ребалнс на буџетот Archives - Република https://republika.mk/tema/rebalns-na-budhetot/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 19:14:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ребалнс на буџетот Archives - Република https://republika.mk/tema/rebalns-na-budhetot/ 32 32 Измените на Законот за пензии по ребалансот на Буџетот https://republika.mk/vesti/ekonomija/izmenite-na-zakonot-za-penzii-po-rebalansot-na-budhetot/ Mon, 22 Jul 2024 19:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=799327

Законот за измена на Законот пензии ќе биде донесен откако ќе помине ребалансот на Буџетот, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

Во вечерашното гостување на „Топ тема“, Мицкоски повтори дека во Буџетот недостигаат 200 милинои евра и за тоа, најави, ќе има одговорност. Се осврна и на средствата од ЕУ кои се предвидуваат за земјава со Планот за раст, истакнувајќи дека министрите Муртезани, Муцунски, Божиновска, Андоновски, Кочовска Димитриевска и Николоски за две недели го имаат завршено досието на државата, нешто што претходната власт две години не го направила.

Премиерот е дециден дека нема да потроши 550 милиони евра за пруга која завршува, како што рече, во слепа улица на половина тунел. Според него, тие пари е добро да се реализираат за модернизација на пругата на Коридорот 10.

Нека помине ребалансот, веднаш потоа почнуваме со процедурата за законските измени за пензиите. Тие ќе важат не само за сега, туку и за март следната година зашто два пати се нивелираат пензиите, и во септември и во март. Во првите девет месеци го испорачуваме ветувањето, истакна Мицкоски.

Во врска со 500-те милиони евра, Мицкоски рече дека очекува со вакви средства да се финансира интерконекторот со Грција, наместо да се бара ретендерирање или пролонгирање, бидејќи тоа може само да ја поскапи цената на чинење.

Имавме проблем со некои од обврските за кои знаевме дека не можеме да ги исполниме. Нашето досие е затворено и чекаме сега одобрување од страна на Европската комисија, зашто дел од проектите кои ги преземала претходната влада, на памет не ми паѓа да продолжам да ги реализирам. На памет не ми паѓа како премиер на оваа влада да потрошам 550 милиони евра за пруга која завршува во слепа улица на половина тунел, без предвидлива иднина како ќе биде понатаму до Црното Море, на основа на црвен фидик, што значи со пенали може да дојде до 750 милиони евра. Ги замолувам тие пари да ги потрошиме во модернизација на пругата на коридорот 10 и возовите наместо 30 на час да возат 100 на час и наместо три пати да биде намален буџетот на јавното претпријатие Македонски железници – Инфраструктура, да може три пати да биде зголемен и наместо после две години прв пат да имаме една оперативна локомотива, да купиме 5 нови и да имаме повеќе композиции на вагони кои ќе поминуваат во државата, нагласи премиерот.

The post Измените на Законот за пензии по ребалансот на Буџетот appeared first on Република.

]]>

Законот за измена на Законот пензии ќе биде донесен откако ќе помине ребалансот на Буџетот, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски. Во вечерашното гостување на „Топ тема“, Мицкоски повтори дека во Буџетот недостигаат 200 милинои евра и за тоа, најави, ќе има одговорност. Се осврна и на средствата од ЕУ кои се предвидуваат за земјава со Планот за раст, истакнувајќи дека министрите Муртезани, Муцунски, Божиновска, Андоновски, Кочовска Димитриевска и Николоски за две недели го имаат завршено досието на државата, нешто што претходната власт две години не го направила. Премиерот е дециден дека нема да потроши 550 милиони евра за пруга која завршува, како што рече, во слепа улица на половина тунел. Според него, тие пари е добро да се реализираат за модернизација на пругата на Коридорот 10.
Нека помине ребалансот, веднаш потоа почнуваме со процедурата за законските измени за пензиите. Тие ќе важат не само за сега, туку и за март следната година зашто два пати се нивелираат пензиите, и во септември и во март. Во првите девет месеци го испорачуваме ветувањето, истакна Мицкоски.
Во врска со 500-те милиони евра, Мицкоски рече дека очекува со вакви средства да се финансира интерконекторот со Грција, наместо да се бара ретендерирање или пролонгирање, бидејќи тоа може само да ја поскапи цената на чинење.
Имавме проблем со некои од обврските за кои знаевме дека не можеме да ги исполниме. Нашето досие е затворено и чекаме сега одобрување од страна на Европската комисија, зашто дел од проектите кои ги преземала претходната влада, на памет не ми паѓа да продолжам да ги реализирам. На памет не ми паѓа како премиер на оваа влада да потрошам 550 милиони евра за пруга која завршува во слепа улица на половина тунел, без предвидлива иднина како ќе биде понатаму до Црното Море, на основа на црвен фидик, што значи со пенали може да дојде до 750 милиони евра. Ги замолувам тие пари да ги потрошиме во модернизација на пругата на коридорот 10 и возовите наместо 30 на час да возат 100 на час и наместо три пати да биде намален буџетот на јавното претпријатие Македонски железници – Инфраструктура, да може три пати да биде зголемен и наместо после две години прв пат да имаме една оперативна локомотива, да купиме 5 нови и да имаме повеќе композиции на вагони кои ќе поминуваат во државата, нагласи премиерот.
 
The post Измените на Законот за пензии по ребалансот на Буџетот appeared first on Република.

]]>
Ребаланс на Буџетот во втората половина на јули, шест милијарди денари за 150 проекти на општините, најави Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/rebalans-na-budhetot-vo-vtorata-polovina-na-juli-shest-milijardi-denari-za-150-proekti-na-opshtinite-najavi-mitskoski/ Mon, 24 Jun 2024 19:50:43 +0000 https://republika.mk/?p=790452

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека доколку се биде како што треба, во втората половина на јули ќе има ребаланс на државниот Буџетот.

Ако биде се како што треба, во втората половина на јули ќе има ребалансот во Парламентот и во првата половина на август ќе биде повикот до општините да алицираат со проектите. Според тоа што го разговарав со министерката за финансии, голема е можоста шест милијарди денари да бидат распределени кон општините за проекти кои се подготвени. Утре имаме состанок и ќе работиме на оваа проблематика, најави Мицкоски во првото интервју по изборот на новата Влада дадено за ТВ 24.

Мицкоски објасни дека со овие шест милијарди денари би можеле да се реализираат над 150 проекти.

Тоа се проекти важни за граѓаните и се содржани во проектите на градоначалниците, а тие програми победија на избори во 2021 година и цениме дека треба да се поддржат. Станува збор за булевари, канализациски и водоводни системи, училишта…

Во интервјуто тој ја најави инвестицијата за ветерниот парк, која официјално ќе биде објавена утре, и ќе донесе 100 милиони евра поголем приход во бруто домашниот производ. Премиерот појасни дека се работи за проект во делот на енергетиката, со кој ќе се произведува електрична енергија од македонскиот ветер. Вели земјава ќе добие енергетски баланс, односно онолку колку што ќе се произведува, толку и ќе се троши.

Утре промовираме значаен проект во делот на енергетиката, помеѓу 400 и 450 милиони евра. Ја користам овааа прилика да дадам важна информација со тоа производство на електрична енергија од македонскиот ветер, ќе добиеме енергетски баланс, односно онолку колку што произведуваме толку и да трошиме, без да имаме специјални закони во моментов. Станува збор за инвестиција од 400 до 450 милиони евра и дополнителни 100 милиони евра во бруто-домашен производ, рече Мицкоски во интервју за ТВ 24.

Додаде дека во структурата на тој инвестициски фонд се Европската банка за обнова развој, Европската инвестициска банка, Меѓународната финансиска корпорација, како и структурни фондови од Германија и САД.

Во тој инвестициски фонд се Европската банка за обнова развој, Европската инвестициска банка, Меѓународната финансиска корпорација, има германски структурни фондови, има амерички структурни фондови, нешто што во овој дел на Европа не е видено, во Македонија ќе се случи ваков тип на инвестиција. Јас би сакал и понатаму да го продолжиме партнерството, па зошто да не обезбедиме финансиски средства за сами да го изградиме Чебрен, рече Мицкоски.

Проектот за развој на парк на ветерници во земјава е инвестиција на Алказар Енерџи вредна над 500 милиони долари. Ветерниот парк ќе биде изграден меѓу трите општини, Карбинци, Штип и Радовиш.

The post Ребаланс на Буџетот во втората половина на јули, шест милијарди денари за 150 проекти на општините, најави Мицкоски appeared first on Република.