Рашковски Archives - Република https://republika.mk/tema/rashkovski/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jul 2023 17:04:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рашковски Archives - Република https://republika.mk/tema/rashkovski/ 32 32 Куќен притвор за Рашковски и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“ https://republika.mk/vesti/makedonija/kuken-pritvor-za-rashkovski-i-zabrana-da-komunitsira-so-trojtsa-od-obvinetite-vo-softveri/ Thu, 06 Jul 2023 17:04:07 +0000 https://republika.mk/?p=658727

Судот денеска му изрече мерка куќен притвор на Драги Рашковски, осуден на осум години затвор за случајот „Софтвери“. Рашковски доби и забрана да комуницира со првите тројца обвинети Ивица Димитровски, Игор Христов и Даниел Станчев.

На Димитровски, Христов и Станчев им се изречени мерки на претпазливост.

Овие мерки ќе останат во сила до правосилноста на пресудата.

Обвинителката на случајот „Софтвери”, Ивана Трајчева рече дека ќе има жалба за одлуката на Судот, но и дека се донела правилна одлука.

Не можам да кажам дека сум задоволна, но сметам дека она за што беше поставено обвинението и за што се истражуваше и што се докажуваше во текот на постапката се докажа и сметам дека се донесе правилна одлука, истакна во денешната изјава за медиуми Трајчева.

На прашањето во однос на барањето за притвор за сите обвинети коешто резултираше само со еден куќен притвор таа најави дека ќе има жалба од страна на Обвинителството од причини затоа што за сите четворица, како што кажа, постојат реални причини дека можат да се дадат во бегство, но рече дека ќе се чека одлуката да им биде предадена во писмена форма по која што ќе се донесе конечна одлука по однос на жалбата.

Во Основниот кривичен суд денеска Драги Рашкоски беше прогласен за виновен за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ во предметот „Софтвери“ и судот му определи осум години затвор, во кои ќе му се смета и времето поминато во куќен притвор.

Драги Рашковски доби казна затвор од седум години за злоупотреба на службена положба и една година и шест месеци за делото перење пари, за што судот му одреди една единсвтена казна затвор од осум години.

Судот ги прогласи за виновни и лицата Ивица Димитровски за кое одреди казна затвор од 5 години, за Игор Христов казна од 5 години и 6 месеци, за Даниел Станчев 4 години во кои ќe биде пресметано и времето поминато во куќен притвор, за Ирена Ивановска определена е казна затвор од 3 години и 6 месеци, а за Игор Ивановски и Маја Силјаноска судот определи три години. Лицата се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Случајот го водеше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението беше обвинителката Ивана Трајчевска.

The post Куќен притвор за Рашковски и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“ appeared first on Република.

]]>

Судот денеска му изрече мерка куќен притвор на Драги Рашковски, осуден на осум години затвор за случајот „Софтвери“. Рашковски доби и забрана да комуницира со првите тројца обвинети Ивица Димитровски, Игор Христов и Даниел Станчев. На Димитровски, Христов и Станчев им се изречени мерки на претпазливост. Овие мерки ќе останат во сила до правосилноста на пресудата. Обвинителката на случајот „Софтвери”, Ивана Трајчева рече дека ќе има жалба за одлуката на Судот, но и дека се донела правилна одлука.
Не можам да кажам дека сум задоволна, но сметам дека она за што беше поставено обвинението и за што се истражуваше и што се докажуваше во текот на постапката се докажа и сметам дека се донесе правилна одлука, истакна во денешната изјава за медиуми Трајчева.
На прашањето во однос на барањето за притвор за сите обвинети коешто резултираше само со еден куќен притвор таа најави дека ќе има жалба од страна на Обвинителството од причини затоа што за сите четворица, како што кажа, постојат реални причини дека можат да се дадат во бегство, но рече дека ќе се чека одлуката да им биде предадена во писмена форма по која што ќе се донесе конечна одлука по однос на жалбата. Во Основниот кривичен суд денеска Драги Рашкоски беше прогласен за виновен за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ во предметот „Софтвери“ и судот му определи осум години затвор, во кои ќе му се смета и времето поминато во куќен притвор. Драги Рашковски доби казна затвор од седум години за злоупотреба на службена положба и една година и шест месеци за делото перење пари, за што судот му одреди една единсвтена казна затвор од осум години. Судот ги прогласи за виновни и лицата Ивица Димитровски за кое одреди казна затвор од 5 години, за Игор Христов казна од 5 години и 6 месеци, за Даниел Станчев 4 години во кои ќe биде пресметано и времето поминато во куќен притвор, за Ирена Ивановска определена е казна затвор од 3 години и 6 месеци, а за Игор Ивановски и Маја Силјаноска судот определи три години. Лицата се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици. Случајот го водеше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението беше обвинителката Ивана Трајчевска.

The post Куќен притвор за Рашковски и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“ appeared first on Република.

]]>
Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“ https://republika.mk/vesti/makedonija/odbranata-na-rashkovski-pobara-osloboditelna-presuda-za-sluchajot-softveri/ Mon, 12 Jun 2023 12:33:57 +0000 https://republika.mk/?p=650501

Мотивот колку што беше докажување на невиноста, толку беше и докажување на еден нов начин на водење на судска пракса, изјави денеска обвинетиот Драги Рашковски во своите завршни зборови за случајот „Софтвери“.

Во Основниот кривичен суд Скопје, Рашковски денеска детално ги образложи завршните зборови и ги изнесе аргументите со кои ги побива, како што рече, „седумте теории на Обвинителството“.

Рашковски се осврна детално на изведените докази за кои имаше забелешки за нивната исправност. Тој ги издвои сведочењата на вештите лица кои, како што рече, утврдија дека сите постапки се водени согласно Законот за јавни набавки.

Вештите лица на одбраната и вештите лица на Обвинителството, заклучуваат дека постапките се водени согласно Законот за јавни набавки, рече тој.

Во своите завршни зборови, обвинетиот Рашковски изнесе ставови за побивање на дигиталните докази, како и анализа на специфичните докази на Обвинителство.

Во целиот овој процес, одбраната беше таа која напаѓаше, а Обвинителството на таквите напади немаше никаков одговор. Девизата на одбраната е нападот е најдобра одбрана, стои во писмените завршни зборови на Рашковски кои тој ги проследи до Судечкиот совет и јавноста.

Тој побара Судот да донесе, како што рече, „правична одлука“.

Неговиот адвокат, Владимир Доневски, во завршните зборови посочи дека Обвинителството со ниту еден доказ не докажало дека Драги Рашковски не ги извршил своите обврски во извршувањето на четирите јавни набавки.

Тој истакна дека од обвинението изостануваат сите законски обележја за свест и намера за кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, што му се става на товар на обвинетиот Рашковски.

Судот оваа постапка може да ја заврши само на еден начин, а тоа е донесување на пресуда со која обвинетиот ќе се ослободи од обвинението, бидејќи Јавното обвинителство не покажа дека обвинетиот ги сторил кривичните дела надвор од разумното сомнение, рече адвокатот.

На денешното рочиште завршни зборови даде и одбраната на обвинетиот Даниел Станчев, која, исто така, побара ослободителна пресуда.

Според обвинението, првообвинетиот Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”, а лицата Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјаноска се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување”.

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

The post Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“ appeared first on Република.

]]>

Мотивот колку што беше докажување на невиноста, толку беше и докажување на еден нов начин на водење на судска пракса, изјави денеска обвинетиот Драги Рашковски во своите завршни зборови за случајот „Софтвери“. Во Основниот кривичен суд Скопје, Рашковски денеска детално ги образложи завршните зборови и ги изнесе аргументите со кои ги побива, како што рече, „седумте теории на Обвинителството“. Рашковски се осврна детално на изведените докази за кои имаше забелешки за нивната исправност. Тој ги издвои сведочењата на вештите лица кои, како што рече, утврдија дека сите постапки се водени согласно Законот за јавни набавки.
Вештите лица на одбраната и вештите лица на Обвинителството, заклучуваат дека постапките се водени согласно Законот за јавни набавки, рече тој.
Во своите завршни зборови, обвинетиот Рашковски изнесе ставови за побивање на дигиталните докази, како и анализа на специфичните докази на Обвинителство.
Во целиот овој процес, одбраната беше таа која напаѓаше, а Обвинителството на таквите напади немаше никаков одговор. Девизата на одбраната е нападот е најдобра одбрана, стои во писмените завршни зборови на Рашковски кои тој ги проследи до Судечкиот совет и јавноста.
Тој побара Судот да донесе, како што рече, „правична одлука“. Неговиот адвокат, Владимир Доневски, во завршните зборови посочи дека Обвинителството со ниту еден доказ не докажало дека Драги Рашковски не ги извршил своите обврски во извршувањето на четирите јавни набавки. Тој истакна дека од обвинението изостануваат сите законски обележја за свест и намера за кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, што му се става на товар на обвинетиот Рашковски.
Судот оваа постапка може да ја заврши само на еден начин, а тоа е донесување на пресуда со која обвинетиот ќе се ослободи од обвинението, бидејќи Јавното обвинителство не покажа дека обвинетиот ги сторил кривичните дела надвор од разумното сомнение, рече адвокатот.
На денешното рочиште завршни зборови даде и одбраната на обвинетиот Даниел Станчев, која, исто така, побара ослободителна пресуда. Според обвинението, првообвинетиот Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици. Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”, а лицата Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјаноска се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување”. Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

The post Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“ appeared first on Република.

]]>
Сослушани сведоци за „Софтвери“: Од Кабинетот на Зеќири даваа насоки како да се одговори на барања за документи https://republika.mk/vesti/crna-hronika/soslushani-svedotsi-za-softveri-od-kabinetot-na-zekiri-davaa-nasoki-kako-da-se-odgovori-na-barana-za-dokumenti/ Fri, 03 Feb 2023 14:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=604404

Во Основниот кривичен суд Скопје, на предлог на одбраната, денеска беа сослушани сведоци, вработени во генералниот секретаријат на Владата во врска со случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Сослушани беа сведоците Зорица Стојановиќ, Агим Махмути и Мирче Јанев.

Обвинетиот Драги Рашковски преку директно испрашување постави прашања во врска со конкретни докази, дописи и одговори од Владата, во насока на тоа дали сведоците се изготвувачи на истите.

Рашковски ја прашуваше Стојановиќ за дописите што ги изготвувала, а потоа биле испратени до Трајчева. Таа објасни како течело давањето на одговорите. Рече дека тогашниот генерален секретар Мухамед Зеќири, односно неговиот Кабинет, давал насоки за одговори.

Според обвинението, првообвинетиот не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

The post Сослушани сведоци за „Софтвери“: Од Кабинетот на Зеќири даваа насоки како да се одговори на барања за документи appeared first on Република.

]]>

Во Основниот кривичен суд Скопје, на предлог на одбраната, денеска беа сослушани сведоци, вработени во генералниот секретаријат на Владата во врска со случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Сослушани беа сведоците Зорица Стојановиќ, Агим Махмути и Мирче Јанев. Обвинетиот Драги Рашковски преку директно испрашување постави прашања во врска со конкретни докази, дописи и одговори од Владата, во насока на тоа дали сведоците се изготвувачи на истите. Рашковски ја прашуваше Стојановиќ за дописите што ги изготвувала, а потоа биле испратени до Трајчева. Таа објасни како течело давањето на одговорите. Рече дека тогашниот генерален секретар Мухамед Зеќири, односно неговиот Кабинет, давал насоки за одговори. Според обвинението, првообвинетиот не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

The post Сослушани сведоци за „Софтвери“: Од Кабинетот на Зеќири даваа насоки како да се одговори на барања за документи appeared first on Република.

]]>
Сигурен сум дека ќе имаме убава „дигитално-форензичка пролет”, вели Рашковски https://republika.mk/vesti/makedonija/siguren-sum-deka-kje-imame-ubava-digitalno-forenzichka-prolet-veli-rashkovski/ Sat, 19 Nov 2022 10:18:06 +0000 https://republika.mk/?p=575781

Не пропуштаат и не пропуштија ниту осомничената јавната обвинителка Ивана Трајчева, ниту суспендираната јавната обвинителка Вилма Русковска во сите нивни настапи да го спомат случајот „Софтвери“ како предмет со кој сметаат дека ја покажале својата неселективност, професионално делување и успешност во работата. Познава историјата доста личности кои се гордееле со своите дела-недела, и заради нечистата совест барале публиката да им ги одобри потезите со аплауз“, вели во својот редовен допис до медиумите поранешниот генсек на владата, Драги Рашковски.

„Деновиве слушнавме дека Амбасадата на Соединетите Американски Држави издвоила милионски суми за обука на активните учесници во правосудниот систем, меѓу кои се и обвинителите. Потег кој само потврдува за каков вид на пријателство се работи имајќи ја во предвид народната поговорка “Ако сакаш да е човек среќен еден ден нахрани го – Ако сакаш да е среќен цел живот научи го да лови”. Токму тоа е целта на било која обука – да се научи некој “самостојно да лови”.

Дигиталната форензика е наука, но и техника на собирање на докази кои не зависат и не треба да зависат од правните норми, затоа што тие подлежат пред се на природни закони. Првите пишани правила во вид на технички норми – упатства или прирачници – доаѓаат токму од САД. Одтука мислам дека нема сомнеж дека и при споменатите обуки е опфатена и дигиталната форензика и синџирот на чување на докази, уште повеќе што опремата која е дадена како донација за обавување на дигитална форензика е исто донација од САД.

Една од водечките институции во САД која има и основна функција да се занимава со дигиталната форензика е Националниот институт за правда која е служба за истражување, развој и напредување при Министерството за правда на САД. За споменатите потреби тие го имаат создадено “ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИТИКИ И ПОСТАПКИ ЗА ДИГИТАЛЕН ДОКАЗ”.

Во него се вели:

Пребришливата природа на податоците на овие уреди бара соодветно одземање за да се зачува интегритетот на податоците и да се обезбеди нивната доказна вредност во правните постапки.

НАСПРОТИ ТОА ИМАМЕ:

Во ОЈО ГОКК никој не знае да каже каде биле уредите од моментот на одземање до моментот на предавање на лицата задолжени за некаква екстракција.

Понатаму во прирачникот се вели:

Уредите, исто така, мора да се обработуваат правилно, без разлика дали податоците што ги содржат се компромитирачки или ослободувачки. Подеднакво е важно овие уреди да се складираат на начин што ќе ги зачува податоците во нивната првобитна состојба за испитување од страна на одбраната и за воведување на оригиналниот предмет во судот кога е потребно.

НАСПРОТИ ТОА ИМАМЕ:

Уредите кои со наредба се одземени и се предадени на ОЈО ГОКК, се даваат на полициски службеници кои немаат овластувања ниту квалификации за дигитална форензика, а на видео запис кој ќе биде јавно објавен се гледа како на лица кои се само стручни соработници им се дава пристап ни помалку ни повеќе ДО СИТЕ ДОКАЗИ ЗА СИТЕ ИСТРАГИ И ПРЕДИСТРАГИ, компромитирајќи го на тој начин целокупниот “обвинителски опус” на сите останати колеги.

Поматаму во прирачникот се вели:

Целиот персонал назначен или вработен во лабораторијата за дигитална форензика е одговорен за сигурноста и безбедноста на лабораторијата. Мора да се вложат сите напори постојано да се одржува безбедноста на лабораторијата и да се осигура дека неовластени лица не влегуваат во лабораторијата.

НАМЕСТО ТОА ИМАМЕ:

Ќе објавиме и видео материјал со исказ на ОЈО ГОКК “вештакот кој не е вештак”, а кој си замина во Финансиска полиција, како детално опишува за чувањето на уредите во обично шкафче наместо во антистатски пакувања, и како клучевите од просторијата ги имале и двете обвинителки.

Дигиталната форензика не е нешто кои ние треба да го измислиме, Туку, треба да ги прифатиме стандардите на целиот напреден свет. Несомнено, таквите стандарди кои се унифицирани и само се надополнуваат ги имаат и ФБИ во “Директивата за корпоративна политика за дигитални докази и Водич за имплементација на политики” и Интерпол во “Глобалните насоки на ИНТЕРПОЛ за лаборатории за дигитална форензика”.

Сигурен сум дека ќе имаме убава “дигитално-форензичка пролет”, посочува Рашковски.

The post Сигурен сум дека ќе имаме убава „дигитално-форензичка пролет”, вели Рашковски appeared first on Република.

]]>

Не пропуштаат и не пропуштија ниту осомничената јавната обвинителка Ивана Трајчева, ниту суспендираната јавната обвинителка Вилма Русковска во сите нивни настапи да го спомат случајот „Софтвери“ како предмет со кој сметаат дека ја покажале својата неселективност, професионално делување и успешност во работата. Познава историјата доста личности кои се гордееле со своите дела-недела, и заради нечистата совест барале публиката да им ги одобри потезите со аплауз“, вели во својот редовен допис до медиумите поранешниот генсек на владата, Драги Рашковски. „Деновиве слушнавме дека Амбасадата на Соединетите Американски Држави издвоила милионски суми за обука на активните учесници во правосудниот систем, меѓу кои се и обвинителите. Потег кој само потврдува за каков вид на пријателство се работи имајќи ја во предвид народната поговорка “Ако сакаш да е човек среќен еден ден нахрани го – Ако сакаш да е среќен цел живот научи го да лови”. Токму тоа е целта на било која обука – да се научи некој “самостојно да лови”. Дигиталната форензика е наука, но и техника на собирање на докази кои не зависат и не треба да зависат од правните норми, затоа што тие подлежат пред се на природни закони. Првите пишани правила во вид на технички норми – упатства или прирачници – доаѓаат токму од САД. Одтука мислам дека нема сомнеж дека и при споменатите обуки е опфатена и дигиталната форензика и синџирот на чување на докази, уште повеќе што опремата која е дадена како донација за обавување на дигитална форензика е исто донација од САД. Една од водечките институции во САД која има и основна функција да се занимава со дигиталната форензика е Националниот институт за правда која е служба за истражување, развој и напредување при Министерството за правда на САД. За споменатите потреби тие го имаат создадено “ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИТИКИ И ПОСТАПКИ ЗА ДИГИТАЛЕН ДОКАЗ”. Во него се вели: Пребришливата природа на податоците на овие уреди бара соодветно одземање за да се зачува интегритетот на податоците и да се обезбеди нивната доказна вредност во правните постапки. НАСПРОТИ ТОА ИМАМЕ: Во ОЈО ГОКК никој не знае да каже каде биле уредите од моментот на одземање до моментот на предавање на лицата задолжени за некаква екстракција. Понатаму во прирачникот се вели: Уредите, исто така, мора да се обработуваат правилно, без разлика дали податоците што ги содржат се компромитирачки или ослободувачки. Подеднакво е важно овие уреди да се складираат на начин што ќе ги зачува податоците во нивната првобитна состојба за испитување од страна на одбраната и за воведување на оригиналниот предмет во судот кога е потребно. НАСПРОТИ ТОА ИМАМЕ: Уредите кои со наредба се одземени и се предадени на ОЈО ГОКК, се даваат на полициски службеници кои немаат овластувања ниту квалификации за дигитална форензика, а на видео запис кој ќе биде јавно објавен се гледа како на лица кои се само стручни соработници им се дава пристап ни помалку ни повеќе ДО СИТЕ ДОКАЗИ ЗА СИТЕ ИСТРАГИ И ПРЕДИСТРАГИ, компромитирајќи го на тој начин целокупниот “обвинителски опус” на сите останати колеги. Поматаму во прирачникот се вели: Целиот персонал назначен или вработен во лабораторијата за дигитална форензика е одговорен за сигурноста и безбедноста на лабораторијата. Мора да се вложат сите напори постојано да се одржува безбедноста на лабораторијата и да се осигура дека неовластени лица не влегуваат во лабораторијата. НАМЕСТО ТОА ИМАМЕ: Ќе објавиме и видео материјал со исказ на ОЈО ГОКК “вештакот кој не е вештак”, а кој си замина во Финансиска полиција, како детално опишува за чувањето на уредите во обично шкафче наместо во антистатски пакувања, и како клучевите од просторијата ги имале и двете обвинителки. Дигиталната форензика не е нешто кои ние треба да го измислиме, Туку, треба да ги прифатиме стандардите на целиот напреден свет. Несомнено, таквите стандарди кои се унифицирани и само се надополнуваат ги имаат и ФБИ во “Директивата за корпоративна политика за дигитални докази и Водич за имплементација на политики” и Интерпол во “Глобалните насоки на ИНТЕРПОЛ за лаборатории за дигитална форензика”. Сигурен сум дека ќе имаме убава “дигитално-форензичка пролет”, посочува Рашковски.

The post Сигурен сум дека ќе имаме убава „дигитално-форензичка пролет”, вели Рашковски appeared first on Република.

]]>
Рашковски не е на фотографиите кои беа објавени во медиумите https://republika.mk/vesti/makedonija/rashkovski-ne-e-na-fotografiite-koi-bea-objaveni-vo-mediumite/ Mon, 25 Jul 2022 16:05:02 +0000 https://republika.mk/?p=533080

Рашковски не е на фотографиите кои беа објавени во медиумите. Човекот кој во медиумите беше објавен дека е Рашковски и дека одмора во Грција, бара да не биде споредуван со него.Тој е од Скопје и вели дека и минатата година објавувал фотографии од шаторот и дека тие се достапни.

Целиот текст на А1. он.

The post Рашковски не е на фотографиите кои беа објавени во медиумите appeared first on Република.

]]>

Рашковски не е на фотографиите кои беа објавени во медиумите. Човекот кој во медиумите беше објавен дека е Рашковски и дека одмора во Грција, бара да не биде споредуван со него.Тој е од Скопје и вели дека и минатата година објавувал фотографии од шаторот и дека тие се достапни. Целиот текст на А1. он.

The post Рашковски не е на фотографиите кои беа објавени во медиумите appeared first on Република.

]]>
ДКСК побара кривично гонење на Драги Рашковски и Мухамед Зеќири за незаконски хонорарни и редовни вработувања https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-pobara-krivichno-gonenje-na-dragi-rashkovski-i-muhamed-zekjiri-za-nezakonski-honorarni-i-redovni-vrabotuvanja/ Wed, 01 Jun 2022 10:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=509709

Државната комисијата за спречување на корупцијата на денешната седница донесе одлука да предложи кривично гонење за екс-генералните секретари на Владата Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, за незаконски ангажирања на лица за работа со договор на дело, и ангажирања преку приватна агенција за привремени вработувања, како и за ангажман на лица за вршење на интелектуални услуги.

Претседателката Билјана Ивановска, нa денешната седница на Комисијата реферирајќи за овој предмет рече дека ДКСК ќе побара кривично гонење за екс-генералните секретари на Владата Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, за злоупотреба на службената положба, според членот 353 од Кирвичниот закон.

Ивановска појасни дека Комисијата извршила увид во документацијата и утврдиле дека во периодот 2017-2021 година на име договори за авторско дело и преку приватни агенции за вработување се потрошени 2,5 милиони евра. Во 2018 година биле ангажирани, за потребите на генералниот секретаријат на Владата, 119 лица преку договор за авторско дело и 25 преку приватна агенција за вработување, во 2019 година 103 договори за авторско дело и 32 преку приватна агенција за вработување, во 2020 година – 118 авторски договори и 36 преку приватна агенција за вработување и 2021 – 78 авторски договори и 18 преку агенција за приватни вработувања. Ивановска дополни и дека секогаш се користени услугите на иста приватна агенција за вработување и иста агенција за давање услуги од интелектуална сопственост.

Притоа, рече таа, се користени дискрециони овластувања од страна на генералните секретари Рашковски и Зеќири, со што е загрозена транспарентноста на вработувањата во јавниот сектор, и дека била присутна појавата лица кои претходно биле вработени со авторски договори потоа биле примани во редовен работен однос, претходно стекнувајќи се со предност пред останатите кандидати кои се јавиле на конкурсите.

Ивановски посочи и дека Комисијата дошла до факти дека извршените задачи не соодветствувале со авторски дела, што е уште една основа да постапува Обвинителството.

На одлуката се спротивстави членот на ДКСК Шемси Салаи кој рече дека Комисијата треба само да укаже на појавата, но Ивановска одговори дека било разговарано со обвинители и дека има простор за постапка, и дека на сите договори се потпишани две исти личности: Рашковски и Зеќири и дека е нивна одговорноста за состојбата која довела, рече, до големи оштетувања на буџетот.

Ако владата сака да има заштеди во буџетот, треба да знае како да постапува во иднина. Имаме сомневања за кривично дело и сме должни да постапиме, рече претседателката Билјана Ивановска на седницата.

The post ДКСК побара кривично гонење на Драги Рашковски и Мухамед Зеќири за незаконски хонорарни и редовни вработувања appeared first on Република.

]]>

Државната комисијата за спречување на корупцијата на денешната седница донесе одлука да предложи кривично гонење за екс-генералните секретари на Владата Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, за незаконски ангажирања на лица за работа со договор на дело, и ангажирања преку приватна агенција за привремени вработувања, како и за ангажман на лица за вршење на интелектуални услуги. Претседателката Билјана Ивановска, нa денешната седница на Комисијата реферирајќи за овој предмет рече дека ДКСК ќе побара кривично гонење за екс-генералните секретари на Владата Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, за злоупотреба на службената положба, според членот 353 од Кирвичниот закон. Ивановска појасни дека Комисијата извршила увид во документацијата и утврдиле дека во периодот 2017-2021 година на име договори за авторско дело и преку приватни агенции за вработување се потрошени 2,5 милиони евра. Во 2018 година биле ангажирани, за потребите на генералниот секретаријат на Владата, 119 лица преку договор за авторско дело и 25 преку приватна агенција за вработување, во 2019 година 103 договори за авторско дело и 32 преку приватна агенција за вработување, во 2020 година – 118 авторски договори и 36 преку приватна агенција за вработување и 2021 – 78 авторски договори и 18 преку агенција за приватни вработувања. Ивановска дополни и дека секогаш се користени услугите на иста приватна агенција за вработување и иста агенција за давање услуги од интелектуална сопственост. Притоа, рече таа, се користени дискрециони овластувања од страна на генералните секретари Рашковски и Зеќири, со што е загрозена транспарентноста на вработувањата во јавниот сектор, и дека била присутна појавата лица кои претходно биле вработени со авторски договори потоа биле примани во редовен работен однос, претходно стекнувајќи се со предност пред останатите кандидати кои се јавиле на конкурсите. Ивановски посочи и дека Комисијата дошла до факти дека извршените задачи не соодветствувале со авторски дела, што е уште една основа да постапува Обвинителството. На одлуката се спротивстави членот на ДКСК Шемси Салаи кој рече дека Комисијата треба само да укаже на појавата, но Ивановска одговори дека било разговарано со обвинители и дека има простор за постапка, и дека на сите договори се потпишани две исти личности: Рашковски и Зеќири и дека е нивна одговорноста за состојбата која довела, рече, до големи оштетувања на буџетот.
Ако владата сака да има заштеди во буџетот, треба да знае како да постапува во иднина. Имаме сомневања за кривично дело и сме должни да постапиме, рече претседателката Билјана Ивановска на седницата.

The post ДКСК побара кривично гонење на Драги Рашковски и Мухамед Зеќири за незаконски хонорарни и редовни вработувања appeared first on Република.

]]>
Денеска продолжува судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски https://republika.mk/vesti/crna-hronika/deneska-prodolzuva-sudenjeto-za-sluchajot-softveri-vo-koj-prvoobvinet-e-poraneshniot-generalen-sekretar-na-vladata-dragi-rashkovski/ Mon, 11 Apr 2022 12:18:15 +0000 https://republika.mk/?p=486773

Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски.

На денешната расправа се изведуваат докази од страна на Обвинителството, кои се однесуваат на пораки помеѓу обвинетиот Драги Рашковски и останатите вклучени во случајот, како и документи поврзани со набавката на софтверот за кој обвинетите се товарат дека бил незаконски прибавен.

Првообвинетиот, се вели во Обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици. Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „Перење пари и други приноси од казниво дело”. Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување” од КЗ.

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а во улога на застапник на обвинението денеска е обвинителката Ивана Трајчева.

The post Денеска продолжува судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски appeared first on Република.

]]>

Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски. На денешната расправа се изведуваат докази од страна на Обвинителството, кои се однесуваат на пораки помеѓу обвинетиот Драги Рашковски и останатите вклучени во случајот, како и документи поврзани со набавката на софтверот за кој обвинетите се товарат дека бил незаконски прибавен. Првообвинетиот, се вели во Обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици. Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „Перење пари и други приноси од казниво дело”. Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување” од КЗ. Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а во улога на застапник на обвинението денеска е обвинителката Ивана Трајчева.

The post Денеска продолжува судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Дали зад фактурите од 850 илјади евра до Дрисла лежи крвното сродство меѓу Рашковски и Пиперевалиев? https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-dali-zad-fakturite-od-850-iljadi-evra-do-drisla-lezi-krvnoto-srodstvo-megju-rashkovski-i-piperevaliev/ Tue, 01 Feb 2022 13:04:09 +0000 https://republika.mk/?p=452474

Дрисла, претпријатие за справување со отпад, кое што во опис на работата има потреба од градежна машинерија, и ја има и ја поседува, за само две години 2019 и 2020 година, исплаќа речиси еден милион евра за изнајмување на багери, на градежни машини. А, парите ги добива братучед на генерален секретар на влада на СДСМ, додека директорува со Дрисла кадар на СДСМ, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Институциите како Јавното обвинителство и ДКСК мора да одговорат дали единствената причина зад фактурите од 850 илјади евра за две години испратени од фирмата, струмичката фирма до Дрисла, лежи во крвното сродство меѓу Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев?

Дали врската со Рашковски била причината 850 илјади евра да бидат исплатени на Пиперевалиев, наместо одржување на машинеријата на Дрисла? И дали крвното сродство било посилно од Законот за јавни набавки, па договорот е склучен во четири очи?

Според договорот од 2020-та година, вреден над 12 милиони денари, и тоа е првата работа откога Дрисла станува ЈП и со него почнува да управува Коста Начевски, функционер на СДСМ. Веројатно крвната врска е пресудна и за менување на условите во огласот и тоа во време додека огласот бил објавен и активен, па се бришат услови како биланс во последните три години или минимален број на вработени - 12 лица!

Уште еднаш, со два договори, договор во четири очи, фирмата којашто нема ниту 12 вработени, за две години фактурира 850 илјади евра. Договори меѓу Дрисла и братучед на генерален секретар на владата на СДСМ, за изнајмување на багери за Дрисла која што и сама поседува механизација!?

Почитувани,

СДСМ не може да го сокрие криминалот во своите редови се додека со институциите владеат истите лица. Македонија може да излезе од кризна состојба само со брзи предвремени избори. Колку повеќе се чека толку повеќе се тоне во корупција, криминал и кризи!

 

На прашањето за став во врска со видеото и фејсбук пораката на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, Стоилковски вели:

Секогаш кога Али Ахмети сака да и се допадне на меѓународната заедница во неговите средби се откажува од Косово, и ја подржува онаа иницијатива на Србија „Отворен Балкан" во која што Косово не е ниту спомнато, а се вади и измислува зелена агенда. А, секогаш кога треба на Али Ахмети и на Ковачевски да поминат тендерите и милионите во РЕК Битола или во Осломеј, Ахмети станува загрижен патриот и збори за Косово.

Али Ахмети не треба да се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција. Освен тоа што треба да си провери во орманот за струја, каде што има на диво приклучен кабел за струја, треба да провери и околу кадрите кои што 20 години се во институциите и се извор на криминал и корупција во државата.

Зелената агенда на ДУИ и темата со етничките права на заедниците се измислени за да ДУИ се покрие во моментите кога од народот се краде најмногу. И колку повеќе ДУИ и СДСМ сложно крадат, толку народот е посиромашен.
Од набавката на мазутот на Крешник Бектеши, до милионски тендери за РЕК на Ковачевски кои државата ја оставија без струја, функционерите на ДУИ и на СДСМ не смеат да бидат феудалци кои се недопрени од законот, кои што се богатат на грбот на сите граѓани на Македонија.

Човек којшто се занимавал со картички за паркинг вредни 1.000 денари нема кредибилитет да зборува за било што, смета Стоилковски.

Илузорно е да се очекува промена на Устав без гласовите на Македонците, на мнозинството во Македонија. Она што треба Груби да го направи, е барем еднаш да каже што точно ќе направи за да ја стекне довербата кај граѓаните во Македонија.

 

 

The post Стоилковски: Дали зад фактурите од 850 илјади евра до Дрисла лежи крвното сродство меѓу Рашковски и Пиперевалиев? appeared first on Република.

]]>

Дрисла, претпријатие за справување со отпад, кое што во опис на работата има потреба од градежна машинерија, и ја има и ја поседува, за само две години 2019 и 2020 година, исплаќа речиси еден милион евра за изнајмување на багери, на градежни машини. А, парите ги добива братучед на генерален секретар на влада на СДСМ, додека директорува со Дрисла кадар на СДСМ, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Институциите како Јавното обвинителство и ДКСК мора да одговорат дали единствената причина зад фактурите од 850 илјади евра за две години испратени од фирмата, струмичката фирма до Дрисла, лежи во крвното сродство меѓу Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев? Дали врската со Рашковски била причината 850 илјади евра да бидат исплатени на Пиперевалиев, наместо одржување на машинеријата на Дрисла? И дали крвното сродство било посилно од Законот за јавни набавки, па договорот е склучен во четири очи? Според договорот од 2020-та година, вреден над 12 милиони денари, и тоа е првата работа откога Дрисла станува ЈП и со него почнува да управува Коста Начевски, функционер на СДСМ. Веројатно крвната врска е пресудна и за менување на условите во огласот и тоа во време додека огласот бил објавен и активен, па се бришат услови како биланс во последните три години или минимален број на вработени - 12 лица! Уште еднаш, со два договори, договор во четири очи, фирмата којашто нема ниту 12 вработени, за две години фактурира 850 илјади евра. Договори меѓу Дрисла и братучед на генерален секретар на владата на СДСМ, за изнајмување на багери за Дрисла која што и сама поседува механизација!? Почитувани, СДСМ не може да го сокрие криминалот во своите редови се додека со институциите владеат истите лица. Македонија може да излезе од кризна состојба само со брзи предвремени избори. Колку повеќе се чека толку повеќе се тоне во корупција, криминал и кризи!  
На прашањето за став во врска со видеото и фејсбук пораката на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, Стоилковски вели:
Секогаш кога Али Ахмети сака да и се допадне на меѓународната заедница во неговите средби се откажува од Косово, и ја подржува онаа иницијатива на Србија „Отворен Балкан" во која што Косово не е ниту спомнато, а се вади и измислува зелена агенда. А, секогаш кога треба на Али Ахмети и на Ковачевски да поминат тендерите и милионите во РЕК Битола или во Осломеј, Ахмети станува загрижен патриот и збори за Косово. Али Ахмети не треба да се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција. Освен тоа што треба да си провери во орманот за струја, каде што има на диво приклучен кабел за струја, треба да провери и околу кадрите кои што 20 години се во институциите и се извор на криминал и корупција во државата. Зелената агенда на ДУИ и темата со етничките права на заедниците се измислени за да ДУИ се покрие во моментите кога од народот се краде најмногу. И колку повеќе ДУИ и СДСМ сложно крадат, толку народот е посиромашен. Од набавката на мазутот на Крешник Бектеши, до милионски тендери за РЕК на Ковачевски кои државата ја оставија без струја, функционерите на ДУИ и на СДСМ не смеат да бидат феудалци кои се недопрени од законот, кои што се богатат на грбот на сите граѓани на Македонија.
Човек којшто се занимавал со картички за паркинг вредни 1.000 денари нема кредибилитет да зборува за било што, смета Стоилковски.
Илузорно е да се очекува промена на Устав без гласовите на Македонците, на мнозинството во Македонија. Она што треба Груби да го направи, е барем еднаш да каже што точно ќе направи за да ја стекне довербата кај граѓаните во Македонија.
   

The post Стоилковски: Дали зад фактурите од 850 илјади евра до Дрисла лежи крвното сродство меѓу Рашковски и Пиперевалиев? appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Како фирма блиска на Рашковски земала тендери вредни 850.000 евра од Дрисла? https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-kako-firma-bliska-na-rashkovski-zemala-tenderi-vredni-850-000-evra-od-drisla/ Mon, 31 Jan 2022 12:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=451953

Како во време на СДСМ, додека со Дрисла управува Коста Начевски, роднина на Рашковски и функционер на СДСМ, фирмата Алпима Градба на Александар Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заеви и роднина на Рашковски склучува договори за изнајмување на машини со јавното претпријатие, за што му се исплаќаат близу еден милион евра?

Фирмата Алпима Градба, сопственост на Пиперевалиев, од Струмица, близок до Рашковски, со само два договори од 2019 и 2020 година успева со изнајмување на машини да оствари приход од Дрисла близу еден милион евра?

Како токму фирмата од Струмица, блиска до Заеви и до Рашковски го добива тендерот за изнајмување машини во Дрисла? Дали за Алпима Градба е менувана тендерска документација во отворена постапка?

Како тече постапката и како се мести тендерот за струмичката фирма? Одговор ќе ви дадам сега.

Според договорот од 2020 година, вреден над 12 милиони денари, и тоа е првата работа откако Дрисла станува ЈП и со претпријатието почнува да управува Коста Начевски. Се распишува оглас за изнајмување на механизација, којшто првично содржи услови за заинтересираните да имаат минимален годишен приход од 20 милиони денари годишно три последователни години, последните години, да имаат најмалку 12 вработени и други критериуми коишто замислете додека е отворена постапката, се менуваат и се бришат! Односно огласот почнува да ги добива контурите токму како на фирмата на Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заев и роднина на Драги Рашковски, во тој момент генерален секретар на Владата.

Вториот спорен момент е што за договорот меѓу Дрисла и фирмата на Пиперевалиев е прекршен Законот за јавни набавки и договорот е склучен во четири очи.

Почитувани,

Додека државата тонеше економски, здравствено, образовно, и на секое поле, СДСМ тера бизниси во чија што основа лежат криминал и корупција. Се менуваат услови на тендери во отворена постапка, а бизнисите ги делат братучеди и роднини на функционери од владата. Тоа беше тенденцијата и сликата за владеењето на СДСМ изминативе пет години, тоа е сликата која што се уште не е сменета. Единствена промена ќе дојде со предвремени, брзи парламентарни избори.

https://www.youtube.com/watch?v=kVzaqzC30pA

The post Стоилковски: Како фирма блиска на Рашковски земала тендери вредни 850.000 евра од Дрисла? appeared first on Република.

]]>

Како во време на СДСМ, додека со Дрисла управува Коста Начевски, роднина на Рашковски и функционер на СДСМ, фирмата Алпима Градба на Александар Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заеви и роднина на Рашковски склучува договори за изнајмување на машини со јавното претпријатие, за што му се исплаќаат близу еден милион евра? Фирмата Алпима Градба, сопственост на Пиперевалиев, од Струмица, близок до Рашковски, со само два договори од 2019 и 2020 година успева со изнајмување на машини да оствари приход од Дрисла близу еден милион евра? Како токму фирмата од Струмица, блиска до Заеви и до Рашковски го добива тендерот за изнајмување машини во Дрисла? Дали за Алпима Градба е менувана тендерска документација во отворена постапка? Како тече постапката и како се мести тендерот за струмичката фирма? Одговор ќе ви дадам сега. Според договорот од 2020 година, вреден над 12 милиони денари, и тоа е првата работа откако Дрисла станува ЈП и со претпријатието почнува да управува Коста Начевски. Се распишува оглас за изнајмување на механизација, којшто првично содржи услови за заинтересираните да имаат минимален годишен приход од 20 милиони денари годишно три последователни години, последните години, да имаат најмалку 12 вработени и други критериуми коишто замислете додека е отворена постапката, се менуваат и се бришат! Односно огласот почнува да ги добива контурите токму како на фирмата на Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заев и роднина на Драги Рашковски, во тој момент генерален секретар на Владата. Вториот спорен момент е што за договорот меѓу Дрисла и фирмата на Пиперевалиев е прекршен Законот за јавни набавки и договорот е склучен во четири очи. Почитувани, Додека државата тонеше економски, здравствено, образовно, и на секое поле, СДСМ тера бизниси во чија што основа лежат криминал и корупција. Се менуваат услови на тендери во отворена постапка, а бизнисите ги делат братучеди и роднини на функционери од владата. Тоа беше тенденцијата и сликата за владеењето на СДСМ изминативе пет години, тоа е сликата која што се уште не е сменета. Единствена промена ќе дојде со предвремени, брзи парламентарни избори. https://www.youtube.com/watch?v=kVzaqzC30pA

The post Стоилковски: Како фирма блиска на Рашковски земала тендери вредни 850.000 евра од Дрисла? appeared first on Република.

]]>
Судењето за Рашковски почнува на 25 јануари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sudenjeto-za-rashkovski-pochnuva-na-25-januari/ Thu, 13 Jan 2022 14:19:59 +0000 https://republika.mk/?p=444203

Основниот кривичен суд го закажа првото рочиште за поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски.

Судскиот процес ќе го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска.

Според обвинението, на Рашковски ќе му се суди за злоупотреба на службената положба и перење пари. Обвинет е дека државниот буџет го оштетил за над 300 илјади евра.

Најголемата финансиска злоупотреба од близу 17 и пол милиони денари, Рашковски ја направил со купување на компјутерски софтвер за брзина во сообраќајот, кабина за гласање и систем за биометриска идентификација.

Сите тие биле негов изум, а местејќи ги тендерите преку компанијата Инвока груп, Рашковски ги набавил за потребите на владата иако по откривање на скандалот, надлежните тврдеа дека за нив државата немала потреба.

Парите, според обвинителството, Рашковски веднаш ги пуштал во оптек, иако како што се вели во пријавата, знаел дека се од кривично дело, па сопствената и сметките на своите блиски ги наполнил со близу 100 илјади евра.

Во меѓувреме, Државната комисија за спречување на корупцијата, побара да се отвори уште еден предмет против Рашковски, поради сомнеж дека неговото семејство добило автомобил од 50 илјади евра како награда од гостиварска фирма.

The post Судењето за Рашковски почнува на 25 јануари appeared first on Република.

]]>

Основниот кривичен суд го закажа првото рочиште за поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски. Судскиот процес ќе го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска. Според обвинението, на Рашковски ќе му се суди за злоупотреба на службената положба и перење пари. Обвинет е дека државниот буџет го оштетил за над 300 илјади евра. Најголемата финансиска злоупотреба од близу 17 и пол милиони денари, Рашковски ја направил со купување на компјутерски софтвер за брзина во сообраќајот, кабина за гласање и систем за биометриска идентификација. Сите тие биле негов изум, а местејќи ги тендерите преку компанијата Инвока груп, Рашковски ги набавил за потребите на владата иако по откривање на скандалот, надлежните тврдеа дека за нив државата немала потреба. Парите, според обвинителството, Рашковски веднаш ги пуштал во оптек, иако како што се вели во пријавата, знаел дека се од кривично дело, па сопствената и сметките на своите блиски ги наполнил со близу 100 илјади евра. Во меѓувреме, Државната комисија за спречување на корупцијата, побара да се отвори уште еден предмет против Рашковски, поради сомнеж дека неговото семејство добило автомобил од 50 илјади евра како награда од гостиварска фирма.

The post Судењето за Рашковски почнува на 25 јануари appeared first on Република.

]]>