рециклирање Archives - Република https://republika.mk/tema/recikliranje/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jun 2024 09:24:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рециклирање Archives - Република https://republika.mk/tema/recikliranje/ 32 32 „Митот на рециклирањето“ – проекција на филм и дискусија по повод Светскиот ден на животната средина https://republika.mk/zivot/mitot-na-retsikliraneto-proektsija-na-film-i-diskusija-po-povod-svetskiot-den-na-zhivotnata-sredina/ Wed, 05 Jun 2024 09:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=784888

Во среда, на 5 јуни 2024 година, во Социјалниот центар Дуња во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан документарецот „Митот на рециклирањето“.

На Светскиот ден на животната средина ќе се осврнеме на пластичната поплава што ни се случува и во која имаме удел, како и на механизмите преку кои капиталот ја држи под контрола екстракцијата на профит, создавајќи енормен еколошки проблем. Меѓу тие механизми е пи-арот со рециклирањето, вршењето енормна пропаганда за да им се смири совеста на луѓето дека можат со мирна совест да создаваат енормни количества ѓубре од пластика, додека безгрижно потрошуваат, бидејќи сето тоа пластично ѓубре – ќе се рециклира. При тоа, во контејнерот се фрла и основниот еколошки принцип „редуцирај – реупотреби – рециклирај“ и се шири бесрамната пропаганда дека да се биде еколошки свесен доволно било само да се селектира („рециклира“).

 

Реалноста е поинаква. Додека стаклото, на пример, може да се рециклира неограничен број пати, пластиките можат да се рециклираат максимум двапати. И не само тоа. Дури и ако некоја пластика теоретски може да се рециклира, таа најчесто нема да се рециклира, бидејќи економски поисплатливо им е на компаниите за пластика да користат нова пластика наместо рециклирана.

Документарецот „Митот на рециклирањето“ (2022) на Том Кастело и Бенедикт Вермтер разобличува некои од многуте пропаганди на пластичната индустрија. Тој го поставува прашањето: ако рециклирањето е решението, зошто тогаш денес се произведуваат нови пластики повеќе од кога и да е претходно? Дали не е рециклирањето пластики една голема зелена лага? Документарецот се фокусира на индустријата што повеќе сака да го скрие проблемот отколку да го реши, при што пластичното ѓубре во огромни количини се извезува во странство, создавајќи поволна клима за создавање криминални мрежи што вртат поголем профит дури и од нелегалната трговија со луѓе.

The post „Митот на рециклирањето“ – проекција на филм и дискусија по повод Светскиот ден на животната средина appeared first on Република.

]]>

Во среда, на 5 јуни 2024 година, во Социјалниот центар Дуња во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан документарецот „Митот на рециклирањето“. На Светскиот ден на животната средина ќе се осврнеме на пластичната поплава што ни се случува и во која имаме удел, како и на механизмите преку кои капиталот ја држи под контрола екстракцијата на профит, создавајќи енормен еколошки проблем. Меѓу тие механизми е пи-арот со рециклирањето, вршењето енормна пропаганда за да им се смири совеста на луѓето дека можат со мирна совест да создаваат енормни количества ѓубре од пластика, додека безгрижно потрошуваат, бидејќи сето тоа пластично ѓубре – ќе се рециклира. При тоа, во контејнерот се фрла и основниот еколошки принцип „редуцирај – реупотреби – рециклирај“ и се шири бесрамната пропаганда дека да се биде еколошки свесен доволно било само да се селектира („рециклира“).   Реалноста е поинаква. Додека стаклото, на пример, може да се рециклира неограничен број пати, пластиките можат да се рециклираат максимум двапати. И не само тоа. Дури и ако некоја пластика теоретски може да се рециклира, таа најчесто нема да се рециклира, бидејќи економски поисплатливо им е на компаниите за пластика да користат нова пластика наместо рециклирана. Документарецот „Митот на рециклирањето“ (2022) на Том Кастело и Бенедикт Вермтер разобличува некои од многуте пропаганди на пластичната индустрија. Тој го поставува прашањето: ако рециклирањето е решението, зошто тогаш денес се произведуваат нови пластики повеќе од кога и да е претходно? Дали не е рециклирањето пластики една голема зелена лага? Документарецот се фокусира на индустријата што повеќе сака да го скрие проблемот отколку да го реши, при што пластичното ѓубре во огромни количини се извезува во странство, создавајќи поволна клима за создавање криминални мрежи што вртат поголем профит дури и од нелегалната трговија со луѓе.

The post „Митот на рециклирањето“ – проекција на филм и дискусија по повод Светскиот ден на животната средина appeared first on Република.

]]>
Научници во Австрија работат на нови батерии коишто ќе може да се рециклираат https://republika.mk/zivot/tehnologija/nauchnitsi-vo-avstrija-rabotat-na-novi-baterii-koishto-ke-mozhe-da-se-retsikliraat/ Mon, 01 Apr 2024 18:34:10 +0000 https://republika.mk/?p=761032

Австрискиот институт за технологија (АИТ) во Виена работи на развој на својата најнова иновација - батерии што може да се рециклираат.

Во борбата за поодржлива иднина, АИТ, инаку познат по своите слични иновации, сега се занимава со обмислување батерии од рециклирани материјали. На овој амбициозен проект работат 35 истражувачи. Целта е јасна - да се создадат батерии без употреба на проблематични суровини како литиум, никел и кобалт.

Сегашните батерии може да бидат само 40 отсто рециклирани. И тие ќе се користат во прозводството, заедно со новите суровини, како што се отпадот од рудниците или силициумот од сончевите панели.

Главната цел е еколошки одржливо производство. Маркус Јан, раководител на одделот за истражување за батериите при АИТ, ја истакнува важноста од намалување на употребата на вода, електрична енергија и гас во производниот процес за батерии. Покрај тоа, се истражуваат различни видови батерии што би можеле да најдат примена кај возила, електрични скутери и други направи и области.

Засега, конкретните резултати од истражувањето и развојот сѐ уште се нејасни, но едно е сигурно - АИТ и неговите партнери го отвораат патот кон „зелени батерии“, сметаат познавачите. Ова е само почеток на она што се нарекува одржлива иднина, каде технологијата служи како двигател на промените за поеколошка утрешнина.

The post Научници во Австрија работат на нови батерии коишто ќе може да се рециклираат appeared first on Република.

]]>

Австрискиот институт за технологија (АИТ) во Виена работи на развој на својата најнова иновација - батерии што може да се рециклираат. Во борбата за поодржлива иднина, АИТ, инаку познат по своите слични иновации, сега се занимава со обмислување батерии од рециклирани материјали. На овој амбициозен проект работат 35 истражувачи. Целта е јасна - да се создадат батерии без употреба на проблематични суровини како литиум, никел и кобалт. Сегашните батерии може да бидат само 40 отсто рециклирани. И тие ќе се користат во прозводството, заедно со новите суровини, како што се отпадот од рудниците или силициумот од сончевите панели. Главната цел е еколошки одржливо производство. Маркус Јан, раководител на одделот за истражување за батериите при АИТ, ја истакнува важноста од намалување на употребата на вода, електрична енергија и гас во производниот процес за батерии. Покрај тоа, се истражуваат различни видови батерии што би можеле да најдат примена кај возила, електрични скутери и други направи и области. Засега, конкретните резултати од истражувањето и развојот сѐ уште се нејасни, но едно е сигурно - АИТ и неговите партнери го отвораат патот кон „зелени батерии“, сметаат познавачите. Ова е само почеток на она што се нарекува одржлива иднина, каде технологијата служи како двигател на промените за поеколошка утрешнина.

The post Научници во Австрија работат на нови батерии коишто ќе може да се рециклираат appeared first on Република.

]]>
Машини за собирање пластика и лименки поставени во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ https://republika.mk/vesti/skopje/mashini-za-sobirane-plastika-i-limenki-postaveni-vo-oou-dimitar-pop-georgiev-berovski/ Mon, 13 Feb 2023 13:51:22 +0000 https://republika.mk/?p=608433

Во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски" поставен е повратниот вендинг апарат на „Пакомак" за селектирање и рециклирање пластични шишиња и лименки, соопшти денеска градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Процесот со собирање отпад и негово селектирање на пластични шишиња од максимум 1.5 литри и лименки од пијалоци е веќе започнат и во него учество земаа сите ученици и наставници. Со селектирањето на отпадот, помагаме секому - себеси, на заедницата и на природата! Благодарност до "Пакомак" за соработката во насока на едукација на нашите најмлади жители да создадат навика од рана возраст за грижа за природата. Да селектираме за да создадеме навика, а не обврска, порача тој.

The post Машини за собирање пластика и лименки поставени во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ appeared first on Република.

]]>

Во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски" поставен е повратниот вендинг апарат на „Пакомак" за селектирање и рециклирање пластични шишиња и лименки, соопшти денеска градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Процесот со собирање отпад и негово селектирање на пластични шишиња од максимум 1.5 литри и лименки од пијалоци е веќе започнат и во него учество земаа сите ученици и наставници. Со селектирањето на отпадот, помагаме секому - себеси, на заедницата и на природата! Благодарност до "Пакомак" за соработката во насока на едукација на нашите најмлади жители да создадат навика од рана возраст за грижа за природата. Да селектираме за да создадеме навика, а не обврска, порача тој.

The post Машини за собирање пластика и лименки поставени во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ appeared first on Република.

]]>
Ученици од Неготино изработија иновативна хидраулична рака од рециклирани материјали за чистење на околината https://republika.mk/vesti/makedonija/uchenici-od-negotino-izrabotija-inovativna-hidraulichna-raka-od-reciklirani-materijali-za-chistenje-na-okolinata/ Sat, 05 Nov 2022 09:51:01 +0000 https://republika.mk/?p=569810

Ученици од Неготино изработија макета на иновативна хидраулична рака од рециклирани материјали, за да ја одржува околината чиста. Како што информираат од Основното општинско училиште „Гоце Делчев“, учениците својот изум го нарекоа „Гоца“.

Таа има за задача да ја одржува средината еколошки чиста. Направена е од медицински материјали – шприцови, црева од инфузии, шпатули, чепкалки, картон, стеги…

„Гоца“ се движи како природна рака со помош на вода и со управување способна е да ги фати отпадоците на плажата и да ги смести во канта за отпадоци. Системот на кој работи „Гоца“ самиот по себе е еколошки и не ја загадува човековата околина. Воедно, целата макета е изработена од рециклирани материјали. Рачно преработена хартија, картон, лепакот е состав од брашно и вода, песок, искористени празни лименки и чашки, природен камен, стара кантичка и глина. Со нејзината изработка на ваков начин и со вакви материјали, ја заштитуваме околината, велат од училиштето.

Оттаму додаваат дека макетата може да се искористи да го разубави ентериерот и нагласуваат дека таа пренесува и порака, луѓето да воочат дека и од веќе еднаш употребени материјали, може да се направи нешто корисно и убаво за светот.

Од училиштето појаснуваат дека во проектот, учествуваат учениците Иван Колев, Надица Ставрова, Немања Стојановиќ, Веселина Вељанова, Благица Накова, Илина Ставрова, Марија Михајловска и Марија Петков. Ментори се Ѓурѓица Андонова, Тања Петков, Весна Ристова и Пандорка Илкова.

The post Ученици од Неготино изработија иновативна хидраулична рака од рециклирани материјали за чистење на околината appeared first on Република.

]]>

Ученици од Неготино изработија макета на иновативна хидраулична рака од рециклирани материјали, за да ја одржува околината чиста. Како што информираат од Основното општинско училиште „Гоце Делчев“, учениците својот изум го нарекоа „Гоца“. Таа има за задача да ја одржува средината еколошки чиста. Направена е од медицински материјали – шприцови, црева од инфузии, шпатули, чепкалки, картон, стеги…
„Гоца“ се движи како природна рака со помош на вода и со управување способна е да ги фати отпадоците на плажата и да ги смести во канта за отпадоци. Системот на кој работи „Гоца“ самиот по себе е еколошки и не ја загадува човековата околина. Воедно, целата макета е изработена од рециклирани материјали. Рачно преработена хартија, картон, лепакот е состав од брашно и вода, песок, искористени празни лименки и чашки, природен камен, стара кантичка и глина. Со нејзината изработка на ваков начин и со вакви материјали, ја заштитуваме околината, велат од училиштето.
Оттаму додаваат дека макетата може да се искористи да го разубави ентериерот и нагласуваат дека таа пренесува и порака, луѓето да воочат дека и од веќе еднаш употребени материјали, може да се направи нешто корисно и убаво за светот. Од училиштето појаснуваат дека во проектот, учествуваат учениците Иван Колев, Надица Ставрова, Немања Стојановиќ, Веселина Вељанова, Благица Накова, Илина Ставрова, Марија Михајловска и Марија Петков. Ментори се Ѓурѓица Андонова, Тања Петков, Весна Ристова и Пандорка Илкова.

The post Ученици од Неготино изработија иновативна хидраулична рака од рециклирани материјали за чистење на околината appeared first on Република.

]]>