редовен термин Archives - Република https://republika.mk/tema/redoven-termin/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Jun 2023 17:54:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png редовен термин Archives - Република https://republika.mk/tema/redoven-termin/ 32 32 Ковачевски: Изборите ќе се одржат во редовниот термин https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-izborite-ke-se-odrzhat-vo-redovniot-termin/ Thu, 01 Jun 2023 17:54:59 +0000 https://republika.mk/?p=646969

Изборите во државата се дефинираат согласно закон и Устав. Претседателските избори се во втората половина на март, парламентарните избори се во втората половина на јуни. Ние постојано зборуваме за владеење на право, за почитување на закони, за владеење на демократија. Владеење на демократија и почитување на закони е одржување на избори тогаш кога им е време како што прават практично сите европски држави, изјави вечерва премиерот Димитар Ковачевски.

Тој одговараше на новинарско прашање во врска со тоа кога би се одржале следните избори и во врска со донесувањето на уставните измени, имајќи ја предвид изјавата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под овие услови.

За најавените разговори со Мицкоски, Ковачевски кажа дека тоа се разговори на кои се разговара за одлуки што треба да се донесат со цел остварување на стратешка цел на државата, бидејќи политичките партии и пратениците во Собранието имаат обврска и одговорност пред граѓаните да носат одлуки кои овозможуваат подобра иднина и подобар животен стандард на сегашните и на идните генерации.

Членството во ЕУ не е цел сама за себе, членството во ЕУ е цел со која што го остваруваме она што го сакаат граѓаните. Јас неколку пати повторувам, ние сме имале поголем животен стандард и од Словачка, и од Полска и од Романија и од Бугарија и од сите земји коишто порано беа дел од Варшавскиот договор. Ние сме имале далеку поголем стандард. Денес тие држави имаат поголем стандард од нашиот. Наши граѓани одат и работат во овие држави. Тоа е единствено затоа што овие држави станаа членки на ЕУ и нивните држави се дел од заедничкиот пазар на ЕУ кој што е најголем и најбогат пазар во светот, потенцира Ковачески.

Во однос на тоа дали е оптимист дека процесот ќе биде успешен, премиерот рече дека, и лани кажал дека е рационален оптимист и оти работи да станеме членка на ЕУ да се оствари.

На прашањето што ако не се случат уставните измени, Ковачевски вели дека „ќе го имаме истото она што го имавме од 2006 до 2016 година“.

Наместо интеграција ќе имаме изолација, а видовме како изгледа изолација. Без инфраструктура, заробена држава, слобода на медиуми бевме 130 место, сега сме 38 во светот, владеење на право, окарактеризирани како хибриден режим, денес медиумите за една година 19 места скок, рече премиерот Ковачевски.

Обраќајќи се кон новинарите, рече дека на медиумите сега никој не им кажува што да прашаат, ниту како ќе им изгледаат вестите.

Ниту некој ви се јавил од мојот Кабинет какво прашање да ми поставите, слободно медиумите да ја уредуваат својата политика така како што треба. Истото се однесува и во другите делови од власта, рече Ковачевски.

Се наврати на изјавата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп кој, како што рече премиерот, „упати порака до институции што се корисници на холандска помош што не се во надлежност на Владата и кои што треба да дадат на транспарентен начин отчетност за што ги користат средствата, на кој начин ги користат, дали ги унапредиле процесите за коишто биле наменети тие средства“.

Ако ги унапредиле тоа ќе биде поздравено, ако не ги унапредиле ќе треба да се поправат. Меѓутоа на тој начин секоја институција треба да биде одговорна во делот на надлежностите што треба да ги имаат. Тоа е интенцијата на градењето на демократско и на праведно општество во која било држава и затоа јас велам дека, пак, сум рационален оптимист, односно верувам во остварување на целта и работам да се оствари целта затоа што на Македонија и е потребна интеграција во ЕУ, а не изолација самата со себе, рече Ковачевски кој денеска учествуваше на состанок на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија.

The post Ковачевски: Изборите ќе се одржат во редовниот термин appeared first on Република.

]]>

Изборите во државата се дефинираат согласно закон и Устав. Претседателските избори се во втората половина на март, парламентарните избори се во втората половина на јуни. Ние постојано зборуваме за владеење на право, за почитување на закони, за владеење на демократија. Владеење на демократија и почитување на закони е одржување на избори тогаш кога им е време како што прават практично сите европски држави, изјави вечерва премиерот Димитар Ковачевски. Тој одговараше на новинарско прашање во врска со тоа кога би се одржале следните избори и во врска со донесувањето на уставните измени, имајќи ја предвид изјавата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под овие услови. За најавените разговори со Мицкоски, Ковачевски кажа дека тоа се разговори на кои се разговара за одлуки што треба да се донесат со цел остварување на стратешка цел на државата, бидејќи политичките партии и пратениците во Собранието имаат обврска и одговорност пред граѓаните да носат одлуки кои овозможуваат подобра иднина и подобар животен стандард на сегашните и на идните генерации.
Членството во ЕУ не е цел сама за себе, членството во ЕУ е цел со која што го остваруваме она што го сакаат граѓаните. Јас неколку пати повторувам, ние сме имале поголем животен стандард и од Словачка, и од Полска и од Романија и од Бугарија и од сите земји коишто порано беа дел од Варшавскиот договор. Ние сме имале далеку поголем стандард. Денес тие држави имаат поголем стандард од нашиот. Наши граѓани одат и работат во овие држави. Тоа е единствено затоа што овие држави станаа членки на ЕУ и нивните држави се дел од заедничкиот пазар на ЕУ кој што е најголем и најбогат пазар во светот, потенцира Ковачески.
Во однос на тоа дали е оптимист дека процесот ќе биде успешен, премиерот рече дека, и лани кажал дека е рационален оптимист и оти работи да станеме членка на ЕУ да се оствари. На прашањето што ако не се случат уставните измени, Ковачевски вели дека „ќе го имаме истото она што го имавме од 2006 до 2016 година“.