расположение Archives - Република https://republika.mk/tema/raspolozenie/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Mar 2024 16:21:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png расположение Archives - Република https://republika.mk/tema/raspolozenie/ 32 32 Според нутриционистите оваа храна го подобрува расположението https://republika.mk/zivot/zdravje/spored-nutritsionistite-ovaa-hrana-go-podobruva-raspolozhenieto/ Mon, 18 Mar 2024 16:21:28 +0000 https://republika.mk/?p=756007

Честите и брзи промени на расположението, ако сте под стрес и под притисок, или ПМС и менопауза, можат да се контролираат и смират со вистинскиот избор на храна. Храната која содржи серотонин, помага да се контролираат несаканите чувства.

Секогаш кога ќе почувствувате дека може да закачите таква фаза, јадете, пилешко, житарици, авокадо или банани. Се разбира, може да помогнат и други видови на храна богата со протеини, риби и млечни производи. Оваа храна е одлична кога ви треба енергија, за појадок или во текот на денот, пред некоја напорна работа, важен состанок и слично. За да се избегнат честите промени во расположението, јадете овошје, ореви, моркови или протеински плочи. Но бегајте од висококалорични закуски исполнети со шеќер. Недостатокот на витамин Б може да предизвика промени во расположението. Вегетаријанците и веганите, многу често имаат недостаток на витамин Б12.

Богати извори на витамин Б се грав, кафеав ориз, јогурт, риба, ореви, соја, цели зрна, млечни производи, пилешки и пивски квасец. Бидејќи витаминот Б12 е претежно во производи од животинско потекло, вегетаријанците и веганите можеби ќе треба да го зголемат внесот на овој витамин. Тие можат да го направат ова со конзумирање на храна збогатена со овој витамин, како соја млеко, екстракт од квасец, жито или редовни додатоци. Некои жени со витамин Б6 помагаат да се олеснат симптомите на ПМС. Овој витамин е вклучен во деградацијата на естрогените хормони во црниот дроб и може да има влијание врз расположението, а неговиот недостаток може да доведе до загриженост и напнатост. Истражувањата на калциум покажале дека калциумот помага во промени во расположението, особено кога тие се предизвикани од ПМС.

Калциум

Може да земате таблети со калциум но подобро е да го внесувате преку млеко, јогурт и сирење.

Лосос

Лососот исто така го подига расположението, бидејќи содржи магнезиум, омега-3 масни киселини и витамин Б6, кои се важни состојки за ваквиот проблем.

Соја

Млекото од соја и зрната ја отпуштаат енергијата во нашиот организам, на тој начин помага да се избегнат нагли промени во нивото на шеќер во крвта. сојата е богата со калциум, со витамин Б, омега -3 и многу други важни нутритивни вредности кои се добри за нашиот организам.

 

The post Според нутриционистите оваа храна го подобрува расположението appeared first on Република.

]]>

Честите и брзи промени на расположението, ако сте под стрес и под притисок, или ПМС и менопауза, можат да се контролираат и смират со вистинскиот избор на храна. Храната која содржи серотонин, помага да се контролираат несаканите чувства. Секогаш кога ќе почувствувате дека може да закачите таква фаза, јадете, пилешко, житарици, авокадо или банани. Се разбира, може да помогнат и други видови на храна богата со протеини, риби и млечни производи. Оваа храна е одлична кога ви треба енергија, за појадок или во текот на денот, пред некоја напорна работа, важен состанок и слично. За да се избегнат честите промени во расположението, јадете овошје, ореви, моркови или протеински плочи. Но бегајте од висококалорични закуски исполнети со шеќер. Недостатокот на витамин Б може да предизвика промени во расположението. Вегетаријанците и веганите, многу често имаат недостаток на витамин Б12. Богати извори на витамин Б се грав, кафеав ориз, јогурт, риба, ореви, соја, цели зрна, млечни производи, пилешки и пивски квасец. Бидејќи витаминот Б12 е претежно во производи од животинско потекло, вегетаријанците и веганите можеби ќе треба да го зголемат внесот на овој витамин. Тие можат да го направат ова со конзумирање на храна збогатена со овој витамин, како соја млеко, екстракт од квасец, жито или редовни додатоци. Некои жени со витамин Б6 помагаат да се олеснат симптомите на ПМС. Овој витамин е вклучен во деградацијата на естрогените хормони во црниот дроб и може да има влијание врз расположението, а неговиот недостаток може да доведе до загриженост и напнатост. Истражувањата на калциум покажале дека калциумот помага во промени во расположението, особено кога тие се предизвикани од ПМС. Калциум Може да земате таблети со калциум но подобро е да го внесувате преку млеко, јогурт и сирење. Лосос Лососот исто така го подига расположението, бидејќи содржи магнезиум, омега-3 масни киселини и витамин Б6, кои се важни состојки за ваквиот проблем. Соја Млекото од соја и зрната ја отпуштаат енергијата во нашиот организам, на тој начин помага да се избегнат нагли промени во нивото на шеќер во крвта. сојата е богата со калциум, со витамин Б, омега -3 и многу други важни нутритивни вредности кои се добри за нашиот организам.  

The post Според нутриционистите оваа храна го подобрува расположението appeared first on Република.

]]>
Храна за подобро расположение во тмурни денови https://republika.mk/zivot/zdravje/hrana-za-podobro-raspolozhenie-vo-tmurni-denovi/ Sun, 07 Jan 2024 17:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=730618

Храната што се јаде секој ден е исклучително важна за подобро расположение, за психо-физичкото здравје, но и нормално функционирање во текот на денот. Допаминот, на пр., е еден од хормоните на среќа - го подобрува чувството на задоволство и благосостојба... Одредена храна го стимулира ослободувањето допамин, па затоа е битно да се јадат намирници што го зголемуваат нивото на овој хормон во телото.

Стручњакот за здрав животен стил, Најма Хасан Дијана говори за храната што го подобрува расположението во сиви, тмурни денови.

Темно чоколадо

Тоа, според нутриционистката, е богато со антиоксиданси и е исклучително моќно поради содржината на фенилетиламин - соединение коешто влијае на расположението. Тоа може да биде добра закуска пред тренинг бидејќи го зголемува и нивото на енергија.

Риба и јајца

Овие секојдневни намирници се богати со протеини и се одлични за поттикнување на лачењето допамин. Рибата е дополнително богата со омега-3 масни киселини.

- Додадете и храна богата со протеини во Вашата исхрана. Тоа ни помага да изградиме мускули и за подобро заздравување. Поголемиот внос на протеини е поврзан со подобро расположение, советува Дијана.

Јаткасти плодови и семиња

Тие се извор на здрави масти и разни други хранливи материи. Овие плодови имаат хранлива вредност и се богати со тирозин - аминокиселина којашто го создава допаминот.

Авокадо

Како извор на здрави масти, ова овошје има антиинфламаторно дејство и помага во контрола на нивото на шеќер во крвта. Тоа содржи и значителни количини на фолати, или витамин Б-9 што исто така му помага на мозокот да лачи допамин.

The post Храна за подобро расположение во тмурни денови appeared first on Република.

]]>

Храната што се јаде секој ден е исклучително важна за подобро расположение, за психо-физичкото здравје, но и нормално функционирање во текот на денот. Допаминот, на пр., е еден од хормоните на среќа - го подобрува чувството на задоволство и благосостојба... Одредена храна го стимулира ослободувањето допамин, па затоа е битно да се јадат намирници што го зголемуваат нивото на овој хормон во телото. Стручњакот за здрав животен стил, Најма Хасан Дијана говори за храната што го подобрува расположението во сиви, тмурни денови. Темно чоколадо Тоа, според нутриционистката, е богато со антиоксиданси и е исклучително моќно поради содржината на фенилетиламин - соединение коешто влијае на расположението. Тоа може да биде добра закуска пред тренинг бидејќи го зголемува и нивото на енергија. Риба и јајца Овие секојдневни намирници се богати со протеини и се одлични за поттикнување на лачењето допамин. Рибата е дополнително богата со омега-3 масни киселини. - Додадете и храна богата со протеини во Вашата исхрана. Тоа ни помага да изградиме мускули и за подобро заздравување. Поголемиот внос на протеини е поврзан со подобро расположение, советува Дијана. Јаткасти плодови и семиња Тие се извор на здрави масти и разни други хранливи материи. Овие плодови имаат хранлива вредност и се богати со тирозин - аминокиселина којашто го создава допаминот. Авокадо Како извор на здрави масти, ова овошје има антиинфламаторно дејство и помага во контрола на нивото на шеќер во крвта. Тоа содржи и значителни количини на фолати, или витамин Б-9 што исто така му помага на мозокот да лачи допамин.

The post Храна за подобро расположение во тмурни денови appeared first on Република.

]]>
Храната што ја јадеме влијае на нашето расположение https://republika.mk/zivot/zdravje/hranata-shto-ja-jademe-vlijae-na-nasheto-raspolozhenie-2/ Sun, 29 Jan 2023 21:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=602385

Сите знаеме колку е важна исхраната, бидејќи освен што влијае на целокупното здравје, влијае и на расположението.
Факт е дека од пандемијата, менталното здравје стана топ тема, а кога станува збор за менталното здравје и храната, се поголем број луѓе стануваат свесни дека храната што ја јадеме може сериозно да влијае на нашето расположение, пренесува Eat This.
Истражувањето чии резултати беа објавени во „The British Medical Journal“ покажуваат дека исхраната игра водечка улога во тоа како се чувствуваат нашето тело и мозок.
Имено, лошата исхрана може да доведе до депресија, анксиозност, па дури и агресија, меѓутоа, подобрувањето на исхраната и конзумирањето одредени намирници може да помогне во менталното здравје.
Рејчел Енгелхарт, регистриран диететичар и сертифициран интуитивен советник за исхрана, вели дека одредена храна може да ги поддржи процесите во телото кои се одговорни за позитивното расположение и одржување на енергијата.
Таа тврди дека најдобра храна за добро расположение се масните риби, јогуртот, бананите, урдата, јаткастите плодови, семките и школките.

The post Храната што ја јадеме влијае на нашето расположение appeared first on Република.

]]>

Сите знаеме колку е важна исхраната, бидејќи освен што влијае на целокупното здравје, влијае и на расположението. Факт е дека од пандемијата, менталното здравје стана топ тема, а кога станува збор за менталното здравје и храната, се поголем број луѓе стануваат свесни дека храната што ја јадеме може сериозно да влијае на нашето расположение, пренесува Eat This. Истражувањето чии резултати беа објавени во „The British Medical Journal“ покажуваат дека исхраната игра водечка улога во тоа како се чувствуваат нашето тело и мозок. Имено, лошата исхрана може да доведе до депресија, анксиозност, па дури и агресија, меѓутоа, подобрувањето на исхраната и конзумирањето одредени намирници може да помогне во менталното здравје. Рејчел Енгелхарт, регистриран диететичар и сертифициран интуитивен советник за исхрана, вели дека одредена храна може да ги поддржи процесите во телото кои се одговорни за позитивното расположение и одржување на енергијата. Таа тврди дека најдобра храна за добро расположение се масните риби, јогуртот, бананите, урдата, јаткастите плодови, семките и школките.

The post Храната што ја јадеме влијае на нашето расположение appeared first on Република.

]]>
Седум видови на храна што го подобрува расположението на децата https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/sedum-vidovi-na-hrana-shto-go-podobruvaat-raspolozenieto-na-decata/ Mon, 03 Oct 2022 10:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=556782

Храната може да влијае на среќата на децата, тврдат педијатрите. Имено, истражувањата покажале дека тоа што детето го јаде може позитивно да влијае на неговото расположение, но и на целокупното ментално здравје, пренесува „Мадерли“ (Motherly).

Стручњаците сметаат дека, на пр., чоколадото или рибата на детето не само што му помагаат во неговото учење и помнењето, туку може и да го зголемат чувството на среќа. Следат уште неколку намирници, коишто според стручното мислење, можат да го подобрат расположението на Вашето малечко.

1. Разновидно овошје и зеленчук

Добро е познато дека што поразновидно е овошјето и зеленчукот, толку тоа нуди повеќе фитонутриенти што се борат против стареење на клетките во мозокот и други ткива во телото. Флавоноидите, пак, се поврзани со намалена опасност од депресија и на тој начин влијаат на доброто расположение.

Во едно истражување со деца на возраст меѓу седум и 10 години, се покажало дека и пиењето сок од боровинки богато со флавоноиди ефикасно го подобрува расположението. Општо земено, колку повеќе овошје и зеленчук има на менито на бебето, толку тоа ќе биде позадоволно и посреќно.

2. Зелјести растенија

Говорејќи за нив, особено темните зелјести плодови се богати со железо, фолна киселина, влакна, магнезиум и витамини А и Ц. Овие хранливи материи ја поддржуваат работата на мозокот, но исто така е докажано дека го подобруваат и расположението. Во таа смисла, во исхраната на бебето треба да има цвекло, кељ, спанаќ, блитва и зелена салата.

3. Бобинки

Боровинки, малини, капини – сите тие содржат голем број антиоксиданси, антоцијани и полифеноли. Тие се делотворни против стресот и го подигаат расположението. Исто така, го подобруваат учењето, сосредоточеноста и помнењето.

4. Овес

Оваа житарка е одлична за подобрување на расположението поради високата содржина на триптофан и други хранливи материи како што се витаминот Б, влакна и железо. Овесната каша, или пак, бисквитите – се одличен оброк за малечкото, па освен што се богати со здрави хранливи материи, ќе го подобрат и неговото расположение.

5. Јатки и семиња

Јаткастите плодови и семките содржат влакна, магнезиум и омега-3 масни киселини. Особено се покажа дека оревите го намалуваат стресот и напнатоста поради високото ниво антиоксиданси, вклучувајќи омега-3 масти, фолати и витамин Е.

6. Риба

Таа е богата со омега-3 масни киселини, триптофан и витамин Б-6, па педијатрите препорачуваат да му се дава на детето најмалку двапати во седмицата.

7. Тиква, банана и авокадо

Тиквите содржат триптофан и серотонин – хемикалии за мозокот коишто поттикнуваат опуштање, а бананите се богати со витамин Б-6.

Исто така, бидејќи содржат комбинација од јаглени хидрати и растителни влакна, бананите помагаат и за стабилизирање на нивото шеќер во крвта и придонесуваат за поголема контрола на расположението.

И на крај, авокадото – храна богата со витамини, минерали и растителни влакна, докажано делува и за добро расположение.

The post Седум видови на храна што го подобрува расположението на децата appeared first on Република.

]]>

Храната може да влијае на среќата на децата, тврдат педијатрите. Имено, истражувањата покажале дека тоа што детето го јаде може позитивно да влијае на неговото расположение, но и на целокупното ментално здравје, пренесува „Мадерли“ (Motherly). Стручњаците сметаат дека, на пр., чоколадото или рибата на детето не само што му помагаат во неговото учење и помнењето, туку може и да го зголемат чувството на среќа. Следат уште неколку намирници, коишто според стручното мислење, можат да го подобрат расположението на Вашето малечко.

1. Разновидно овошје и зеленчук

Добро е познато дека што поразновидно е овошјето и зеленчукот, толку тоа нуди повеќе фитонутриенти што се борат против стареење на клетките во мозокот и други ткива во телото. Флавоноидите, пак, се поврзани со намалена опасност од депресија и на тој начин влијаат на доброто расположение. Во едно истражување со деца на возраст меѓу седум и 10 години, се покажало дека и пиењето сок од боровинки богато со флавоноиди ефикасно го подобрува расположението. Општо земено, колку повеќе овошје и зеленчук има на менито на бебето, толку тоа ќе биде позадоволно и посреќно.

2. Зелјести растенија

Говорејќи за нив, особено темните зелјести плодови се богати со железо, фолна киселина, влакна, магнезиум и витамини А и Ц. Овие хранливи материи ја поддржуваат работата на мозокот, но исто така е докажано дека го подобруваат и расположението. Во таа смисла, во исхраната на бебето треба да има цвекло, кељ, спанаќ, блитва и зелена салата.

3. Бобинки

Боровинки, малини, капини – сите тие содржат голем број антиоксиданси, антоцијани и полифеноли. Тие се делотворни против стресот и го подигаат расположението. Исто така, го подобруваат учењето, сосредоточеноста и помнењето.

4. Овес

Оваа житарка е одлична за подобрување на расположението поради високата содржина на триптофан и други хранливи материи како што се витаминот Б, влакна и железо. Овесната каша, или пак, бисквитите – се одличен оброк за малечкото, па освен што се богати со здрави хранливи материи, ќе го подобрат и неговото расположение.

5. Јатки и семиња

Јаткастите плодови и семките содржат влакна, магнезиум и омега-3 масни киселини. Особено се покажа дека оревите го намалуваат стресот и напнатоста поради високото ниво антиоксиданси, вклучувајќи омега-3 масти, фолати и витамин Е.

6. Риба

Таа е богата со омега-3 масни киселини, триптофан и витамин Б-6, па педијатрите препорачуваат да му се дава на детето најмалку двапати во седмицата.

7. Тиква, банана и авокадо

Тиквите содржат триптофан и серотонин – хемикалии за мозокот коишто поттикнуваат опуштање, а бананите се богати со витамин Б-6. Исто така, бидејќи содржат комбинација од јаглени хидрати и растителни влакна, бананите помагаат и за стабилизирање на нивото шеќер во крвта и придонесуваат за поголема контрола на расположението. И на крај, авокадото – храна богата со витамини, минерали и растителни влакна, докажано делува и за добро расположение.

The post Седум видови на храна што го подобрува расположението на децата appeared first on Република.

]]>