Рамадани Archives - Република https://republika.mk/tema/ramadani/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Aug 2024 11:27:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рамадани Archives - Република https://republika.mk/tema/ramadani/ 32 32 Дамева: Специјалната комисија за Рамадани работи интензивно, извештајот се очекува час поскоро https://republika.mk/vesti/makedonija/dameva-spetsijalnata-komisija-za-ramadani-raboti-intenzivno-izveshtajot-se-ochekuva-chas-poskoro/ Mon, 26 Aug 2024 11:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=810256

Претседателката на Судски совет Весна Дамева, информираше дека специјалната комисија што го испитува случајот со бегството од куќен притвор на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, работи интензивно, и како што рече, се очекува час поскоро да излезе со извештај.

Во изјава за медиуми на пауза од денешната седница, Дамева рече дека штом биде констатирана фактичката состојба, веднаш ќе биде ставена на седница.

- Во овој момент не можам да кажам затоа што тоа е во рамки на Комисијата, единствено како претседател на Судски совет, на некој начин ги обезбедувам сите технички услови за да им бидат обезбедени тие податоци кои им се потребни за анализа. Цела постапка околу конкретниот случај, околу одговорност на судии и слично, да не прејудицираме, има законски рокови. Во овој случај ќе се работи интензивно и многу итно, јавноста заслужува одговори час поскоро, рече Дамева.

На прашањето во врска со средбата со премиерот Христијан Мицкоски, односно дали го убедувала премиерот да нема распуштање на советот, таа одговори дека, како што рече, судскиот совет нема надлежност, односно не се мешала во тоа.

- Судскиот совет нема надлежност, јас не се мешав во тоа. И таму укажав на средбата, укажувам во секој момент, дека судската власт е самостојна и независна. Ние бевме должни како совет да предочиме каква е реалната состојба во судството, кои се активностите кои Судскиот совет изминатите неколку месеци интензивно ги работи, а во континуитет и со години ги презема, како и оние активности кои во наредниот период интензивно ќе ги презема во насока на имплементација на препораките. Укажавме на напредокот кој судскиот совет го има во насока на тие препораки, час поскоро да бидат имплементирани, затоа што тие препораки, доколку се имплементираат, зависи враќањето на довербата во судството, образложи Дамева.

Во однос на тоа дали доовориле нешто конкретно, таа одговори дека нивните предлози ги доставуваат на работната група која што ги работеше измените во законот за Судски совет.

- Континуирано имаше наши претставници, а тоа беше иницирано од доставениот извештај на Оценската мисија. Сите предлози се тогаш доставени, меѓутоа и во наредниот период сме подготвени, доколку се предложи ново законско решение, со нашите предлози ќе учествуваме активно во насока на изготвување на солиден закон кој што од таа постапка, од сите законски одредби, понатаму би значело како ќе се враќа и дали ќе се враќа довербата кај граѓаните, дополни таа.

Судскиот совет на итна седница пред десетина дена донесе одлука да се формира Комисија што ќе ја констатира фактичката состојба по однос донесените одлуки од страна на Основниот кривичен суд Скопје, а поврзани со случајот на Блерим Рамадани, кој избега од куќен притвор додека во тек беше екстрадициона постапка.

Блерим Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.

На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август. На 15 август од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за Блерим Рамадани, бидејќи е недостапно за органите на прогонот.

The post Дамева: Специјалната комисија за Рамадани работи интензивно, извештајот се очекува час поскоро appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Судски совет Весна Дамева, информираше дека специјалната комисија што го испитува случајот со бегството од куќен притвор на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, работи интензивно, и како што рече, се очекува час поскоро да излезе со извештај. Во изјава за медиуми на пауза од денешната седница, Дамева рече дека штом биде констатирана фактичката состојба, веднаш ќе биде ставена на седница. - Во овој момент не можам да кажам затоа што тоа е во рамки на Комисијата, единствено како претседател на Судски совет, на некој начин ги обезбедувам сите технички услови за да им бидат обезбедени тие податоци кои им се потребни за анализа. Цела постапка околу конкретниот случај, околу одговорност на судии и слично, да не прејудицираме, има законски рокови. Во овој случај ќе се работи интензивно и многу итно, јавноста заслужува одговори час поскоро, рече Дамева. На прашањето во врска со средбата со премиерот Христијан Мицкоски, односно дали го убедувала премиерот да нема распуштање на советот, таа одговори дека, како што рече, судскиот совет нема надлежност, односно не се мешала во тоа. - Судскиот совет нема надлежност, јас не се мешав во тоа. И таму укажав на средбата, укажувам во секој момент, дека судската власт е самостојна и независна. Ние бевме должни како совет да предочиме каква е реалната состојба во судството, кои се активностите кои Судскиот совет изминатите неколку месеци интензивно ги работи, а во континуитет и со години ги презема, како и оние активности кои во наредниот период интензивно ќе ги презема во насока на имплементација на препораките. Укажавме на напредокот кој судскиот совет го има во насока на тие препораки, час поскоро да бидат имплементирани, затоа што тие препораки, доколку се имплементираат, зависи враќањето на довербата во судството, образложи Дамева. Во однос на тоа дали доовориле нешто конкретно, таа одговори дека нивните предлози ги доставуваат на работната група која што ги работеше измените во законот за Судски совет. - Континуирано имаше наши претставници, а тоа беше иницирано од доставениот извештај на Оценската мисија. Сите предлози се тогаш доставени, меѓутоа и во наредниот период сме подготвени, доколку се предложи ново законско решение, со нашите предлози ќе учествуваме активно во насока на изготвување на солиден закон кој што од таа постапка, од сите законски одредби, понатаму би значело како ќе се враќа и дали ќе се враќа довербата кај граѓаните, дополни таа. Судскиот совет на итна седница пред десетина дена донесе одлука да се формира Комисија што ќе ја констатира фактичката состојба по однос донесените одлуки од страна на Основниот кривичен суд Скопје, а поврзани со случајот на Блерим Рамадани, кој избега од куќен притвор додека во тек беше екстрадициона постапка. Блерим Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме. На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август. На 15 август од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за Блерим Рамадани, бидејќи е недостапно за органите на прогонот.

The post Дамева: Специјалната комисија за Рамадани работи интензивно, извештајот се очекува час поскоро appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за случајот Блерим Рамадани: Да не дозволиме нашите соседи да не користат за меѓусебно покажување мускули https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-sluchajot-blerim-ramadani-da-ne-dozvolime-nashite-sosedi-da-ne-koristat-za-megusebno-pokazhuvane-muskuli/ Fri, 16 Aug 2024 11:56:38 +0000 https://republika.mk/?p=807224

Случајот со Блерим Рамадани е уште една потврда дека правосудниот суд не за бадијала ужива два проценти доверба кај граѓаните и се додека вакви судии се дел од правосудниот систем ние не можеме да имаме правна држава, смета премиерот Христијан Мицкоски.

Во однос на тоа дали има информации каде се наоѓа Блерим Рамадани, Мицкоски вели дека „не е прашањето каде е тој, туку зошто е одлучено да биде во домашен притвор“ и дека тоа е „ прашање кое што треба многу сериозно да се разгледува“.

-Што се однесува до лицето Блерим Рамадани можам да го кажам следново. Ова не е прв случај. Првиот случај се случил во 2016, а вториот случај во 2019 година. Ова е трет случај за којшто јас сум запознаен. Ме прашавте дали имам информација каде е, знам каде не е. Не е во домашен притвор. Е сега прашањето е зошто е одлучено да биде во домашен притвор. Затоа што одлуката во 2019 година на Врховниот суд е многу јасна – кога тогашното лице кое што било во екстрадикциски притвор е ослободено. Зошто овој судија којшто во минатото е познат по многу контроверзни судски одлуки меѓу кои и онаа за насилниците и тепачите од МНАВ носи одлука која што го суспедира како тоа е наречено судската пракса и ја надсинхоринизира одлуката на повисокиот суд, а тоа е Врховниот суд тоа е прашање кое што треба многу сериозно да се разгледува, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија.

Според Мицкоски, зошто ова прерасна во политичка тема, е исто така прашање кое што треба да се разгледува и многу сериозно да се анализира, но и, како што нагласи, „уште една потврда дека правосудниот суд не за бадијала ужива 2 проценти доверба кај граѓаните и се додека вакви судии се дел од правосудниот систем ние не можеме да имаме правна држава“.

-Ова не требаше да биде тема. И апелирам до сите вас да не дозволиме нашите соседи да ја користат нашата држава како прокси во покажување меѓусебни мускули. Јасна е судската пракса – дали нас ни се допаѓа или не, тоа е друга тема. Но, Врховниот суд во 2019 година има донесено одлука со која што тогашното лице кое што е заробено како резултат на меѓународна потерница од Србија во екстрадиционен притвор е ослободено. Зошто овој судија прави ваква судска гимнастика, инженеринг, тоа е веќе друга анализа, рече Мицкоски.

Сега сум политичар и немам право да коментирам судски одлуки, рече Мицкоски, нагласувајќи дека „има институција која што се уште е важечка, се вика Судски совет, нека се занимаваат тие“.

Прашан дали стапил во контакт со српските власти за Рамадани, како што побарале вчера, Мицкоски, повторно повика да не се дозволи „нашите соседи да покажуваат мускули кај нас“, порачувајќи дека „пред никого не поднесува објаснувања“.

-Така што, ве молам да не дозволиме, повторно апелирам нашите соседи да покажуваат мускули кај нас. Инаку, јас пред никого не поднесувам објаснувања, можеби еден ден пред еден којшто никој не го гледа, истакна Мицкоски.

The post Мицкоски за случајот Блерим Рамадани: Да не дозволиме нашите соседи да не користат за меѓусебно покажување мускули appeared first on Република.

]]>

Случајот со Блерим Рамадани е уште една потврда дека правосудниот суд не за бадијала ужива два проценти доверба кај граѓаните и се додека вакви судии се дел од правосудниот систем ние не можеме да имаме правна држава, смета премиерот Христијан Мицкоски.
Во однос на тоа дали има информации каде се наоѓа Блерим Рамадани, Мицкоски вели дека „не е прашањето каде е тој, туку зошто е одлучено да биде во домашен притвор“ и дека тоа е „ прашање кое што треба многу сериозно да се разгледува“. -Што се однесува до лицето Блерим Рамадани можам да го кажам следново. Ова не е прв случај. Првиот случај се случил во 2016, а вториот случај во 2019 година. Ова е трет случај за којшто јас сум запознаен. Ме прашавте дали имам информација каде е, знам каде не е. Не е во домашен притвор. Е сега прашањето е зошто е одлучено да биде во домашен притвор. Затоа што одлуката во 2019 година на Врховниот суд е многу јасна – кога тогашното лице кое што било во екстрадикциски притвор е ослободено. Зошто овој судија којшто во минатото е познат по многу контроверзни судски одлуки меѓу кои и онаа за насилниците и тепачите од МНАВ носи одлука која што го суспедира како тоа е наречено судската пракса и ја надсинхоринизира одлуката на повисокиот суд, а тоа е Врховниот суд тоа е прашање кое што треба многу сериозно да се разгледува, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија. Според Мицкоски, зошто ова прерасна во политичка тема, е исто така прашање кое што треба да се разгледува и многу сериозно да се анализира, но и, како што нагласи, „уште една потврда дека правосудниот суд не за бадијала ужива 2 проценти доверба кај граѓаните и се додека вакви судии се дел од правосудниот систем ние не можеме да имаме правна држава“. -Ова не требаше да биде тема. И апелирам до сите вас да не дозволиме нашите соседи да ја користат нашата држава како прокси во покажување меѓусебни мускули. Јасна е судската пракса – дали нас ни се допаѓа или не, тоа е друга тема. Но, Врховниот суд во 2019 година има донесено одлука со која што тогашното лице кое што е заробено како резултат на меѓународна потерница од Србија во екстрадиционен притвор е ослободено. Зошто овој судија прави ваква судска гимнастика, инженеринг, тоа е веќе друга анализа, рече Мицкоски. Сега сум политичар и немам право да коментирам судски одлуки, рече Мицкоски, нагласувајќи дека „има институција која што се уште е важечка, се вика Судски совет, нека се занимаваат тие“. Прашан дали стапил во контакт со српските власти за Рамадани, како што побарале вчера, Мицкоски, повторно повика да не се дозволи „нашите соседи да покажуваат мускули кај нас“, порачувајќи дека „пред никого не поднесува објаснувања“. -Така што, ве молам да не дозволиме, повторно апелирам нашите соседи да покажуваат мускули кај нас. Инаку, јас пред никого не поднесувам објаснувања, можеби еден ден пред еден којшто никој не го гледа, истакна Мицкоски.

The post Мицкоски за случајот Блерим Рамадани: Да не дозволиме нашите соседи да не користат за меѓусебно покажување мускули appeared first on Република.

]]>
Меџити: Прашањето за Блерим Рамадани треба да се затвори и се надевам дека во иднина нема да имаме вакви случаи https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-prashaneto-za-blerim-ramadani-treba-da-se-zatvori-i-se-nadevam-deka-vo-idnina-nema-da-imame-vakvi-sluchai/ Fri, 16 Aug 2024 11:41:42 +0000 https://republika.mk/?p=807215

Во однос на тоа каде потфрлиле институциите во случајот со бегството на Блерим Рамадани ќе се обратите до Министерството за внатрешни работи, но од она што ми е веќе познато е дека судот донел одлука дека аргументите кои ги посочува Србија немаат основа и затоа не постои причина да тој се екстрадира во Србија, вели вицепремиерот Изет Меџити на новинарско прашање – дали како Влада располагаат со повеќе информации во однос на бегството на поранешниот војник на ОВК.

Тој рече и дека како држава, Македонија треба да се насочи кон дејствување како и сите останати европски држави во однос на меѓународните потерници издадени од Србија за борците на поранешната Ослободителна војска на Косово.

„Тоа е веќе трета одлука, имаше и за Дуголи во минатото и за Морина и веќе тоа станува судска пракса и таа пракса треба да нè насочи како држава да делуваме и како сите други европски држави, дека Србија дава неточни информации и не треба да се сфатат сериозно“, кажа Меџити.

The post Меџити: Прашањето за Блерим Рамадани треба да се затвори и се надевам дека во иднина нема да имаме вакви случаи appeared first on Република.

]]>

Во однос на тоа каде потфрлиле институциите во случајот со бегството на Блерим Рамадани ќе се обратите до Министерството за внатрешни работи, но од она што ми е веќе познато е дека судот донел одлука дека аргументите кои ги посочува Србија немаат основа и затоа не постои причина да тој се екстрадира во Србија, вели вицепремиерот Изет Меџити на новинарско прашање – дали како Влада располагаат со повеќе информации во однос на бегството на поранешниот војник на ОВК. Тој рече и дека како држава, Македонија треба да се насочи кон дејствување како и сите останати европски држави во однос на меѓународните потерници издадени од Србија за борците на поранешната Ослободителна војска на Косово. „Тоа е веќе трета одлука, имаше и за Дуголи во минатото и за Морина и веќе тоа станува судска пракса и таа пракса треба да нè насочи како држава да делуваме и како сите други европски држави, дека Србија дава неточни информации и не треба да се сфатат сериозно“, кажа Меџити.

The post Меџити: Прашањето за Блерим Рамадани треба да се затвори и се надевам дека во иднина нема да имаме вакви случаи appeared first on Република.

]]>