Реџеп Таип Ердоган Archives - Република https://republika.mk/tema/redzep-taip-erdogan/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 13:38:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Реџеп Таип Ердоган Archives - Република https://republika.mk/tema/redzep-taip-erdogan/ 32 32 Ердоган не ја исклучува можноста за турска воена операција во cеверна Сирија https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-ne-ja-iskluchuva-mozhnosta-za-turska-voena-operatsija-vo-ceverna-sirija/ Sat, 16 Nov 2024 18:47:36 +0000 https://republika.mk/?p=837575

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека не ја исклучува можноста за спроведување прекугранични воени операции во cеверна Сирија за да се заврши создавањето безбедносна зона од 30 километри.

Според турскиот лидер, нестабилноста во соседната земја и терористичките организации лоцирани на северот на Сирија претставуваат закана за безбедноста на Турција, а армијата, доколку е потребно, ќе спроведе прекугранични операции во северниот дел на Сирија против милитантите лоцирани таму.

Претседателот Ердоган претходно најави дека планира да го заврши создавањето на безбедносна зона со цел да се обезбеди контрола на дел од границата со Сирија долга шестотини километри и да се минимизираат заканите кои доаѓаат од нејзината територија.

Турција, исто така, ќе продолжи со напорите за обновување на односите со Сирија, кои беа прекинати во 2012 година, наведуваат медиумите.

The post Ердоган не ја исклучува можноста за турска воена операција во cеверна Сирија appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека не ја исклучува можноста за спроведување прекугранични воени операции во cеверна Сирија за да се заврши создавањето безбедносна зона од 30 километри. Според турскиот лидер, нестабилноста во соседната земја и терористичките организации лоцирани на северот на Сирија претставуваат закана за безбедноста на Турција, а армијата, доколку е потребно, ќе спроведе прекугранични операции во северниот дел на Сирија против милитантите лоцирани таму. Претседателот Ердоган претходно најави дека планира да го заврши создавањето на безбедносна зона со цел да се обезбеди контрола на дел од границата со Сирија долга шестотини километри и да се минимизираат заканите кои доаѓаат од нејзината територија. Турција, исто така, ќе продолжи со напорите за обновување на односите со Сирија, кои беа прекинати во 2012 година, наведуваат медиумите.

The post Ердоган не ја исклучува можноста за турска воена операција во cеверна Сирија appeared first on Република.

]]>
Ердоган се надева на помирување со сирискиот претседател Асад https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-se-nadeva-na-pomiruvane-so-siriskiot-pretsedatel-asad/ Wed, 13 Nov 2024 17:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=837314

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека и натаму се надева на можно помирување со сирискиот претседател Башар ал Асад за да се стави крај на децениската тензија меѓу двете соседни земји, јавија американските медиуми.

Говорејќи пред новинарите по неговото патување во Саудиска Арабија и Азербејџан, Ердоган порача дека нормализацијата на односите ќе помогне да се стабилизира Сирија и да се заштити нејзиниот „територијален интегритет“.

Се уште имам надеж за Асад. Се уште имам надеж дека можеме да се здружиме и да ги вратиме односите меѓу Сирија и Турција на вистинскиот пат, рече турскиот претседател.

Односите меѓу Анкара и Дамаск се затегнати од избувнувањето на сириската граѓанска војна, во 2011 година, кога Турција ги поддржа бунтовничките групи кои се обидоа да го соборат Асад, а Сирија ја обвини Турција за поттикнување нестабилност.

Турција неодамна побара помирување со Сирија за да одговори на безбедносните закани од групите поврзани со курдските милитанти долж нејзината јужна граница и да помогне да се обезбеди безбедно враќање на сириските бегалци.

Русија, која е меѓу најсилните сојузници на владата на Асад и има блиски врски со Турција, се залага двете земји да се вратат на дипломатските односи.

The post Ердоган се надева на помирување со сирискиот претседател Асад appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека и натаму се надева на можно помирување со сирискиот претседател Башар ал Асад за да се стави крај на децениската тензија меѓу двете соседни земји, јавија американските медиуми. Говорејќи пред новинарите по неговото патување во Саудиска Арабија и Азербејџан, Ердоган порача дека нормализацијата на односите ќе помогне да се стабилизира Сирија и да се заштити нејзиниот „територијален интегритет“.
Се уште имам надеж за Асад. Се уште имам надеж дека можеме да се здружиме и да ги вратиме односите меѓу Сирија и Турција на вистинскиот пат, рече турскиот претседател.
Односите меѓу Анкара и Дамаск се затегнати од избувнувањето на сириската граѓанска војна, во 2011 година, кога Турција ги поддржа бунтовничките групи кои се обидоа да го соборат Асад, а Сирија ја обвини Турција за поттикнување нестабилност. Турција неодамна побара помирување со Сирија за да одговори на безбедносните закани од групите поврзани со курдските милитанти долж нејзината јужна граница и да помогне да се обезбеди безбедно враќање на сириските бегалци. Русија, која е меѓу најсилните сојузници на владата на Асад и има блиски врски со Турција, се залага двете земји да се вратат на дипломатските односи.

The post Ердоган се надева на помирување со сирискиот претседател Асад appeared first on Република.

]]>
Ердоган за терористичкиот напад во Анкара: Вооружените напаѓачи во Турција се инфилтрирале од Сирија https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-za-teroristichkiot-napad-vo-ankara-vooruzhenite-napagachi-vo-turtsija-se-infiltrirale-od-sirija/ Fri, 25 Oct 2024 10:44:50 +0000 https://republika.mk/?p=830922

Извршителите на вооружениот напад во Анкара, во кој неделава загинаа пет лица, во Турција се инфилтрирале од Сирија, изјави денеска претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Говорејќи пред турските новинари на враќање од самитот на БРИКС во Казан, Ердоган вети дека ќе го искорени тероризмот од неговиот извор во Сирија, пренесуваат британските медиуми.

Ердоган додаде дека Турција ќе ја продолжи борбата против милитантите до крај.

По терористичкиот напад во Анкара врз објекти на Турската авијација (ТАИ) во која загинаа пет, а ранети беа 22 лица, турските сили вчера погодија 47 локации поврзани со курдската милитантна Работничката партија на Курдистан (ПКК) во Ирак и Сирија.

ПКК за Анкара од 1984 година е терористичка организација .

Извршителите на нападот во Анкара најверојатно се членови на ПКК, изјави претходно министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Двајцата терористи кои го извршија нападот, од кои едната жена, се елиминирани, соопшти Јерликаја.

(МИА)

The post Ердоган за терористичкиот напад во Анкара: Вооружените напаѓачи во Турција се инфилтрирале од Сирија appeared first on Република.

]]>

Извршителите на вооружениот напад во Анкара, во кој неделава загинаа пет лица, во Турција се инфилтрирале од Сирија, изјави денеска претседателот Реџеп Таип Ердоган. Говорејќи пред турските новинари на враќање од самитот на БРИКС во Казан, Ердоган вети дека ќе го искорени тероризмот од неговиот извор во Сирија, пренесуваат британските медиуми. Ердоган додаде дека Турција ќе ја продолжи борбата против милитантите до крај. По терористичкиот напад во Анкара врз објекти на Турската авијација (ТАИ) во која загинаа пет, а ранети беа 22 лица, турските сили вчера погодија 47 локации поврзани со курдската милитантна Работничката партија на Курдистан (ПКК) во Ирак и Сирија. ПКК за Анкара од 1984 година е терористичка организација . Извршителите на нападот во Анкара најверојатно се членови на ПКК, изјави претходно министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Двајцата терористи кои го извршија нападот, од кои едната жена, се елиминирани, соопшти Јерликаја.
(МИА)

The post Ердоган за терористичкиот напад во Анкара: Вооружените напаѓачи во Турција се инфилтрирале од Сирија appeared first on Република.

]]>
Ердоган и Шолц разговараа за зајакнување на одбранбената соработка https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-i-sholts-razgovaraa-za-zajaknuvane-na-odbranbenata-sorabotka-2/ Sat, 19 Oct 2024 18:40:22 +0000 https://republika.mk/?p=828925

Турција сака да ја зајакне соработката со Германија во набавката на производи од одбранбената индустрија, изјави претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Истанбул.

Тој додаде дека Анкара и Берлин се определени за борба против терористичките групи, посебно Курдската работничка партија (ПКК), терористичката организација Фетулах (ФЕТО), кои ја загрозуваат јавната безбедност на Германија.

- Имаме интензивни односи со нашата НАТО сојузничка – Германија во сите можни области помеѓу двете големи држави, посочи Ердоган.

Тој се осврна и на ситуацијата на Блиски Исток, наведувајќи оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху има „експанзионистички начин на размислување“ со очигледна намера да го прошири судирот вон неговите моментални граници.

Шолц вети дека Германија ќе ја интензивира одбранбената соработка со Турција. Тој потврди дека германската Влада одобрила испорака на одредено оружје и воена опрема за Турција.

- Турција е сојузник во НАТО и во таа смисла ние носиме одлуки кои водат до конкретни испораки – тоа се подразбира. Неодамна донесовме такви одлуки, а ќе има уште во иднина, истакна Шолц.

Турција е заинтересирана за купување авиони „Еурофајтер тајфун“ кои се заеднички произведени од Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија. Шолц посочи дека во моментов се водат разговори помеѓу Велика Британија и Турција за потенцијална продажба.

Германската продажба на оружје на Турција изминатите години во голема мера беше блокирана од Партијата на зелените, коалицискиот партнер на канцеларот Шолц, поради внатрешно политички притисоци и различните ставови за надворешната политика.

The post Ердоган и Шолц разговараа за зајакнување на одбранбената соработка appeared first on Република.

]]>

Турција сака да ја зајакне соработката со Германија во набавката на производи од одбранбената индустрија, изјави претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Истанбул. Тој додаде дека Анкара и Берлин се определени за борба против терористичките групи, посебно Курдската работничка партија (ПКК), терористичката организација Фетулах (ФЕТО), кои ја загрозуваат јавната безбедност на Германија. - Имаме интензивни односи со нашата НАТО сојузничка – Германија во сите можни области помеѓу двете големи држави, посочи Ердоган. Тој се осврна и на ситуацијата на Блиски Исток, наведувајќи оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху има „експанзионистички начин на размислување“ со очигледна намера да го прошири судирот вон неговите моментални граници. Шолц вети дека Германија ќе ја интензивира одбранбената соработка со Турција. Тој потврди дека германската Влада одобрила испорака на одредено оружје и воена опрема за Турција. - Турција е сојузник во НАТО и во таа смисла ние носиме одлуки кои водат до конкретни испораки – тоа се подразбира. Неодамна донесовме такви одлуки, а ќе има уште во иднина, истакна Шолц. Турција е заинтересирана за купување авиони „Еурофајтер тајфун“ кои се заеднички произведени од Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија. Шолц посочи дека во моментов се водат разговори помеѓу Велика Британија и Турција за потенцијална продажба. Германската продажба на оружје на Турција изминатите години во голема мера беше блокирана од Партијата на зелените, коалицискиот партнер на канцеларот Шолц, поради внатрешно политички притисоци и различните ставови за надворешната политика.

The post Ердоган и Шолц разговараа за зајакнување на одбранбената соработка appeared first on Република.

]]>
Ердоган и Шолц разговараа за зајакнување на одбранбената соработка https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-i-sholts-razgovaraa-za-zajaknuvane-na-odbranbenata-sorabotka/ Sat, 19 Oct 2024 16:34:16 +0000 https://republika.mk/?p=828868

Ердоган: Турските компании вработуваат 9.600 луѓе во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/erdogan-turskite-kompanii-vrabotuvaat-9-600-luge-vo-srbija/ Mon, 14 Oct 2024 12:42:13 +0000 https://republika.mk/?p=826631

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека турските компании во Србија вработуваат 9.600 луѓе, а нивниот вкупен приход надмина милијарда долари,но истакна дека вратата е ширум отворена за сите претприемачи од Србија кои сакаат да работат во Туркије.

Ердоган, говорејќи на Бизнис форумот Србија-Туркије за време на неговата посета на Србија, рече дека турските компании создаваат добри деловни можности и дека моментално во Србија има 850 инвеститори чија капитална вредност порасна на 540 милиони долари во последните 12 години, од почетниот милион.

„Нашите две земји постигнаа многу додека нашата надворешно-трговска размена во последните две години ја надмина бројката од две милијарди долари, што ја покажува нагорната траекторија на нашата размена“, рече Ергодан.

Тој посочи дека турската страна има големи очекувања од бизнис форумот за иднината на двете земји и за претставниците на деловниот свет, како и дека очекува зајакнување на меѓусебните врски и економијата.

„Ќе го направиме тоа заедно со вас - деловниот свет, ќе ги прошириме деловните хоризонти и ќе вложиме напори за развој без никакви пречки“, нагласи Ердоган.

Зборувајќи за Србија, Ердоган посочи дека земјата на чело со претседателот Александар Вучиќ е во процес на различни економски реформи.

„Србија економски расте и ние се радуваме на нејзиниот голем скок напред. Во 2023 година, повеќе од 60 отсто од инвестициите во регионот на Западен Балкан, во вредност од 4,5 милијарди евра, дојдоа во Србија“, рече Ердоган.

Тој додаде дека е исклучително задоволен од работењето на Халкбанка, што, како што рече, е причина за гордост и благодарност, но и показател колку Туркије има доверба во големата иднина на Србија.

Зборувајќи за бизнис климата во Србија, Ердоган му се заблагодари на Вучиќ за разбирањето што го има за претставниците на турските компании.

„Неговата врата е секогаш отворена за турскиот деловен свет и тој има одлично разбирање за сите проблеми со кои се соочуваат. Верувам во поддршката на Вучиќ и дека таа ќе продолжи експоненцијално во иднина“, рече Ердоган.

Тој рече дека имал значајни разговори со Вучиќ и дека разговарале за начинот на кој тие можат да придонесат за растот на деловниот свет во Србија и Туркије.

Како што наведе, со Вучиќ разговарал како најдобро да го искористат потенцијалот што постои за понатамошна соработка, наведувајќи дека во иднина ќе се направат дополнителни напори.

„Информатичките технологии, комуникациите, туризмот се само дел од областите каде што ќе го искористиме нашиот целосен потенцијал. Исто така, мораме уште повеќе да ги искористиме можностите што се пред нас, особено во однос на одбранбената индустрија“, рече Ердоган, додавајќи дека за Туркије примарна цел е интензивирање на дијалогот со Србија за прашањето на наменската индустрија.

Турскиот претседател рече дека натамошниот развој на туристичкиот сектор меѓу двете земји ги зајакнува врските што постојат меѓу граѓаните.

„До крајот на оваа година бројот на туристи кои дојдоа во Туркије од Србија ќе достигне 340.000 и мислам дека ќе ја надминат таа бројка, што значи дека резултатите ќе бидат подобри од претходните години“, рече Ердоган.

Тој рече дека по ратификацијата на практиката за патување со лични карти, во Туркије ќе има зголемен број на туристи од Србија и обратно.

„Заедно со мојот драг пријател, претседателот Вучиќ, решени сме да направиме сѐ што е потребно за дополнително да ги зајакнеме нашите односи. Нашите врати се широко отворени за сите претприемачи во Србија кои се подготвени да дојдат и да инвестираат во Туркије. Никој не треба да се сомнева дека српските инвеститори кои ќе дојдат во Туркије ќе имаат висок степен на безбедност и сигурност“, заклучи Ердоган.

The post Ердоган: Турските компании вработуваат 9.600 луѓе во Србија appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека турските компании во Србија вработуваат 9.600 луѓе, а нивниот вкупен приход надмина милијарда долари,но истакна дека вратата е ширум отворена за сите претприемачи од Србија кои сакаат да работат во Туркије. Ердоган, говорејќи на Бизнис форумот Србија-Туркије за време на неговата посета на Србија, рече дека турските компании создаваат добри деловни можности и дека моментално во Србија има 850 инвеститори чија капитална вредност порасна на 540 милиони долари во последните 12 години, од почетниот милион.
„Нашите две земји постигнаа многу додека нашата надворешно-трговска размена во последните две години ја надмина бројката од две милијарди долари, што ја покажува нагорната траекторија на нашата размена“, рече Ергодан.
Тој посочи дека турската страна има големи очекувања од бизнис форумот за иднината на двете земји и за претставниците на деловниот свет, како и дека очекува зајакнување на меѓусебните врски и економијата.
„Ќе го направиме тоа заедно со вас - деловниот свет, ќе ги прошириме деловните хоризонти и ќе вложиме напори за развој без никакви пречки“, нагласи Ердоган.
Зборувајќи за Србија, Ердоган посочи дека земјата на чело со претседателот Александар Вучиќ е во процес на различни економски реформи.
„Србија економски расте и ние се радуваме на нејзиниот голем скок напред. Во 2023 година, повеќе од 60 отсто од инвестициите во регионот на Западен Балкан, во вредност од 4,5 милијарди евра, дојдоа во Србија“, рече Ердоган.
Тој додаде дека е исклучително задоволен од работењето на Халкбанка, што, како што рече, е причина за гордост и благодарност, но и показател колку Туркије има доверба во големата иднина на Србија. Зборувајќи за бизнис климата во Србија, Ердоган му се заблагодари на Вучиќ за разбирањето што го има за претставниците на турските компании.
„Неговата врата е секогаш отворена за турскиот деловен свет и тој има одлично разбирање за сите проблеми со кои се соочуваат. Верувам во поддршката на Вучиќ и дека таа ќе продолжи експоненцијално во иднина“, рече Ердоган.
Тој рече дека имал значајни разговори со Вучиќ и дека разговарале за начинот на кој тие можат да придонесат за растот на деловниот свет во Србија и Туркије. Како што наведе, со Вучиќ разговарал како најдобро да го искористат потенцијалот што постои за понатамошна соработка, наведувајќи дека во иднина ќе се направат дополнителни напори.
„Информатичките технологии, комуникациите, туризмот се само дел од областите каде што ќе го искористиме нашиот целосен потенцијал. Исто така, мораме уште повеќе да ги искористиме можностите што се пред нас, особено во однос на одбранбената индустрија“, рече Ердоган, додавајќи дека за Туркије примарна цел е интензивирање на дијалогот со Србија за прашањето на наменската индустрија.
Турскиот претседател рече дека натамошниот развој на туристичкиот сектор меѓу двете земји ги зајакнува врските што постојат меѓу граѓаните.
„До крајот на оваа година бројот на туристи кои дојдоа во Туркије од Србија ќе достигне 340.000 и мислам дека ќе ја надминат таа бројка, што значи дека резултатите ќе бидат подобри од претходните години“, рече Ердоган.
Тој рече дека по ратификацијата на практиката за патување со лични карти, во Туркије ќе има зголемен број на туристи од Србија и обратно.
„Заедно со мојот драг пријател, претседателот Вучиќ, решени сме да направиме сѐ што е потребно за дополнително да ги зајакнеме нашите односи. Нашите врати се широко отворени за сите претприемачи во Србија кои се подготвени да дојдат и да инвестираат во Туркије. Никој не треба да се сомнева дека српските инвеститори кои ќе дојдат во Туркије ќе имаат висок степен на безбедност и сигурност“, заклучи Ердоган.

The post Ердоган: Турските компании вработуваат 9.600 луѓе во Србија appeared first on Република.

]]>
Дачиќ му ja пееше на Ердоган „Осман Ага“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/dachik-mu-ja-peeshe-na-erdogan-osman-aga/ Mon, 14 Oct 2024 07:17:23 +0000 https://republika.mk/?p=826338

На интернет стана вирално видео од Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи на Србија, како пее за време на ручек во Палатата Србија, на кој присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Дачиќ jа отпеа песната Осман Ага (на турски), истата што му ја отпеа на Ердоган за време на неговата посета на Белград во 2017 година.

На видеото се гледа масата на која седат Ердоган, неговата сопруга Емине и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Ердоган дојде во Белград во четвртокот, откако претходно беше во Тирана. Вучиќ изјави дека Турција е еден од најважните инвеститори во Србија и оти посетата на Ердоган им значи многу.

The post Дачиќ му ja пееше на Ердоган „Осман Ага“ appeared first on Република.

]]>

На интернет стана вирално видео од Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи на Србија, како пее за време на ручек во Палатата Србија, на кој присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Дачиќ jа отпеа песната Осман Ага (на турски), истата што му ја отпеа на Ердоган за време на неговата посета на Белград во 2017 година. На видеото се гледа масата на која седат Ердоган, неговата сопруга Емине и српскиот претседател Александар Вучиќ. Ердоган дојде во Белград во четвртокот, откако претходно беше во Тирана. Вучиќ изјави дека Турција е еден од најважните инвеститори во Србија и оти посетата на Ердоган им значи многу.

The post Дачиќ му ja пееше на Ердоган „Осман Ага“ appeared first on Република.

]]>
Рама: Косово не може да најде поголем пријател од Турција и претседателот Ердоган https://republika.mk/vesti/balkan/rama-kosovo-ne-mozhe-da-najde-pogolem-prijatel-od-turtsija-i-pretsedatelot-erdogan/ Fri, 11 Oct 2024 18:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=825642

Премиеротна албанија Еди Рама по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Тирана порача дека Косово не може да најде поголем пријател од Турција.

На заедничката прес-конференција со турскиот претседате, Рама ја потсети јавноста дека Турција прва ја призна независноста на Косово.

The post Рама: Косово не може да најде поголем пријател од Турција и претседателот Ердоган appeared first on Република.

]]>

Премиеротна албанија Еди Рама по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Тирана порача дека Косово не може да најде поголем пријател од Турција. На заедничката прес-конференција со турскиот претседате, Рама ја потсети јавноста дека Турција прва ја призна независноста на Косово.

The post Рама: Косово не може да најде поголем пријател од Турција и претседателот Ердоган appeared first on Република.

]]>
Турција ќе и подари на Албанија „значителен” број дронови камикази https://republika.mk/vesti/balkan/turtsija-ke-i-podari-na-albanija-znachitelen-broj-dronovi-kamikazi/ Thu, 10 Oct 2024 16:39:27 +0000 https://republika.mk/?p=825322

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе и  подари „значителен“ број беспилотни летала камикази на Албанија, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама, без да прецизира за каков тип на дронови станува збор.

-На заедничката прес-конференција со Ердоган, кој е во еднодневна посета на Тирана, Рама рече дека тоа е подарок што доаѓа како силна порака од Турција дека Албанија не може да биде нападната, објави Ора њуз.

Премиерот Рама му се заблагодарил на Ердоган и додал дека набавката на беспилотни летала камикази не значи дека неговата земја некого ќе нападне, туку порака дека не може да биде нападната.

- Овој подарок на Турција никого не треба да загрижува. Од друга страна, ние сме многу заинтересирани и исполнети денеска по потврдувањето на една нова етапа, за зајакнување на воената индустрија на Република Албанија и за зајакнување на овој однос, каде што во светот е познато дека Турција достигна многу високо ниво на капацитети за производство на воената индустрија и каде имаме идентификувано инвестиции во оваа област, нагласил тој.

The post Турција ќе и подари на Албанија „значителен” број дронови камикази appeared first on Република.

Ердоган во дводневна посета на Србија https://republika.mk/vesti/balkan/erdogan-vo-dvodnevna-poseta-na-srbija/ Thu, 10 Oct 2024 09:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=825128

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ ќе биде домаќин на претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, кој денеска попладне и утре ќе престојува во официјална посета на Белград.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според програмата на посетата, претседателите Вучиќ и Ердоган утре ќе одржат состанок по што ќе се одржи четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Република Србија и Република Турција. По средбите предвидено е свечено потпишување на договори и изјави за медиумите, а Вучиќ и Ердоган ќе присуствуваат и на бизнис форум.

Ердоган пред да пристигне во Белград денеска ќе ја посети Тирана.

Според турските медиуми ова ќе биде почеток на „дипломатски маратон“ на Ердоган, бидејќи по Белград тој на 22 октомври ќе отпатува за Казан, Русија, каде што ќе се одржи 16. Самит на БРИКС, каде е предвидено да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Ова е трета посета на Ердоган на Србија во изминатите пет години. Тој последен пат ја посети Србија во септември 2022 година.

Вучиќ тогаш побара од турскиот претседател помош за испорака на струја од Азербејџан во Србија и изјави дека со Ердоган разговарал за поголема воена соработка и поголема соработка помеѓу наменските индустрии на Србија и Турција. Тој повтори дека Србија сака да купи турски беспилотни летала „Бајрактар“, но набавката никогаш не е реализирана. Тогаш беше потпишан и протокол со кој им се овозможува на државјани на Србија и на Турција патување само со лична карта.

The post Ердоган во дводневна посета на Србија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ ќе биде домаќин на претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, кој денеска попладне и утре ќе престојува во официјална посета на Белград. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според програмата на посетата, претседателите Вучиќ и Ердоган утре ќе одржат состанок по што ќе се одржи четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Република Србија и Република Турција. По средбите предвидено е свечено потпишување на договори и изјави за медиумите, а Вучиќ и Ердоган ќе присуствуваат и на бизнис форум. Ердоган пред да пристигне во Белград денеска ќе ја посети Тирана. Според турските медиуми ова ќе биде почеток на „дипломатски маратон“ на Ердоган, бидејќи по Белград тој на 22 октомври ќе отпатува за Казан, Русија, каде што ќе се одржи 16. Самит на БРИКС, каде е предвидено да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Ова е трета посета на Ердоган на Србија во изминатите пет години. Тој последен пат ја посети Србија во септември 2022 година. Вучиќ тогаш побара од турскиот претседател помош за испорака на струја од Азербејџан во Србија и изјави дека со Ердоган разговарал за поголема воена соработка и поголема соработка помеѓу наменските индустрии на Србија и Турција. Тој повтори дека Србија сака да купи турски беспилотни летала „Бајрактар“, но набавката никогаш не е реализирана. Тогаш беше потпишан и протокол со кој им се овозможува на државјани на Србија и на Турција патување само со лична карта.

The post Ердоган во дводневна посета на Србија appeared first on Република.

]]>
Ердоган денеска во Србија, ќе дојде ли и кај нас? https://republika.mk/vesti/balkan/erdogan-deneska-vo-srbija-ke-dojde-li-i-kaj-nas/ Thu, 10 Oct 2024 06:58:48 +0000 https://republika.mk/?p=824947

За денеска во 19 часот е закажан пречекот на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на аеродромот „Никола Тесла“.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе биде домаќин на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој е во официјална посета на Србија на 10 и 11 октомври 2024 година.

Програмата на посетата вклучува средба меѓу двајцата претседатели и потпишување договор.

Засега нема информација дали Ердоган ќе дојде и во Македонија.

The post Ердоган денеска во Србија, ќе дојде ли и кај нас? appeared first on Република.

]]>

За денеска во 19 часот е закажан пречекот на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на аеродромот „Никола Тесла“. Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе биде домаќин на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој е во официјална посета на Србија на 10 и 11 октомври 2024 година. Програмата на посетата вклучува средба меѓу двајцата претседатели и потпишување договор. Засега нема информација дали Ердоган ќе дојде и во Македонија.  

The post Ердоган денеска во Србија, ќе дојде ли и кај нас? appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Израел е ционистичка терористичка организација https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-izrael-e-tsionistichka-teroristichka-organizatsija/ Wed, 09 Oct 2024 11:52:41 +0000 https://republika.mk/?p=824647

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Израел, кој продолжува да ги бомбардира Газа и Либан, е „ционистичка терористичка организација“.

„Историјата никогаш нема да им прости на оние кои му аплаудираат на чудовиштето одговорно за крвта на десетици илјади палестински деца, жени и цивили“, рече Ердоган, обраќајќи се на состанокот на владејачката Партија на правдата и развојот (АК) во Анкара.

Турскиот претседател го предупреди Израел дека неговата „заблуда за ветената земја“ на крајот ќе доведе до големо разочарување.

Тој, исто така, повика на зголемен регионален дијалог.

„Со оглед на атмосферата во нашиот регион, сметаме дека треба да разговараме повеќе. Ни треба помирување“, рече турскиот претседател.

Ердоган зборуваше и за поплавите што ја зафатија Босна и Херцеговина.

„Господ да ги помилува загинатите во поплавите во Босна и Херцеговина, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Како и досега, ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите браќа Бошњаци. На најдобар можен начин ќе ја зачуваме довербата што ми ја даде покојниот Алија Изетбеговиќ пред неговата смрт, држејќи ме за рака во болничката соба“, рече Ердоган.

The post Ердоган: Израел е ционистичка терористичка организација appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Израел, кој продолжува да ги бомбардира Газа и Либан, е „ционистичка терористичка организација“.
„Историјата никогаш нема да им прости на оние кои му аплаудираат на чудовиштето одговорно за крвта на десетици илјади палестински деца, жени и цивили“, рече Ердоган, обраќајќи се на состанокот на владејачката Партија на правдата и развојот (АК) во Анкара.
Турскиот претседател го предупреди Израел дека неговата „заблуда за ветената земја“ на крајот ќе доведе до големо разочарување. Тој, исто така, повика на зголемен регионален дијалог.
„Со оглед на атмосферата во нашиот регион, сметаме дека треба да разговараме повеќе. Ни треба помирување“, рече турскиот претседател.
Ердоган зборуваше и за поплавите што ја зафатија Босна и Херцеговина.
„Господ да ги помилува загинатите во поплавите во Босна и Херцеговина, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Како и досега, ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите браќа Бошњаци. На најдобар можен начин ќе ја зачуваме довербата што ми ја даде покојниот Алија Изетбеговиќ пред неговата смрт, држејќи ме за рака во болничката соба“, рече Ердоган.

The post Ердоган: Израел е ционистичка терористичка организација appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Турција ќе го поддржи Либан со сите свои средства против нападот на Израел https://republika.mk/vesti/balkan/erdogan-turtsija-ke-go-poddrzhi-liban-so-site-svoi-sredstva-protiv-napadot-na-izrael/ Tue, 01 Oct 2024 15:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=821472

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција ќе застане на страна на Либан и ќе ја поддржи земјата со сите нејзини средства, откако Израел изврши напади врз Либан.

Никогаш нема да ги оставиме нашите браќа од Либан во овие тешки денови и ќе ги поддржиме со сите наши средства, рече Ердоган.

Ердоган минатата недела ги осуди неодамнешните напади на Израел во Либан и ги нарече израелска политика на „геноцид, окупација и инвазија“, а истовремено го повика Советот за безбедност на Обединетите нации и другите организации да ја запрат еврејската држава.

The post Ердоган: Турција ќе го поддржи Либан со сите свои средства против нападот на Израел appeared first on Република.

Ердоган повика на мобилизација на муслиманите https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-povika-na-mobilizatsija-na-muslimanite/ Mon, 30 Sep 2024 19:28:30 +0000 https://republika.mk/?p=821167

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Генералното собрание на Обединетите нации треба да препорача употреба на сила, во согласност со резолуцијата што ја усвои во 1950 година, доколку Советот за безбедност на ОН не успее да ги запре израелските напади врз Газа и Либан.

Турција, членка на НАТО, ги осуди разорните израелски напади врз Хамас во Газа и Хезболах во Либан. Анкара ја запре целата трговија со Израел и поднесе барање да се приклучи на тужбата за геноцид против Израел пред Светскиот суд.

„Генералното собрание на ОН треба брзо да го искористи овластувањето да препорача употреба на сила, како што направи со резолуцијата Обединети за мир од 1950 година, доколку Советот за безбедност не може да ја покаже потребната волја“, рече Ердоган по состанокот на владата.

Во резолуцијата се наведува дека Генералното собрание на ОН може да се вклучи доколку несогласувањата меѓу петте постојани членки на Советот за безбедност со право на вето – Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД – не успеваат да го одржат меѓународниот мир.

Советот за безбедност е единственото тело на ОН кое може секојдневно да донесува законски обврзувачки одлуки, како што се одобрување употреба на сила и воведување санкции.

Ердоган, исто така, рече дека е тажен што муслиманските земји не успеваат да заземат поактивен став против Израел, барајќи од нив да преземат економски, дипломатски и политички мерки против Израел за да го притиснат да прифати примирје.

„За мир на сите во нашиот регион, од муслимани до Евреи до христијани, ја повикуваме меѓународната заедница и муслиманскиот свет да се мобилизираат“, рече Ердоган, додавајќи дека нападите на Израел ќе бидат насочени и кон муслиманските земји, доколку наскоро не бидат запрени.

The post Ердоган повика на мобилизација на муслиманите appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Генералното собрание на Обединетите нации треба да препорача употреба на сила, во согласност со резолуцијата што ја усвои во 1950 година, доколку Советот за безбедност на ОН не успее да ги запре израелските напади врз Газа и Либан. Турција, членка на НАТО, ги осуди разорните израелски напади врз Хамас во Газа и Хезболах во Либан. Анкара ја запре целата трговија со Израел и поднесе барање да се приклучи на тужбата за геноцид против Израел пред Светскиот суд.
„Генералното собрание на ОН треба брзо да го искористи овластувањето да препорача употреба на сила, како што направи со резолуцијата Обединети за мир од 1950 година, доколку Советот за безбедност не може да ја покаже потребната волја“, рече Ердоган по состанокот на владата.
Во резолуцијата се наведува дека Генералното собрание на ОН може да се вклучи доколку несогласувањата меѓу петте постојани членки на Советот за безбедност со право на вето – Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД – не успеваат да го одржат меѓународниот мир. Советот за безбедност е единственото тело на ОН кое може секојдневно да донесува законски обврзувачки одлуки, како што се одобрување употреба на сила и воведување санкции. Ердоган, исто така, рече дека е тажен што муслиманските земји не успеваат да заземат поактивен став против Израел, барајќи од нив да преземат економски, дипломатски и политички мерки против Израел за да го притиснат да прифати примирје.
„За мир на сите во нашиот регион, од муслимани до Евреи до христијани, ја повикуваме меѓународната заедница и муслиманскиот свет да се мобилизираат“, рече Ердоган, додавајќи дека нападите на Израел ќе бидат насочени и кон муслиманските земји, доколку наскоро не бидат запрени.

The post Ердоган повика на мобилизација на муслиманите appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Многу земји од НАТО не сакаат Украина да стане членка на алијансата https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-mnogu-zemji-od-nato-ne-sakaat-ukraina-da-stane-chlenka-na-alijansata/ Wed, 25 Sep 2024 17:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=819616

САД и многу земји од НАТО не сакаат Украина да стане членка на алијансата. Ова го изјави турскиот претседател Таип Ердоган во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си.

На прво место, САД не сакаат да ја видат Украина како членка на НАТО. Многу други земји-членки на НАТО, исто така, не сакаат Украина да се приклучи на алијансата. Со оглед на тие факти, тој процес не треба да се избрзува, рече Ердоган.

Кога носиме одлуки, секогаш го земаме предвид ставот на другите земји-членки на НАТО. Разговараме за можните прашања на преговарачка маса и соодветно ја донесуваме конечната одлука, додаде тој.

Тој посочи дека позицијата на другите земји-членки на НАТО ќе му биде важна кога ќе го разгледа прашањето за прием на Украина во алијансата.

Турскиот лидер додаде дека Анкара не донела конечна одлука за тоа прашање.

The post Ердоган: Многу земји од НАТО не сакаат Украина да стане членка на алијансата appeared first on Република.

]]>

САД и многу земји од НАТО не сакаат Украина да стане членка на алијансата. Ова го изјави турскиот претседател Таип Ердоган во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си. На прво место, САД не сакаат да ја видат Украина како членка на НАТО. Многу други земји-членки на НАТО, исто така, не сакаат Украина да се приклучи на алијансата. Со оглед на тие факти, тој процес не треба да се избрзува, рече Ердоган. Кога носиме одлуки, секогаш го земаме предвид ставот на другите земји-членки на НАТО. Разговараме за можните прашања на преговарачка маса и соодветно ја донесуваме конечната одлука, додаде тој. Тој посочи дека позицијата на другите земји-членки на НАТО ќе му биде важна кога ќе го разгледа прашањето за прием на Украина во алијансата. Турскиот лидер додаде дека Анкара не донела конечна одлука за тоа прашање.

The post Ердоган: Многу земји од НАТО не сакаат Украина да стане членка на алијансата appeared first on Република.

]]>
Ердоган побара од ОН „да употребат сила против Израел“ https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-pobara-od-on-da-upotrebat-sila-protiv-izrael/ Tue, 24 Sep 2024 17:38:50 +0000 https://republika.mk/?p=819362

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во говорот пред Генералното собрание на ОН ги повика Обединетите нации да воведат присилни мерки против Израел, вклучително и употреба на сила.

Ердоган реагираше на нападите на Израел врз Либан и цели на Хезболах кои почнаа вчера, и направи неколку споредби со Втората светска војна.

-Како што Хитлер беше запрен од сојузот на човештвото, така и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата мрежа на убиства мора да бидат запрени од сојузот на човештвото, рече Ердоган.

Тој ги обвини САД дека „продолжуваат да го вооружуваат Израел за да можат да продолжат со масакрите додека јавно се преправаат дека повикуваат на прекин на огнот“.

-До кога ќе можете да го поднесувате срамот да бидете сведоци на овој масакр? Земјите кои го поддржуваат Израел се отворено соучесници во овој масакр, им рече Ердоган на САД и на западните сојузници.

The post Ердоган побара од ОН „да употребат сила против Израел“ appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во говорот пред Генералното собрание на ОН ги повика Обединетите нации да воведат присилни мерки против Израел, вклучително и употреба на сила. Ердоган реагираше на нападите на Израел врз Либан и цели на Хезболах кои почнаа вчера, и направи неколку споредби со Втората светска војна.
-Како што Хитлер беше запрен од сојузот на човештвото, така и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата мрежа на убиства мора да бидат запрени од сојузот на човештвото, рече Ердоган.
Тој ги обвини САД дека „продолжуваат да го вооружуваат Израел за да можат да продолжат со масакрите додека јавно се преправаат дека повикуваат на прекин на огнот“.
-До кога ќе можете да го поднесувате срамот да бидете сведоци на овој масакр? Земјите кои го поддржуваат Израел се отворено соучесници во овој масакр, им рече Ердоган на САД и на западните сојузници.

The post Ердоган побара од ОН „да употребат сила против Израел“ appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Новите израелски напади врз Либан ќе доведат до проширување на војната во целиот регион https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-novite-izraelski-napadi-vrz-liban-ke-dovedat-do-proshiruvane-na-vojnata-vo-tseliot-region/ Mon, 23 Sep 2024 10:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=818980

Новите израелски напади врз Либан ќе предизвикаат ширење на војната во целиот регион, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Њујорк.

Неодамнешните напади врз Либан и неодамнешните изјави на Израел се јасна манифестација на напорите за ширење на војната во регионот, рече Ердоган, нагласувајќи дека мирот во регионот е загрозен од геноцидот што Израел го спроведува во палестинските земји, особено во Појасот Газа, јави агенцијата Анадолија.

Ердоган, на настанот организиран од Турско-американскиот национален управен комитет (TASC) во Њујорк, рече дека глобалните институции и организации не презеле никакви ефективни чекори за да се стави крај на „угнетувањето во Газа или да се спречи масакрот извршен од Израел“.

Турскиот претседател оцени дека институциите чија должност е да обезбедуваат мир и безбедност се „очигледно во состојба на морален колапс“ и додаде дека полека ја губат ефикасноста и кредибилитетот.

The post Ердоган: Новите израелски напади врз Либан ќе доведат до проширување на војната во целиот регион appeared first on Република.

]]>

Новите израелски напади врз Либан ќе предизвикаат ширење на војната во целиот регион, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Њујорк. Неодамнешните напади врз Либан и неодамнешните изјави на Израел се јасна манифестација на напорите за ширење на војната во регионот, рече Ердоган, нагласувајќи дека мирот во регионот е загрозен од геноцидот што Израел го спроведува во палестинските земји, особено во Појасот Газа, јави агенцијата Анадолија. Ердоган, на настанот организиран од Турско-американскиот национален управен комитет (TASC) во Њујорк, рече дека глобалните институции и организации не презеле никакви ефективни чекори за да се стави крај на „угнетувањето во Газа или да се спречи масакрот извршен од Израел“. Турскиот претседател оцени дека институциите чија должност е да обезбедуваат мир и безбедност се „очигледно во состојба на морален колапс“ и додаде дека полека ја губат ефикасноста и кредибилитетот.

The post Ердоган: Новите израелски напади врз Либан ќе доведат до проширување на војната во целиот регион appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Новите израелски напади врз Либан ќе доведат до ширење на војната во целиот регион https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-novite-izraelski-napadi-vrz-liban-ke-dovedat-do-shirene-na-vojnata-vo-tseliot-region/ Mon, 23 Sep 2024 10:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=818963

Новите израелски напади врз Либан ќе предизвикаат војната да се прошири на целиот регион, изјави турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

„Неодамнешните напади врз Либан и неодамнешните изјави на Израел се јасна манифестација на напорите за ширење на војната во регионот“, рече Ердоган посочувајќи дека мирот во регионот е загрозен од геноцидот што Израел го спроведува во палестинските земји, особено во Газa, пренесе агенцијата „Анадолија“.

Говорејќи на настан организиран од Турско-американскиот национален управен комитет (TASC) во Њујорк, Ердоган рече дека глобалните институции и организации не презеле никакви ефективни чекори за да се стави крај на „угнетувањето во Газа или да се спречи масакрот извршен од Израел“.

The post Ердоган: Новите израелски напади врз Либан ќе доведат до ширење на војната во целиот регион appeared first on Република.

Ердоган: Нема соработка на НАТО со Израел додека нема мир во Палестина https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-nema-sorabotka-na-nato-so-izrael-dodeka-nema-mir-vo-palestina/ Fri, 12 Jul 2024 08:04:13 +0000 https://republika.mk/?p=796032

Турскиот претседател Таип Ердоган денеска изјави дека НАТО не може да го продолжи партнерството со израелската администрација.

Додека не се воспостави сеопфатен и одржлив мир во Палестина, Турција нема да одобри обиди за соработка со Израел во рамките на НАТО, рече Ердоган на прес-конференција на самитот на НАТО.

Тој исто така рече дека Турција продолжува со дипломатските напори за ставање крај на руско-украинската војна.

Ердоган додаде дека му наредил на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан да се сретне со сирискиот претседател Башар ал Асад за да започне со обновување на односите со Сирија.

Турција „во одреден момент“ ќе упати покана до Асад за потенцијални разговори за обновување на односите меѓу двата соседа, рече Ердоган.

Во врска со продажбата на авиони Ф-16 на Турција, Ердоган рече: „Разговарав со господинот Бајден. Тој ми рече: „Ќе го решам овој проблем за три до четири недели“.

Во март, американскиот Сенат го отфрли обидот да се запре продажбата на Ф-16 и опрема за модернизација на Турција од 23 милијарди долари од администрацијата на претседателот Џо Бајден, откако Турција го одобри пристапот на Шведска во НАТО.

Ердоган рече дека Турција очекува солидарност од сојузниците во НАТО во борбата против тероризмот.

Турција повторува дека милицијата ЈПГ е терористичка организација, тесно поврзана со милитантната група Курдистанска работничка партија (ПКК). Западните сојузници на Турција ја сметаат ПКК за терористичка група, но не и ЈПГ.

Целта на Турција е да стане постојана членка, а не само набљудувач на Шангајската организација за соработка (ШСО), додаде турскиот претседател.

ШОС е безбедносен, политички и економски клуб што беше основан во 2001 година од Русија, Кина и земјите од Централна Азија како противтежа на западните сојузи.

The post Ердоган: Нема соработка на НАТО со Израел додека нема мир во Палестина appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Таип Ердоган денеска изјави дека НАТО не може да го продолжи партнерството со израелската администрација. Додека не се воспостави сеопфатен и одржлив мир во Палестина, Турција нема да одобри обиди за соработка со Израел во рамките на НАТО, рече Ердоган на прес-конференција на самитот на НАТО. Тој исто така рече дека Турција продолжува со дипломатските напори за ставање крај на руско-украинската војна. Ердоган додаде дека му наредил на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан да се сретне со сирискиот претседател Башар ал Асад за да започне со обновување на односите со Сирија. Турција „во одреден момент“ ќе упати покана до Асад за потенцијални разговори за обновување на односите меѓу двата соседа, рече Ердоган. Во врска со продажбата на авиони Ф-16 на Турција, Ердоган рече: „Разговарав со господинот Бајден. Тој ми рече: „Ќе го решам овој проблем за три до четири недели“. Во март, американскиот Сенат го отфрли обидот да се запре продажбата на Ф-16 и опрема за модернизација на Турција од 23 милијарди долари од администрацијата на претседателот Џо Бајден, откако Турција го одобри пристапот на Шведска во НАТО. Ердоган рече дека Турција очекува солидарност од сојузниците во НАТО во борбата против тероризмот. Турција повторува дека милицијата ЈПГ е терористичка организација, тесно поврзана со милитантната група Курдистанска работничка партија (ПКК). Западните сојузници на Турција ја сметаат ПКК за терористичка група, но не и ЈПГ. Целта на Турција е да стане постојана членка, а не само набљудувач на Шангајската организација за соработка (ШСО), додаде турскиот претседател. ШОС е безбедносен, политички и економски клуб што беше основан во 2001 година од Русија, Кина и земјите од Централна Азија како противтежа на западните сојузи.

The post Ердоган: Нема соработка на НАТО со Израел додека нема мир во Палестина appeared first on Република.

]]>
Путин се сретна со Џипинг и со Ердоган https://republika.mk/vesti/svet/putin-se-sretna-so-dhiping-i-so-erdogan/ Wed, 03 Jul 2024 17:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=793170

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска во Астана, главниот град на Казахстан, на маргините на 24-от Самит на шефови на држави на Организацијата за соработка во Шангај се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Шангајската организација за соработка денес е еден од клучните столбови на праведниот светски поредок, посочи Путин по средбата со Си Џипинг.

Тој додаде дека Русија и Кина не формираат никакви блокови, оти соработката помеѓу двете земји не е насочена против други, туку Москва и Пекинг дејствуваат во интерес на своите народи.

Како што јавуваат турските медиуми, Ердоган и Путин зборувале за билатерални и глобални прашања.

Со Русија разговараме и за нуклеарната централа во Синоп. Верувам дека ќе преземеме сериозни чекори во овој поглед, рече Ердоган, мислејќи на планираната изградба на централа во црноморскиот регион Туркије.

Тоа ќе биде втора нуклеарна централа во Турција, заедно со Акуја во Мерсин во јужна Турција, и втора изградена во партнерство со Москва.

Нашата цел е да постигнеме обем на трговска соработка во износ од 100 милијарди долари меѓу Турција и Русија, веќе имаме потенцијал за тоа, рече турскиот претседател.

Путин на средбата со Ердоган рече дека и покрај сите тешкотии во светот, односите меѓу Русија и Турција напредуваат чекор по чекор.

Тој го истакна напредокот во нивните „стратешки проекти“ и рекордните бројки во туризмот, со 6,7 милиони руски туристи што ја посетиле Турција минатата година.

На средбата во Астана, Ердоган го покани Путин да ја посети Турција, а рускиот претседател изјави дека посета на Анкара секако ќе има.

The post Путин се сретна со Џипинг и со Ердоган appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска во Астана, главниот град на Казахстан, на маргините на 24-от Самит на шефови на држави на Организацијата за соработка во Шангај се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Шангајската организација за соработка денес е еден од клучните столбови на праведниот светски поредок, посочи Путин по средбата со Си Џипинг.
Тој додаде дека Русија и Кина не формираат никакви блокови, оти соработката помеѓу двете земји не е насочена против други, туку Москва и Пекинг дејствуваат во интерес на своите народи. Како што јавуваат турските медиуми, Ердоган и Путин зборувале за билатерални и глобални прашања.
Со Русија разговараме и за нуклеарната централа во Синоп. Верувам дека ќе преземеме сериозни чекори во овој поглед, рече Ердоган, мислејќи на планираната изградба на централа во црноморскиот регион Туркије.
Тоа ќе биде втора нуклеарна централа во Турција, заедно со Акуја во Мерсин во јужна Турција, и втора изградена во партнерство со Москва.
Нашата цел е да постигнеме обем на трговска соработка во износ од 100 милијарди долари меѓу Турција и Русија, веќе имаме потенцијал за тоа, рече турскиот претседател.
Путин на средбата со Ердоган рече дека и покрај сите тешкотии во светот, односите меѓу Русија и Турција напредуваат чекор по чекор. Тој го истакна напредокот во нивните „стратешки проекти“ и рекордните бројки во туризмот, со 6,7 милиони руски туристи што ја посетиле Турција минатата година. На средбата во Астана, Ердоган го покани Путин да ја посети Турција, а рускиот претседател изјави дека посета на Анкара секако ќе има.

The post Путин се сретна со Џипинг и со Ердоган appeared first on Република.

]]>