разузнавање Archives - Република https://republika.mk/tema/razuznavanje/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 12:55:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png разузнавање Archives - Република https://republika.mk/tema/razuznavanje/ 32 32 Мицкоски се сретна со поранешниот директор за национално разузнавање на САД, Гренел https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-se-sretna-so-poraneshniot-direktor-za-natsionalno-razuznavane-na-sad-grenel/ Wed, 14 Aug 2024 11:54:55 +0000 https://republika.mk/?p=806487

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, остварија средба со поранешниот директор за национално разузнавање на САД, Ричард Гренел, соопшти владината прес служба.

На средбата се дискутираше за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, при што беше истакнато значењето на одржување на мирот, безбедноста, стабилноста и продлабочување на односите и соработката меѓу државите во овој дел од Европа. Посебен акцент беше ставен на односите помеѓу САД и Република Македонија, како и на можностите за нивно дополнително зајакнување.

Во текот на средбата се анализираа можностите за искористување на потенцијалите за идни заеднички инвестиции во проекти значајни за регионот. Во наведениот контекст беше разгледана можноста за евентуално американско учество во енергетскиот проект „Чебрен“, кој има стратешко значење за енергетската независност на земјата.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, изрази посебна благодарност до г-дин Гренел за неговата посветеност во градењето на севкупните односи помеѓу двете земји. При тоа истакна дека Владата останува силно посветена кон продлабочување на стратешката соработка, со особено внимание во областите на владеење на правото, економијата и енергетиката.

 

The post Мицкоски се сретна со поранешниот директор за национално разузнавање на САД, Гренел appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, остварија средба со поранешниот директор за национално разузнавање на САД, Ричард Гренел, соопшти владината прес служба.
На средбата се дискутираше за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, при што беше истакнато значењето на одржување на мирот, безбедноста, стабилноста и продлабочување на односите и соработката меѓу државите во овој дел од Европа. Посебен акцент беше ставен на односите помеѓу САД и Република Македонија, како и на можностите за нивно дополнително зајакнување. Во текот на средбата се анализираа можностите за искористување на потенцијалите за идни заеднички инвестиции во проекти значајни за регионот. Во наведениот контекст беше разгледана можноста за евентуално американско учество во енергетскиот проект „Чебрен“, кој има стратешко значење за енергетската независност на земјата. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, изрази посебна благодарност до г-дин Гренел за неговата посветеност во градењето на севкупните односи помеѓу двете земји. При тоа истакна дека Владата останува силно посветена кон продлабочување на стратешката соработка, со особено внимание во областите на владеење на правото, економијата и енергетиката.  

The post Мицкоски се сретна со поранешниот директор за национално разузнавање на САД, Гренел appeared first on Република.

]]>
Хрватска безбедносно-разузнавачка агенција: Направен е обид за формирање паравоени единици https://republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-bezbednosno-razuznavachka-agentsija-napraven-e-obid-za-formirane-paravoeni-edinitsi/ Fri, 12 May 2023 11:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=640119

Безбедносно-разузнавачката агенција на Хрватска (СОА) објави дека осумнаесет руски дипломати и шест членови на административно-техничкото раководство на руската амбасада во Загреб биле протерани од Хрватска во април 2022 година, бидејќи повеќето од нив биле ангажирани во нелегална разузнавачка работа.

Ова е прва официјална информација за причините за протерувањето на руските дипломати од Хрватска. Од МНР тогаш само кусо известија дека Хрватска на рускиот амбасадор во Хрватска му врачила нота за намалување на бројот на дипломатско и административно-техничко управување со амбасадата во Загреб

Руското Министерство за надворешни работи тогаш тој чин го прогласи за непријателски и за манифестација на милитантна русофобија. Еден месец подоцна, Русија протера петмина вработени во хрватската амбасада во Москва.

Во најновиот извештај на СОА за минатата година под наслов „Надворешните разузнавачки и информативни активности се присутни, иако не секогаш се видливи“, се наведува дека активностите на странските разузнавачки служби се насочени кон собирање податоци за безбедносните, политичките и економските процеси во Хрватска, особено оние кои се поврзани со меѓусебните отворени прашања и хрватската политика кон земјите од Западен Балкан.

Во Извештајот се обвинуваат руските разузнавачки служби дека стојат зад повеќето откриени хакерски напади врз хрватските институции спонзорирани од државата во текот на минатата година.

Нападите се зголемија со почетокот на руската агресија врз Украина, а во текот на 2022 година беа откриени 19 такви напади – пет повеќе од една година порано. Примарни цели на нападот биле Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана.

Во Извештајот на неколку страници се зборува за глобалните последици од рускиот напад врз Украина, а само три реченици се посветени на падот на дронот Тупољев ТУ-141 во близина на Студентскиот дом Стјепан Радиќ во Загреб. Се тврди дека се уште се истражуваат околностите и намерите за испраќање на леталото, како и локацијата на лансирањето.

Во поглавјето што се однесува на активностите на екстремистите во Хрватска, СОА тврди дека „во хрватското општество, екстремизмот нема значајна основа по која било основа, како и јавна поддршка, а со тоа нема сила или потенцијал за дестабилизирање на националната безбедност.

„Екстремните групи во Хрватска, по која било идеолошка основа, имаат многу мал број следбеници. Сепак, не може да се исклучи можноста за поединечни инциденти и насилство од (само)радикализирани поединци“, се наведува во Извештајот.

Во овој контекст, се истакнува дека СОА во изминатиот период детектирала обиди на лица со екстремистички и милитантни ставови за паравоено организирање на нивните следбеници, со намера за спроведување на воена обука и набавка на оружје, а со крајна цел за соборување на демократскиот уставен поредок на Хрватска.

„Иако се работи за мал број следбеници без мобилизациски потенцијал и можност за добивање поширока јавна поддршка, нивните екстремистички ставови и намери, особено во случајот на лицата со ментални нарушувања, претставуваат безбедносен ризик“, наведуваат тие.

The post Хрватска безбедносно-разузнавачка агенција: Направен е обид за формирање паравоени единици appeared first on Република.

]]>

Безбедносно-разузнавачката агенција на Хрватска (СОА) објави дека осумнаесет руски дипломати и шест членови на административно-техничкото раководство на руската амбасада во Загреб биле протерани од Хрватска во април 2022 година, бидејќи повеќето од нив биле ангажирани во нелегална разузнавачка работа. Ова е прва официјална информација за причините за протерувањето на руските дипломати од Хрватска. Од МНР тогаш само кусо известија дека Хрватска на рускиот амбасадор во Хрватска му врачила нота за намалување на бројот на дипломатско и административно-техничко управување со амбасадата во Загреб Руското Министерство за надворешни работи тогаш тој чин го прогласи за непријателски и за манифестација на милитантна русофобија. Еден месец подоцна, Русија протера петмина вработени во хрватската амбасада во Москва. Во најновиот извештај на СОА за минатата година под наслов „Надворешните разузнавачки и информативни активности се присутни, иако не секогаш се видливи“, се наведува дека активностите на странските разузнавачки служби се насочени кон собирање податоци за безбедносните, политичките и економските процеси во Хрватска, особено оние кои се поврзани со меѓусебните отворени прашања и хрватската политика кон земјите од Западен Балкан. Во Извештајот се обвинуваат руските разузнавачки служби дека стојат зад повеќето откриени хакерски напади врз хрватските институции спонзорирани од државата во текот на минатата година. Нападите се зголемија со почетокот на руската агресија врз Украина, а во текот на 2022 година беа откриени 19 такви напади – пет повеќе од една година порано. Примарни цели на нападот биле Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана. Во Извештајот на неколку страници се зборува за глобалните последици од рускиот напад врз Украина, а само три реченици се посветени на падот на дронот Тупољев ТУ-141 во близина на Студентскиот дом Стјепан Радиќ во Загреб. Се тврди дека се уште се истражуваат околностите и намерите за испраќање на леталото, како и локацијата на лансирањето. Во поглавјето што се однесува на активностите на екстремистите во Хрватска, СОА тврди дека „во хрватското општество, екстремизмот нема значајна основа по која било основа, како и јавна поддршка, а со тоа нема сила или потенцијал за дестабилизирање на националната безбедност. „Екстремните групи во Хрватска, по која било идеолошка основа, имаат многу мал број следбеници. Сепак, не може да се исклучи можноста за поединечни инциденти и насилство од (само)радикализирани поединци“, се наведува во Извештајот. Во овој контекст, се истакнува дека СОА во изминатиот период детектирала обиди на лица со екстремистички и милитантни ставови за паравоено организирање на нивните следбеници, со намера за спроведување на воена обука и набавка на оружје, а со крајна цел за соборување на демократскиот уставен поредок на Хрватска. „Иако се работи за мал број следбеници без мобилизациски потенцијал и можност за добивање поширока јавна поддршка, нивните екстремистички ставови и намери, особено во случајот на лицата со ментални нарушувања, претставуваат безбедносен ризик“, наведуваат тие.

The post Хрватска безбедносно-разузнавачка агенција: Направен е обид за формирање паравоени единици appeared first on Република.

]]>
Сајтот на бугарското разузнавање нападнат од руски хакери https://republika.mk/vesti/balkan/sajtot-na-bugarskoto-razuznavanje-napadnat-od-ruski-hakeri/ Sun, 06 Nov 2022 11:12:40 +0000 https://republika.mk/?p=570316

Руската хакерска група Килнет ја нападна веб-страницата на бугарската државна разузнавачка агенција (ДАР), објавија локалните медиуми.

Случајот е од вчера попладне. Станува збор за хакерски напад DDoS кој привремено го отежна пристапот до веб-страницата на агенцијата. Покрај веб-страницата на бугарското разузнавање, нападнати се и сајтовите на разузнавачките агенции на Полска, Романија, Молдавија и Естонија, пренесува дописникот на МИА од Софија.

Руската хакерска група Killnet, зад чија организација се претпоставува дека стојат руските власти, соопшти за нападот на својот канал Телеграм. Хакерите тврдат дека нивните акции се во врска со 5 ноември, денот на руското воено разузнавање.

Моментално работи сајтот на бугарското разузнавање, но по филтрирање на сообраќајот. Пред еден месец, истата руска група ги нападна и веб-страниците на бугарската претседателска институција и Министерството за внатрешни работи, како и водечки медиуми во земјата.

The post Сајтот на бугарското разузнавање нападнат од руски хакери appeared first on Република.

]]>

Руската хакерска група Килнет ја нападна веб-страницата на бугарската државна разузнавачка агенција (ДАР), објавија локалните медиуми. Случајот е од вчера попладне. Станува збор за хакерски напад DDoS кој привремено го отежна пристапот до веб-страницата на агенцијата. Покрај веб-страницата на бугарското разузнавање, нападнати се и сајтовите на разузнавачките агенции на Полска, Романија, Молдавија и Естонија, пренесува дописникот на МИА од Софија. Руската хакерска група Killnet, зад чија организација се претпоставува дека стојат руските власти, соопшти за нападот на својот канал Телеграм. Хакерите тврдат дека нивните акции се во врска со 5 ноември, денот на руското воено разузнавање. Моментално работи сајтот на бугарското разузнавање, но по филтрирање на сообраќајот. Пред еден месец, истата руска група ги нападна и веб-страниците на бугарската претседателска институција и Министерството за внатрешни работи, како и водечки медиуми во земјата.

The post Сајтот на бугарското разузнавање нападнат од руски хакери appeared first on Република.

]]>
Безбедносно-разузнавачкиот систем прилагоден на стандардите на ЕУ и НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/bezbednosno-razuznavachkiot-sistem-prilagoden-na-standardite-na-eu-i-nato/ Thu, 20 Oct 2022 07:20:53 +0000 https://republika.mk/?p=563363

Реформите на безбедносно-разузнавачкиот систем генерално се направени, системот функционира, сепак потребни се подобрувања, особено во делот на надзорот на работата на безбедносно-разузнавачките служби, како и во однос на физичкото одвојување од МВР на Агенцијата за национална безбедност. За подобрување на надзорот, пред се, со вклучување на граѓанскиот сектор, потребни се законски измени, согласни се и власта и опозицијата, која пак смета дека е потребна посуштинска измена, не само на еден член за Советот за граѓански надзор, туку носење посебен закон за надзор на службите, со кои ќе се зголемат ингеренциите на оние кои го вршат надзорот.

Ова беа дел од поентите на Годишната конференција во рамки на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Македонија (2021-2026), што се одржа вчера во Скопје, во организација на женевскиот Центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ).

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во своето обраќање меѓу другото нагласи дека направени се законски измени во безбедносната област во насока на реформскиот процес, кои се прилагодени на стандардите на Европската унија и НАТО, со кои се воведуваат одредени законски норми и стандарди за Собранието и впрочем за сите институции. Тој изрази и уверување дека со преземените мерки и активности согласно законските измени, ќе се обезбеди и зголемено ниво на отчетност од страна на сите чинители.

Демократското владеење и надзор е обврска на сите сегменти од општество и на целиот државен апарат. Секој треба да го даде својот максимум во своето работење, пристапувајќи на секое нерешено прашање со искрена намера за изнаоѓање на одржливо решение кое нема да служи само на политичкиот фактор на власт, туку ќе биде општо прифатено и почитувано подеднакво од сите. За тоа да биде така, секако дека решението треба да се разгледува инклузивно, со учество на сите политички субјекти и крајното решение да биде консензуално постигнато решение во склад со европските норми. Ова секако ќе се наметне како обврска и со отворањето на преговорите со ЕУ и првиот преговарачки кластер, односно Фундаменти, рече Џафери.

Во однос на спроведувањето на донесените законски решенија, најдобриот тест за квалитет на секој закон е неговата имплементација на терен, оти само тогаш, вели, се воочуваат празнините или недореченостите кои се несоодветно решени.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-garantiranjeto-bezbednost-na-gragjanite-i-drzavata-ne-smee-da-bide-alibi-za-krshenje-na-osnovnite-chovekovi-prava-2/

Според евроамбасадорот Дејвид Гир, реформите во безбедносниот и разузнавачкиот сектор се далеку од завршени, а процесот за интеграција во ЕУ, што сега добива моментум по отворањето на преговорите и носи дополнителни барања што се поврзани со заштитата на човекови права и основни слободи, треба да се искористи со цел да се движат реформите. На овој начин, додава тој, ќе се овозможи добро владеење и јавна доверба во институциите во овој многу чувствителен сектор, како и во други сектори. Дополнителни напори и волја се потребни од страна на Владата, Парламентот и политичките партии и другите чинители, не само поради процесот за преговарање со ЕУ, туку пред се заради интересите на граѓаните.

[caption id="attachment_563319" align="alignnone" width="640"] Фото: МИА[/caption]

Надзорот и контролата на безбедносните и разузнавачките служби и нивната реформа е комплексна работа, меѓутоа е многу важен процес. Парламентот претставуваше посветен партнер во овој процес. Ние очекуваме постоечкото законодавство за следење да биде променето, со цел комисиите за надзор во Парламентот да функционираат подобро и Советот за граѓански надзор да биде целосно функционален. Создавањето „заштитена соба“ треба да се случи без понатамошно одложување, истакна Гир.

И министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, потенцира дека се направени успешни реформи на безбедносниот систем и успешно функционира системот на следење на комуникациите и на безбедносната служба, но тоа не е доволно и реформите треба да продолжат и понатаму. Фокусот на институциите треба да се насочи на ставање во функција на граѓанскиот надзор и контрола за што смета дека е потребно многу малку за тоа да се надмине и профункционира со допрецизирање на законското решение во Собранието.

https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-na-konferencija-na-dcaf-napravivme-uspeshni-reformi-na-bezbednosnite-sluzbi/

Според министерката за одбрана Славјанка Петровска освен надзорот на оваа служба треба да се отвори и едно друго прашање, за кое, како што рече таа како министерка е подготвена да се откаже од своето дискреционо право, а тоа е назначувањето на раководител на оваа служба.  

-Во Министерството во рамките на основните закони се разбира пропишани се некои правила коишто јас не ги сметам за доволни. Затоа што ако сакаме да го постигнеме она што беше суштината на почетокот на оваа реформа, тоа е намалување на политичкото влијание врз работата на овие служби, во тој случај сметам дека и овој сегмент мора да биде предвид. Така што, ова нека биде со оглед на тоа што од оваа страна на салата гледаме луѓе кои исклучително ги ценам и почитувам за трудот кој го вложиле во делот на безбедносно-разузнавачката заедница се разбира и заштитата на човековите права и чие што знаење секако ќе биде добредојдено, нагласи Петровска.

Претседателот  на собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ и АР, Љупчо Пренџов пред присиутните истакна дека во извештајот на ЕК е нотирано дека има подобрување во однос на претходните години, во безбедносно-разузнавачкиот систем во државата, но нагласи дека за да биде ефектен собранискиот надзор, мора да има можност за пристап до релеватни информации и непречени разговори со одговорните во разузнавачки служби. Прецизирање на поимот државна тајна, побара Пренџов, нагласувајќи дека не може 95 отсто од работите, да се класифицираат како државна тајна, а во нив да „нема месо“.

-Не треба да се фалиме дека сме имале надзор заради надзор, колку тоа да се каже или некаде да се запише. Ова е сектор кој во изминатите 30 години два пати крахираше на отворена сцена, тоа имаше сериозни последици и го урна имиџот на државата. Треба да сфатиме во оваа држава граѓаните се тие, кои ги плаќаат носителите на јавни функции, без разлика во која институција, а транспаретноста, учеството на јавноста и доброто владеење мора да важи и за оние кои се одговорни во безбедносно-разузнавачкиот сектор, рече Пренџов, кој смета дека се потребни измени на законот за следење на комункациите по терк на европските стандарди, и да има еден посебен закон за надзор на сите комисии, со што ќе се зголемат нивните ингеренции.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски истакна во однос на надзорот над работењето на АНБ дека во овој тригодишен период имале 15 средби со двете комисии што е повеќе од сите претходни мандати. Целосно се отворени кон контрола, а вели, друго е прашањето дали во работењето на комисиите за надзор има проблем.

Директорот на Агенцијата за разунавање Еролд Муслиу, пак, напомена дека тие како Агенција се отворени за надзор и контрола во рамки на законските ограничувања, имајќи ја предвид специфичноста на работата на АР.

Сме биле на располагање, даваме одговори, сме имале безбедносни брифинзи. Ние како  Агенција за разунавање сме отворени за надзор и контрола во рамки на законските ограничувања, имајќи го предвид разузнавањето во странство и имаме лимити без разлика што членовите на Комисијата имаат безбедносни сертификати, не можеме да одиме подлабоко, додаде тој.

Директорот на ОТА, Зоран Ангеловски, пак, нагласи дека во ОТА се врши организирано прислушување, но легално, и тоа е строго контролирано, но, вели, недостига ефикасен парламентарен надзор што тоа ќе го потврди.

Одговорно тврдам дека она што се случува во ОТА е строго контролирано. Ние изградивме комплетно дигитализиран систем сето ова е организирано на прилично модерен начин согласно стандардите на НАТО и ЕУ. ОТА е комплетно дигитализирана. Ние знаеме во ОТА дека сме комплетено чисти, но тоа не е доволно. Суштината е дека треба да дојде контрола тоа да го констатира на ефикасен начин и од таму и да излезе едно соопштение до јавноста дека се е во ред. Но, она што сакам да го кажам е дека по секоја контрола од собраниската комисија од претходниот и сегашниот парламентарен состав секогаш имаме горчлив вкус и тоа не е по вина на ОТА, ниту на парламентарната комисија, законите се напишани така како што се напишани, вели директорот на ОТА и нагласи дека е потребно технички експерти тоа да го проверат, за што апелира веќе три години.

Пратеникот Игор Јанушев, претседател на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, се согласи дека проблемот е немање на технички експерти со чиј надзор би се покажало дека со ОТА се е во ред.

-Иако со сите проблеми со кои се соочивме при формирањето на оваа Комисија како работно тело во Собранието во однос на добивањето на безбедносните сертификати успеавме со запазување на законските рокови да објавиме јавен оглас, да спроведеме интервјуа, да ги избереме експертите, но еве веќе две години од страна на Собранието истите не се ангажираат и ние сме во немоќност да спроведеме ефективен надзор, вели Јанушев.

На дебата стана збор за уште еден проблем, а тоа е потребата од физичко одвојување на АНБ од МВР.

Би сакал АНБ и физички да биде одделена од МВР, а не само легислативно. Сметам дека големата проактивност треба да биде во делот на граѓанскиот надзор, изјави Спасовски.

Димовски, исто така, се согласи дека мора да се вложат дополнителни напори и покрај функционалното разделување од МВР треба да се направи и физичко одделување, како и да се реши просторното и материјалното функционирање на Советот за координација на безбедносните разузнавачки служби.

Беше потенцирано и значењето на зајакнувањето на сите сегменти на кибербезбедноста.Според Ангеловски државата во делот на кибер безбедноста е на недозволиво ниско ниво.

Во моментот реакцијата на државата на еден евентуален кибер напад е на ниво на мртов коњ, рече Ангеловски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-ota-imame-sistem-koj-na-kiber-napad-bi-reagiral-kako-mrtov-konj-mu-falat-samo-gulabi-pismonsci/

Во врска со акредитацијата, што се чека, Слаѓана Божиновска од Дирекција за безбедност на класифицирани информации, одговори дека интензивно се работи на случајот, но, како што рече, потребно е време бидејќи станува збор за комплексни процедури, но и заради можностите и капацитетите со кои работат.

Потребно е време, технички можности и во моментот интензивно се работи. Се прегледува потребната документација што е пропишана и во законот и воопшто во работата со класифицирани информации. Тоа е сегмент каде одередени работи што се пропишани нема маневри, изјави Божиновска. Додаде дека е факт оти техничкиот момент околу мерењето на зрачењето не е во нивна можност, но, истакна, постојат решенија, во соработка со партнерски служби во регионот и тоа да се оствари.

The post Безбедносно-разузнавачкиот систем прилагоден на стандардите на ЕУ и НАТО appeared first on Република.

]]>

Реформите на безбедносно-разузнавачкиот систем генерално се направени, системот функционира, сепак потребни се подобрувања, особено во делот на надзорот на работата на безбедносно-разузнавачките служби, како и во однос на физичкото одвојување од МВР на Агенцијата за национална безбедност. За подобрување на надзорот, пред се, со вклучување на граѓанскиот сектор, потребни се законски измени, согласни се и власта и опозицијата, која пак смета дека е потребна посуштинска измена, не само на еден член за Советот за граѓански надзор, туку носење посебен закон за надзор на службите, со кои ќе се зголемат ингеренциите на оние кои го вршат надзорот. Ова беа дел од поентите на Годишната конференција во рамки на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Македонија (2021-2026), што се одржа вчера во Скопје, во организација на женевскиот Центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ). Претседателот на Собранието, Талат Џафери во своето обраќање меѓу другото нагласи дека направени се законски измени во безбедносната област во насока на реформскиот процес, кои се прилагодени на стандардите на Европската унија и НАТО, со кои се воведуваат одредени законски норми и стандарди за Собранието и впрочем за сите институции. Тој изрази и уверување дека со преземените мерки и активности согласно законските измени, ќе се обезбеди и зголемено ниво на отчетност од страна на сите чинители.
Демократското владеење и надзор е обврска на сите сегменти од општество и на целиот државен апарат. Секој треба да го даде својот максимум во своето работење, пристапувајќи на секое нерешено прашање со искрена намера за изнаоѓање на одржливо решение кое нема да служи само на политичкиот фактор на власт, туку ќе биде општо прифатено и почитувано подеднакво од сите. За тоа да биде така, секако дека решението треба да се разгледува инклузивно, со учество на сите политички субјекти и крајното решение да биде консензуално постигнато решение во склад со европските норми. Ова секако ќе се наметне како обврска и со отворањето на преговорите со ЕУ и првиот преговарачки кластер, односно Фундаменти, рече Џафери.
Во однос на спроведувањето на донесените законски решенија, најдобриот тест за квалитет на секој закон е неговата имплементација на терен, оти само тогаш, вели, се воочуваат празнините или недореченостите кои се несоодветно решени. https://republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-garantiranjeto-bezbednost-na-gragjanite-i-drzavata-ne-smee-da-bide-alibi-za-krshenje-na-osnovnite-chovekovi-prava-2/ Според евроамбасадорот Дејвид Гир, реформите во безбедносниот и разузнавачкиот сектор се далеку од завршени, а процесот за интеграција во ЕУ, што сега добива моментум по отворањето на преговорите и носи дополнителни барања што се поврзани со заштитата на човекови права и основни слободи, треба да се искористи со цел да се движат реформите. На овој начин, додава тој, ќе се овозможи добро владеење и јавна доверба во институциите во овој многу чувствителен сектор, како и во други сектори. Дополнителни напори и волја се потребни од страна на Владата, Парламентот и политичките партии и другите чинители, не само поради процесот за преговарање со ЕУ, туку пред се заради интересите на граѓаните. [caption id="attachment_563319" align="alignnone" width="640"] Фото: МИА[/caption]
Надзорот и контролата на безбедносните и разузнавачките служби и нивната реформа е комплексна работа, меѓутоа е многу важен процес. Парламентот претставуваше посветен партнер во овој процес. Ние очекуваме постоечкото законодавство за следење да биде променето, со цел комисиите за надзор во Парламентот да функционираат подобро и Советот за граѓански надзор да биде целосно функционален. Создавањето „заштитена соба“ треба да се случи без понатамошно одложување, истакна Гир.
И министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, потенцира дека се направени успешни реформи на безбедносниот систем и успешно функционира системот на следење на комуникациите и на безбедносната служба, но тоа не е доволно и реформите треба да продолжат и понатаму. Фокусот на институциите треба да се насочи на ставање во функција на граѓанскиот надзор и контрола за што смета дека е потребно многу малку за тоа да се надмине и профункционира со допрецизирање на законското решение во Собранието. https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-na-konferencija-na-dcaf-napravivme-uspeshni-reformi-na-bezbednosnite-sluzbi/ Според министерката за одбрана Славјанка Петровска освен надзорот на оваа служба треба да се отвори и едно друго прашање, за кое, како што рече таа како министерка е подготвена да се откаже од своето дискреционо право, а тоа е назначувањето на раководител на оваа служба.  
-Во Министерството во рамките на основните закони се разбира пропишани се некои правила коишто јас не ги сметам за доволни. Затоа што ако сакаме да го постигнеме она што беше суштината на почетокот на оваа реформа, тоа е намалување на политичкото влијание врз работата на овие служби, во тој случај сметам дека и овој сегмент мора да биде предвид. Така што, ова нека биде со оглед на тоа што од оваа страна на салата гледаме луѓе кои исклучително ги ценам и почитувам за трудот кој го вложиле во делот на безбедносно-разузнавачката заедница се разбира и заштитата на човековите права и чие што знаење секако ќе биде добредојдено, нагласи Петровска.
Претседателот  на собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ и АР, Љупчо Пренџов пред присиутните истакна дека во извештајот на ЕК е нотирано дека има подобрување во однос на претходните години, во безбедносно-разузнавачкиот систем во државата, но нагласи дека за да биде ефектен собранискиот надзор, мора да има можност за пристап до релеватни информации и непречени разговори со одговорните во разузнавачки служби. Прецизирање на поимот државна тајна, побара Пренџов, нагласувајќи дека не може 95 отсто од работите, да се класифицираат како државна тајна, а во нив да „нема месо“.
-Не треба да се фалиме дека сме имале надзор заради надзор, колку тоа да се каже или некаде да се запише. Ова е сектор кој во изминатите 30 години два пати крахираше на отворена сцена, тоа имаше сериозни последици и го урна имиџот на државата. Треба да сфатиме во оваа држава граѓаните се тие, кои ги плаќаат носителите на јавни функции, без разлика во која институција, а транспаретноста, учеството на јавноста и доброто владеење мора да важи и за оние кои се одговорни во безбедносно-разузнавачкиот сектор, рече Пренџов, кој смета дека се потребни измени на законот за следење на комункациите по терк на европските стандарди, и да има еден посебен закон за надзор на сите комисии, со што ќе се зголемат нивните ингеренции.
Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски истакна во однос на надзорот над работењето на АНБ дека во овој тригодишен период имале 15 средби со двете комисии што е повеќе од сите претходни мандати. Целосно се отворени кон контрола, а вели, друго е прашањето дали во работењето на комисиите за надзор има проблем. Директорот на Агенцијата за разунавање Еролд Муслиу, пак, напомена дека тие како Агенција се отворени за надзор и контрола во рамки на законските ограничувања, имајќи ја предвид специфичноста на работата на АР.
Сме биле на располагање, даваме одговори, сме имале безбедносни брифинзи. Ние како  Агенција за разунавање сме отворени за надзор и контрола во рамки на законските ограничувања, имајќи го предвид разузнавањето во странство и имаме лимити без разлика што членовите на Комисијата имаат безбедносни сертификати, не можеме да одиме подлабоко, додаде тој.
Директорот на ОТА, Зоран Ангеловски, пак, нагласи дека во ОТА се врши организирано прислушување, но легално, и тоа е строго контролирано, но, вели, недостига ефикасен парламентарен надзор што тоа ќе го потврди.
Одговорно тврдам дека она што се случува во ОТА е строго контролирано. Ние изградивме комплетно дигитализиран систем сето ова е организирано на прилично модерен начин согласно стандардите на НАТО и ЕУ. ОТА е комплетно дигитализирана. Ние знаеме во ОТА дека сме комплетено чисти, но тоа не е доволно. Суштината е дека треба да дојде контрола тоа да го констатира на ефикасен начин и од таму и да излезе едно соопштение до јавноста дека се е во ред. Но, она што сакам да го кажам е дека по секоја контрола од собраниската комисија од претходниот и сегашниот парламентарен состав секогаш имаме горчлив вкус и тоа не е по вина на ОТА, ниту на парламентарната комисија, законите се напишани така како што се напишани, вели директорот на ОТА и нагласи дека е потребно технички експерти тоа да го проверат, за што апелира веќе три години.
Пратеникот Игор Јанушев, претседател на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, се согласи дека проблемот е немање на технички експерти со чиј надзор би се покажало дека со ОТА се е во ред.
-Иако со сите проблеми со кои се соочивме при формирањето на оваа Комисија како работно тело во Собранието во однос на добивањето на безбедносните сертификати успеавме со запазување на законските рокови да објавиме јавен оглас, да спроведеме интервјуа, да ги избереме експертите, но еве веќе две години од страна на Собранието истите не се ангажираат и ние сме во немоќност да спроведеме ефективен надзор, вели Јанушев.
На дебата стана збор за уште еден проблем, а тоа е потребата од физичко одвојување на АНБ од МВР.
Би сакал АНБ и физички да биде одделена од МВР, а не само легислативно. Сметам дека големата проактивност треба да биде во делот на граѓанскиот надзор, изјави Спасовски.
Димовски, исто така, се согласи дека мора да се вложат дополнителни напори и покрај функционалното разделување од МВР треба да се направи и физичко одделување, како и да се реши просторното и материјалното функционирање на Советот за координација на безбедносните разузнавачки служби. Беше потенцирано и значењето на зајакнувањето на сите сегменти на кибербезбедноста.Според Ангеловски државата во делот на кибер безбедноста е на недозволиво ниско ниво.
Во моментот реакцијата на државата на еден евентуален кибер напад е на ниво на мртов коњ, рече Ангеловски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-ota-imame-sistem-koj-na-kiber-napad-bi-reagiral-kako-mrtov-konj-mu-falat-samo-gulabi-pismonsci/ Во врска со акредитацијата, што се чека, Слаѓана Божиновска од Дирекција за безбедност на класифицирани информации, одговори дека интензивно се работи на случајот, но, како што рече, потребно е време бидејќи станува збор за комплексни процедури, но и заради можностите и капацитетите со кои работат.
Потребно е време, технички можности и во моментот интензивно се работи. Се прегледува потребната документација што е пропишана и во законот и воопшто во работата со класифицирани информации. Тоа е сегмент каде одередени работи што се пропишани нема маневри, изјави Божиновска. Додаде дека е факт оти техничкиот момент околу мерењето на зрачењето не е во нивна можност, но, истакна, постојат решенија, во соработка со партнерски служби во регионот и тоа да се оствари.

The post Безбедносно-разузнавачкиот систем прилагоден на стандардите на ЕУ и НАТО appeared first on Република.

]]>
Уапсен шефот на данската разузнавачка служба поради протекување доверливи информации https://republika.mk/vesti/svet/uapsen-shefot-na-danskata-razuznavachka-sluzba-poradi-protekuvanje-doverlivi-informacii/ Tue, 11 Jan 2022 07:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=442890

Шефот на данската контраразузнавачка служба, Ларс Финдсен, е задржан во притвор поради неговата вмешаност во случај со протекување на „многу доверливи“ информации, јави државната телевизија ДР.

Четворица сегашни и поранешни вработени во две дански разузнавачки служби беа уапсени во декември поради објавување на многу доверливи информации. Финдсен е единствениот кој останува во притвор додека трае истрагата.

Веста, која ја пренесе ДР и други локални медиуми, се појави на вчерашното судско рочиште кога беше укината забраната за објавување.

Сакам да бидат покренати обвиненија и се изјаснувам за невин. Ова е целосно лудо - изјави Финдсен пред новинарите по рочиштето.

Случајот, за кој властите објавија многу малку информации, се води зад затворени врати, што значи дека точните наводи и природата на протечените информации не се објавени.

Според телевизијата ДР, која се повикува на неименувани извори, случајот се врти околу протекување доверливи информации во данските медиуми.

Во 2020 година, ДР објави дека Данската одбранбена разузнавачка служба споделила необработени податоци од информативните депеши со американската Агенција за национална безбедност, што значи дека НСА можеби имала пристап до личните податоци и приватните комуникации на дански граѓани.

Минатата година, неколку други локални медиуми објавија извештаи за данските разузнавачки активности врз основа на доверливи информации.

Во одделен случај, Финдсен и четворица други разузнавачки службеници беа суспендирани во август 2020 година, откако независниот комитет што ја надгледуваше разузнавачката служба поднесе обвинение за сериозно недолично однесување. Минатиот месец, истражната комисија ги отфрли обвинувањата и суспензиите беа укинати.

The post Уапсен шефот на данската разузнавачка служба поради протекување доверливи информации appeared first on Република.

]]>

Шефот на данската контраразузнавачка служба, Ларс Финдсен, е задржан во притвор поради неговата вмешаност во случај со протекување на „многу доверливи“ информации, јави државната телевизија ДР. Четворица сегашни и поранешни вработени во две дански разузнавачки служби беа уапсени во декември поради објавување на многу доверливи информации. Финдсен е единствениот кој останува во притвор додека трае истрагата. Веста, која ја пренесе ДР и други локални медиуми, се појави на вчерашното судско рочиште кога беше укината забраната за објавување.
Сакам да бидат покренати обвиненија и се изјаснувам за невин. Ова е целосно лудо - изјави Финдсен пред новинарите по рочиштето.
Случајот, за кој властите објавија многу малку информации, се води зад затворени врати, што значи дека точните наводи и природата на протечените информации не се објавени. Според телевизијата ДР, која се повикува на неименувани извори, случајот се врти околу протекување доверливи информации во данските медиуми. Во 2020 година, ДР објави дека Данската одбранбена разузнавачка служба споделила необработени податоци од информативните депеши со американската Агенција за национална безбедност, што значи дека НСА можеби имала пристап до личните податоци и приватните комуникации на дански граѓани. Минатата година, неколку други локални медиуми објавија извештаи за данските разузнавачки активности врз основа на доверливи информации. Во одделен случај, Финдсен и четворица други разузнавачки службеници беа суспендирани во август 2020 година, откако независниот комитет што ја надгледуваше разузнавачката служба поднесе обвинение за сериозно недолично однесување. Минатиот месец, истражната комисија ги отфрли обвинувањата и суспензиите беа укинати.

The post Уапсен шефот на данската разузнавачка служба поради протекување доверливи информации appeared first on Република.

]]>