од народот. Вака ВМРО-ДПМНЕ го нарекува претседателот на Владата откако тој се изјасни против референдумот за условите под кои треба да почнеме преговори.

Референдумот е најголемото достигнување на демократијата, со него се дава право и можност народот да одлучи по секое едно прашање кое е надвор од редовната работа на една власт. Такво прашање е асимилацијата која Ковачевски сака по секоја цена да ја протурка. Народот мора да биде прашан, дали тоа што го турка Ковачевски е во негов интерес или не.

Оттаму додаваат дека Ковачевски верува во себе и дека тоа што го прави е исправно, тој ќе излезеше на референдум. Но Ковачевски знае дека прави предавство и врши бугаризација и асимилација на народот и затоа бега од референдум.

Сакајќи да го стави прашањето со референдумот зад себе, мислејќи дека ќе помине брзо, тој дава изјави со кои го омаловажува народот и го покажува своето вистинско лице.Ковачевски работи единствено во интерес за ден повеќе да остане на власт. Сето негово делување од сега па до денот кога ќе падне од власт ќе бидат единствено за гол опстанок на власт.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ne-saka-da-chue-za-referendum-glasot-na-narodot-za-nea-e-nevazen/

Против референдум се изјасни и претседателот Пендаровски.

The post Нелегалниот премиер Ковачевски со бегањето од референдум бега од народот appeared first on Република.

]]>

Нелегалниот премиер Ковачевски со бегањето од референдум бега од народот. Вака ВМРО-ДПМНЕ го нарекува претседателот на Владата откако тој се изјасни против референдумот за условите под кои треба да почнеме преговори.
Референдумот е најголемото достигнување на демократијата, со него се дава право и можност народот да одлучи по секое едно прашање кое е надвор од редовната работа на една власт. Такво прашање е асимилацијата која Ковачевски сака по секоја цена да ја протурка. Народот мора да биде прашан, дали тоа што го турка Ковачевски е во негов интерес или не.
Оттаму додаваат дека Ковачевски верува во себе и дека тоа што го прави е исправно, тој ќе излезеше на референдум. Но Ковачевски знае дека прави предавство и врши бугаризација и асимилација на народот и затоа бега од референдум.
Сакајќи да го стави прашањето со референдумот зад себе, мислејќи дека ќе помине брзо, тој дава изјави со кои го омаловажува народот и го покажува своето вистинско лице.Ковачевски работи единствено во интерес за ден повеќе да остане на власт. Сето негово делување од сега па до денот кога ќе падне од власт ќе бидат единствено за гол опстанок на власт.
https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ne-saka-da-chue-za-referendum-glasot-na-narodot-za-nea-e-nevazen/ Против референдум се изјасни и претседателот Пендаровски.

The post Нелегалниот премиер Ковачевски со бегањето од референдум бега од народот appeared first on Република.

]]>
Власта не сака референдум, гласот на народот за неа е неважен https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ne-saka-da-chue-za-referendum-glasot-na-narodot-za-nea-e-nevazen/ Mon, 01 Aug 2022 06:34:01 +0000 https://republika.mk/?p=535496

Премиерот Димитар Ковачевски останува на веќе познатиот став во врска со референдумот што го предлага ВМРО-ДПМНЕ и за што се уште траат партиските консултации за референдумското прашање. И Ковачевски и лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски вчера од Тетово, каде започна кампањата за советници за вонредните избори на 20 август, ги повторија своите различни позиции по ова прашање.

Претседателот Стево Пендаровски, пак, вели дека нема никакво разбирање на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдум и оценува дека станува збор за манипулација која, како што вели, Христијан Мицкоски ја прави прилично неочекувано. Во интервју се изјасни и евроамбасадорот Дејвид Гир, кој рече дека прашањето за референдум е суверена одлука и нема да го коментира, но дека сепак тука треба да се погледне наназад и да се види широката слика.

Ковачевски вчера порача дека референдумот што го предлага ВМРО-ДПМНЕ е нерелевантен и дека земјата ги почна преговорите за влез во ЕУ. Според него, најавениот референдум од страна на ВМРО-ДПМНЕ е за внатрешно – партиска употреба.

-Прво, Република Македонија на референдум при осамостојувањето се изјасни дека сака независна држава членка на ЕУ и на НАТО. ВМРО – ДПМНЕ е партија која беше против членство во НАТО, сега заедно со нивниот нов коалиционен партнер Левице се единствените две партии кои се против членството во ЕУ и тоа јасно го покажаа при гласањето за предлогот на ЕУ во однос на отпочнувањето на преговорите со Република Македонија. Меѓутоа доминантниот број на пратеници 68 што ги претставуваат граѓаните донесоа одлука Република Македонија да ги отпочне преговорите. Тој референдум што го зборува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е единствено заради нивна внатрешно-политичка употреба бидејќи нема политичка партија освен неговиот партнер Левица која е против НАТО и ЕУ и е за сојуз Централно-азиски некаков со Русија, да е против ЕУ, рече Ковачевски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ треба идеолошки да расчисти кај себе дали сака да ја види државава во ЕУ или не. Пораката до опозициската партија на премиерот Ковачевски е дека Македонија ги почна преговорите и тоа со чист македонски јазик, со заштитен идентите и потврдено не само од Владата туку и од претседателката на ЕК и од потпретседателот на ЕК.

– Оваа држава од денот на одржување на првата меѓувладина конференција го започна патот за зачленување во ЕУ. Од тој пат нема назад, нема ниту лево, а уште помалку десно односно кон истокот, така што сосема е нерелевантно барањето на ВМРО-ДПМНЕ за некаков референдум кое треба да биде изјаснување против зачленување во ЕУ, изјави Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на оваа изјава наведувајќи дека со одење против референдум Ковачевски го помножи народот со нула, а народот ќе му покаже дека тој е нула.

Подоцна лидерот на партијата Христијан Мицкоски во изјава за медиумите исто така од Тетово, каде почнаа изборите за локалниот совет истакна дека консултациите што ги прави партијата за референдумското прашање течат и многу скоро на следната седница на Извршниот комитет ќе се разговара на таа тема и јавноста ќе ги знае нивните чекори за референдумското изјаснување.

-Коментирав дека имаме напредок во ставот на претседателот Пендаровски. Гледам дека и тој јавно застанува позади идејата за референдум. Дури отиде и чекор понапред предложи текст на прашање и отприлика и двајцата конвергираме кон една таква суштина на тоа прашање. Очекувам дека за разлика од Ковачевски тој ќе биде помудар и ќе излезе и ќе ги повика граѓаните но и останатите политички партии да го подржат референдумското изјаснување, рече Мицкоски.

Коментирајќи ја изјавата на премиерот Ковачевски дека референдумот ќе биде нерелевантен бидејќи земјата почна преговори за влез во ЕУ, Мицкоски кажа дека тој е „нелегитимен премиер“ и оти колку е референдумот релевантен ќе се види во Тетово на 20 август кога ќе се гласа за советници.

-Само нелегитимен премиер поставен на начин на кој што е така поставен може гласот на народот да го смета за нерелевантен, а колку тој е релеватен ќе види овде во Тетово на 20 август кога советничката листа на СДСМ ќе доживее класичен дебакл од граѓаните на Тетово, а на следните парламентарни избори тој лично и неговите политики како нелигитимен премиер ќе доживеат дебакл од граѓаните на Македонија, изјави Мицкоски, кој денеска беше на состанок со партискиот огранок во Тетово со што започна кампањата за изборите.

Претседателот Пендаровски, зборувајќи во телевизиско интервју дали е за референдум за францускиот предлог, рече дека тоа што Мицкоски ги прави е политичка мобилизација на неговото членство.

– Се мачат да направат формулација, точка 4, алинеја 5 ќе ја оспоруваме од рамката. Знаете што е тоа? Тоа е Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија. Не може да влезеш во ниту во Европа, ниту во НАТО, ако немаш договори со комшиите. Јас велам, повелете прашајте, но фер е да кажете дека сте против. Само едно прашање за мене е релевантно, дали сакате Република Македонија да биде членка на ЕУ, толку, рече Пендаровски.

Тврдам, дополни Пендаровски, дека на вака чисто прашање, про-европската коалиција ќе ја победи анти-европската коалиција составена од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

– Ако не биде така. Сите ние што сме сега на ова место ќе се повлечеме и ќе речеме повелете терајте, имате многу широки опции, имате движење на неврзаните, имате Азија, имате Русија…, рече Пендаровски.

Евроамбасадорот Дејвид Гир во неделното интервју на Радио Слободна Европа изјави дека со начинот на којшто договорот е направен, преговорите се отворени, скринингот започна и оти имавме нешто што е наречено меѓувладина конференција со која започна целиот процес.

-Кога скринингот ќе биде завршен во оваа фаза, да одите на наредната точка е потребно да има друга меѓувладина конференција, рече Гир.

Одржувањето на таа меѓувладина конференција, како што додаде, зависи од овој билатерален договор меѓу двете засегнати земји.

– Секако, тоа е суверена одлука за Македонија да го смени Уставот, иако веќе имате добар учинок во меѓуетничките односи и ова понатаму само ќе го дефинира тоа. Но, што ќе се случи ако не оди напред. Мислам дека најверојатното сценарио ќе биде преговарачкиот процес да запре таму. Ќе го завршите скринингот, но одржувањето на меѓувладината конференција и следните чекори ќе го чекаат решавањето на ова прашање. Не бидејќи трета земја дошла и ставила вето, туку бидејќи оваа земја решила да се повлече од обврската која е направена билатерално со Бугарија, рече Гир.

Прашан да го искоментира најавениот референдум, евроамбасадорот рече дека „за одржување на евентуален референдум јас повторно ќе кажам дека ова е суверена одлука за оваа земја да ја направи затоа нема конкретно да коментирам за тоа“.

– Но, повторно можеби може да се вратиме наназад и да ја видиме големата слика овде. Стратешкиот избор кој оваа земја го направи бројни години е да влезе во ЕУ и процесот сега започна. Зошто е важен. Има бројни јасни причини зошто оваа земја ќе има корист од членството во ЕУ и ЕУ ќе има корист да ве има како дел од семејството. На економска страна, ЕУ е најголемиот единствен пазар во светот и исто така ваш сосед. Ова нуди огромни можности за бизнис, за трговија, за инвестиции, за подобрување на животниот стандард и средствата за живот, за осигурување дека младите луѓе ќе ги развијат неопходните вештини да се натпреваруваат на пазарот на труд во овој поголем единствен пазар. Но, не е само тоа. Има и други многу јасни бенефиции од членството во ЕУ, оценува Гир.

На ВМРО-ДПМНЕ останува, вели тој, да ја постави својата позиција на овие различна прашања, како што е на сите партии да го направат тоа.

– Не сакам да навлегувам и да давам ставови за специфични партии. Ние сме спремни да разговараме со сите партнери кои се посветени на евроинтегративниот пат, рече Гир.

The post Власта не сака референдум, гласот на народот за неа е неважен appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски останува на веќе познатиот став во врска со референдумот што го предлага ВМРО-ДПМНЕ и за што се уште траат партиските консултации за референдумското прашање. И Ковачевски и лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски вчера од Тетово, каде започна кампањата за советници за вонредните избори на 20 август, ги повторија своите различни позиции по ова прашање. Претседателот Стево Пендаровски, пак, вели дека нема никакво разбирање на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдум и оценува дека станува збор за манипулација која, како што вели, Христијан Мицкоски ја прави прилично неочекувано. Во интервју се изјасни и евроамбасадорот Дејвид Гир, кој рече дека прашањето за референдум е суверена одлука и нема да го коментира, но дека сепак тука треба да се погледне наназад и да се види широката слика. Ковачевски вчера порача дека референдумот што го предлага ВМРО-ДПМНЕ е нерелевантен и дека земјата ги почна преговорите за влез во ЕУ. Според него, најавениот референдум од страна на ВМРО-ДПМНЕ е за внатрешно – партиска употреба.
-Прво, Република Македонија на референдум при осамостојувањето се изјасни дека сака независна држава членка на ЕУ и на НАТО. ВМРО – ДПМНЕ е партија која беше против членство во НАТО, сега заедно со нивниот нов коалиционен партнер Левице се единствените две партии кои се против членството во ЕУ и тоа јасно го покажаа при гласањето за предлогот на ЕУ во однос на отпочнувањето на преговорите со Република Македонија. Меѓутоа доминантниот број на пратеници 68 што ги претставуваат граѓаните донесоа одлука Република Македонија да ги отпочне преговорите. Тој референдум што го зборува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е единствено заради нивна внатрешно-политичка употреба бидејќи нема политичка партија освен неговиот партнер Левица која е против НАТО и ЕУ и е за сојуз Централно-азиски некаков со Русија, да е против ЕУ, рече Ковачевски.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ треба идеолошки да расчисти кај себе дали сака да ја види државава во ЕУ или не. Пораката до опозициската партија на премиерот Ковачевски е дека Македонија ги почна преговорите и тоа со чист македонски јазик, со заштитен идентите и потврдено не само од Владата туку и од претседателката на ЕК и од потпретседателот на ЕК. – Оваа држава од денот на одржување на првата меѓувладина конференција го започна патот за зачленување во ЕУ. Од тој пат нема назад, нема ниту лево, а уште помалку десно односно кон истокот, така што сосема е нерелевантно барањето на ВМРО-ДПМНЕ за некаков референдум кое треба да биде изјаснување против зачленување во ЕУ, изјави Ковачевски. ВМРО-ДПМНЕ реагираше на оваа изјава наведувајќи дека со одење против референдум Ковачевски го помножи народот со нула, а народот ќе му покаже дека тој е нула. Подоцна лидерот на партијата Христијан Мицкоски во изјава за медиумите исто така од Тетово, каде почнаа изборите за локалниот совет истакна дека консултациите што ги прави партијата за референдумското прашање течат и многу скоро на следната седница на Извршниот комитет ќе се разговара на таа тема и јавноста ќе ги знае нивните чекори за референдумското изјаснување.
-Коментирав дека имаме напредок во ставот на претседателот Пендаровски. Гледам дека и тој јавно застанува позади идејата за референдум. Дури отиде и чекор понапред предложи текст на прашање и отприлика и двајцата конвергираме кон една таква суштина на тоа прашање. Очекувам дека за разлика од Ковачевски тој ќе биде помудар и ќе излезе и ќе ги повика граѓаните но и останатите политички партии да го подржат референдумското изјаснување, рече Мицкоски.
Коментирајќи ја изјавата на премиерот Ковачевски дека референдумот ќе биде нерелевантен бидејќи земјата почна преговори за влез во ЕУ, Мицкоски кажа дека тој е „нелегитимен премиер“ и оти колку е референдумот релевантен ќе се види во Тетово на 20 август кога ќе се гласа за советници.
-Само нелегитимен премиер поставен на начин на кој што е така поставен може гласот на народот да го смета за нерелевантен, а колку тој е релеватен ќе види овде во Тетово на 20 август кога советничката листа на СДСМ ќе доживее класичен дебакл од граѓаните на Тетово, а на следните парламентарни избори тој лично и неговите политики како нелигитимен премиер ќе доживеат дебакл од граѓаните на Македонија, изјави Мицкоски, кој денеска беше на состанок со партискиот огранок во Тетово со што започна кампањата за изборите.
Претседателот Пендаровски, зборувајќи во телевизиско интервју дали е за референдум за францускиот предлог, рече дека тоа што Мицкоски ги прави е политичка мобилизација на неговото членство.
– Се мачат да направат формулација, точка 4, алинеја 5 ќе ја оспоруваме од рамката. Знаете што е тоа? Тоа е Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија. Не може да влезеш во ниту во Европа, ниту во НАТО, ако немаш договори со комшиите. Јас велам, повелете прашајте, но фер е да кажете дека сте против. Само едно прашање за мене е релевантно, дали сакате Република Македонија да биде членка на ЕУ, толку, рече Пендаровски.
Тврдам, дополни Пендаровски, дека на вака чисто прашање, про-европската коалиција ќе ја победи анти-европската коалиција составена од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
– Ако не биде така. Сите ние што сме сега на ова место ќе се повлечеме и ќе речеме повелете терајте, имате многу широки опции, имате движење на неврзаните, имате Азија, имате Русија…, рече Пендаровски.
Евроамбасадорот Дејвид Гир во неделното интервју на Радио Слободна Европа изјави дека со начинот на којшто договорот е направен, преговорите се отворени, скринингот започна и оти имавме нешто што е наречено меѓувладина конференција со која започна целиот процес. -Кога скринингот ќе биде завршен во оваа фаза, да одите на наредната точка е потребно да има друга меѓувладина конференција, рече Гир. Одржувањето на таа меѓувладина конференција, како што додаде, зависи од овој билатерален договор меѓу двете засегнати земји.
– Секако, тоа е суверена одлука за Македонија да го смени Уставот, иако веќе имате добар учинок во меѓуетничките односи и ова понатаму само ќе го дефинира тоа. Но, што ќе се случи ако не оди напред. Мислам дека најверојатното сценарио ќе биде преговарачкиот процес да запре таму. Ќе го завршите скринингот, но одржувањето на меѓувладината конференција и следните чекори ќе го чекаат решавањето на ова прашање. Не бидејќи трета земја дошла и ставила вето, туку бидејќи оваа земја решила да се повлече од обврската која е направена билатерално со Бугарија, рече Гир.
Прашан да го искоментира најавениот референдум, евроамбасадорот рече дека „за одржување на евентуален референдум јас повторно ќе кажам дека ова е суверена одлука за оваа земја да ја направи затоа нема конкретно да коментирам за тоа“.
– Но, повторно можеби може да се вратиме наназад и да ја видиме големата слика овде. Стратешкиот избор кој оваа земја го направи бројни години е да влезе во ЕУ и процесот сега започна. Зошто е важен. Има бројни јасни причини зошто оваа земја ќе има корист од членството во ЕУ и ЕУ ќе има корист да ве има како дел од семејството. На економска страна, ЕУ е најголемиот единствен пазар во светот и исто така ваш сосед. Ова нуди огромни можности за бизнис, за трговија, за инвестиции, за подобрување на животниот стандард и средствата за живот, за осигурување дека младите луѓе ќе ги развијат неопходните вештини да се натпреваруваат на пазарот на труд во овој поголем единствен пазар. Но, не е само тоа. Има и други многу јасни бенефиции од членството во ЕУ, оценува Гир.
На ВМРО-ДПМНЕ останува, вели тој, да ја постави својата позиција на овие различна прашања, како што е на сите партии да го направат тоа.
– Не сакам да навлегувам и да давам ставови за специфични партии. Ние сме спремни да разговараме со сите партнери кои се посветени на евроинтегративниот пат, рече Гир.

The post Власта не сака референдум, гласот на народот за неа е неважен appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Барањето за референдум е нерелевантно https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-baranjeto-za-referendum-e-nerelevantno/ Sun, 31 Jul 2022 12:01:59 +0000 https://republika.mk/?p=535320

Референдумот што го бара Христијан Мицкоски е само за внатрешна партиска и политичка употреба во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи е против зачленување во ЕУ и тоа барање е нерелевантно, почнавме преговори со ЕУ и нема враќање назад, истакна премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на Тетово.

Република Македонија ги почна преговорите и тоа ги почнавме со чист македонски јазик, со заштитен идентитет, напишано на хартија и потврдено од претставници на Европската комисија. Оваа држава од денот на одржувањето на првата меѓувладина конференција, го започна патот кон зачленување во ЕУ. Од тој пат нема ниту назад, нема ниту лево, а уште помалку има десно кон Исток, така што сосема е нерелевантно барањето на ВМРО-ДПМНЕ за некаков референдум кој треба да биде против зачленување во ЕУ, посочи Ковачевски.

Ковачевски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ беше партија која беше против членството во НАТО, а сега заедно со новиот коалициски партнер Левица се единствените партии што се против членството во ЕУ и тоа го покажаа и во Собранието кога се гласаа Заклучоците кои обезбедија почеток на преговорите со ЕУ.

The post Ковачевски: Барањето за референдум е нерелевантно appeared first on Република.

Mицкоски го пофали Пендаровски: После подолго време да слушнам нешто разумно од него, граѓаните на референдум да одлучат каква ќе биде европската иднина на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-go-pofali-pendarovski-posle-podolgo-vreme-da-slushnam-neshto-razumno-od-pendarovski-gragjanite-na-referendum-da-odluchat-kakva-kje-bide-evropskata-idnina-na-makedonija/ Thu, 28 Jul 2022 11:36:41 +0000 https://republika.mk/?p=534245

Морам да признам дека после подолго време за прв пат можеби сме на иста бранова должина со Пендаровски, во таа насока и јас размислувам да излезам со формулација на прашањето пред Извршниот комитет, но и пред граѓаните.

Но и очекувам Пендаровски потоа да ги повика и останатите политички партии во Македонија доколку таа биде суштината на прашањето и да излезат на референдум“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски од Кавадарци одговарајќи на прашање за изјавата на Пендаровски околу формулирање на прашањето за референдум.

Мицкоски додаде дека тој е пријатно изненаден од ставот на Пендаровски бидејќи е позитивен за референдумското изјаснување. А, референдумот претставува највисок чин на демократијата во една држава.

„Граѓаните да одлучат дали сакаат вака асимилирани, бугаризирани, под диктат да имаат европска иднина, или пак горди, достоинствени, кога за тоа ќе се создадат услови во блиска иднина да имаме европска иднина. Европската иднина и желбата на граѓаните, но и на политичките субјекти никогаш не било под знак прашање и немало дилема, туку само патот. Е, сега за жал оваа криминална Влада за да практично добие условно амнестија од меѓународната заедница за криминалот кој што го прави, нема проблем да распродава и да удоволува на определени бирократи во нивните барања. Но, мислам дека се движиме во правилна насока и еве ова што го кажа и Пендаровски во таа насока да дадеме на граѓаните можност да одлучат каква да биде нивната европска иднина, дали ваква каква што ја нуди власта на СДСМ и ДУИ, или горда и достоинствена“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

The post Mицкоски го пофали Пендаровски: После подолго време да слушнам нешто разумно од него, граѓаните на референдум да одлучат каква ќе биде европската иднина на Македонија appeared first on Република.

]]>

Морам да признам дека после подолго време за прв пат можеби сме на иста бранова должина со Пендаровски, во таа насока и јас размислувам да излезам со формулација на прашањето пред Извршниот комитет, но и пред граѓаните. Но и очекувам Пендаровски потоа да ги повика и останатите политички партии во Македонија доколку таа биде суштината на прашањето и да излезат на референдум“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски од Кавадарци одговарајќи на прашање за изјавата на Пендаровски околу формулирање на прашањето за референдум. Мицкоски додаде дека тој е пријатно изненаден од ставот на Пендаровски бидејќи е позитивен за референдумското изјаснување. А, референдумот претставува највисок чин на демократијата во една држава.
„Граѓаните да одлучат дали сакаат вака асимилирани, бугаризирани, под диктат да имаат европска иднина, или пак горди, достоинствени, кога за тоа ќе се создадат услови во блиска иднина да имаме европска иднина. Европската иднина и желбата на граѓаните, но и на политичките субјекти никогаш не било под знак прашање и немало дилема, туку само патот. Е, сега за жал оваа криминална Влада за да практично добие условно амнестија од меѓународната заедница за криминалот кој што го прави, нема проблем да распродава и да удоволува на определени бирократи во нивните барања. Но, мислам дека се движиме во правилна насока и еве ова што го кажа и Пендаровски во таа насока да дадеме на граѓаните можност да одлучат каква да биде нивната европска иднина, дали ваква каква што ја нуди власта на СДСМ и ДУИ, или горда и достоинствена“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

The post Mицкоски го пофали Пендаровски: После подолго време да слушнам нешто разумно од него, граѓаните на референдум да одлучат каква ќе биде европската иднина на Македонија appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Чесно е референдумското прашање да гласи „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови?“ https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-chesno-e-referendumskoto-prashanje-da-glasi-dali-sakate-da-odite-vo-eu-pod-vakvi-uslovi/ Wed, 27 Jul 2022 19:27:40 +0000 https://republika.mk/?p=534005

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за неделникот „Фокус“, дава предлог како да гласи референдумското прашање доколку се одржи референдумот што го најавува опозицијата по усвојувањето на „францускиот предлог“.

„Колку што разбирам, прашањето нема да биде за уставните промени, туку ќе биде за билатералниот договор со Бугарија и зошто тој влегува внатре. Ако некој не разбира дека овој билатерален договор, а и со Грција, се оската по која ние продолжуваме кон Европа, и сака тоа да го нема, почесно е референдумското прашање да гласи: „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови?“. Без спомнување договори, точки … Опозицијата треба да излезе со чесна формулација и ако е такво прашањето, сите партии треба да излезат на референдум, а не да бојкотираат“, вели Пендаровски.

Шефот на државата смета и дека во таква ситуација треба да се сменат и правилата со цел референдумот да се смета за успешен ако позитивно се изјасниле мнозинство од оние што излегле да гласаат, без разлика дали на гласање излегле над 50 отсто од гласачите.

Идејата за референдум во јавност ја промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по што Извршниот одбор на партијата на седница на 21 јули ја поддржа иницијативата. За прашањето, природата и карактерот на референдумот рекоа од опозициската партија, дополнително ќе прават консултации со експертската и општествената јавност.

The post Пендаровски: Чесно е референдумското прашање да гласи „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови?“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за неделникот „Фокус“, дава предлог како да гласи референдумското прашање доколку се одржи референдумот што го најавува опозицијата по усвојувањето на „францускиот предлог“.
„Колку што разбирам, прашањето нема да биде за уставните промени, туку ќе биде за билатералниот договор со Бугарија и зошто тој влегува внатре. Ако некој не разбира дека овој билатерален договор, а и со Грција, се оската по која ние продолжуваме кон Европа, и сака тоа да го нема, почесно е референдумското прашање да гласи: „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови?“. Без спомнување договори, точки … Опозицијата треба да излезе со чесна формулација и ако е такво прашањето, сите партии треба да излезат на референдум, а не да бојкотираат“, вели Пендаровски.
Шефот на државата смета и дека во таква ситуација треба да се сменат и правилата со цел референдумот да се смета за успешен ако позитивно се изјасниле мнозинство од оние што излегле да гласаат, без разлика дали на гласање излегле над 50 отсто од гласачите. Идејата за референдум во јавност ја промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по што Извршниот одбор на партијата на седница на 21 јули ја поддржа иницијативата. За прашањето, природата и карактерот на референдумот рекоа од опозициската партија, дополнително ќе прават консултации со експертската и општествената јавност.

The post Пендаровски: Чесно е референдумското прашање да гласи „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови?“ appeared first on Република.

]]>
СДСМ ако смета народот е со нив не треба да се плашат и нека излезат на референдум https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-ako-smeta-deka-e-so-niv-narodot-ne-treba-da-se-plashat-i-neka-izlezat-na-referendum/ Sun, 24 Jul 2022 10:31:56 +0000 https://republika.mk/?p=532614

СДСМ ако смета дека е со нив народот не треба да се плашат и нека излезат на референдум и само на тој начин ќе се знае дали тие се во право или ВМРО-ДПМНЕ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан на Демократски сили на Ромите, одговорајќи на новинарско прашање, при што истакна дека против референдум се само СДСМ и нивните инсталации во опозицијата додека целиот народ бара референдум.

– Што се однесува до дебатата во јавноста има една чудна состојба, а тоа е дека противници на референдумско изјаснување на народот се власта и оние инсталации на власта во опозиција. Тоа е една чудна ситуација која ги обединува тие инсталации на власта во опозиција и помеѓу македонскиот народ и самата власт. А сите останати, огромно мнозинство граѓани без разлика на етничка припадност се за тоа да имаме референдум, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека за референдумот добил поддршка од ИК и ЦК на партијата и во следниот период следат консултациите со експертите и јавноста за тоа каков ќе биде референдумот и кога би се одржал.

[caption id="attachment_532223" align="alignnone" width="640"] (Фото: Ѕ. Плавевски)[/caption]

– Со таков став излегов пред Извршниот комитет и Централниот комитет на партијата за што добив и недвосмислена поддршка. Во периодот кој следи ќе продолжат консултациите со експертите со јавноста околу тоа каква форма ќе биде референдумот, задолжителна, консултативна, кога би се одржал, кој би го поднел, дали пратениците, дали 150.000 граѓани, дали ќе биде референдум претходен или последователен, дали ќе се однесува на преговарачката рамка или на делот од преговарачката рамка кој се повикува на билатералниот договор о Бугарија и изворот на проблемите, тоа е протоколот, изјави Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека референдумот треба да го заштити македонскиот идентитет и дека оваа влада која нема никаков кредибилитет нема право да преговара и нема право да потпишува договори.

The post СДСМ ако смета народот е со нив не треба да се плашат и нека излезат на референдум appeared first on Република.

]]>

СДСМ ако смета дека е со нив народот не треба да се плашат и нека излезат на референдум и само на тој начин ќе се знае дали тие се во право или ВМРО-ДПМНЕ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан на Демократски сили на Ромите, одговорајќи на новинарско прашање, при што истакна дека против референдум се само СДСМ и нивните инсталации во опозицијата додека целиот народ бара референдум.
– Што се однесува до дебатата во јавноста има една чудна состојба, а тоа е дека противници на референдумско изјаснување на народот се власта и оние инсталации на власта во опозиција. Тоа е една чудна ситуација која ги обединува тие инсталации на власта во опозиција и помеѓу македонскиот народ и самата власт. А сите останати, огромно мнозинство граѓани без разлика на етничка припадност се за тоа да имаме референдум, истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека за референдумот добил поддршка од ИК и ЦК на партијата и во следниот период следат консултациите со експертите и јавноста за тоа каков ќе биде референдумот и кога би се одржал. [caption id="attachment_532223" align="alignnone" width="640"] (Фото: Ѕ. Плавевски)[/caption]
– Со таков став излегов пред Извршниот комитет и Централниот комитет на партијата за што добив и недвосмислена поддршка. Во периодот кој следи ќе продолжат консултациите со експертите со јавноста околу тоа каква форма ќе биде референдумот, задолжителна, консултативна, кога би се одржал, кој би го поднел, дали пратениците, дали 150.000 граѓани, дали ќе биде референдум претходен или последователен, дали ќе се однесува на преговарачката рамка или на делот од преговарачката рамка кој се повикува на билатералниот договор о Бугарија и изворот на проблемите, тоа е протоколот, изјави Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека референдумот треба да го заштити македонскиот идентитет и дека оваа влада која нема никаков кредибилитет нема право да преговара и нема право да потпишува договори.

The post СДСМ ако смета народот е со нив не треба да се плашат и нека излезат на референдум appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ бара власта да не бега од референдум https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-bara-vlasta-da-ne-bega-od-referendum/ Sat, 23 Jul 2022 19:29:48 +0000 https://republika.mk/?p=532532

Владата да не бега од референдум, да не се плаши од народот.Влада што навистина постигнала историски успех нема зошто да се крие од народот.Доколку владата на ДУИ/СДСМ сметаат дека постигнале нешто големо, нека излезат на референдум пред народот. Нема потреба од забави во 15 градови, доволно е да се прифати собирање потписи за иницијатива за референдум, објаснува портаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски,

Само народот е суверен во секоја држава, дури и во Македонија. Тој мора да може да каже дали е ова историски успех или историски чин на предавство, асимилација и бугаризација на Македонија.

Владата мора да го провери овој чекор пред народот, ДУИ/СДСМ мора да проверат дали се во право тие, или оние интелектуалци и општествени дејци коишто, за жал власта ги нарекува „хистерични“.

Почитувани, Владата прифати документ којшто не носи европска иднина, туку асимилација, само со една цел фотографирање во Брисел и нова лага за купување ден повеќе на власт.

Јасно е, прифатеното од ДУИ/СДСМ носи само до два порази- или бесконечни преговори, или асимилација по бугарски терк.

https://www.youtube.com/watch?v=RwATh5_R3Vw&feature=youtu.be

За Македонија мора да важат исклучиво Копенхашките критериуми, Македонија не смее да биде експеримент, туку за неа, по 17 години чекање мора да важат истите правила коишто важеле за сите други земји- членки на унијата.

Ковачевски, Османи и Маричиќ да не тераат инает на народот кој над 73% е против ваквиот предлог, да не тераат инает со странски и домашни експерти и уште пострашно, да ги нарекуваат хистерични. Доколку не сметаат дека чинот е предавство, нека излезат на референдум.

Постои опција како да се спречи предавството, постои опција како да се спречи Бугарија да диктира учебници, Бугарија да организира прослави на свои верзии на биографии за македонските херои, Бугарија да ги бугаризира македонските споменици и митови за борбата за државност. Постои опција како да се избегне дополнително национално понижување, и држава во позиција на потчинетост. А тоа е референдум!

И денеска повторуваме, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи измени на Уставот, за Ковачевски да почне со асимилација во замена за лична власт! Тоа е уцена пред Македонија спротивна на европските вредности и принципи.

Овој процес е штетен и опасен за Македонија. И мора да биде ставен пред народот. Власта затворена во својата одлепеност, ако смета дека направила успех, нека не се плаши и бега од народот на референдум. Волјата на народот е суштината на демократијата и затоа треба да е конечна.

The post ВМРО-ДПМНЕ бара власта да не бега од референдум appeared first on Република.

Граѓаните на Србија се изјаснија за уставни промени https://republika.mk/vesti/balkan/gragjanite-na-srbija-se-izjasnija-za-ustavni-promeni/ Sun, 16 Jan 2022 22:01:20 +0000 https://republika.mk/?p=445494

Граѓаните на Србија се за уставни промени со цел српското правосудно законодавство да се усогласи со европското, покажуваат првичните резултати од референдумот, кои ги соопшти вечервапретседателот на Србија Александар Вучиќ.

Во Србија во 20 часот се затворени гласачките места на кои граѓаните на Србија се изјаснуваа на референдумот за промена на српскиот устав во областа на правосудството. Право на глас имаа 6.510.323 граѓани. Граѓаните на прашањето „Дали сте за потврдување на актот за промена на Уставот на Република Србија“ се изјаснуваа со одговори „да“ или „не“. Со „не“ на референдумот за уставни промени се изјасниле 39,52 отсто, а со „да“ 60,48 отсто. Не постои цензус во поглед на излезноста за да успее референдумот.

Им честитам на граѓаните на Србија, им честитам на сите кои гласаа и за „да“ и за „не“, тоа беше нивно демократско определување. Задоволен сум како сето тоа изгледаше. Србија испрати позитивна слика во светот и верувам дека ќе успееме во наредниот период да направиме нешто по прашањето за суштински независно судство. Мислам дека направивме добра работа за својата земја“, истакна Вучиќ.

The post Граѓаните на Србија се изјаснија за уставни промени appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Србија се за уставни промени со цел српското правосудно законодавство да се усогласи со европското, покажуваат првичните резултати од референдумот, кои ги соопшти вечервапретседателот на Србија Александар Вучиќ. Во Србија во 20 часот се затворени гласачките места на кои граѓаните на Србија се изјаснуваа на референдумот за промена на српскиот устав во областа на правосудството. Право на глас имаа 6.510.323 граѓани. Граѓаните на прашањето „Дали сте за потврдување на актот за промена на Уставот на Република Србија“ се изјаснуваа со одговори „да“ или „не“. Со „не“ на референдумот за уставни промени се изјасниле 39,52 отсто, а со „да“ 60,48 отсто. Не постои цензус во поглед на излезноста за да успее референдумот.
Им честитам на граѓаните на Србија, им честитам на сите кои гласаа и за „да“ и за „не“, тоа беше нивно демократско определување. Задоволен сум како сето тоа изгледаше. Србија испрати позитивна слика во светот и верувам дека ќе успееме во наредниот период да направиме нешто по прашањето за суштински независно судство. Мислам дека направивме добра работа за својата земја“, истакна Вучиќ.

The post Граѓаните на Србија се изјаснија за уставни промени appeared first on Република.

]]>
Се чекаат првичните резултати од референдумот во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/se-chekaat-prvichnite-rezultati-od-referendumot-vo-srbija/ Sun, 16 Jan 2022 21:23:35 +0000 https://republika.mk/?p=445481

Во 20 часот затворени се гласачките места во Србија за референдумот за измени на Уставот во делот што се однесува на правосудството, на кој граѓаните со заокружување со „да” или „не” одговорија на прашањето: „Дали сте за потврдување на Актот за измени и дополнување на Уставот на Република Србија?”.

До 18 часот на референдумот се изјаснија 25,25 отсто од гласачите, соопшти директорот на српскиот Републички завод за статистика (РССС), Миладин Ковачевиќ. Тој изјави дека очекува до затворање на гласачките места излезноста на референдумот да биде до 32 отсто.

Вкупно 6.510.233 лица со право на гласа имаа можност да се изјаснат на едно од 106 гласачки места, во периодот од 07 до 20 часот.

За успешен референдум потребно е мнозинство од излезените гласачи потврдно да гласаат за уставните измени.

https://republika.mk/vesti/balkan/kosovskiot-parlament-odluchi-deka-srbite-ne-mozat-da-glasaat-vo-zemjata-na-pretstojniot-referendum/

Претседателот на РИК Владимир Димитријевиќ најави дека првите резултати од референдумот се очекуваат вечерва по 22 часот, а рокот за конечните резултати, доколку нема повторено гласање, е петок, 21 јануари.

Уставот се менува во областа на правосудството за да се усогласи српското со европското законодавство во процесот на пристапување на Србија во ЕУ, а промената на Уставот ја предложи Владата на Србија со цел да се обезбеди поголема независност, ефикасност и одговорност на судството, поголема независност и одговорност на јавното обвинителство, подобра заштита на правата на граѓаните и зајакнување на владеењето на правото.

Се менуваат уставните одредби за организација на судовите и јавните обвинителства, а имајќи предвид дека постои меѓусебна зависност меѓу овие одредби и другите одредби од Уставот, членовите кои се однесуваат на начелото на поделба на власта, надлежностите на Народно собрание, судот, како и избор и именување судии на Уставниот суд.

Промените се однесуваат и на начинот на кој се избираат судии и обвинители за да се намали влијанието на политиката во процесот бидејќи нив повеќе нема да ги избира српскиот Парламент, туку Високиот судски совет и Високиот совет на обвинители.

Извор: МИА

The post Се чекаат првичните резултати од референдумот во Србија appeared first on Република.

]]>

Во 20 часот затворени се гласачките места во Србија за референдумот за измени на Уставот во делот што се однесува на правосудството, на кој граѓаните со заокружување со „да” или „не” одговорија на прашањето: „Дали сте за потврдување на Актот за измени и дополнување на Уставот на Република Србија?”.
До 18 часот на референдумот се изјаснија 25,25 отсто од гласачите, соопшти директорот на српскиот Републички завод за статистика (РССС), Миладин Ковачевиќ. Тој изјави дека очекува до затворање на гласачките места излезноста на референдумот да биде до 32 отсто.
Вкупно 6.510.233 лица со право на гласа имаа можност да се изјаснат на едно од 106 гласачки места, во периодот од 07 до 20 часот. За успешен референдум потребно е мнозинство од излезените гласачи потврдно да гласаат за уставните измени. https://republika.mk/vesti/balkan/kosovskiot-parlament-odluchi-deka-srbite-ne-mozat-da-glasaat-vo-zemjata-na-pretstojniot-referendum/ Претседателот на РИК Владимир Димитријевиќ најави дека првите резултати од референдумот се очекуваат вечерва по 22 часот, а рокот за конечните резултати, доколку нема повторено гласање, е петок, 21 јануари. Уставот се менува во областа на правосудството за да се усогласи српското со европското законодавство во процесот на пристапување на Србија во ЕУ, а промената на Уставот ја предложи Владата на Србија со цел да се обезбеди поголема независност, ефикасност и одговорност на судството, поголема независност и одговорност на јавното обвинителство, подобра заштита на правата на граѓаните и зајакнување на владеењето на правото. Се менуваат уставните одредби за организација на судовите и јавните обвинителства, а имајќи предвид дека постои меѓусебна зависност меѓу овие одредби и другите одредби од Уставот, членовите кои се однесуваат на начелото на поделба на власта, надлежностите на Народно собрание, судот, како и избор и именување судии на Уставниот суд. Промените се однесуваат и на начинот на кој се избираат судии и обвинители за да се намали влијанието на политиката во процесот бидејќи нив повеќе нема да ги избира српскиот Парламент, туку Високиот судски совет и Високиот совет на обвинители. Извор: МИА

The post Се чекаат првичните резултати од референдумот во Србија appeared first on Република.

]]>