рамис мерко Archives - Република https://republika.mk/tema/ramis-merko/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 18:07:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рамис мерко Archives - Република https://republika.mk/tema/ramis-merko/ 32 32 Кривична пријава за Рамис Мерко, незаконски назначил директорка на основно училиште https://republika.mk/vesti/makedonija/krivichna-prijava-za-ramis-merko-nezakonski-naznachil-direktorka-na-osnovno-uchilishte/ Fri, 18 Oct 2024 18:07:51 +0000 https://republika.mk/?p=828588

Против градоначалникот на Струга, Рамис Мерко е поднесена кривична пријава од ОВР Струга затоа што пред речиси три години, спротивно на законот, назначил в.д. директорка во училиште во општината што ја раководи.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, кривична пријава е поднесена против Р.М.(67) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

На 17.01.2022 година, во својство на градоначалник на општина Струга, тој спротивно на законските прописи, донел решение за избор и именување на в.д. директор на училиште во Струга. Тоа го направил иако знаел дека кандидатката што ја наименувал, не исполнувала низа услови од Законот за основно образование, не го положила испитот за директор во утврдениот законски рок и не поседувала соодветен сертификат за познавање англиски јазик, информираат од МВР.

И покрај тоа што таа не ги исполнувала условите за функцијата, пријавениот, наведува МВР, „и овозможил да добие решение и противправно да оствари парична корист во износ од 1.390.536 денари за вршење работни задачи како в.д. директор и како директор на училиштето“

The post Кривична пријава за Рамис Мерко, незаконски назначил директорка на основно училиште appeared first on Република.

]]>

Против градоначалникот на Струга, Рамис Мерко е поднесена кривична пријава од ОВР Струга затоа што пред речиси три години, спротивно на законот, назначил в.д. директорка во училиште во општината што ја раководи. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, кривична пријава е поднесена против Р.М.(67) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.