раст на пензии Archives - Република https://republika.mk/tema/rast-na-penzii/ За подобро да се разбереме Thu, 26 May 2022 06:26:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png раст на пензии Archives - Република https://republika.mk/tema/rast-na-penzii/ 32 32 Путин ги зголемува пензиите и минималецот https://republika.mk/vesti/svet/putin-gi-zgolemuva-penziite-i-minimalecot/ Thu, 26 May 2022 06:40:50 +0000 https://republika.mk/?p=507043

Претседателот Владимир Путин денеска нареди зголемување на пензиите и минималната плата за десет отсто со цел да се ублажи влијанието на инфлацијата, но негираше дека сите економски проблеми на Русија се поврзани со војната во Украина.

Со годишната инфлација близу 18 отсто минатиот месец, лидерот на Кремљ призна дека 2022 година ќе биде „тешка“ година за руската економија.

„Кога велам ‘тешка’, тоа не значи дека сите овие тешкотии се поврзани со специјалната воена операција“, рече Путин на состанокот на Државниот совет во Москва, пренесе Ројтерс.

„Затоа што во земјите што не вршат никакви операции, на пример, во Северна Америка, во Европа - инфлацијата е споредлива и, ако се погледне структурата на нивните економии, дури е и повисока отколку кај нас.“

Ројтерс забележува дека неговите коментари го игнорираат фактот дека инфлацијата во западните економии делумно е директна последица на руската војна во Украина, што доведе до зголемување на цените на енергенсите и храната низ целиот свет.

Зголемувањето на пензиите стапува во сила од 1 јуни, а на минималните плати еден месец подоцна. Аналитичарите велат дека чекорите нема да спречат остар пад на реалните приходи.

Путин, чија поддршка по инвазијата на Украина се зголеми за повеќе од 10 проценти, на 82 отсто, според априлската анкета на независниот центар Левада, во март вети дека оваа година ќе ги намали сиромаштијата и нееднаквоста и покрај парализирачките западни санкции и високата инфлација.

Истражувачкиот и експертски институт на банката ВЕБ објави дека зголемувањето на социјалните бенефиции ќе забави, но нема да го спречи падот на реалните приходи, на платите и пензиите на Русија, бидејќи се зема предвид инфлацијата.

The post Путин ги зголемува пензиите и минималецот appeared first on Република.

]]>

Претседателот Владимир Путин денеска нареди зголемување на пензиите и минималната плата за десет отсто со цел да се ублажи влијанието на инфлацијата, но негираше дека сите економски проблеми на Русија се поврзани со војната во Украина. Со годишната инфлација близу 18 отсто минатиот месец, лидерот на Кремљ призна дека 2022 година ќе биде „тешка“ година за руската економија.
„Кога велам ‘тешка’, тоа не значи дека сите овие тешкотии се поврзани со специјалната воена операција“, рече Путин на состанокот на Државниот совет во Москва, пренесе Ројтерс. „Затоа што во земјите што не вршат никакви операции, на пример, во Северна Америка, во Европа - инфлацијата е споредлива и, ако се погледне структурата на нивните економии, дури е и повисока отколку кај нас.“
Ројтерс забележува дека неговите коментари го игнорираат фактот дека инфлацијата во западните економии делумно е директна последица на руската војна во Украина, што доведе до зголемување на цените на енергенсите и храната низ целиот свет. Зголемувањето на пензиите стапува во сила од 1 јуни, а на минималните плати еден месец подоцна. Аналитичарите велат дека чекорите нема да спречат остар пад на реалните приходи. Путин, чија поддршка по инвазијата на Украина се зголеми за повеќе од 10 проценти, на 82 отсто, според априлската анкета на независниот центар Левада, во март вети дека оваа година ќе ги намали сиромаштијата и нееднаквоста и покрај парализирачките западни санкции и високата инфлација. Истражувачкиот и експертски институт на банката ВЕБ објави дека зголемувањето на социјалните бенефиции ќе забави, но нема да го спречи падот на реалните приходи, на платите и пензиите на Русија, бидејќи се зема предвид инфлацијата.

The post Путин ги зголемува пензиите и минималецот appeared first on Република.

]]>
Планираме историско зголемување на пензиите и на платите на вработените во јавниот сектор https://republika.mk/vesti/makedonija/planirame-istorisko-zgolemuvanje-na-penziite-i-na-platite-na-vrabotenite-vo-javniot-sektor/ Fri, 06 May 2022 06:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=498374

Низ социјален дијалог и без политичко влијание ќе се дојде до решение за платите во јавниот сектор, потенцираше вечерва премиерот Димитар Ковачевски, најавувајќи рекордно зголемување на пензиите коешто не е политички мотивирано.

Претседателот на Владата во гостувањето на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 нагласи дека Владата води транспарентни разговори со сите синдикати и дека тој секогаш е на страната на работниците.

– Треба низ социјален дијалог, како што било до сега и како што ќе биде, и низ социјален дијалог ќе дојдеме до решение. Да нема политички влијание, ние покажавме и низ штрајкот на СОНК дека нема политичко влијание од оваа Влада, не беа носени заменски наставници, децата не одеа во училиште две недели, никој не вршеше притисок, посочи Ковачевски.

Премиерот истакна дека во услови на увезена инфлација и светски кризи Владата ја зголеми минималната плата на задоволство на синдикатите. Сепак, како што додаде, дел од нив не сакаа да се постигне договор, веројатно политички мотивирани и сега ги гледаме со протести.

Тој информираше дека ќе има и воспоставување на методологија на раст на пензиите.

– Ќе имаме сега историско најголем раст на пензиите кој што не е политички мотивиран, туку кој што е методолошки и не е во изборна година. Истото треба да биде и со платите во јавниот сектор, порача Ковачевски.

Премиерот истакна дека неговата Влада е единствената која во првите 100 дена одржала толку многу седници за носење одлуки за справување со енергетската криза.

– Производството на електрична енергија го имаме низ факти и бројки, тие покажуваат дека имаме максимално производство на струја во изминатата година. Ние сме единствената Влада која во првите 100 дена одржала толку многу седници за носење одлуки за справување со енергетската криза, во полн капацитет се РЕК Битола, Осломеј, ТЕЦ Неготино и менаџментот на ЕСМ има јасна задача се што е неопходно да се обезбеди за непречено производство. Цената на електричната енергија на светските пазари е малку падната, но ние секако дека мораме да имаме суровини, да имаме полно производство. Немаме 50 години инвестирано во овие системи, ама сега тоа ние го правиме, Ковачевски.

Премиерот додаде дека за Чебрен и Галиште одамна се зборува, но, како што рече, оваа Влада го внесе тој проект во втора фаза, има десетина понудувачи за тој капацитет.

– Се подготвува документацијата која е неопходна да се поднесе. Дополнително инвестираме во обновливи извори на енергија, ќе градиме соларна централа во штипско, а има и голем број светски компании кои сакаат да влезат во енергетскиот сектор. Затоа ќе укажам дека е неодговорно да се мисли само на себе во време на ваква глобална криза. Јас сум во постојана комуникација со Србија, со Бугарија, за да овозможиме непречен проток на храна и непречена трговија,  наведе Ковачевски.

Премиерот посочи дека ребаланс Буџетот можен кон крајот на мај или почеток на јуни, додавајќи дека за и да има некакви блокади во Собранието тој сепак ќе помине.

– Финансирањето на дефицитот во буџетот, заради падот на финансиите во цела Европа и планирањето на сите буџети, не само на нашиот, не било планирано според некои цени, особено пред кризата во Украина. Министерството за финансии и Народната банка пристапија сериозно и мораа да најдат извори на финансирање. Тие мора да го најдат вистинскиот извор, рече Ковачевски.

Во врска со разговорите со ММФ, премиерот рече дека не станува збор за никаков аранжман како што сака да манипулира опозицијата, туку за еден од инструментите на Фондот со далеку поповолни услови.

– Таков инструмент имавме и минатата година, а тој потоа ви дава можност да се зборува и со други инвеститори за обезбедување финансии. Министерството кога ќе заврши со преговорите ќе излезе пред јавноста и јасно ќе биде кажано за што станува збор и под какви услови, посочи Ковачевски.

Зборувајќи за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири, премиерот нагласи дека и тоа е потврда дека пред законот сите се исти.

– И во овој случај со Зекири, и во сите други случаи покажуваме дека пред законот сите се исти. Јас како премиер нема да толерирам незаконско однесување, но мораме да имаме предвид и презумпција на невиност, затоа истражните органи согласно законите да си работат и одлуките кои ги носат да се законити, изјави претседателот на Владата.

The post Планираме историско зголемување на пензиите и на платите на вработените во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>

Низ социјален дијалог и без политичко влијание ќе се дојде до решение за платите во јавниот сектор, потенцираше вечерва премиерот Димитар Ковачевски, најавувајќи рекордно зголемување на пензиите коешто не е политички мотивирано. Претседателот на Владата во гостувањето на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 нагласи дека Владата води транспарентни разговори со сите синдикати и дека тој секогаш е на страната на работниците.
– Треба низ социјален дијалог, како што било до сега и како што ќе биде, и низ социјален дијалог ќе дојдеме до решение. Да нема политички влијание, ние покажавме и низ штрајкот на СОНК дека нема политичко влијание од оваа Влада, не беа носени заменски наставници, децата не одеа во училиште две недели, никој не вршеше притисок, посочи Ковачевски.
Премиерот истакна дека во услови на увезена инфлација и светски кризи Владата ја зголеми минималната плата на задоволство на синдикатите. Сепак, како што додаде, дел од нив не сакаа да се постигне договор, веројатно политички мотивирани и сега ги гледаме со протести. Тој информираше дека ќе има и воспоставување на методологија на раст на пензиите.
– Ќе имаме сега историско најголем раст на пензиите кој што не е политички мотивиран, туку кој што е методолошки и не е во изборна година. Истото треба да биде и со платите во јавниот сектор, порача Ковачевски.
Премиерот истакна дека неговата Влада е единствената која во првите 100 дена одржала толку многу седници за носење одлуки за справување со енергетската криза.
– Производството на електрична енергија го имаме низ факти и бројки, тие покажуваат дека имаме максимално производство на струја во изминатата година. Ние сме единствената Влада која во првите 100 дена одржала толку многу седници за носење одлуки за справување со енергетската криза, во полн капацитет се РЕК Битола, Осломеј, ТЕЦ Неготино и менаџментот на ЕСМ има јасна задача се што е неопходно да се обезбеди за непречено производство. Цената на електричната енергија на светските пазари е малку падната, но ние секако дека мораме да имаме суровини, да имаме полно производство. Немаме 50 години инвестирано во овие системи, ама сега тоа ние го правиме, Ковачевски.
Премиерот додаде дека за Чебрен и Галиште одамна се зборува, но, како што рече, оваа Влада го внесе тој проект во втора фаза, има десетина понудувачи за тој капацитет.
– Се подготвува документацијата која е неопходна да се поднесе. Дополнително инвестираме во обновливи извори на енергија, ќе градиме соларна централа во штипско, а има и голем број светски компании кои сакаат да влезат во енергетскиот сектор. Затоа ќе укажам дека е неодговорно да се мисли само на себе во време на ваква глобална криза. Јас сум во постојана комуникација со Србија, со Бугарија, за да овозможиме непречен проток на храна и непречена трговија,  наведе Ковачевски. Премиерот посочи дека ребаланс Буџетот можен кон крајот на мај или почеток на јуни, додавајќи дека за и да има некакви блокади во Собранието тој сепак ќе помине.
– Финансирањето на дефицитот во буџетот, заради падот на финансиите во цела Европа и планирањето на сите буџети, не само на нашиот, не било планирано според некои цени, особено пред кризата во Украина. Министерството за финансии и Народната банка пристапија сериозно и мораа да најдат извори на финансирање. Тие мора да го најдат вистинскиот извор, рече Ковачевски.
Во врска со разговорите со ММФ, премиерот рече дека не станува збор за никаков аранжман како што сака да манипулира опозицијата, туку за еден од инструментите на Фондот со далеку поповолни услови.
– Таков инструмент имавме и минатата година, а тој потоа ви дава можност да се зборува и со други инвеститори за обезбедување финансии. Министерството кога ќе заврши со преговорите ќе излезе пред јавноста и јасно ќе биде кажано за што станува збор и под какви услови, посочи Ковачевски.
Зборувајќи за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири, премиерот нагласи дека и тоа е потврда дека пред законот сите се исти.
– И во овој случај со Зекири, и во сите други случаи покажуваме дека пред законот сите се исти. Јас како премиер нема да толерирам незаконско однесување, но мораме да имаме предвид и презумпција на невиност, затоа истражните органи согласно законите да си работат и одлуките кои ги носат да се законити, изјави претседателот на Владата.

The post Планираме историско зголемување на пензиите и на платите на вработените во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>
ДУИ: Ги зголемивме пензиите, минималната и просечната плата https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-gi-zgolemivme-penziite-minimalnata-i-prosechnata-plata/ Sat, 05 Mar 2022 14:54:44 +0000 https://republika.mk/?p=468209

Демократската унија за интеграција продолжува да се залага со сите свои кадровски и програмски капацитети во служба на економската благосостојба на граѓаните и подобрувањето на животниот стандард во време на справување со светската економска криза, велат од владејачката партија.

По зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари и просечната плата на 29.943 денари, трендот на подобрување на животниот стандард на граѓаните го продолжуваме со рекордно зголемување на пензиите на вкупно 326.841 пензионери во земјава.

На средбата со претставниците на здруженијата на пензионерите ја договоривме новата методологија на зголемување на пензиите, со која се предвидува од септември оваа година пензионерите да имаат просечно до 900 денари дополнителни средства секој месец во нивните пензии.

Покрај спроведувањето на оваа економска мерка која овозможува соодветно усогласување на пензиите согласно зголемувањето на минималната плата и трошоците за живот, велат од дУИ, се обврзале и овозможиле во месеците март, април и мај на пензионерите да им се обезбеди директна парична помош од 1.000 денари.

Статистичките пресметки предвидуваат дека во текот на 2022 година во буџетот на пензионерите ќе се инкасираат околу 12.000 денари повеќе од 2021 година.

Демократската Унија за Интеграција како дел од Владата посветено ќе продолжи со спроведување на економските мерки за квалитетен живот и заштита на семејниот буџет на граѓаните.

The post ДУИ: Ги зголемивме пензиите, минималната и просечната плата appeared first on Република.

]]>

Демократската унија за интеграција продолжува да се залага со сите свои кадровски и програмски капацитети во служба на економската благосостојба на граѓаните и подобрувањето на животниот стандард во време на справување со светската економска криза, велат од владејачката партија.
По зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари и просечната плата на 29.943 денари, трендот на подобрување на животниот стандард на граѓаните го продолжуваме со рекордно зголемување на пензиите на вкупно 326.841 пензионери во земјава.
На средбата со претставниците на здруженијата на пензионерите ја договоривме новата методологија на зголемување на пензиите, со која се предвидува од септември оваа година пензионерите да имаат просечно до 900 денари дополнителни средства секој месец во нивните пензии. Покрај спроведувањето на оваа економска мерка која овозможува соодветно усогласување на пензиите согласно зголемувањето на минималната плата и трошоците за живот, велат од дУИ, се обврзале и овозможиле во месеците март, април и мај на пензионерите да им се обезбеди директна парична помош од 1.000 денари.
Статистичките пресметки предвидуваат дека во текот на 2022 година во буџетот на пензионерите ќе се инкасираат околу 12.000 денари повеќе од 2021 година.
Демократската Унија за Интеграција како дел од Владата посветено ќе продолжи со спроведување на економските мерки за квалитетен живот и заштита на семејниот буџет на граѓаните.

The post ДУИ: Ги зголемивме пензиите, минималната и просечната плата appeared first on Република.

]]>
Започна дијалогот за континуиран раст на пензиите https://republika.mk/vesti/makedonija/zapochna-dijalogot-za-kontinuiran-rast-na-penziite/ Fri, 18 Feb 2022 14:41:15 +0000 https://republika.mk/?p=460532

Денеска, во Владата на Република Македонија се одржа првиот отворен дијалог за новата методологија која ќе понуди одржлив и континуиран раст на пензиите во иднина. Воедно, се очекува методологијата да ја одржи постигнатата стабилност на Пензискиот фонд.

Анализите ќе овозможат да се дефинира моделот и методологијата на покачување на пензиите, а процесот ќе се одвива низ отворен дијалог и меѓусебно разбирање на сите засегнати страни, исто како што се одвиваше и процесот врзан за покачување на минималната плата.

На средбата во Владата присуствуваа претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери како и Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

На средбата беше потенцирано значењето на социјалниот дијалог како форма преку која се решаваат сите клучни прашања во државата и во кој сите засегнати страни имаат право да го искажат својот став, да дадат сугестија и активно да учествуваат во носењето на одлуките.

„Ова значи придобивка за околу 330.000 наши граѓани, пензионери. Создаваме методологија, систем според кој пензионерите ќе имаат сигурност, извесност и покачувањето на нивните пензии нема да зависи од нечија политичка волја или од тоа дали ќе има избори. Носиме решение на долг рок“, истакна  Битиќи.

„Нашите пензионери имаат право на достоинствена старост, пристоен и мирен живот во своите зрели години. Затоа што речиси целиот свој живот придонесувале за нашата држава и сега е моментот кога ние треба да им возвратиме за целиот нивен влог“, рече министерката Тренчевска.

Таа се осврна и на досегашните политики на Владата на Македонија, со кои пензионерите добиваат редовно законско усогласување на пензиите два пати во годината согласно растот на трошоците за живот и  дополнително усогласување во случај доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%. Јануарските пензии оваа година беа зголемени за 2.9%, што е најголемо зголемување досега.

На средбата, вицепремиерот Битиќи истакна дека грижата за пензионерите е еден од приоритетите на оваа Влада и затоа, и во време на пандемија покрај редовната исплата, пензиите се исплаќаат и предвремено во групи, со цел заштита од ширење на заразата од КОВИД-19.

Предлозите за креирање на новата методологија за континуиран раст на пензиите ќе бидат разгледани и дискусијата за  ова прашање ќе продолжи во периодот кој следува, со цел да дојдеме до најиздржаното решение кое ќе донесе одржлив раст на пензиите на долг рок.

The post Започна дијалогот за континуиран раст на пензиите appeared first on Република.

]]>

Денеска, во Владата на Република Македонија се одржа првиот отворен дијалог за новата методологија која ќе понуди одржлив и континуиран раст на пензиите во иднина. Воедно, се очекува методологијата да ја одржи постигнатата стабилност на Пензискиот фонд. Анализите ќе овозможат да се дефинира моделот и методологијата на покачување на пензиите, а процесот ќе се одвива низ отворен дијалог и меѓусебно разбирање на сите засегнати страни, исто како што се одвиваше и процесот врзан за покачување на минималната плата. На средбата во Владата присуствуваа претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери како и Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. На средбата беше потенцирано значењето на социјалниот дијалог како форма преку која се решаваат сите клучни прашања во државата и во кој сите засегнати страни имаат право да го искажат својот став, да дадат сугестија и активно да учествуваат во носењето на одлуките. „Ова значи придобивка за околу 330.000 наши граѓани, пензионери. Создаваме методологија, систем според кој пензионерите ќе имаат сигурност, извесност и покачувањето на нивните пензии нема да зависи од нечија политичка волја или од тоа дали ќе има избори. Носиме решение на долг рок“, истакна  Битиќи. „Нашите пензионери имаат право на достоинствена старост, пристоен и мирен живот во своите зрели години. Затоа што речиси целиот свој живот придонесувале за нашата држава и сега е моментот кога ние треба да им возвратиме за целиот нивен влог“, рече министерката Тренчевска. Таа се осврна и на досегашните политики на Владата на Македонија, со кои пензионерите добиваат редовно законско усогласување на пензиите два пати во годината согласно растот на трошоците за живот и  дополнително усогласување во случај доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%. Јануарските пензии оваа година беа зголемени за 2.9%, што е најголемо зголемување досега. На средбата, вицепремиерот Битиќи истакна дека грижата за пензионерите е еден од приоритетите на оваа Влада и затоа, и во време на пандемија покрај редовната исплата, пензиите се исплаќаат и предвремено во групи, со цел заштита од ширење на заразата од КОВИД-19. Предлозите за креирање на новата методологија за континуиран раст на пензиите ќе бидат разгледани и дискусијата за  ова прашање ќе продолжи во периодот кој следува, со цел да дојдеме до најиздржаното решение кое ќе донесе одржлив раст на пензиите на долг рок.

The post Започна дијалогот за континуиран раст на пензиите appeared first on Република.

]]>