рак на дебело црево Archives - Република https://republika.mk/tema/rak-na-debelo-crevo/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 08:36:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рак на дебело црево Archives - Република https://republika.mk/tema/rak-na-debelo-crevo/ 32 32 „Рак е“: Американскиот актер пред тешка борба https://republika.mk/scena/estrada/rak-e-amerikanskiot-akter-pred-teshka-borba/ Mon, 04 Nov 2024 08:36:44 +0000 https://republika.mk/?p=833870

На американскиот глумец Џејмс ван дер Бик, му бил дијагностициран рак на дебелото црево, пишува „Пипл“ (People).

Имам рак на дебелото црево. Со оваа дијагноза се справувам лично и правам сѐ за да оздравам, со поддршка од моето неверојатно семејство. Се чувствувам добро и имам причина да бидам оптимист, изјави 47-годишниот американски глумец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Van Der Beek (@vanderjames)

Глумецот го минува слободното време со неговата сопруга Кимберли ван дер Бик и нивните шест деца: Оливија, Џошуа, Анабел, Емилија, Гвендолин и Џеремаја.

И покрај дијагнозата, Ван дер Бик неодамна продолжи да работи. Се појави во една епизода на ТВ-серијата „Вокер“, а наскоро треба да излезе и филмот „На клупата: Кју-Би и јас“ (Sidelined: The QB and Me), каде што тој, исто така, глуми. Во декември, тој треба ќе се појави и во специјална емисија за подигање на свеста за ракот на простата, тестисите и дебелото црево.

Ван дер Бик е можеби најпознат по неговата улога како Досон Лири во тинејџерската ТВ-серија „Светот на Досон“ (Dawson's Creek) (1998 - 2003), којашто му донесе светска слава.

The post „Рак е“: Американскиот актер пред тешка борба appeared first on Република.

]]>

На американскиот глумец Џејмс ван дер Бик, му бил дијагностициран рак на дебелото црево, пишува „Пипл“ (People).
Имам рак на дебелото црево. Со оваа дијагноза се справувам лично и правам сѐ за да оздравам, со поддршка од моето неверојатно семејство. Се чувствувам добро и имам причина да бидам оптимист, изјави 47-годишниот американски глумец.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by James Van Der Beek (@vanderjames)

Глумецот го минува слободното време со неговата сопруга Кимберли ван дер Бик и нивните шест деца: Оливија, Џошуа, Анабел, Емилија, Гвендолин и Џеремаја. И покрај дијагнозата, Ван дер Бик неодамна продолжи да работи. Се појави во една епизода на ТВ-серијата „Вокер“, а наскоро треба да излезе и филмот „На клупата: Кју-Би и јас“ (Sidelined: The QB and Me), каде што тој, исто така, глуми. Во декември, тој треба ќе се појави и во специјална емисија за подигање на свеста за ракот на простата, тестисите и дебелото црево. Ван дер Бик е можеби најпознат по неговата улога како Досон Лири во тинејџерската ТВ-серија „Светот на Досон“ (Dawson's Creek) (1998 - 2003), којашто му донесе светска слава.

The post „Рак е“: Американскиот актер пред тешка борба appeared first on Република.

]]>
Ракот на дебело црево е втора водечка причина за смрт на малигни тумори, годишно од оваа болест во Македонија умираат околу 500 луѓе https://republika.mk/zivot/zdravje/rakot-na-debelo-tsrevo-e-vtora-vodechka-prichina-za-smrt-na-maligni-tumori-godishno-od-ovaa-bolest-vo-makedonija-umiraat-okolu-500-luge/ Wed, 01 Mar 2023 12:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=614661

Секоја година од рак на дебело црево во Македонија умираат окоу 500 луѓе или 482 во 2021 година, што ја рангира оваа болест како втора водечка причина за смрт на малигни тумори кај мажите (303) и кај жените (179) и ја прави социо-медицински проблем, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Први март е Националниот ден за подигање на свеста за ракот на дебелото црево, а месец март е Меѓународен месец за подигање на свеста за ракот на дебелото црево.

Ракот на дебелото црево е едно од најчестите малигни заболувања на модерното време, со околу 1,8 милиони нови случаи во светот секоја година, што претставува околу 10% од сите случаи на малигни тумори. Според последните податоци од 2021 година, кај нас има 747 нови случаи, од рак на дебело црево (колон, ректум и сигма).

Ракот на дебелото црево најчесто ги погодува постарите лица, по 70-годишна возраст, но во последната деценија е јасен тренд на зголемување на инциденцата кај младите, на возраст под 40 години. Се покажа дека овде возраста може да биде прогностички фактор, односно дека возраста на пациентите под 40 години има влијание врз поагресивната форма на болеста и пократко севкупно преживување.

Посебен проблем, кај нас и во светот е големиот процент на пациенти со метастатско заболување во моментот на дијагнозата, најчесто во црниот дроб, кај околу 25% од пациентите. Додека во најраните стадиуми на болеста, петгодишното преживување е над 90%, во првичните метастатски форми тоа е околу 10-15% од пациентите.

Колоректалниот карцином е меѓу најчестите видови на рак кај современиот човек. Инциденцата на тумори на дебелото црево е висока кај нас и се приближува до стапките на инциденца на колоректален карцином во Европа и светот. Ракот на дебелото црево е прв или втор на листата на малигни тумори на дигестивниот тракт, во зависност од географската средина.

Точната причина за колоректалниот карцином не е целосно позната. Засега знаеме дека се јавува како резултат на влијанието на наследните и еколошките фактори, исхраната и начинот на живеење.

Симптомите на малигнен тумор на дебелото црево првенствено зависат од локацијата на туморот и може да се манифестираат како: крварење во столицата, неправилна столица, течна столица, синдром на ретка столица, наизменичен запек и дијареа, чувство на недоволно празнање, надуеност, отсуство на гасови и столица.

Некогаш прв и единствен симптом може да биде појавата на слабост и замор поради анемија, што е последица на долготрајно секојдневно крварење во столицата кое не ја менува бојата на столицата. Еден од важните проблеми при поставувањето на дијагнозата, односно рано откривање на тумор на дебелото црево, е присуството на крв во столицата, која се третира како последица на хемороидално крварење и може да доведе до погрешно поставување на дијагнозата без понатамошен преглед, односно колоноскопија.

Од лабораториски анализи, анемијата може да биде единствен начин на манифестација, особено кај туморите на цекум (слепо црево). Седиментацијата е често нормална, а покачената алкална фосфатаза укажува на можни метастази во црниот дроб.

Дијагнозата на рак на дебелото црево често се поставува со колоноскопија кога ќе се види туморска промена, од која се зема парче ткиво (биопсија). Со оваа процедура е важно точно да се утврди каде се наоѓа туморот, како изгледа и за каков тип на тумор се работи. Во најлошите случаи, кога операцијата на дебелото црево се јавува поради болка, крварење или застој на црниот дроб, дијагнозата се поставува при самата операција.

Третманот најчесто е хируршки, по можност со ресекција во еден чин. Терапијата со зрачење е исто така опција и понекогаш се советува пред самата операција. Анемијата треба да се корегира предоперативно со трансфузија. .

Бидејќи се потребни 10-15 години за полипите на дебелото црево да се развијат во рак, раното откривање со скрининг е важно за да може полипите да се отстранат пред да станат канцерогени.

Исхраната треба да биде богата со природни влакна, а не да се додаваат влакната како додаток во исхраната. Се препорачува да се земаат најмалку пет порции свежо овошје (јужно овошје, јаболко, круша, слива) и зеленчук дневно. Брокулата и зелката треба да се земаат најмалку еднаш неделно. Се препорачува да се намали потрошувачката на црвено месо, не повеќе од три пати неделно и да се избегнува конзумирање на сушени месни производи. Се препорачува често да се јаде риба и живина како извор на протеини од животинско потекло. Се препорачува умерена физичка активност најмалку три пати неделно, велат од  Одделот за здравствена промоција и следење на болести од ИЈЗ.

 

The post Ракот на дебело црево е втора водечка причина за смрт на малигни тумори, годишно од оваа болест во Македонија умираат околу 500 луѓе appeared first on Република.

]]>

Секоја година од рак на дебело црево во Македонија умираат окоу 500 луѓе или 482 во 2021 година, што ја рангира оваа болест како втора водечка причина за смрт на малигни тумори кај мажите (303) и кај жените (179) и ја прави социо-медицински проблем, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Први март е Националниот ден за подигање на свеста за ракот на дебелото црево, а месец март е Меѓународен месец за подигање на свеста за ракот на дебелото црево. Ракот на дебелото црево е едно од најчестите малигни заболувања на модерното време, со околу 1,8 милиони нови случаи во светот секоја година, што претставува околу 10% од сите случаи на малигни тумори. Според последните податоци од 2021 година, кај нас има 747 нови случаи, од рак на дебело црево (колон, ректум и сигма). Ракот на дебелото црево најчесто ги погодува постарите лица, по 70-годишна возраст, но во последната деценија е јасен тренд на зголемување на инциденцата кај младите, на возраст под 40 години. Се покажа дека овде возраста може да биде прогностички фактор, односно дека возраста на пациентите под 40 години има влијание врз поагресивната форма на болеста и пократко севкупно преживување. Посебен проблем, кај нас и во светот е големиот процент на пациенти со метастатско заболување во моментот на дијагнозата, најчесто во црниот дроб, кај околу 25% од пациентите. Додека во најраните стадиуми на болеста, петгодишното преживување е над 90%, во првичните метастатски форми тоа е околу 10-15% од пациентите. Колоректалниот карцином е меѓу најчестите видови на рак кај современиот човек. Инциденцата на тумори на дебелото црево е висока кај нас и се приближува до стапките на инциденца на колоректален карцином во Европа и светот. Ракот на дебелото црево е прв или втор на листата на малигни тумори на дигестивниот тракт, во зависност од географската средина. Точната причина за колоректалниот карцином не е целосно позната. Засега знаеме дека се јавува како резултат на влијанието на наследните и еколошките фактори, исхраната и начинот на живеење. Симптомите на малигнен тумор на дебелото црево првенствено зависат од локацијата на туморот и може да се манифестираат како: крварење во столицата, неправилна столица, течна столица, синдром на ретка столица, наизменичен запек и дијареа, чувство на недоволно празнање, надуеност, отсуство на гасови и столица. Некогаш прв и единствен симптом може да биде појавата на слабост и замор поради анемија, што е последица на долготрајно секојдневно крварење во столицата кое не ја менува бојата на столицата. Еден од важните проблеми при поставувањето на дијагнозата, односно рано откривање на тумор на дебелото црево, е присуството на крв во столицата, која се третира како последица на хемороидално крварење и може да доведе до погрешно поставување на дијагнозата без понатамошен преглед, односно колоноскопија. Од лабораториски анализи, анемијата може да биде единствен начин на манифестација, особено кај туморите на цекум (слепо црево). Седиментацијата е често нормална, а покачената алкална фосфатаза укажува на можни метастази во црниот дроб. Дијагнозата на рак на дебелото црево често се поставува со колоноскопија кога ќе се види туморска промена, од која се зема парче ткиво (биопсија). Со оваа процедура е важно точно да се утврди каде се наоѓа туморот, како изгледа и за каков тип на тумор се работи. Во најлошите случаи, кога операцијата на дебелото црево се јавува поради болка, крварење или застој на црниот дроб, дијагнозата се поставува при самата операција. Третманот најчесто е хируршки, по можност со ресекција во еден чин. Терапијата со зрачење е исто така опција и понекогаш се советува пред самата операција. Анемијата треба да се корегира предоперативно со трансфузија. .
Бидејќи се потребни 10-15 години за полипите на дебелото црево да се развијат во рак, раното откривање со скрининг е важно за да може полипите да се отстранат пред да станат канцерогени. Исхраната треба да биде богата со природни влакна, а не да се додаваат влакната како додаток во исхраната. Се препорачува да се земаат најмалку пет порции свежо овошје (јужно овошје, јаболко, круша, слива) и зеленчук дневно. Брокулата и зелката треба да се земаат најмалку еднаш неделно. Се препорачува да се намали потрошувачката на црвено месо, не повеќе од три пати неделно и да се избегнува конзумирање на сушени месни производи. Се препорачува често да се јаде риба и живина како извор на протеини од животинско потекло. Се препорачува умерена физичка активност најмалку три пати неделно, велат од  Одделот за здравствена промоција и следење на болести од ИЈЗ.
 

The post Ракот на дебело црево е втора водечка причина за смрт на малигни тумори, годишно од оваа болест во Македонија умираат околу 500 луѓе appeared first on Република.

]]>
Ова се симптомите на ракот од кој почина Пеле: Болеста најчесто напаѓа една категорија луѓе, а има многу фактори https://republika.mk/zivot/zdravje/ova-se-simptomite-na-rakot-od-koj-pochina-pele-bolesta-najchesto-napaga-edna-kategorija-luge-a-ima-mnogu-faktori/ Sat, 31 Dec 2022 13:32:42 +0000 https://republika.mk/?p=591842

Симптомите на рак на дебелото црево, од кој почина Пеле, најчесто се јавуваат кај постарите луѓе, иако можат да се појават на која било возраст

Веста дека легендарниот фудбалер Пеле по долга борба со ракот на дебелото црево ја загуби битката и почина на 82-годишна возраст ја шокираше јавноста. Имено, фудбалерот долги години се бореше со опасната болест, но за жал не успеа да се опорави.

Познато е дека ракот е една од најзлобните болести и дека лекувањето е долг и напорен процес, кој не гарантира закрепнување и добар исход. Ракот на дебелото црево е малигно заболување кое може да се појави на која било возраст, а почесто кај лица над 50 години и кај мажи. Може да биде зафатен кој било дел од дебелото црево, но почесто е во левата половина на дебелото црево.

Постојат различни симптоми кои можат да укажуваат на рак на дебелото црево, но тоа не мора да биде така. Некои од најчестите симптоми се:

Крв во столицата

Необјаснето губење на тежината

Анемија

Промени во празнењето на цревата - нов запек или дијареа

Ракот на дебелото црево се открива со колоноскопија. За време на колоноскопијата се зема примерок од ткиво и се испраќа за патолошка дијагноза. Кога дијагнозата на рак на дебелото црево е потврдена патохистолошки, неопходно е да се спроведат дополнителни дијагностички процедури:

КТ (скенер) на абдомен и мала карлица на срцето и КТ на градниот кош (или рентген на белите дробови и срцето - одлуката ќе ја донесе вашиот лекар)

Лабораториски анализи на крв и урина

Фактори на ризик за рак на дебелото црево:

Возраст: луѓето над 50 години имаат поголема веројатност да се разболат, иако болеста може да се појави на која било возраст

Генетски синдроми: фамилијарна адематозна полипоза (FAP) и наследен неполипозен карцином на дебелото црево (Линч синдром)

Рак на дебелото црево претходно третиран

Ракот на дебелото црево во семејството - ракот на дебелото црево кај родителите, браќата и сестрите или децата ги зголемува шансите за добивање на болеста

Воспалителни болести на цревата: улцеративен колитис или Кронова болест

Исхрана: премногу црвено месо и животински масти и малку житарки, овошје и зеленчук

Физичка неактивност

Долготрајно пушење

The post Ова се симптомите на ракот од кој почина Пеле: Болеста најчесто напаѓа една категорија луѓе, а има многу фактори appeared first on Република.

]]>

Симптомите на рак на дебелото црево, од кој почина Пеле, најчесто се јавуваат кај постарите луѓе, иако можат да се појават на која било возраст Веста дека легендарниот фудбалер Пеле по долга борба со ракот на дебелото црево ја загуби битката и почина на 82-годишна возраст ја шокираше јавноста. Имено, фудбалерот долги години се бореше со опасната болест, но за жал не успеа да се опорави. Познато е дека ракот е една од најзлобните болести и дека лекувањето е долг и напорен процес, кој не гарантира закрепнување и добар исход. Ракот на дебелото црево е малигно заболување кое може да се појави на која било возраст, а почесто кај лица над 50 години и кај мажи. Може да биде зафатен кој било дел од дебелото црево, но почесто е во левата половина на дебелото црево. Постојат различни симптоми кои можат да укажуваат на рак на дебелото црево, но тоа не мора да биде така. Некои од најчестите симптоми се: Крв во столицата Необјаснето губење на тежината Анемија Промени во празнењето на цревата - нов запек или дијареа Ракот на дебелото црево се открива со колоноскопија. За време на колоноскопијата се зема примерок од ткиво и се испраќа за патолошка дијагноза. Кога дијагнозата на рак на дебелото црево е потврдена патохистолошки, неопходно е да се спроведат дополнителни дијагностички процедури: КТ (скенер) на абдомен и мала карлица на срцето и КТ на градниот кош (или рентген на белите дробови и срцето - одлуката ќе ја донесе вашиот лекар) Лабораториски анализи на крв и урина Фактори на ризик за рак на дебелото црево: Возраст: луѓето над 50 години имаат поголема веројатност да се разболат, иако болеста може да се појави на која било возраст Генетски синдроми: фамилијарна адематозна полипоза (FAP) и наследен неполипозен карцином на дебелото црево (Линч синдром) Рак на дебелото црево претходно третиран Ракот на дебелото црево во семејството - ракот на дебелото црево кај родителите, браќата и сестрите или децата ги зголемува шансите за добивање на болеста Воспалителни болести на цревата: улцеративен колитис или Кронова болест Исхрана: премногу црвено месо и животински масти и малку житарки, овошје и зеленчук Физичка неактивност Долготрајно пушење

The post Ова се симптомите на ракот од кој почина Пеле: Болеста најчесто напаѓа една категорија луѓе, а има многу фактори appeared first on Република.

]]>