размена на територии Archives - Република https://republika.mk/tema/razmena-na-teritorii/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Sep 2022 11:04:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png размена на територии Archives - Република https://republika.mk/tema/razmena-na-teritorii/ 32 32 Фер би било да се разменат територии меѓу Косово и Србија, смета градоначалникот на Бујановац https://republika.mk/vesti/balkan/fer-bi-bilo-da-se-razmenat-teritorii-megju-kosovo-i-srbija-smeta-gradonachalnikot-na-bujanovac/ Tue, 06 Sep 2022 11:04:04 +0000 https://republika.mk/?p=547928

Градоначалникот на Бујановац Нагип Арифи смета дека размената на територии меѓу Косово и Србија би била фер, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти Косово онлајн, Арифи кажа дека „би било коректно Србија да го земе делот северно од Митровица, а Косово Прешевската долина (Бујановац, Прешево и Медвеѓа)“.

Арифи рече дека ова прашање го покренал на почетокот на средбата со косовскиот вицепремиер Бесник Бислими во понеделникот во Бујановац, а како што додаде, Бислими „не одговорил и можеби бил изненаден во тој момент“.

Мислам дека тоа е најдобро решение за Албанците од Прешевската долина како и за Косово. Претседателот Вучиќ (Александар) секогаш спомнуваше компромис и веројатно мислеше на такво нешто. Меѓутоа, тој смета дека само дел од Прешевската долина треба да му се даде на Косово и за возврат да го добие северот, но целата долина треба да му се даде на Косово, рече Арифи за приштинска „Коха“.

Арифи додаде дека е оптимист оти „еден ден ќе има размена на Прешевската долина за северот на Косово“ иако, како што рече, за ова не ги контактирал српските лидери.

Арифи на средбата со Бислими разговарал и за Заедницата на српски општини (ЗСО) и истакна дека доколку на Србите во Косово им се обезбеди овој механизам, тогаш и „Албанците во Долината ќе бидат подготвени да работат во таа насока“.

Тој побара на следните средби со српската страна да се разговара за проблемите на Албанците во Србија, додавајќи дека нивното барање е правата што ги уживаат Србите на Косово да ги уживаат и Албанците во Србија.

Арифи рече дека Бислими ветил дека на средбата со српската делегација ќе се разговара за сите прашања и грижи на Албанците од општините на југот на централна Србија.

The post Фер би било да се разменат територии меѓу Косово и Србија, смета градоначалникот на Бујановац appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Бујановац Нагип Арифи смета дека размената на територии меѓу Косово и Србија би била фер, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти Косово онлајн, Арифи кажа дека „би било коректно Србија да го земе делот северно од Митровица, а Косово Прешевската долина (Бујановац, Прешево и Медвеѓа)“. Арифи рече дека ова прашање го покренал на почетокот на средбата со косовскиот вицепремиер Бесник Бислими во понеделникот во Бујановац, а како што додаде, Бислими „не одговорил и можеби бил изненаден во тој момент“.
Мислам дека тоа е најдобро решение за Албанците од Прешевската долина како и за Косово. Претседателот Вучиќ (Александар) секогаш спомнуваше компромис и веројатно мислеше на такво нешто. Меѓутоа, тој смета дека само дел од Прешевската долина треба да му се даде на Косово и за возврат да го добие северот, но целата долина треба да му се даде на Косово, рече Арифи за приштинска „Коха“.
Арифи додаде дека е оптимист оти „еден ден ќе има размена на Прешевската долина за северот на Косово“ иако, како што рече, за ова не ги контактирал српските лидери. Арифи на средбата со Бислими разговарал и за Заедницата на српски општини (ЗСО) и истакна дека доколку на Србите во Косово им се обезбеди овој механизам, тогаш и „Албанците во Долината ќе бидат подготвени да работат во таа насока“. Тој побара на следните средби со српската страна да се разговара за проблемите на Албанците во Србија, додавајќи дека нивното барање е правата што ги уживаат Србите на Косово да ги уживаат и Албанците во Србија. Арифи рече дека Бислими ветил дека на средбата со српската делегација ќе се разговара за сите прашања и грижи на Албанците од општините на југот на централна Србија.

The post Фер би било да се разменат територии меѓу Косово и Србија, смета градоначалникот на Бујановац appeared first on Република.

]]>