ратификација Archives - Република https://republika.mk/tema/ratifikacija/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Oct 2023 07:42:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ратификација Archives - Република https://republika.mk/tema/ratifikacija/ 32 32 Русија ја повлекува ратификацијата на Договорот за забрана на нуклеарни тестови https://republika.mk/vesti/svet/rusija-ja-povlekuva-ratifikatsijata-na-dogovorot-za-zabrana-na-nuklearni-testovi/ Tue, 17 Oct 2023 07:42:44 +0000 https://republika.mk/?p=691930

Русија ја повлекува ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови (ЦТБТ) поради неодговорниот однос на САД кон глобалната безбедност, изјави денеска претседателот на Долниот дом на рускиот Парламент, Вјачеслав Володин.

Поради безбедноста на нашата земја ја повлекуваме ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарните тестови, истакна Володин пред расправата и гласањето за отповикување на ратификацијата.

Володин потенцира дека Русија го ратификувала Договорот во 2000 година, додека Вашингтон не го направил тоа поради својот „неодговорен однос кон глобалните безбедносни прашања“.

Руската Федерација ќе направи се за да ги заштити своите граѓани и да ја одржи глобалната стратешка еднаквост, додаде Володин.

Русија ја повлекува ратификацијата, но ќе остане потписник и ќе продолжи да соработува со ко-потписничките и со глобалниот систем за мониторинг, кој го предупредува светот за секое тестирање.

The post Русија ја повлекува ратификацијата на Договорот за забрана на нуклеарни тестови appeared first on Република.

]]>

Русија ја повлекува ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови (ЦТБТ) поради неодговорниот однос на САД кон глобалната безбедност, изјави денеска претседателот на Долниот дом на рускиот Парламент, Вјачеслав Володин. Поради безбедноста на нашата земја ја повлекуваме ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарните тестови, истакна Володин пред расправата и гласањето за отповикување на ратификацијата. Володин потенцира дека Русија го ратификувала Договорот во 2000 година, додека Вашингтон не го направил тоа поради својот „неодговорен однос кон глобалните безбедносни прашања“. Руската Федерација ќе направи се за да ги заштити своите граѓани и да ја одржи глобалната стратешка еднаквост, додаде Володин. Русија ја повлекува ратификацијата, но ќе остане потписник и ќе продолжи да соработува со ко-потписничките и со глобалниот систем за мониторинг, кој го предупредува светот за секое тестирање.

The post Русија ја повлекува ратификацијата на Договорот за забрана на нуклеарни тестови appeared first on Република.

]]>
Пратениците ги ратификуваа договорите за признавање на личните карти и дипломите во земјите од Западен Балкан https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenitsite-gi-ratifikuvaa-dogovorite-za-priznavane-na-lichnite-karti-i-diplomite-vo-zemjite-od-zapaden-balkan/ Wed, 19 Apr 2023 13:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=632137

Пратениците на денешната седница ги ратификуваа договорите за меѓусебно признавање на личните карти, за признавање на универзитетските дипломи и за признавање на професионалните квалификации на лекарите по медицина, дентална медицина и архитектите во рамки на земјите од Западен Балкан.

Матичните комисии не доставиле дополнет предлог во контекст на законите, па пратениците без расправа ги изгласаа предлог-законите за ратификација на:

Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан;
Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан и
Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите во контекст на Централно-европскиот Договор за слободна трговија.
Овие договори беа потпишани на самитот на Берлинскиот процес во ноември минатата година од страна на премиерите на Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Владата пред еден месец го одобри текстот на предлог-законите за ратификација на договорите, по што тие беа испратени во Собранието.

Договорот за признавање на личните карти ги олеснува условите за патување со поедноставување на административните процедури за влез, транзит и краток престој само со лична карта, обезбедува еднаков третман за сите граѓани од регионот и ги укинува сите постоечки визи во Западен Балкан.

Со договорот за признавање на универзитетските дипломи се воспоставуваат заеднички правила и процедури за признавање на високообразовните квалификации, се овозможува мобилност на студентите и академскиот кадар на Западен Балкан, се скратува периодот за донесување одлука за признавање на најмногу 14 дена и се укинуваат постојните давачки за студенти за поднесување барања за признавање на високообразовните квалификации. Овој договор се однесува на државните универзитети и постепено ќе се проширува и на приватните.

Договорот за признавање на професионалните квалификации го олеснува движењето на професионалците низ регионот и овозможува обезбедување услуги на лекари, стоматолози и архитекти во Западен Балкан. Овој документ создава и основа за преговори за преостанатите четири регулирани професии, акушерки, медицински сестри, фармацевти и ветеринарни хирурзи, во наредниот период.

The post Пратениците ги ратификуваа договорите за признавање на личните карти и дипломите во земјите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Пратениците на денешната седница ги ратификуваа договорите за меѓусебно признавање на личните карти, за признавање на универзитетските дипломи и за признавање на професионалните квалификации на лекарите по медицина, дентална медицина и архитектите во рамки на земјите од Западен Балкан. Матичните комисии не доставиле дополнет предлог во контекст на законите, па пратениците без расправа ги изгласаа предлог-законите за ратификација на: Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан; Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан и Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите во контекст на Централно-европскиот Договор за слободна трговија. Овие договори беа потпишани на самитот на Берлинскиот процес во ноември минатата година од страна на премиерите на Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Владата пред еден месец го одобри текстот на предлог-законите за ратификација на договорите, по што тие беа испратени во Собранието. Договорот за признавање на личните карти ги олеснува условите за патување со поедноставување на административните процедури за влез, транзит и краток престој само со лична карта, обезбедува еднаков третман за сите граѓани од регионот и ги укинува сите постоечки визи во Западен Балкан. Со договорот за признавање на универзитетските дипломи се воспоставуваат заеднички правила и процедури за признавање на високообразовните квалификации, се овозможува мобилност на студентите и академскиот кадар на Западен Балкан, се скратува периодот за донесување одлука за признавање на најмногу 14 дена и се укинуваат постојните давачки за студенти за поднесување барања за признавање на високообразовните квалификации. Овој договор се однесува на државните универзитети и постепено ќе се проширува и на приватните. Договорот за признавање на професионалните квалификации го олеснува движењето на професионалците низ регионот и овозможува обезбедување услуги на лекари, стоматолози и архитекти во Западен Балкан. Овој документ создава и основа за преговори за преостанатите четири регулирани професии, акушерки, медицински сестри, фармацевти и ветеринарни хирурзи, во наредниот период.

The post Пратениците ги ратификуваа договорите за признавање на личните карти и дипломите во земјите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Владата утврди два предлог закони за ратификации на договори во рамки на „Отворен Балкан“ https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-utvrdi-dva-predlog-zakoni-za-ratifikacii-na-dogovori-vo-ramki-na-otvoren-balkan/ Mon, 10 Oct 2022 16:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=559540

Владата на денешната 89-та седница утврди два предлог закони за ратификации на договори, предложени од Министерството за надворешни работи, коишто се однесуваат на потпишани договори при соработката во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Како што соопшти владината прес-служба, утврден е Предлогот на закон за ратификација на Договорот помеѓу земјите од Западен Балкан од областа на меѓусебното признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции, чија цел е да се олеснат процедурите за признавање.

Тоа е предвидено преку олеснување на институционалната соработка во областа на признавањето на дипломите и научните степени од високо образование, стекнати во земјите на договорните страни, помеѓу канцелариите ENIC/NARIC, се наведува соопштението од владината седница.

Вториот е Предлогот на закон за ратификација на Договорот за соработка во заштита од катастрофи во Западен Балкан, чија цел е договорните страни, во согласност со нивните соодветни расположливи капацитети, да си помагаат една на друга, во случај на катастрофи, кога договорната страна барател, не е во состојба да се справи со последиците од катастрофата, користејќи ги сопствените ресурси.

The post Владата утврди два предлог закони за ратификации на договори во рамки на „Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната 89-та седница утврди два предлог закони за ратификации на договори, предложени од Министерството за надворешни работи, коишто се однесуваат на потпишани договори при соработката во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Како што соопшти владината прес-служба, утврден е Предлогот на закон за ратификација на Договорот помеѓу земјите од Западен Балкан од областа на меѓусебното признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции, чија цел е да се олеснат процедурите за признавање. Тоа е предвидено преку олеснување на институционалната соработка во областа на признавањето на дипломите и научните степени од високо образование, стекнати во земјите на договорните страни, помеѓу канцелариите ENIC/NARIC, се наведува соопштението од владината седница. Вториот е Предлогот на закон за ратификација на Договорот за соработка во заштита од катастрофи во Западен Балкан, чија цел е договорните страни, во согласност со нивните соодветни расположливи капацитети, да си помагаат една на друга, во случај на катастрофи, кога договорната страна барател, не е во состојба да се справи со последиците од катастрофата, користејќи ги сопствените ресурси.

The post Владата утврди два предлог закони за ратификации на договори во рамки на „Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>
Грција уште не ги ратификувала Меморандумите за Македонија, Дендиjас одговара зошто се чека https://republika.mk/vesti/makedonija/grcija-ushte-ne-gi-ratifikuvala-memorandumite-za-makedonija-dendijas-odgovara-zoshto-se-cheka/ Fri, 27 May 2022 13:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=507689

Меморандумите со Македонија ќе бидат ратификувани кога националниот интерес и програмата на Парламентот ќе го дозволат тоа, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во одговор на пратеничко прашање од пратеникот на опозицискиот ПАСОК – Движење на промена, Јоргос Каминис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, пратеникот од ПАСОК истакна дека четири години по Договорот од Преспа и две години откако се доставени до Парламентот, Меморандумите сè уште не се ставени на дневен ред, потенцирајќи дека „станува збор за области на соработка што се многу важни од геополитички, економски и одбранбен аспект“ и побара одговор кога ќе се ратификуваат и зошто доцни ратификацијата.

Станува збор за Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на воздушниот простор над земјава.

Дендиас објасни дека за т.н. „air policing“ реалноста е дека подолго време грчкото Воено воздухопловство е тоа што врши надзор над воздушниот простор на земјава, дури и без ратификација на договорниот текст од грчкиот Парламент, а за европската перспектива истакна дека „Грција дава секаква можна помош за Македонија, како и за Албанија, за да го олесни пристапниот процес, секако со добро познатата условеност во случаите на двете земји“.

Што се однесува до времето, јасно ќе ви одговорам со една реченица: Ќе дојдат кога националниот интерес и програмата на Парламентот ќе го дозволат тоа. Разбирам, има доцнење. Правилно го забележувате тоа. Правилно го споменавте времето, со право споменавте дека постои и национален интерес. Од друга страна, постои поширокиот поглед на националниот интерес, на кој секоја Влада има право. Во оваа смисла, повторувам дека кога ќе се оцени, ќе дојдат на гласање, рече Дендиас.

Каминис коментираше дека Дендиас не ја спомнал главната причина за доцнењето, а тоа е „политичкиот проблем што го има владејачкото мнозинство во внатрешноста“, бидејќи е многу пратеници на владејачката Нова демократија, особено од северниот дел на Грција имаат големи резервири и веројатно нема да постои потребното мнозинство за да бидат изгласани овие протоколи.

Не сакам да го прејудицирам ставот на нашата пратеничка група, но се надевам дека ќе можете да се потпрете на нашите гласови, истакна пратеникот од опозициската ПАСОК- Движење на промена.

Дополнително, осврнувајќи се на последните случувања на меѓународната сцена, тој побара одговор од шефот на грчката дипломатија, како Владата ги гледа односите со Македонија и дали сака нивна нормализација.

Дендиас одговори дека огромното мнозинство од Парламентот смета дека е во интерес на Грција стабилноста на Македонија и пријателските односи со Атина.

Повикани сме да одговориме, дали постоењето, стабилноста, пријателските односи со Грција и европскиот тек на Македонија е или не е во интерес на нашата татковина? И мислам дека огромното мнозинство колеги, без разлика на минатото, има одговорено дека е во интерес на нашата држава. И треба да Ви се заблагодарам за вашата изјава, која секако не е во име на вашата партија, туку е израз на духот на вашата партија, за поддршката на пошироките напори за воспоставување блиски односи со оваа земја, која морам да кажам дека има направено многу важни чекори на пријателски потези кон Грција. Ги усвои во целост европски позиции кон Турција, исто како и Албанија, објасни Дендиас.

Тој додаде дека Грција е земја „која има апсолутен интерес за стабилност на Балканот, има апсолутен интерес да спречи ревизионизам на Балканот и има апсолутен интерес да ги спречи промените на границите на Балканот“.

За Договорот од Преспа и за тоа дали Грција е задоволна од имплементацијата, Дендиас рече дека постојат одредени прашања што се однесуваат на учебниците и на трговските ознаки.

Mеѓутоа, ако прашањето се однесува на општата тенденција, она што јас го перципирам, а чувството ми е сосема скорешно, токму завчера бев во Скопје, е дека се прави напор од другата страна, со проблеми, со огромни реакции од нивната внатрешна опозиција, која одржува целосно контрапродуктивен став, но сепак се прави напор, објасни шефот на грчката дипломатија.

The post Грција уште не ги ратификувала Меморандумите за Македонија, Дендиjас одговара зошто се чека appeared first on Република.

]]>

Меморандумите со Македонија ќе бидат ратификувани кога националниот интерес и програмата на Парламентот ќе го дозволат тоа, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во одговор на пратеничко прашање од пратеникот на опозицискиот ПАСОК – Движење на промена, Јоргос Каминис. Како што јави дописничката на МИА од Атина, пратеникот од ПАСОК истакна дека четири години по Договорот од Преспа и две години откако се доставени до Парламентот, Меморандумите сè уште не се ставени на дневен ред, потенцирајќи дека „станува збор за области на соработка што се многу важни од геополитички, економски и одбранбен аспект“ и побара одговор кога ќе се ратификуваат и зошто доцни ратификацијата. Станува збор за Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на воздушниот простор над земјава. Дендиас објасни дека за т.н. „air policing“ реалноста е дека подолго време грчкото Воено воздухопловство е тоа што врши надзор над воздушниот простор на земјава, дури и без ратификација на договорниот текст од грчкиот Парламент, а за европската перспектива истакна дека „Грција дава секаква можна помош за Македонија, како и за Албанија, за да го олесни пристапниот процес, секако со добро познатата условеност во случаите на двете земји“.
Што се однесува до времето, јасно ќе ви одговорам со една реченица: Ќе дојдат кога националниот интерес и програмата на Парламентот ќе го дозволат тоа. Разбирам, има доцнење. Правилно го забележувате тоа. Правилно го споменавте времето, со право споменавте дека постои и национален интерес. Од друга страна, постои поширокиот поглед на националниот интерес, на кој секоја Влада има право. Во оваа смисла, повторувам дека кога ќе се оцени, ќе дојдат на гласање, рече Дендиас.
Каминис коментираше дека Дендиас не ја спомнал главната причина за доцнењето, а тоа е „политичкиот проблем што го има владејачкото мнозинство во внатрешноста“, бидејќи е многу пратеници на владејачката Нова демократија, особено од северниот дел на Грција имаат големи резервири и веројатно нема да постои потребното мнозинство за да бидат изгласани овие протоколи.
Не сакам да го прејудицирам ставот на нашата пратеничка група, но се надевам дека ќе можете да се потпрете на нашите гласови, истакна пратеникот од опозициската ПАСОК- Движење на промена.
Дополнително, осврнувајќи се на последните случувања на меѓународната сцена, тој побара одговор од шефот на грчката дипломатија, како Владата ги гледа односите со Македонија и дали сака нивна нормализација. Дендиас одговори дека огромното мнозинство од Парламентот смета дека е во интерес на Грција стабилноста на Македонија и пријателските односи со Атина.
Повикани сме да одговориме, дали постоењето, стабилноста, пријателските односи со Грција и европскиот тек на Македонија е или не е во интерес на нашата татковина? И мислам дека огромното мнозинство колеги, без разлика на минатото, има одговорено дека е во интерес на нашата држава. И треба да Ви се заблагодарам за вашата изјава, која секако не е во име на вашата партија, туку е израз на духот на вашата партија, за поддршката на пошироките напори за воспоставување блиски односи со оваа земја, која морам да кажам дека има направено многу важни чекори на пријателски потези кон Грција. Ги усвои во целост европски позиции кон Турција, исто како и Албанија, објасни Дендиас.
Тој додаде дека Грција е земја „која има апсолутен интерес за стабилност на Балканот, има апсолутен интерес да спречи ревизионизам на Балканот и има апсолутен интерес да ги спречи промените на границите на Балканот“. За Договорот од Преспа и за тоа дали Грција е задоволна од имплементацијата, Дендиас рече дека постојат одредени прашања што се однесуваат на учебниците и на трговските ознаки.
Mеѓутоа, ако прашањето се однесува на општата тенденција, она што јас го перципирам, а чувството ми е сосема скорешно, токму завчера бев во Скопје, е дека се прави напор од другата страна, со проблеми, со огромни реакции од нивната внатрешна опозиција, која одржува целосно контрапродуктивен став, но сепак се прави напор, објасни шефот на грчката дипломатија.

The post Грција уште не ги ратификувала Меморандумите за Македонија, Дендиjас одговара зошто се чека appeared first on Република.

]]>