„Речник на псевдонимите во македонската книжевност од XIX век“ Archives - Република https://republika.mk/tema/rechnik-na-psevdonimite-vo-makedonskata-knizevnost-od-xix-vek/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Oct 2022 06:45:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Речник на псевдонимите во македонската книжевност од XIX век“ Archives - Република https://republika.mk/tema/rechnik-na-psevdonimite-vo-makedonskata-knizevnost-od-xix-vek/ 32 32 Промоција на „Речник на псевдонимите во македонската книжевност од XIX век“ од Славчо Ковилоски https://republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-rechnik-na-psevdonimite-vo-makedonskata-knizevnost-od-xix-vek-od-slavcho-koviloski/ Tue, 25 Oct 2022 06:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=565163

В среда, на 26 октомври во 12 часот, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи промоција на книгата „Речник на псевдонимитe во македонската книжевност од XIX век“ од Славчо Ковилоски. Промотори ќе бидат Димитар Пандев и Иван Антоновски.

Станува збор за издание во кое се дешифрираат скриените имиња на автори во македонската книжевност, без разлика дали се лажни имиња, кратенки, иницијали, знаци и сл. Вкупниот број на автори изнесува 202 единици, а бројот на псевдонимите 640 единици. Притоа, авторите и псевдонимите се анализирани и синтетизирани во посебни категории. Пок­рај нив, во посебно поглавје е посветено внимание на некои од родените ими­ња на дел од позначајните претставници на јавниот и опш­тествен живот од овој период, како и на псевдоними и именувања на просветни дејци, револуционери и други ак­тивни учесници во општествените процеси кои об­ја­ву­ва­ле во тогашните весници и списанија, но и во меѓусебн­ата кореспонденција.

Во книгата теоретски е образложен пристапот при објаснувањето на ме­то­до­логијата, односно постапките за дешифрирање и ка­те­го­ризирање на скриените имиња. Овој дел го е осо­бено важен, бидејќи без соодветен критички метод на пот­врдување или негирање на авторството препишано спо­ред псевдоним, не може да се добие релевантен од­го­вор, прецизно дефиниран, елабориран според совре­ме­ни­те концепции на теоријата на книжевноста, но и на кни­жев­но-историските односи и практики.

„Речникот на псевдонимитe во македонската книжевност од XIX век“ е прво вакво дело во македонската книжевност и треба да послужи како појдовна точка кон дешифрирање на македонските псевдоними во 20. век.

Славчо Ковилоски е научен истражувач, професор на Институтот за македонска литература. Автор е на повеќе дела од областа на книжевната историја и културологијата. Добитник е на најголемата државна награда за наука „Гоце Делчев“.

 

The post Промоција на „Речник на псевдонимите во македонската книжевност од XIX век“ од Славчо Ковилоски appeared first on Република.

]]>

В среда, на 26 октомври во 12 часот, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи промоција на книгата „Речник на псевдонимитe во македонската книжевност од XIX век“ од Славчо Ковилоски. Промотори ќе бидат Димитар Пандев и Иван Антоновски. Станува збор за издание во кое се дешифрираат скриените имиња на автори во македонската книжевност, без разлика дали се лажни имиња, кратенки, иницијали, знаци и сл. Вкупниот број на автори изнесува 202 единици, а бројот на псевдонимите 640 единици. Притоа, авторите и псевдонимите се анализирани и синтетизирани во посебни категории. Пок­рај нив, во посебно поглавје е посветено внимание на некои од родените ими­ња на дел од позначајните претставници на јавниот и опш­тествен живот од овој период, како и на псевдоними и именувања на просветни дејци, револуционери и други ак­тивни учесници во општествените процеси кои об­ја­ву­ва­ле во тогашните весници и списанија, но и во меѓусебн­ата кореспонденција. Во книгата теоретски е образложен пристапот при објаснувањето на ме­то­до­логијата, односно постапките за дешифрирање и ка­те­го­ризирање на скриените имиња. Овој дел го е осо­бено важен, бидејќи без соодветен критички метод на пот­врдување или негирање на авторството препишано спо­ред псевдоним, не може да се добие релевантен од­го­вор, прецизно дефиниран, елабориран според совре­ме­ни­те концепции на теоријата на книжевноста, но и на кни­жев­но-историските односи и практики. „Речникот на псевдонимитe во македонската книжевност од XIX век“ е прво вакво дело во македонската книжевност и треба да послужи како појдовна точка кон дешифрирање на македонските псевдоними во 20. век. Славчо Ковилоски е научен истражувач, професор на Институтот за македонска литература. Автор е на повеќе дела од областа на книжевната историја и културологијата. Добитник е на најголемата државна награда за наука „Гоце Делчев“.  

The post Промоција на „Речник на псевдонимите во македонската книжевност од XIX век“ од Славчо Ковилоски appeared first on Република.

]]>