рамен данок Archives - Република https://republika.mk/tema/ramen-danok/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Feb 2024 16:10:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рамен данок Archives - Република https://republika.mk/tema/ramen-danok/ 32 32 Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди мултинационални компании во светот да ги пренесат своите профитни центри во Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-vmro-dpmne-ke-ponudi-multinatsionalni-kompanii-vo-svetot-da-gi-prenesat-svoite-profitni-tsentri-vo-makedonija/ Thu, 08 Feb 2024 16:10:13 +0000 https://republika.mk/?p=741934

Нема да биде како до сега, досега беше лошо, односно не било полошо. Кога станува збор за економијата можам да кажам дека за нас што претставува најголем приоритет. Според сите мерења на јавното мислење, како прв приоритет граѓаните го посочуваат проблемот со нискиот стандард, ниските плати, економијата. Што значи дека ако ние направиме сериозни реформи, што не се сомневам, убеден сум дека ќе направиме нешто што ќе биде историски значајно и ќе ја трансформира Македонија во насока во која сакаме да ја видиме, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата за Економска платформа за иднина на тема „Нов концепт за економски развој“ во Велес.

Мицкоски истакна дека изминативе 6 и половина години владата на СДС и ДУИ ја заковаа Македонија на дното, во регионот и Европа според економските параметри, дали е тоа раст на БДП, странски инвестиции, домашни инвестиции.

Македонија се наоѓа денеска на дното и сите тоа го знаеме и тоа е една од причините поради кои ВМРО-ДПМНЕ влегува во овие избори, и ние на два месеци од почеток како кампањата сме фаворит, затоа што граѓаните кога ќе ги прашате која од политичките партии очекуваат да ги решат тие проблеми, во огромно мнозинство се изјаснуваат дека очекуваат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да ги решат тие проблеми, изјави Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ во иднина има намера да ја продолжи политиката на ниски давачки, односно рамен данок кој што е карактерна особина и претпознатлив реформски потег кој го почна ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДС во одреден период осцилираше и воведуваше прогресивен данок и создаде непријатна атмосфера во бизнисот, атмосфера на непознато и на тој начин бизнисмените не инвестираа, не отвораа работни места, а економијата тапкаше во место и сега сме последни позади Косово, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе пакет кој ќе опфати понуда до мултинационални компании во светот да ги пренесат своите профитни центри во Македонија.

Тука не зборувам за производни, туку профитни центри, и на тој начин тие својата консолидирана добивка ќе ја донесат во Македонија, односно за ниски даноци до 5% ќе можат да ја консолидираат нивната добивка тука, Македонија ќе биде земја со најнизок рамен данок на профит во Европа, нагласи тој.

Мицкоски го потенцираше и проектот со кој се планира реалокација на средства од државниот буџет кон општините, за финансирање на проекти кои се важни за граѓаните, а кои за жал досега не биле реализирани.

Мицкоски посочи дека тоа се проекти како водоводи, канализација, патишта, училишта, градинки и така натаму.

Граѓаните мора да почувствуваат дека владата се грижи за нив. Овој проект годишно ќе зафати околу 250 милиони евра или во 4 годишен мандат 1 милијарда евра, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди мултинационални компании во светот да ги пренесат своите профитни центри во Македонија appeared first on Република.

]]>

Нема да биде како до сега, досега беше лошо, односно не било полошо. Кога станува збор за економијата можам да кажам дека за нас што претставува најголем приоритет. Според сите мерења на јавното мислење, како прв приоритет граѓаните го посочуваат проблемот со нискиот стандард, ниските плати, економијата. Што значи дека ако ние направиме сериозни реформи, што не се сомневам, убеден сум дека ќе направиме нешто што ќе биде историски значајно и ќе ја трансформира Македонија во насока во која сакаме да ја видиме, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата за Економска платформа за иднина на тема „Нов концепт за економски развој“ во Велес. Мицкоски истакна дека изминативе 6 и половина години владата на СДС и ДУИ ја заковаа Македонија на дното, во регионот и Европа според економските параметри, дали е тоа раст на БДП, странски инвестиции, домашни инвестиции.
Македонија се наоѓа денеска на дното и сите тоа го знаеме и тоа е една од причините поради кои ВМРО-ДПМНЕ влегува во овие избори, и ние на два месеци од почеток како кампањата сме фаворит, затоа што граѓаните кога ќе ги прашате која од политичките партии очекуваат да ги решат тие проблеми, во огромно мнозинство се изјаснуваат дека очекуваат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да ги решат тие проблеми, изјави Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ во иднина има намера да ја продолжи политиката на ниски давачки, односно рамен данок кој што е карактерна особина и претпознатлив реформски потег кој го почна ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на СДС во одреден период осцилираше и воведуваше прогресивен данок и создаде непријатна атмосфера во бизнисот, атмосфера на непознато и на тој начин бизнисмените не инвестираа, не отвораа работни места, а економијата тапкаше во место и сега сме последни позади Косово, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе пакет кој ќе опфати понуда до мултинационални компании во светот да ги пренесат своите профитни центри во Македонија.
Тука не зборувам за производни, туку профитни центри, и на тој начин тие својата консолидирана добивка ќе ја донесат во Македонија, односно за ниски даноци до 5% ќе можат да ја консолидираат нивната добивка тука, Македонија ќе биде земја со најнизок рамен данок на профит во Европа, нагласи тој.
Мицкоски го потенцираше и проектот со кој се планира реалокација на средства од државниот буџет кон општините, за финансирање на проекти кои се важни за граѓаните, а кои за жал досега не биле реализирани. Мицкоски посочи дека тоа се проекти како водоводи, канализација, патишта, училишта, градинки и така натаму.
Граѓаните мора да почувствуваат дека владата се грижи за нив. Овој проект годишно ќе зафати околу 250 милиони евра или во 4 годишен мандат 1 милијарда евра, изјави Мицкоски.
 
The post Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди мултинационални компании во светот да ги пренесат своите профитни центри во Македонија appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на прогресивно одоначување https://republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-bara-odlozuvanje-na-progresivno-odonachuvanje/ Fri, 04 Nov 2022 11:34:56 +0000 https://republika.mk/?p=569537

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата  најави дека ќе предложи закон со кој ќе побара да се одложи примената на прогресивниот данок на личен доход за уште една година.

-ВМРО – ДПМНЕ е против воведување на прогресивно оданочување и смета дека треба да се задржи моменталниот концепт на рамен данок, а идната Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе го намали до ниво од осум проценти. Сметаме дека е неопходно одложување за уште една година на прогресивното оданочување поради неподготвеност на институциите, но пред се поради тоа што граѓаните треба преку парламентарни избори да одлучат дали се за повисоки давачки и зголемено прикривање даноци т.е. даночна евазија или се за постепено намалување на давачки и рационализација на јавните трошења, изјави денеска пратеничката Стаменкоска Трајкоска.

Таа информира дека со Предлог-законот што ќе го достават нема да се зголеми за 50 проценти данокот по основ на личен доход од кирии, капитални добивки, права на индустриска сопственост, ниту пак ќе се применува прогресивна стапка за 80 проценти поголема од основната за доходот по основ на работа, самостојна дејност, авторски и сродни права и продажба на сопствени земјоделски производи.

-Една од најголемите придобивки од овој Предлог-закон е превенирање од иселување на вработените во ИТ секторот кои во најголема мера се млади луѓе, рече Стаменкоска Трајкоска.

Таа посочи дека прогресивното оданочување го најави и воведе министерот Драган Тевдовски кој, како што рече, ќе остане запаметен по честите компарации на Македонија со Данска и како човек кој направи грешки во даночната политика поради кои беше разрешен. Пред три години, дополни таа, токму во ноември до Собранието беше доставен Предлог-закон од Нина Ангеловска, тогашната нова министерка за финансии, која ја призна грешката на својот претходник и за тоа претстави анализи на јавноста кои ја покажуваат штетата од воведената даночна реформа.

Стаменкоска Трајкоска истакна дека власта не го исполнила ветувањето дека во периодот на мирување од три години на пригресивното оданочување ќе подготви нов модел.

-Периодот на мирување на прогресивното оданочување кој го бараше Владата на ДУИ и СДСМ беше три години, а во тој период ветија дека ќе изработат и нов модел кој ќе ги исправи грешките од реформата од 2018 година т.е. ќе обезбеди ефективно и ефикасно оданочување, а паралелно ќе работат на зголемување на даночниот морал кај граѓаните, зајакнување на довербата во институциите, зајакнување на механизмите за елиминирање на сивата економија и да се намали даночната евазија. Ништо од ветувањата не е реализирано, а да биде уште пофрапантно, министерот за финансии Фатмир Бесими иако презентираше Буџет за 2023 година, се’уште не знае каква даночна реформа не очекува за помалку од 2 месеци од денес, рече Стаменкоска Трајкоска.

The post ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на прогресивно одоначување appeared first on Република.

]]>

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата  најави дека ќе предложи закон со кој ќе побара да се одложи примената на прогресивниот данок на личен доход за уште една година. -ВМРО – ДПМНЕ е против воведување на прогресивно оданочување и смета дека треба да се задржи моменталниот концепт на рамен данок, а идната Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе го намали до ниво од осум проценти. Сметаме дека е неопходно одложување за уште една година на прогресивното оданочување поради неподготвеност на институциите, но пред се поради тоа што граѓаните треба преку парламентарни избори да одлучат дали се за повисоки давачки и зголемено прикривање даноци т.е. даночна евазија или се за постепено намалување на давачки и рационализација на јавните трошења, изјави денеска пратеничката Стаменкоска Трајкоска. Таа информира дека со Предлог-законот што ќе го достават нема да се зголеми за 50 проценти данокот по основ на личен доход од кирии, капитални добивки, права на индустриска сопственост, ниту пак ќе се применува прогресивна стапка за 80 проценти поголема од основната за доходот по основ на работа, самостојна дејност, авторски и сродни права и продажба на сопствени земјоделски производи. -Една од најголемите придобивки од овој Предлог-закон е превенирање од иселување на вработените во ИТ секторот кои во најголема мера се млади луѓе, рече Стаменкоска Трајкоска. Таа посочи дека прогресивното оданочување го најави и воведе министерот Драган Тевдовски кој, како што рече, ќе остане запаметен по честите компарации на Македонија со Данска и како човек кој направи грешки во даночната политика поради кои беше разрешен. Пред три години, дополни таа, токму во ноември до Собранието беше доставен Предлог-закон од Нина Ангеловска, тогашната нова министерка за финансии, која ја призна грешката на својот претходник и за тоа претстави анализи на јавноста кои ја покажуваат штетата од воведената даночна реформа. Стаменкоска Трајкоска истакна дека власта не го исполнила ветувањето дека во периодот на мирување од три години на пригресивното оданочување ќе подготви нов модел. -Периодот на мирување на прогресивното оданочување кој го бараше Владата на ДУИ и СДСМ беше три години, а во тој период ветија дека ќе изработат и нов модел кој ќе ги исправи грешките од реформата од 2018 година т.е. ќе обезбеди ефективно и ефикасно оданочување, а паралелно ќе работат на зголемување на даночниот морал кај граѓаните, зајакнување на довербата во институциите, зајакнување на механизмите за елиминирање на сивата економија и да се намали даночната евазија. Ништо од ветувањата не е реализирано, а да биде уште пофрапантно, министерот за финансии Фатмир Бесими иако презентираше Буџет за 2023 година, се’уште не знае каква даночна реформа не очекува за помалку од 2 месеци од денес, рече Стаменкоска Трајкоска.

The post ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на прогресивно одоначување appeared first on Република.

]]>
Славески контра најавите за прогресивен данок на власта: Рамниот данок ја зголемува финансиската дисциплина и е одобрен од стопанството https://republika.mk/vesti/ekonomija/slaveski-kontra-najavite-za-progresiven-danok-na-vlasta-ramniot-danok-ja-zgolemuva-finansiskata-disciplina-i-e-odobren-od-stopanstvoto/ Thu, 13 Oct 2022 19:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=560818

Ме радува констатацијата дека со воведување на рамникот данок кој што има жестоки критичари се зголемила финансиската дисциплина. Не е случајно што таа реформа е како мачка со девет животи, сакаат да го уништат ама некако никако не успеваат, вели Трајко Славески член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата ВИН ВИН на телевизија Телма.

Од она кое што јас го имам како сознание, бев со група економисти во Министерството за финансии на таа отворена дебата, воведувањето на прогресивно оданочување е само една од десетина други мерки со кои што се предвидува да се зголеми даночната наплата за околу 54 милиони евра, истакна Славески.

Славески потенцираше дека кога владата на ВМРО-ДПМНЕ го воеди рамниот наместо прогресивниот данок, имале поддршка и од стопанството, посочувајќи дека голем број на експерти укажуваат на негативни ефекти од евентуалнот зголемување на даноците кое што го најавува власта.

Кога ја воведовме таа реформа со рамен данок имаше поддршка од бизнисот, коморите отворено застанаа, а сега како што гледате коморите се против. Има и многу експертски укажувања кои укажуваат на низа негативни ефекти кои што би настанале не само со евентуалното зголемување на даноците, преку воведување на даночната прогресија , туку и другите мерки, на пример укинување на ослободувањето за реинвестирана добивка, рече тој.

Славески објасни дека укинување на мерката за реивестирање на профитот негативно ќе влијае врз економијата, бидејќи тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ ја вовела оваа стимулативна мерка за да може компаниите профистот да го инвестираат наместо парите да ги изнесуваат надвор од државата.

Кога сме кај реинвестираната добивка, мислам дека беа изнесени толку аргументи, и допреа до ушите на креаторите на економските политиките во случајот предлагачот Министерството за финансии да се отстапи од таа мерка, затоа што внимавајте во 2008 година откако претходно беше воведена оваа стимулативна мерка да се реинвестира профистот, да не се изнесува надвор од државата, а инаку секоја реинвестира добивка додава, а и по методологијата тоа се и странски директни инвестиции. не само то, туку по оној ладен туш кој што го доживеавме да не станеме земја членка на НАТО, на тогашната блокада, ние барајќи дополнителни начини за стимулаци го применивме естонскиот модел односно нераспределената добивка беше ослободена, изјави тој.

The post Славески контра најавите за прогресивен данок на власта: Рамниот данок ја зголемува финансиската дисциплина и е одобрен од стопанството appeared first on Република.

]]>

Ме радува констатацијата дека со воведување на рамникот данок кој што има жестоки критичари се зголемила финансиската дисциплина. Не е случајно што таа реформа е како мачка со девет животи, сакаат да го уништат ама некако никако не успеваат, вели Трајко Славески член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата ВИН ВИН на телевизија Телма. Од она кое што јас го имам како сознание, бев со група економисти во Министерството за финансии на таа отворена дебата, воведувањето на прогресивно оданочување е само една од десетина други мерки со кои што се предвидува да се зголеми даночната наплата за околу 54 милиони евра, истакна Славески. Славески потенцираше дека кога владата на ВМРО-ДПМНЕ го воеди рамниот наместо прогресивниот данок, имале поддршка и од стопанството, посочувајќи дека голем број на експерти укажуваат на негативни ефекти од евентуалнот зголемување на даноците кое што го најавува власта.
Кога ја воведовме таа реформа со рамен данок имаше поддршка од бизнисот, коморите отворено застанаа, а сега како што гледате коморите се против. Има и многу експертски укажувања кои укажуваат на низа негативни ефекти кои што би настанале не само со евентуалното зголемување на даноците, преку воведување на даночната прогресија , туку и другите мерки, на пример укинување на ослободувањето за реинвестирана добивка, рече тој.
Славески објасни дека укинување на мерката за реивестирање на профитот негативно ќе влијае врз економијата, бидејќи тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ ја вовела оваа стимулативна мерка за да може компаниите профистот да го инвестираат наместо парите да ги изнесуваат надвор од државата. Кога сме кај реинвестираната добивка, мислам дека беа изнесени толку аргументи, и допреа до ушите на креаторите на економските политиките во случајот предлагачот Министерството за финансии да се отстапи од таа мерка, затоа што внимавајте во 2008 година откако претходно беше воведена оваа стимулативна мерка да се реинвестира профистот, да не се изнесува надвор од државата, а инаку секоја реинвестира добивка додава, а и по методологијата тоа се и странски директни инвестиции. не само то, туку по оној ладен туш кој што го доживеавме да не станеме земја членка на НАТО, на тогашната блокада, ние барајќи дополнителни начини за стимулаци го применивме естонскиот модел односно нераспределената добивка беше ослободена, изјави тој.

The post Славески контра најавите за прогресивен данок на власта: Рамниот данок ја зголемува финансиската дисциплина и е одобрен од стопанството appeared first on Република.

]]>
Прва мерка на ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт ќе биде рамен данок 8 проценти https://republika.mk/vesti/ekonomija/prva-merka-po-vrakjanjeto-na-vmro-dpmne-po-doagjanjeto-na-vlast-kje-bide-ramen-danok-8-procenti/ Thu, 12 May 2022 07:40:14 +0000 https://republika.mk/?p=501283

Запрашан што можеле да направт доколку беа во власта лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера одговори дека немало да ја доведат државата во ваква состојба во која сега се доведе.

 Првата мерка која што ќе ја направиме ќе ја намалиме давачката, односно нема да биде рамниот данок 10 проценти, туку 8 проценти, ќе ги зголемиме инспекциите на терен и ќе ја намалиме сивата економија, рече Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-nema-da-dozvolime-idninata-da-ni-se-kroi-vo-mala-rechica/

The post Прва мерка на ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт ќе биде рамен данок 8 проценти appeared first on Република.