расказ Archives - Република https://republika.mk/tema/raskaz/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 09:47:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png расказ Archives - Република https://republika.mk/tema/raskaz/ 32 32 Вечерва на Дијана Петрова ќе и биде врачена наградата за најдобар расказ на конкурсот „Живко Чинго“ https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-na-dijana-petrova-ke-i-bide-vrachena-nagradata-za-najdobar-raskaz-na-konkursot-zhivko-chingo/ Tue, 13 Aug 2024 09:47:27 +0000 https://republika.mk/?p=806069

Расказот „Јоанес Даубманус“ на Дијана Петрова, испратен под шифра: „Фанатик“, е прогласен за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.

Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, д-р Иван Џепароски, член и Славе Ѓорѓо Димоски, член, го издвои награденото дело како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст. На Конкурсот пристигнаа вкупно 62 раскази, информираат од Општина Охрид.

Наградата на Дијана Петрова ќе и’ биде врачена вечерва на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која ќе се одржи во селото Велгошти

The post Вечерва на Дијана Петрова ќе и биде врачена наградата за најдобар расказ на конкурсот „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>

Расказот „Јоанес Даубманус“ на Дијана Петрова, испратен под шифра: „Фанатик“, е прогласен за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.

Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, д-р Иван Џепароски, член и Славе Ѓорѓо Димоски, член, го издвои награденото дело како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст. На Конкурсот пристигнаа вкупно 62 раскази, информираат од Општина Охрид.

Наградата на Дијана Петрова ќе и’ биде врачена вечерва на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која ќе се одржи во селото Велгошти

The post Вечерва на Дијана Петрова ќе и биде врачена наградата за најдобар расказ на конкурсот „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>
Дијана Петрова е лауреатката на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2024 година https://republika.mk/vesti/kultura/dijana-petrova-e-laureatkata-na-nagradata-zhivko-chingo-za-najdobar-raskaz-za-2024-godina/ Thu, 08 Aug 2024 18:56:22 +0000 https://republika.mk/?p=804713

Дијана Петрова е авторката на расказот „Јоанес Даубманус“, што беше избран за најдобар на годинешниот конкурс за наградата „Живко Чинго“.

Дијана Петрова е родена 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, Катедра за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Објавувала есеи и раскази низ повеќе списанија за литература. Нејзини се книгите „Бдеењето над себе“, „Не правете им сенка на гробовите“ и „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“. Работи како професорка по македонски јазик и литература.

Комисијата што ги оценуваше доставените трудови во состав Димитар Пандев, Иван Џепароски и Славе Ѓорѓо Димоски, во конкуренција на 62 доставени трудови го издвои нејзниот расказ „Јоанес Даубманус“ како најдобар, посочувајќи го како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст.

Наградата на авторката ќе и биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, што ќе се одржи  на 13 август 2024 година во селото Велгошти, родното село на Чинго.

The post Дијана Петрова е лауреатката на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Дијана Петрова е авторката на расказот „Јоанес Даубманус“, што беше избран за најдобар на годинешниот конкурс за наградата „Живко Чинго“. Дијана Петрова е родена 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, Катедра за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Објавувала есеи и раскази низ повеќе списанија за литература. Нејзини се книгите „Бдеењето над себе“, „Не правете им сенка на гробовите“ и „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“. Работи како професорка по македонски јазик и литература. Комисијата што ги оценуваше доставените трудови во состав Димитар Пандев, Иван Џепароски и Славе Ѓорѓо Димоски, во конкуренција на 62 доставени трудови го издвои нејзниот расказ „Јоанес Даубманус“ како најдобар, посочувајќи го како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст. Наградата на авторката ќе и биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, што ќе се одржи  на 13 август 2024 година во селото Велгошти, родното село на Чинго.

The post Дијана Петрова е лауреатката на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2024 година appeared first on Република.

]]>
Распишан конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“ https://republika.mk/vesti/kultura/raspishan-konkursot-za-najdobar-raskaz-zhivko-chingo/ Mon, 08 Jul 2024 17:21:49 +0000 https://republika.mk/?p=794687

Општина Охрид го распиша годинешниот конкурс за најдобар расказ, што традиционално се доделува на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, во чест на охридскиот и македонскиот писател и раскажувач.

Според пропозициите, право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, а трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адресата на Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнака „За Конкурсот за расказ“.

Краен рок за доставување на трудовите е 31 овој месец, а авторското право се докажува со четвртиот примеро. Жири–комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 8 август.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30 илјади денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти, информираат од Општина Охрид.

The post Распишан конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>

Општина Охрид го распиша годинешниот конкурс за најдобар расказ, што традиционално се доделува на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, во чест на охридскиот и македонскиот писател и раскажувач. Според пропозициите, право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, а трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адресата на Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнака „За Конкурсот за расказ“. Краен рок за доставување на трудовите е 31 овој месец, а авторското право се докажува со четвртиот примеро. Жири–комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 8 август.
Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30 илјади денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти, информираат од Општина Охрид.

The post Распишан конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>
Распишана наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“ https://republika.mk/vesti/kultura/raspishana-nagradata-za-najdobar-raskaz-zhivko-chingo/ Wed, 05 Jul 2023 07:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=658221

Општина Охрид по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“ и оваа година распиша конкурс за најдобар расказ.

Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адресата - Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака „За конкурсот за расказ“, а авторското право се докажува со четвртиот примерок.

Краен рок за доставување на трудовите е 31 овој месец, додека жири-комисијата резултатите од Конкурсот ќе ги објави во дневниот печат најдоцна до 8 август.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30 илјади денари, а истата на лауреатот ќе му биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што во чест на писателот традиционално секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти.

 

The post Распишана наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>

Општина Охрид по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“ и оваа година распиша конкурс за најдобар расказ. Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адресата - Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака „За конкурсот за расказ“, а авторското право се докажува со четвртиот примерок. Краен рок за доставување на трудовите е 31 овој месец, додека жири-комисијата резултатите од Конкурсот ќе ги објави во дневниот печат најдоцна до 8 август. Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30 илјади денари, а истата на лауреатот ќе му биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што во чест на писателот традиционално секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти.  

The post Распишана наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>
Фондот на холокауст распишува конкурс за краток расказ со наслов „Раскажувам фотографија“ https://republika.mk/vesti/kultura/fondot-na-holokaust-raspishuva-konkurs-za-kratok-raskaz-so-naslov-raskazuvam-fotografija/ Tue, 30 Aug 2022 13:41:54 +0000 https://republika.mk/?p=545692

Фондот на холкауст на Евреите од Македонија третпат распишува конкурс за краток расказ инспириран од стари фотографии со наслов: „Раскажувам фотографија“.

Секој петок, на страницата на фејсбук на Фондот на холокаустот ќе биде објавувана фотографија која ќе биде позврзана со животот на Евреите во Македонија. Фотографијата ќе биде лајтмотив за расказот. Во расказите треба да доминираат случувања од животот на Евреите во Македонија, во минатото.

На втори септември ќе биде објавена првата фотографија и тема, а последната, десетта фотографија ќе биде објавена на четврти ноември годинава. Сите автори ќе можат да праќаат творби до 18 ноември. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на шести декември, а наградите на добитниците ќе им бидат врачени на на првиот ден од празникот Ханука, на 19 декември.

Обезбедени се награди за најдобрите: 25 илјади, 15 и 10 илјади денари.

Најдобрите раскази, според жирито, ќе бидат објавени на ФБ страната на Фондот на холокаустот.
Сите учесници ќе добијат благодарница за учеството на конкурсот.

Прифатливи ќе бидат раскази кои можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон искоренување на омразата и разградување на предрасудите, раскази кои допринесуваат за соочување со минатото, холокаустот, емпатија, раскази кои ги поместуваат границите и ни отвораат пат да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите.

Целта е да се поттикне продукцијата на краткиот расказ како форма што е многу популарна, современа и широко прифатена од читателската публика и која има длабоки корени во сефардската раскажувачка традиција.

ПРОПОЗИЦИИ:
– расказите да не бидат подолги од 100 реда
(три страници со новинарски проред или најмногу до 7.000 карактери )
– авторите можат да пишуваат на македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски или англиски јазик
– расказите да не биле досега објавувани

Право на учество имаат сите полнолетни лица. Секој учесник може да учествува на конкурсот со најмногу три раскази.

Ракописите треба да се испратат на: [email protected] со назнака: За конкурсот „Раскажувам фотографија“.

The post Фондот на холокауст распишува конкурс за краток расказ со наслов „Раскажувам фотографија“ appeared first on Република.

]]>

Фондот на холкауст на Евреите од Македонија третпат распишува конкурс за краток расказ инспириран од стари фотографии со наслов: „Раскажувам фотографија“. Секој петок, на страницата на фејсбук на Фондот на холокаустот ќе биде објавувана фотографија која ќе биде позврзана со животот на Евреите во Македонија. Фотографијата ќе биде лајтмотив за расказот. Во расказите треба да доминираат случувања од животот на Евреите во Македонија, во минатото. На втори септември ќе биде објавена првата фотографија и тема, а последната, десетта фотографија ќе биде објавена на четврти ноември годинава. Сите автори ќе можат да праќаат творби до 18 ноември. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на шести декември, а наградите на добитниците ќе им бидат врачени на на првиот ден од празникот Ханука, на 19 декември. Обезбедени се награди за најдобрите: 25 илјади, 15 и 10 илјади денари. Најдобрите раскази, според жирито, ќе бидат објавени на ФБ страната на Фондот на холокаустот. Сите учесници ќе добијат благодарница за учеството на конкурсот. Прифатливи ќе бидат раскази кои можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон искоренување на омразата и разградување на предрасудите, раскази кои допринесуваат за соочување со минатото, холокаустот, емпатија, раскази кои ги поместуваат границите и ни отвораат пат да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите. Целта е да се поттикне продукцијата на краткиот расказ како форма што е многу популарна, современа и широко прифатена од читателската публика и која има длабоки корени во сефардската раскажувачка традиција. ПРОПОЗИЦИИ: – расказите да не бидат подолги од 100 реда (три страници со новинарски проред или најмногу до 7.000 карактери ) – авторите можат да пишуваат на македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски или англиски јазик – расказите да не биле досега објавувани Право на учество имаат сите полнолетни лица. Секој учесник може да учествува на конкурсот со најмногу три раскази. Ракописите треба да се испратат на: [email protected] со назнака: За конкурсот „Раскажувам фотографија“.

The post Фондот на холокауст распишува конкурс за краток расказ со наслов „Раскажувам фотографија“ appeared first on Република.

]]>
Новата проза на Томислав Османли објавена во Ревијата за култура и уметност „Енекен“ од Солун https://republika.mk/vesti/kultura/novata-proza-na-tomislav-osmanli-objavena-vo-revijata-za-kultura-i-umetnost-eneken-od-solun/ Wed, 26 Jan 2022 13:50:08 +0000 https://republika.mk/?p=449812

Новата проза на македонскиот писател Томислав Османли е објавена во најновиот број на Ревијата за култура и уметност „Енекен“ од Солун. Станува збор за впечатлив расказ во која книжевно се прекршува најактуелната тема, пандемијата со која сѐ уште се соочува човештвото.

„Наредното евангелие“ тој феномен, што не престанува да ја оптоварува нашата севременост, го слика како стихија од библиски вид, епидемија што се шири одамна, а денес само експлодира. Во прозата на Османли, светот се соочува со сопствената длабока болест, крајно поделеното,  дистанцирано и изолирано човештво доведено до пароксизмот на искушувањето и на самиот бог.

Пандемијата што ја живееме како нова драма на човечката цивилизација во оваа кратка, густа и стежната проза е метафора за накажувањето поради отуѓувањето од основните човечки вредности – солидароноста, социјалната одговорност и сочувственост со Другиот, поради префитерскиот егоизам на моќните и на повластените во новото, протекционистичко масовно општество.

Пишувана со библиски израз, како што се појаснува, оваа проза на Османли гради есхатолошка визија на поделеното, егоизирано и спротивставено човечко општество соочено со пандемијата: глобалното отуѓување е причина и за епидемијата на глобалната осаменост. Општествената поделеност и егоизам, според авторот е повод и за социјалните дистанцирања во денешницата од затворања, самоизолации, осамувања, при што „новата реалност“ се држи на истенчените конци од сочувственоста. Сочувственоста која веќе не е дел од човековите препознатливи поведенија, авторот со горчлива иронија, му ја припишана единствено на бога. И таква, непостојна, таа веќе во следниот момент се заканува како неизустена катастрофа на светот.

Пред најновата, грчка објава, овој парадигматичен расказ што нашиот писател го напиша минатата година при трагичните кулминации на првиот бран од пандемијата, до сега го објавија неколку регионални медиуми, поточно хрватскиот портал „Kultura.hr“, српскиот „Sinhro.rs“, босанско-херцеговскиот „Astronaut.ba“..На македонски, расказот „Наредното евангелие“ е објавен во „ЛИК“, прилогот за култура и уметност на „Нова Македонија“, а може да се проследи и на сајтот на весникот.

The post Новата проза на Томислав Османли објавена во Ревијата за култура и уметност „Енекен“ од Солун appeared first on Република.

]]>

Новата проза на македонскиот писател Томислав Османли е објавена во најновиот број на Ревијата за култура и уметност „Енекен“ од Солун. Станува збор за впечатлив расказ во која книжевно се прекршува најактуелната тема, пандемијата со која сѐ уште се соочува човештвото. „Наредното евангелие“ тој феномен, што не престанува да ја оптоварува нашата севременост, го слика како стихија од библиски вид, епидемија што се шири одамна, а денес само експлодира. Во прозата на Османли, светот се соочува со сопствената длабока болест, крајно поделеното,  дистанцирано и изолирано човештво доведено до пароксизмот на искушувањето и на самиот бог. Пандемијата што ја живееме како нова драма на човечката цивилизација во оваа кратка, густа и стежната проза е метафора за накажувањето поради отуѓувањето од основните човечки вредности – солидароноста, социјалната одговорност и сочувственост со Другиот, поради префитерскиот егоизам на моќните и на повластените во новото, протекционистичко масовно општество. Пишувана со библиски израз, како што се појаснува, оваа проза на Османли гради есхатолошка визија на поделеното, егоизирано и спротивставено човечко општество соочено со пандемијата: глобалното отуѓување е причина и за епидемијата на глобалната осаменост. Општествената поделеност и егоизам, според авторот е повод и за социјалните дистанцирања во денешницата од затворања, самоизолации, осамувања, при што „новата реалност“ се држи на истенчените конци од сочувственоста. Сочувственоста која веќе не е дел од човековите препознатливи поведенија, авторот со горчлива иронија, му ја припишана единствено на бога. И таква, непостојна, таа веќе во следниот момент се заканува како неизустена катастрофа на светот.
Пред најновата, грчка објава, овој парадигматичен расказ што нашиот писател го напиша минатата година при трагичните кулминации на првиот бран од пандемијата, до сега го објавија неколку регионални медиуми, поточно хрватскиот портал „Kultura.hr“, српскиот „Sinhro.rs“, босанско-херцеговскиот „Astronaut.ba“..На македонски, расказот „Наредното евангелие“ е објавен во „ЛИК“, прилогот за култура и уметност на „Нова Македонија“, а може да се проследи и на сајтот на весникот.

The post Новата проза на Томислав Османли објавена во Ревијата за култура и уметност „Енекен“ од Солун appeared first on Република.

]]>