Раскол Archives - Република https://republika.mk/tema/raskol/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 14:28:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Раскол Archives - Република https://republika.mk/tema/raskol/ 32 32 Да не беше Заев, Филипче немаше да победи https://republika.mk/vesti/makedonija/da-ne-beshe-zaev-filipche-nemashe-da-pobedi/ Mon, 15 Jul 2024 14:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=797117

Во последната епизода на емисијата „На кавга со Иван“, еден од кандидатите за лидер на СДСМ, Јован Деспотовски, упати сериозни критики кон новоизбраниот лидер на СДСМ, Венко Филипче. Деспотовски истакна дека Филипче не успева да го обедини партиското членство и да ја врати довербата на гласачите. Според него, Филипче покажува недостаток на визија и неспособност за справување со предизвиците што ја очекуваат партијата.

https://youtube.com/shorts/s6QxHi_rLUk?si=IGob2YyV0Fo1-_Z7

Поделби во СДСМ

Според експертите, СДСМ е поделена на групи на интерес кои се фокусирани на лични борби за моќ и превласт, наместо на потребите на народот. Овие групи, вклучувајќи ја и онаа што го контролира Филипче, се обвинети за зачувување на сопствените интереси, што дополнително ја комплицира ситуацијата во партијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/konfliktot-vo-sdsm-eskalirashe-karanitsi-i-nevredi-na-site-strani/

Јавни реакции

Критиките на Деспотовски предизвикаа бурни реакции во јавноста откако многу граѓани ја изразија својата загриженост за иднината на партијата. Политичките аналитичари велат дека ваквите поделби можат да доведат до сериозни последици за СДСМ, особено во поглед на престојните избори и довербата на гласачите.

Оваа ситуација ја отвори вратата за дебати околу потребата од ново лидерство и стратегија во партијата, кое ќе успее да ги обедини сите членови и да се справи со тековните предизвици.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bogoev-preku-slika-ja-opisha-loshata-sostjba-vo-sdsm/

The post Да не беше Заев, Филипче немаше да победи appeared first on Република.

]]>

Во последната епизода на емисијата „На кавга со Иван“, еден од кандидатите за лидер на СДСМ, Јован Деспотовски, упати сериозни критики кон новоизбраниот лидер на СДСМ, Венко Филипче. Деспотовски истакна дека Филипче не успева да го обедини партиското членство и да ја врати довербата на гласачите. Според него, Филипче покажува недостаток на визија и неспособност за справување со предизвиците што ја очекуваат партијата. https://youtube.com/shorts/s6QxHi_rLUk?si=IGob2YyV0Fo1-_Z7

Поделби во СДСМ

Според експертите, СДСМ е поделена на групи на интерес кои се фокусирани на лични борби за моќ и превласт, наместо на потребите на народот. Овие групи, вклучувајќи ја и онаа што го контролира Филипче, се обвинети за зачувување на сопствените интереси, што дополнително ја комплицира ситуацијата во партијата. https://republika.mk/vesti/makedonija/konfliktot-vo-sdsm-eskalirashe-karanitsi-i-nevredi-na-site-strani/

Јавни реакции

Критиките на Деспотовски предизвикаа бурни реакции во јавноста откако многу граѓани ја изразија својата загриженост за иднината на партијата. Политичките аналитичари велат дека ваквите поделби можат да доведат до сериозни последици за СДСМ, особено во поглед на престојните избори и довербата на гласачите. Оваа ситуација ја отвори вратата за дебати околу потребата од ново лидерство и стратегија во партијата, кое ќе успее да ги обедини сите членови и да се справи со тековните предизвици. https://republika.mk/vesti/makedonija/bogoev-preku-slika-ja-opisha-loshata-sostjba-vo-sdsm/

The post Да не беше Заев, Филипче немаше да победи appeared first on Република.

]]>
Тепачка меѓу функционери на ДУИ, паднале шамари во Гостивар https://republika.mk/vesti/makedonija/tepachka-megu-funktsioneri-na-dui-padnale-shamari-vo-gostivar/ Fri, 19 Apr 2024 11:56:19 +0000 https://republika.mk/?p=768027

По судирите и тепачките во Струга, поделбата меѓу противниците на Европскиот фронт продолжи и во гостиварскиот огранок, објави порталот на албански јазик „Фол“. Додека претходно во Струга дошло до судир меѓу симпатизери на ДУИ и симпатизери на Зијадин Села, во Гостивар се случила физичка пресметка меѓу Невзат Бејта, кој е потпретседател на ДУИ, и Валдет Џафери, кој е шеф на огранокот на ДУИ во овој град, пишува „Фол“.

Како што дознава порталот, Невзат Бејта и Валдет Џафери првично имале вербална пресметка која потоа ескалирала по што Бејта му удрил шлаканица на Џафери.

Според порталот судирите во ДУИ почнаа по судирот на оваа партија со ДПА, Зијадин Села и со многу други новоформирани партии, а причина за препукувањата се позициите и политичкиот простор кој е многу тесен поради големиот број партии во коалиција предводена од ДУИ објавува „Фол“.

The post Тепачка меѓу функционери на ДУИ, паднале шамари во Гостивар appeared first on Република.

]]>

По судирите и тепачките во Струга, поделбата меѓу противниците на Европскиот фронт продолжи и во гостиварскиот огранок, објави порталот на албански јазик „Фол“. Додека претходно во Струга дошло до судир меѓу симпатизери на ДУИ и симпатизери на Зијадин Села, во Гостивар се случила физичка пресметка меѓу Невзат Бејта, кој е потпретседател на ДУИ, и Валдет Џафери, кој е шеф на огранокот на ДУИ во овој град, пишува „Фол“. Како што дознава порталот, Невзат Бејта и Валдет Џафери првично имале вербална пресметка која потоа ескалирала по што Бејта му удрил шлаканица на Џафери. Според порталот судирите во ДУИ почнаа по судирот на оваа партија со ДПА, Зијадин Села и со многу други новоформирани партии, а причина за препукувањата се позициите и политичкиот простор кој е многу тесен поради големиот број партии во коалиција предводена од ДУИ објавува „Фол“.

The post Тепачка меѓу функционери на ДУИ, паднале шамари во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Селмани: Алијанса на Албанците е најголем губитник во партискиот раскол https://republika.mk/vesti/makedonija/selmani-alijansa-na-albantsite-e-najgolem-gubitnik-vo-partiskiot-raskol/ Thu, 08 Feb 2024 21:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=741993

Состојбите во Алијанса на Албанците не се изненадување за поранешниот министер Имер Селмани, кој во вечерашното издание на Вин-Вин рече дека се минува низ најлошиот епилог во внатрепартиските однесувања во изминатите три-четири месеци, но и партиското позиционирање во пресрет на претседателските и парламентарни избори.

Лично ги познавам повеќето луѓе во структурата на Алијанса на Албанците. И Таравари и Села ги познавам најмалку 20-тина години. Имаше ситни недоразбирања во последните шест месеци, меѓутоа ниту јас на крај не очекував дека толку драматично ќе биде почетокот на една голема поделба во Алијанса на Албанците, изјави Селмани.

Најголем губитник, според него, ќе биде партијата, самите членови, самата структура, самите граѓани кои полагаа одредени надежи во таа партија.

Структурата во подграноците, ограноците сега треба да одлучуваат меѓу Села и Таравари. Знам дека на многу луѓе им паѓа многу тешко и тешко се одлучуваат со кого ќе продолжат понатаму, рече Селмани.

The post Селмани: Алијанса на Албанците е најголем губитник во партискиот раскол appeared first on Република.

Алиу: ДУИ прави раскол во Алијанса за Албанците https://republika.mk/vesti/makedonija/aliu-dui-pravi-raskol-vo-alijansa-za-albantsite/ Thu, 08 Feb 2024 19:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=741979

Министерот за информатичко општество и администрација од Алијанса за Албанците, Азир Алиу, кого Владата го предложи да биде разрешен заедно со неговиот сопартиец министерот за здравство Фатмир Меџити, во четвртокот вечерта пред почетокот на партиското собрание што се одржува во Куманово, кажа дека нема отцепување на Алијанса за Албанците.

Нема отцепување на Алијанса за Албанците, бидејќи ние сме Алијансата, другите се ДУИ-сти во Алијанса за Албанците така да тие дали ќе бидат заедно, дали ќе бидат на посебна листа, дали ќе формираат нова политичка партија не знам“, рече Алиу.

Во нашиот политички систем, кажа Алиу првпат се случува една политичка партија да влегува и да прави политички процеси во друга политичка партија.

Тука мислам на ДУИ, којашто делува и прави раскол во Алијанса за Албанците, рече Алиу, додавајќи дека според него вечерва на собранието се присутни над 85 од членовите.

Прашан да го искоментира предлогот за негово разрешување, кажа дека се уште не го видел мејлот и да види кој бара негово разрешување.

Јас утре ќе бидам во Собрание, ќе држам мој говор, така што ќе видиме“, рече Алиу.

За утре е закажана собраниска седница за разрешување на министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, двајцата од Алијанса за Албанците, кои го поддржаа актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари што се залага за предизборна коалиција со Европскиот сојуз за промени.

The post Алиу: ДУИ прави раскол во Алијанса за Албанците appeared first on Република.

Раскол во Сојузот на пензионери, незадоволни членови излегоа на протест пред седиштето https://republika.mk/vesti/makedonija/raskol-vo-sojuzot-na-penzioneri-nezadovolni-chlenovi-izlegoa-na-protest-pred-sedishteto/ Tue, 06 Jun 2023 11:25:33 +0000 https://republika.mk/?p=648405

Незадоволна група на пензионери денеска со собир пред зградата на ССМ го искажаа своето незпротив од актуелното раководство на Сојузот на пензионери.

Тие упатуваат критики кон старо-новата актуелна претседателка и нејзиното нетранспарентно работење. Велат избрана е нелегално и никој не знае на што или како ова раководство ги троши парите.

The post Раскол во Сојузот на пензионери, незадоволни членови излегоа на протест пред седиштето appeared first on Република.

]]>

Незадоволна група на пензионери денеска со собир пред зградата на ССМ го искажаа своето незпротив од актуелното раководство на Сојузот на пензионери. Тие упатуваат критики кон старо-новата актуелна претседателка и нејзиното нетранспарентно работење. Велат избрана е нелегално и никој не знае на што или како ова раководство ги троши парите.  

The post Раскол во Сојузот на пензионери, незадоволни членови излегоа на протест пред седиштето appeared first on Република.

]]>
И во СДСМ и во ДУИ има сериозни внатрепартиски несогласувања како се движи Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/i-vo-sdsm-i-vo-dui-ima-seriozni-vnatrepartiski-nesoglasuvana-kako-se-dvizhi-makedonija/ Sat, 21 Jan 2023 08:12:45 +0000 https://republika.mk/?p=599295

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во неговото гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат, говорејќи за политичката состојба во земјава истакна дека по сите мерења на јавното мислење во последниов период, општа конистатација е дека граѓаните посакуваат промена на власта и дека на Македонија и се потребни избори.

Тоа што можеме да го констатираме како ноторен факт е дека по сите анкети на јавно мислење кои што се појавија во последниов период, независно кој беше нарачател на истите, општа констатација е дека Македонија се движи во погрешна насока, дека граѓаните посакуваат промена на власта и дека е потребно Македонија да има избори по кои што ќе почне да се движи, се надеваме во правилна насока со формирање на нова влада, истакна Муцунски.

Тој додаде ваквото расположение кај граѓаните го чувствуваат и дел од пратениците од постоечкото парламентарно мнозинство кои сериозно размислуваат за нивните позиции во рамките на истото.

Таквите инормации и таквиот пулс на граѓаните верувам дека го чувствуваат и дел од пратениците кои што се дел од парламентарното мнозинство и да има одредени информации коишто пристигнуваат до нас дека одредени пратеници, дел токму од тоа постоечко парламентарно мнозинство размислуваат сериозно за своите позиции во рамките на функционирањето на истото. Јас тоа што можам да го констатирам по претходната пракса е дека при постоење на неколку вакви пратеници, верувам дека притисоците се огромни. Тешко е да се предвиди тие луѓе како ќе постапуваат, но тоа што исто така можеме да го констатираме е дека веќе има повеќе јавни изјави и во рамките на ДУИ и во рамките на пратеничката група на СДСМ кои што упатуваат дека во тие партии постојат сериозни проблеми, сериозни несогласувања и сериозно различни размислувања по однос на начинот на којшто оваа постоечка влада ја движи Република Македонија, рече тој.

The post И во СДСМ и во ДУИ има сериозни внатрепартиски несогласувања како се движи Македонија appeared first on Република.

Груби: Нема раскол во ДУИ, видовте дека сите вчера беа построени зад Ахмети https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-nema-raskol-vo-dui-vidovte-deka-site-vchera-bea-postroeni-zad-ahmeti/ Fri, 30 Sep 2022 12:03:29 +0000 https://republika.mk/?p=556010

Нема раскол во ДУИ, па нели видовте вчера дека сите беа построени зад лидерот Али Ахмети. Вака одговори најблискиот соработник на Ахмети и прв вицепремиер на новинарско прашање поврзано со барањето на „огнената група“ за негово разрешување од функциите, посочувајќи на тој начин на вчерашната средба на скопската група од „огнените“ со лидерот Ахмети одржана во Мала Речица.

Прашан за барањето за негово разрешување и дали смета дека е незаменлив во ДУИ, Груби рече:

„Не само ДУИ, туку кој било општествен процес може без секого, но се наоѓаме во пресудни моменти на енергетска криза и на други кризи кога секој од нас треба да даде придонес за надминување на проблемите, пред сѐ во интерес на државата и граѓаните. Јас имам најмалку заслуги за ДУИ, најмногу заслуги секако има Ахмети, како и сите членови на ДУИ во изминатите години“.

Тој потоа и нагласи:

„Нема Ахмети потреба од ДУИ, туку ДУИ има потреба од Ахмети. Видовте вчера, сите беа построени зад Ахмети“.

The post Груби: Нема раскол во ДУИ, видовте дека сите вчера беа построени зад Ахмети appeared first on Република.

]]>

Нема раскол во ДУИ, па нели видовте вчера дека сите беа построени зад лидерот Али Ахмети. Вака одговори најблискиот соработник на Ахмети и прв вицепремиер на новинарско прашање поврзано со барањето на „огнената група“ за негово разрешување од функциите, посочувајќи на тој начин на вчерашната средба на скопската група од „огнените“ со лидерот Ахмети одржана во Мала Речица. Прашан за барањето за негово разрешување и дали смета дека е незаменлив во ДУИ, Груби рече:
„Не само ДУИ, туку кој било општествен процес може без секого, но се наоѓаме во пресудни моменти на енергетска криза и на други кризи кога секој од нас треба да даде придонес за надминување на проблемите, пред сѐ во интерес на државата и граѓаните. Јас имам најмалку заслуги за ДУИ, најмногу заслуги секако има Ахмети, како и сите членови на ДУИ во изминатите години“.
Тој потоа и нагласи:
„Нема Ахмети потреба од ДУИ, туку ДУИ има потреба од Ахмети. Видовте вчера, сите беа построени зад Ахмети“.

The post Груби: Нема раскол во ДУИ, видовте дека сите вчера беа построени зад Ахмети appeared first on Република.

]]>
Ахмети за расколот во ДУИ: Има меѓучовечки односи со одредени луѓе кои не се добри https://republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-za-raskolot-vo-dui-ima-megjuchovechki-odnosi-so-odredeni-lugje-koi-ne-se-dobri/ Thu, 29 Sep 2022 18:34:28 +0000 https://republika.mk/?p=555775

Има меѓучовечки односи кои не се добри, но не во целина, туку се одредени луѓе. Овие работи треба да се поправат, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по денешната средба со членовите на партиските ограноци од Чаир и Сарај, кои пред неколку дена преку писмо обвинуваа дека во партијата речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски тела и дека политичкото одлучување, станало индивидуално.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ognenata-grupa-na-sredba-so-ahmeti-vo-mala-rechica-bedzeti-ostanuva-protiv-vladata/

Со овие пресметки се занимавам веќе 20 години. Извршната власт има други проблеми, органоците и општините имаат други проблеми и природно се појавуваат противречности меѓу овие институции, што е природно. Со извршната власт, раководители на ограноци зборувавме да се средат тие нејаснотии, недоразбирања. Во спротивно, нема ништо загрижувачко. Нема ништо од тоа што се зборува дека ќе се создаде нова партија, изјави Ахмети.

Според него, средбите се конструктивни и треба да постои дебата. Денешната средба со ограноците од Сарај и Чаир поминала добро и посочи дека ништо не е непоправливо.

Меѓучовечките односи се над се. Функциите доаѓаат и си одат, но човештвото останува. И во семејството имате кавги и никој не може да каже дека има идеални односи, но може да се случат и несогласувања. Но, да најдеме енергија да ги надминеме овие несогласувања бидејќи ни претстојат големи цели, рече Ахмети.

The post Ахмети за расколот во ДУИ: Има меѓучовечки односи со одредени луѓе кои не се добри appeared first on Република.

]]>

Има меѓучовечки односи кои не се добри, но не во целина, туку се одредени луѓе. Овие работи треба да се поправат, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по денешната средба со членовите на партиските ограноци од Чаир и Сарај, кои пред неколку дена преку писмо обвинуваа дека во партијата речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски тела и дека политичкото одлучување, станало индивидуално. https://republika.mk/vesti/makedonija/ognenata-grupa-na-sredba-so-ahmeti-vo-mala-rechica-bedzeti-ostanuva-protiv-vladata/
Со овие пресметки се занимавам веќе 20 години. Извршната власт има други проблеми, органоците и општините имаат други проблеми и природно се појавуваат противречности меѓу овие институции, што е природно. Со извршната власт, раководители на ограноци зборувавме да се средат тие нејаснотии, недоразбирања. Во спротивно, нема ништо загрижувачко. Нема ништо од тоа што се зборува дека ќе се создаде нова партија, изјави Ахмети.
Според него, средбите се конструктивни и треба да постои дебата. Денешната средба со ограноците од Сарај и Чаир поминала добро и посочи дека ништо не е непоправливо.
Меѓучовечките односи се над се. Функциите доаѓаат и си одат, но човештвото останува. И во семејството имате кавги и никој не може да каже дека има идеални односи, но може да се случат и несогласувања. Но, да најдеме енергија да ги надминеме овие несогласувања бидејќи ни претстојат големи цели, рече Ахмети.

The post Ахмети за расколот во ДУИ: Има меѓучовечки односи со одредени луѓе кои не се добри appeared first on Република.

]]>
Aко горам јас, ќе горите и вие – им ветил висок функционер на СДСМ на своите сопартијци https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-goram-jas-kje-gorite-i-vie-im-vetil-visok-funkcioner-na-sdsm-na-svoite-sopartijci/ Thu, 04 Aug 2022 15:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=536823

Високо профилиран функционер на СДСМ деновиве упатил порака до актуелни и бивши највисоки партиски функционери дека не планира сам да преземе одговорност за криминалот и корупцијата која се случувала и се уште се случува во институциите под контрола на владата, открива „Експрес“.

Како што пишува порталот, функционерот кој деновиве е под силен притисок од обвинителството, својата пораката пред се ја упатува до двете крила на СДСМ кои се контролираат од Струмица и Куманово но и до членови на скопското крило кое знаело или биле дел од голем број спорни настани.

Функционерот, според партиски извори на „Експрес“ се чувствувал предаден затоа што дел од неговите „активности” биле координирани со актуелни и екс највисоки функционери а сега тие се оградувале од него. Тој тврдел дека употребата на институцијата што ја вршел со знаење на „повисоките” инстанци не претставувала криминал и туку обезбедувала средства за други законски цели кои поради „специфичноста” не можеле да бидат финансирани од редовниот буџет.

Интервенцијата на повисоки кругови во јавното обвинителство кое направило обид да го спаси со ревизија на неговиот случај го сметал за позитивна реакција на неговата партија но не и доволна затоа што очекувал итна смена на обвинител кој го гони. Добро упатени партиските извори тврдат дека тој е решен да оди до крај и дека ако не биде запрен прогонот кон него тој ќе открие работи кои треба да замислат многумина во врвот на СДСМ, пишува „Експрес“.

The post Aко горам јас, ќе горите и вие – им ветил висок функционер на СДСМ на своите сопартијци appeared first on Република.

]]>

Високо профилиран функционер на СДСМ деновиве упатил порака до актуелни и бивши највисоки партиски функционери дека не планира сам да преземе одговорност за криминалот и корупцијата која се случувала и се уште се случува во институциите под контрола на владата, открива „Експрес“. Како што пишува порталот, функционерот кој деновиве е под силен притисок од обвинителството, својата пораката пред се ја упатува до двете крила на СДСМ кои се контролираат од Струмица и Куманово но и до членови на скопското крило кое знаело или биле дел од голем број спорни настани. Функционерот, според партиски извори на „Експрес“ се чувствувал предаден затоа што дел од неговите „активности” биле координирани со актуелни и екс највисоки функционери а сега тие се оградувале од него. Тој тврдел дека употребата на институцијата што ја вршел со знаење на „повисоките” инстанци не претставувала криминал и туку обезбедувала средства за други законски цели кои поради „специфичноста” не можеле да бидат финансирани од редовниот буџет. Интервенцијата на повисоки кругови во јавното обвинителство кое направило обид да го спаси со ревизија на неговиот случај го сметал за позитивна реакција на неговата партија но не и доволна затоа што очекувал итна смена на обвинител кој го гони. Добро упатени партиските извори тврдат дека тој е решен да оди до крај и дека ако не биде запрен прогонот кон него тој ќе открие работи кои треба да замислат многумина во врвот на СДСМ, пишува „Експрес“.  

The post Aко горам јас, ќе горите и вие – им ветил висок функционер на СДСМ на своите сопартијци appeared first on Република.

]]>