распишани Archives - Република https://republika.mk/tema/raspishani/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 11:46:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png распишани Archives - Република https://republika.mk/tema/raspishani/ 32 32 Распишани се конкурсите за наградите „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и „Мето Јовановски“ https://republika.mk/vesti/kultura/raspishani-se-konkursite-za-nagradite-mito-hadhi-vasilev-jasmin-i-meto-jovanovski/ Mon, 30 Sep 2024 11:46:28 +0000 https://republika.mk/?p=821029

Денеска се распишани конкурсите за државните награди „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и „Мето Јовановски“ за 2024 година. Конкурсите траат од 1 до 31 октомври, соопштија од Министеството за култура.

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Државната награда се врачува во Собранието на 21 декември, денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин.

Иницијатива за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Конкурсот трае од 1 до 31 октомври 2024 година.

Со државната награда „Мето Јовановски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Наградата се доделува секоја година на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права.

Државната награда им се доделува на поединци, здруженија на граѓани, неформални групи и други правни субјекти.

Иницијатива за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ може да поднесат здруженија на граѓани, граѓани, странски државјани, како и други правни субјекти во земјава и во странство.

Конкурсот ќе трае од 1 до 31 октомври 2024 година.

The post Распишани се конкурсите за наградите „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и „Мето Јовановски“ appeared first on Република.

]]>

Денеска се распишани конкурсите за државните награди „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и „Мето Јовановски“ за 2024 година. Конкурсите траат од 1 до 31 октомври, соопштија од Министеството за култура. Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Државната награда се врачува во Собранието на 21 декември, денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин. Иницијатива за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Конкурсот трае од 1 до 31 октомври 2024 година. Со државната награда „Мето Јовановски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Наградата се доделува секоја година на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права. Државната награда им се доделува на поединци, здруженија на граѓани, неформални групи и други правни субјекти. Иницијатива за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ може да поднесат здруженија на граѓани, граѓани, странски државјани, како и други правни субјекти во земјава и во странство. Конкурсот ќе трае од 1 до 31 октомври 2024 година.

The post Распишани се конкурсите за наградите „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и „Мето Јовановски“ appeared first on Република.

]]>
Распишани претседателските и парламентарните избори 2024 https://republika.mk/vesti/makedonija/raspishani-pretsedatelskite-i-parlamentarnite-izbori-2024/ Wed, 14 Feb 2024 16:57:48 +0000 https://republika.mk/?p=744174

Претседателот на Собранието Јован Митрески попладнево ги распиша претседателските и парламентарните избори 2024. Првиот круг од претседателските избори се закажани на 24 април, додека вториот круг ќе се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.

Денеска, во согласност со мојата уставна надлежност и уставно предвидените рокови, ги потпишав решенијата за распишување на изборите за претседател на Република Македонија и за пратеници во Собранието. Како што е познато, првиот круг од седмите претседателски избори во земјава ќе се одржи на 24 април 2024 година, додека вториот изборен круг за претседател ќе биде во ист ден со гласањето за единаесеттите парламентарни избори, односно на 8 мај - рече Митрески.

Согласно Изборниот законик, роковите за спроведување изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавување на Решението во Службен весник.

Верувам дека во изборниот период што претстои, сите надлежни институции, но и сите инволвирани субјекти ќе дадат свој придонес да имаме фер и демократски изборен процес, на ниво какво што заслужува една демократска држава, членка на НАТО, држава која го оди патот кон полноправно членство во Европската Унија - рече Митрески.

Република  Македонија, во последните изборни процеси, рече тој, покажа дека има капацитет да организира демократски избори, во согласност со европските вредности и принципи.

Како држава воспоставивме стандарди кои мора само да ги унапредуваме и надградуваме и во никој случај не смееме да дозволиме да се вратиме назад. Гласањето на избори, односно можноста граѓаните преку гласачкото ливче да го искажат сопствениот став, е врвен чин на демократијата. Тоа е можност граѓаните со својот глас да ја определат својата иднина. Убеден сум дека и на овие избори граѓаните ќе го направат вистинскиот избор и ќе изберат иднина каква што посакуваме и каква што нашата држава заслужува - рече Митрески.

Откако решението за изборите ќе биде објавено во Службен весник, треба да заседава Државната изборна комисија која ќе усвои роковници со што и официјално ќе почнат да течат изборните дејствија.

The post Распишани претседателските и парламентарните избори 2024 appeared first on Република.