реџеп мемеди Archives - Република https://republika.mk/tema/redhep-memedi/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 09:17:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png реџеп мемеди Archives - Република https://republika.mk/tema/redhep-memedi/ 32 32 Стручна комисија јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник, бараат од Здружението на медицински сестри за случајот со бебето на Детска клиника https://republika.mk/zivot/zdravje/struchna-komisija-javno-da-se-proiznese-so-fakti-i-odgovornosta-da-ja-nasochat-kon-konkretniot-vinovnik-baraat-od-zdruzhenieto-na-meditsinski-sestri-za-sluchajot-so-bebeto-na-detska-klinika/ Mon, 15 Jul 2024 09:17:17 +0000 https://republika.mk/?p=796923

Унијата на здруженија, предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри - „За нас“, околу актуелните случувања на Детската клиника, а „во врска со тврдењата за нестручно однесување на медицинска сестра со новороденче“, денеска ги повика релевантните институции да приложат докази за разрешување на случајот.

- Во нашата земја во моментов работат околу 9.200 медицински сестри. Оваа хумана фела одговорно и пожртвувано работи во јавниот здравствен систем и не заслужува да се фрла дамка на сестринската професија поради недокажани инциденти. Затоа од име на Унијата на медицински сестри, упатувам реакција и ја повикувам стручната комисија, јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник, наведува во писмена изјава претседателката Гордана Бешлиовска.

Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди во изјава за МИА во саботата најави дека во тек е формирање комисијата, што ќе го истражува случајот со тримесечното бебе.

Разговарано е со медицинската сестра, таа вели дека немало намерна повреда, ниту пак имало навреда од нејзина страна кон блиските на детето. Таа ќе даде и писмена изјава во врска со случајот, најави Мемеди.

Како што појасни директорот, според медицинската сестра, повредата на десната рака на бебето е ненамерна и настанала при земање крв за анализи.

Се очекува комисијата денеска да има состанок и како што е најавено, да ги разгледа сите аспекти и да биде донесена одлука согласно законските и етичките норми.

Директорот на Детската клиника, Мемеди заедно со министерот за здравство Арбен Таравари го посетија семејството на бебето. Министерот на социјалните мрежи напиша дека доколку се потврдат наводите на блиските на бебето, медицинската сестра ќе биде соодветно санкционирана.

Според изјавите на блиски на бебето, што беа презентирани во јавноста, по вербален конфликт, поради тоа што мајката не знаела да зборува добро македонски, следувало намерна повреда на детето од медицинската сестра, при интервенција земање крв. бд/нд/

The post Стручна комисија јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник, бараат од Здружението на медицински сестри за случајот со бебето на Детска клиника appeared first on Република.

]]>

Унијата на здруженија, предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри - „За нас“, околу актуелните случувања на Детската клиника, а „во врска со тврдењата за нестручно однесување на медицинска сестра со новороденче“, денеска ги повика релевантните институции да приложат докази за разрешување на случајот. - Во нашата земја во моментов работат околу 9.200 медицински сестри. Оваа хумана фела одговорно и пожртвувано работи во јавниот здравствен систем и не заслужува да се фрла дамка на сестринската професија поради недокажани инциденти. Затоа од име на Унијата на медицински сестри, упатувам реакција и ја повикувам стручната комисија, јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник, наведува во писмена изјава претседателката Гордана Бешлиовска. Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди во изјава за МИА во саботата најави дека во тек е формирање комисијата, што ќе го истражува случајот со тримесечното бебе.
Разговарано е со медицинската сестра, таа вели дека немало намерна повреда, ниту пак имало навреда од нејзина страна кон блиските на детето. Таа ќе даде и писмена изјава во врска со случајот, најави Мемеди.
Како што појасни директорот, според медицинската сестра, повредата на десната рака на бебето е ненамерна и настанала при земање крв за анализи. Се очекува комисијата денеска да има состанок и како што е најавено, да ги разгледа сите аспекти и да биде донесена одлука согласно законските и етичките норми. Директорот на Детската клиника, Мемеди заедно со министерот за здравство Арбен Таравари го посетија семејството на бебето. Министерот на социјалните мрежи напиша дека доколку се потврдат наводите на блиските на бебето, медицинската сестра ќе биде соодветно санкционирана. Според изјавите на блиски на бебето, што беа презентирани во јавноста, по вербален конфликт, поради тоа што мајката не знаела да зборува добро македонски, следувало намерна повреда на детето од медицинската сестра, при интервенција земање крв. бд/нд/  

The post Стручна комисија јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник, бараат од Здружението на медицински сестри за случајот со бебето на Детска клиника appeared first on Република.

]]>
Д-р Мемеди од ДД: Државата е заробена од недопирливите, кои дури и правдата ја третираат како своја сопственост https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-memedi-od-dd-drzhavata-e-zarobena-od-nedopirlivite-koi-duri-i-pravdata-ja-tretiraat-kako-svoja-sopstvenost/ Mon, 14 Aug 2023 20:39:08 +0000 https://republika.mk/?p=672145

Смртта на 14 граѓани е морална причина за неотповиклива оставка на министрите на ДУИ, смета доктор Реџеп Мемеди од новата партија Демократското движење на Изет Меџити.

https://republika.mk/vesti/makedonija/585-dokumenti-napishani-na-5-455-stranitsi-gi-pokazhuvaat-sabotiranite-istragi-i-prikrivanata-na-propustite/

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) расветли многу непознати, но и познати, кои се поврзуваат со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 пациенти. Овој настан од трагични размери немаше природен епилог, бидејќи никој не ја доби заслужената казна. Никој не беше казнет, затоа што државата е заробена од оние кои немаат совест, затоа што државата ја заробиле недопирливите, кои дури и правдата ја третираат како своја сопственост, а се казнуваат само оние кои се без „мускули“. Компромитирањето на судството е веќе докажано и преку различни анкети, но и преку реакциите на меѓународниот фактор. Сега дури и птиците знаат кој може да биде казнет, а кој не. Одговорноста на оние што ја контролираат власта е голема и чудно е како сè уште удобно спијат по таа ужасна трагедија во модуларната болница во Тетово, вели тој.

Додава дека ИРЛ го објави она што судските органи го премолчуваа, што ја прави трагично-комична фарсата на тетовскиот суд, кој по неколку седници едвај „собра“ сили да ги „изрече“ условните казни.

Јасно е зошто е минимизирана одговорноста за катастрофата која за неколку минути ги однесе животите на 14 пациенти. Оставката е чин кој се поврзува со морална одговорност. Значи тоа е нешто што ја покажува зрелоста и сериозноста на секој поединец кој се согласува да го преземе раководството на државен орган. А што се однесува до условните оставки на министрите од ДУИ кои ги направија за театар, овој настан кој им ги одзеде животите на 14 граѓани е вистинска причина за неотповиклива оставка, за одговорноста што министрите треба да ја сносат пред целата јавност, да го докажат минимумот на моралот во политиката! Но, неодговорноста стана карактеристика на албанската партија на власт, која многуте страдања и трагедии на Албанците ги одбележува со скапи концерти и забави и без воопшто им поцрвени образот. Всушност, за да поцрвени образот, треба да имаш образ..., вели д-р Мемеди.

The post Д-р Мемеди од ДД: Државата е заробена од недопирливите, кои дури и правдата ја третираат како своја сопственост appeared first on Република.

]]>

Смртта на 14 граѓани е морална причина за неотповиклива оставка на министрите на ДУИ, смета доктор Реџеп Мемеди од новата партија Демократското движење на Изет Меџити. https://republika.mk/vesti/makedonija/585-dokumenti-napishani-na-5-455-stranitsi-gi-pokazhuvaat-sabotiranite-istragi-i-prikrivanata-na-propustite/