редовна вакцина Archives - Република https://republika.mk/tema/redovna-vaktsina/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Nov 2023 16:49:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png редовна вакцина Archives - Република https://republika.mk/tema/redovna-vaktsina/ 32 32 Од денеска лицата над 65 години може дома да се вакцинираат против грип и ковид-19, тимовите ќе вакцинираат и деца кои пропуштиле да се имунизираат https://republika.mk/zivot/zdravje/od-deneska-litsata-nad-65-godini-mozhe-doma-da-se-vaktsiniraat-protiv-grip-i-kovid-19-timovite-ke-vaktsiniraat-i-detsa-koi-propushtile-da-se-imuniziraat/ Wed, 01 Nov 2023 16:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=697171

За заштита на здравјето на населението во есенско / зимскиот период, Министерство за здравство од денеска започнa со втората широка кампања за промовирање на имунизацијата, што се реализира заедно со Светска здравствена организација (СЗО) и со финансиска поддршка од Европската Унија (ЕУ).

Како што соопшти министерството за здравство, во рамки на кампањата, постарите лица над 65 години ќе имаат можност на лице место да примат поливалентна вакцина против Ковид-19 како бустер доза, како и вакцина против сезонски грип, а дечињата да ги примат пропуштените дози од календарот за задолжителна имунизација.

30 тимови од медицински лица од тимовите за имунизација во Здравствените домови во државата, ќе одат „од врата до врата“, односно ќе ги посетуваат семејствата каде има невакцинирани лица или лица заинтересирани за вакцинација.

Како што соопшти МЗ, тие се задоволни од ефектите кои биле постигнати во рамките на пролетната кампања и затоа презеле активности преку кои во нови 20 општини (115 населени места рурални и урбани) родителите ќе имаат можност во рамките на нивните домови да разговараат за задолжителна имунизација, како и вакцинациите против Ковид-19 и сезонски грип.

Тимовите ќе ги информираат семејствата за придобивките од имунизацијата, ќе делат промотивен материјал во согласност со медицината базирана на докази и во договор со родителите ќе закажуваат термини за вакцини од редовниот календар за имунизација.
Кампањата ќе трае четири недели (до крај на месец Ноември) и се планира да бидат посетени над 3.000 семејства.

https://republika.mk/zivot/zdravje/se-somnevaat-vo-vaktsinite-a-nikoj-ne-prashuva-kakov-e-kvalitetot-na-vaktsina-za-zholta-treska-bidejki-treba-na-maldivi-da-se-patuva-veli-prof-d-r-grozdanova/

 

The post Од денеска лицата над 65 години може дома да се вакцинираат против грип и ковид-19, тимовите ќе вакцинираат и деца кои пропуштиле да се имунизираат appeared first on Република.

]]>

За заштита на здравјето на населението во есенско / зимскиот период, Министерство за здравство од денеска започнa со втората широка кампања за промовирање на имунизацијата, што се реализира заедно со Светска здравствена организација (СЗО) и со финансиска поддршка од Европската Унија (ЕУ). Како што соопшти министерството за здравство, во рамки на кампањата, постарите лица над 65 години ќе имаат можност на лице место да примат поливалентна вакцина против Ковид-19 како бустер доза, како и вакцина против сезонски грип, а дечињата да ги примат пропуштените дози од календарот за задолжителна имунизација. 30 тимови од медицински лица од тимовите за имунизација во Здравствените домови во државата, ќе одат „од врата до врата“, односно ќе ги посетуваат семејствата каде има невакцинирани лица или лица заинтересирани за вакцинација. Како што соопшти МЗ, тие се задоволни од ефектите кои биле постигнати во рамките на пролетната кампања и затоа презеле активности преку кои во нови 20 општини (115 населени места рурални и урбани) родителите ќе имаат можност во рамките на нивните домови да разговараат за задолжителна имунизација, како и вакцинациите против Ковид-19 и сезонски грип. Тимовите ќе ги информираат семејствата за придобивките од имунизацијата, ќе делат промотивен материјал во согласност со медицината базирана на докази и во договор со родителите ќе закажуваат термини за вакцини од редовниот календар за имунизација. Кампањата ќе трае четири недели (до крај на месец Ноември) и се планира да бидат посетени над 3.000 семејства. https://republika.mk/zivot/zdravje/se-somnevaat-vo-vaktsinite-a-nikoj-ne-prashuva-kakov-e-kvalitetot-na-vaktsina-za-zholta-treska-bidejki-treba-na-maldivi-da-se-patuva-veli-prof-d-r-grozdanova/  

The post Од денеска лицата над 65 години може дома да се вакцинираат против грип и ковид-19, тимовите ќе вакцинираат и деца кои пропуштиле да се имунизираат appeared first on Република.

]]>