Рафал Archives - Република https://republika.mk/tema/rafal/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Aug 2024 14:12:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рафал Archives - Република https://republika.mk/tema/rafal/ 32 32 Русија нема ништо против што Србија купи француски „Рафали“ https://republika.mk/vesti/balkan/rusija-nema-nishto-protiv-shto-srbija-kupi-frantsuski-rafali/ Fri, 30 Aug 2024 14:22:42 +0000 https://republika.mk/?p=811623

Одлуката на Србија да купи француски борбени авиони „Рафал“ е нејзин слободен избор, изјави денеска во Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Одлуката за купување на 12 француски ловци „Рафал“ е слободен избор на Србија. Тоа е избор на нашите српски пријатели. Секоја земја се води од економски и други анализи при донесувањето на таквите одлуки“, рече Песков.

За време на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Србија, потпишан е договор за продажба на 12 нови повеќенаменски борбени авиони „Рафал“ на Србија за 2,7 милијарди евра

The post Русија нема ништо против што Србија купи француски „Рафали“ appeared first on Република.

]]>

Одлуката на Србија да купи француски борбени авиони „Рафал“ е нејзин слободен избор, изјави денеска во Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Одлуката за купување на 12 француски ловци „Рафал“ е слободен избор на Србија. Тоа е избор на нашите српски пријатели. Секоја земја се води од економски и други анализи при донесувањето на таквите одлуки“, рече Песков. За време на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Србија, потпишан е договор за продажба на 12 нови повеќенаменски борбени авиони „Рафал“ на Србија за 2,7 милијарди евра

The post Русија нема ништо против што Србија купи француски „Рафали“ appeared first on Република.

]]>
Што се случува: Два француски „Рафали“ се урнаа во ист ден https://republika.mk/vesti/svet/shto-se-sluchuva-dva-frantsuski-rafali-se-urnaa-vo-ist-den/ Wed, 14 Aug 2024 15:02:43 +0000 https://republika.mk/?p=806555

Два француски борбени авиони „Рафал“ се урнаа денеска во источна Франција, изјави министерот за одбрана Себастиен Лекорну.

Тој на социјалната мрежа Икс објави дека несреќата во која учествувале два авиони „Рафал“ се случила во департманот Меурте и Мосел, западно од градот Стразбур.

„Еден од пилотите е пронајден, тој е здрав. Потрагата сè уште трае“, додаде Лекорну, заблагодарувајќи им се на вооружените сили и жандармите за нивните напори за обезбедување на областа.

Регионалниот дневен весник „L'Est Republicain“ објави дека се трага по уште двајца воени пилоти

The post Што се случува: Два француски „Рафали“ се урнаа во ист ден appeared first on Република.

]]>

Два француски борбени авиони „Рафал“ се урнаа денеска во источна Франција, изјави министерот за одбрана Себастиен Лекорну. Тој на социјалната мрежа Икс објави дека несреќата во која учествувале два авиони „Рафал“ се случила во департманот Меурте и Мосел, западно од градот Стразбур. „Еден од пилотите е пронајден, тој е здрав. Потрагата сè уште трае“, додаде Лекорну, заблагодарувајќи им се на вооружените сили и жандармите за нивните напори за обезбедување на областа. Регионалниот дневен весник „L'Est Republicain“ објави дека се трага по уште двајца воени пилоти

The post Што се случува: Два француски „Рафали“ се урнаа во ист ден appeared first on Република.

]]>
Вработен „случајно“ ги оставил во ресторан: Украдени доверливи податоци за производството на „Рафал“ https://republika.mk/vesti/svet/vraboten-sluchajno-gi-ostavil-vo-restoran-ukradeni-doverlivi-podatotsi-za-proizvodstvoto-na-rafal/ Fri, 10 May 2024 08:44:50 +0000 https://republika.mk/?p=776613

На вработен во француската компанија Dassault Aviation, која произведува борбени авиони Rafale, му е украдена торба со компјутери со доверливи податоци поврзани со националната одбрана, пишува весникот valeursactuelles.com.

Кражбата ја извршил еден од посетителите на ресторанот во предградието на Париз, Аргентеј.

Неколку пати го менувал местото за да заврши на бирото на вработен во една француска компанија.

Непознато лице тивко ја зело чантата што стоела пред нозете на вработениот, ја сокрило под палтото и брзо го напуштило ресторанот.Во чантата имало два компјутера и УСБ.

The post Вработен „случајно“ ги оставил во ресторан: Украдени доверливи податоци за производството на „Рафал“ appeared first on Република.

]]>

На вработен во француската компанија Dassault Aviation, која произведува борбени авиони Rafale, му е украдена торба со компјутери со доверливи податоци поврзани со националната одбрана, пишува весникот valeursactuelles.com. Кражбата ја извршил еден од посетителите на ресторанот во предградието на Париз, Аргентеј. Неколку пати го менувал местото за да заврши на бирото на вработен во една француска компанија. Непознато лице тивко ја зело чантата што стоела пред нозете на вработениот, ја сокрило под палтото и брзо го напуштило ресторанот.Во чантата имало два компјутера и УСБ.

The post Вработен „случајно“ ги оставил во ресторан: Украдени доверливи податоци за производството на „Рафал“ appeared first on Република.

]]>
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела https://republika.mk/vesti/balkan/prvite-shest-avioni-rafal-vo-hrvatska-pristignuvaat-ovaa-nedela/ Tue, 23 Apr 2024 09:56:22 +0000 https://republika.mk/?p=769650

Хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, денеска соопшти дека неделава во Хрватска ќе пристигнат првите шест од вкупно 12-те купени борбени авиони „Рафал“.

Со историски прелет од Бордо до Загреб, пилотите на хрватското воено воздухопловство, кои беа обучени Франција, в четврток ќе ги донесат моќните ловци и нови заштитници на хрватскиот воздушен простор, напиша Анушиќ на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека модернизацијата на воздушната флота е најголемата инвестиција на Владата и Министерството за одбрана во безбедноста на државата.

Во 2021 година Хрватска потпиша договор со Франција за купување на 12 половни француски борбени авиони „Рафал“ во вредност од 999 милиони евра.

Првиот авион беше преземен во октомври минатата година во француската воена база во Мон де Марсан.

Во Франција на обука беа испратени околу 90 членови на техничкиот и летечкиот персонал.

The post Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, денеска соопшти дека неделава во Хрватска ќе пристигнат првите шест од вкупно 12-те купени борбени авиони „Рафал“. Со историски прелет од Бордо до Загреб, пилотите на хрватското воено воздухопловство, кои беа обучени Франција, в четврток ќе ги донесат моќните ловци и нови заштитници на хрватскиот воздушен простор, напиша Анушиќ на социјалната мрежа Х. Тој додаде дека модернизацијата на воздушната флота е најголемата инвестиција на Владата и Министерството за одбрана во безбедноста на државата. Во 2021 година Хрватска потпиша договор со Франција за купување на 12 половни француски борбени авиони „Рафал“ во вредност од 999 милиони евра. Првиот авион беше преземен во октомври минатата година во француската воена база во Мон де Марсан. Во Франција на обука беа испратени околу 90 членови на техничкиот и летечкиот персонал.

The post Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела appeared first on Република.

]]>
Србија купува француски борбени авиони и сака да гради нуклеарни централи: Вучиќ заминува во Париз на средба со Макрон https://republika.mk/vesti/balkan/srbija-kupuva-frantsuski-borbeni-avioni-i-saka-da-gradi-nuklearni-tsentrali-vuchik-zaminuva-vo-pariz-na-sredba-so-makron/ Sun, 07 Apr 2024 09:58:15 +0000 https://republika.mk/?p=763363

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре во Париз официјално ќе се сретне со претседателот на Франција, Емануел Макрон, во посета најавена како од големо значење за Србија. Меѓу темите се зајакнувањето на билатералната соработка, Косово, Сребреница, нуклеарната енергија, купување 12 борбени авиони Рафал, Експо2027, јави дописникот на МИА од Белград.

Ќе побарам од претседателот Макрон да земе предвид се што разговаравме, но и да ги земе предвид меѓународните норми на јавното право, особено обврската за формирање Заедница на српски општини. Знам дека Франција ја поддржува независноста на Косово, но на мене останува да прашам, рече Вучиќ.

Една од темите ќе биде изградба на големи и мали нуклеарни централи.

Франција е најголемата европска нуклеарна енергетска сила. 70 отсто од електричната енергија ја добива од нуклеарна енергија. Сакам да знаете дека до 2050 година ќе трошиме четири пати повеќе електрична енергија отколку денес. Што и да правиме, немаме шанси ако не почнеме брзо да го решаваме тој проблем. А тој проблем е можно само со изградба на големи и мали нуклеарни централи, изјави Вучиќ.

Покрај дискусијата за нуклеарната енергија, Вучиќ најави дека во Франција ќе се разговара за наменската индустрија, купувањето на 12 нови француски воени авиони „Рафал“ и друга опрема.

Вучиќ изјави дека во Франција ќе се разговара и за ИТ секторот, развојот на вештачката интелигенција, гејминг индустријата, производството на автомобили и батерии, иновациите, стартапите и изградбата и управувањето со пречистителни станици за отпадни води.

Тој додаде дека една од темите ќе биде воведувањето на летечки такси за Србија до почетокот на „Експо 2027“.

Францускиот весник „Фигаро“ во текст под наслов „Макрон во понеделник ќе го прими српскиот претседател во Елисејската палата“, пишува дека Макрон и Вучиќ в понеделник во Елисејската палата ќе разговараат за интеграцијата на Србија во ЕУ и односите меѓу Белград и Приштина.

Осврнувајќи се на изјавата на Елисејската палата, „Фигаро“ наведува дека во оваа прилика Макрон „ќе ја потврди својата посветеност и целосна поддршка за европската интеграција на Србија“ и „дека нормализацијата на односите со Косово е составен дел од процесот на пристапување во ЕУ“.

The post Србија купува француски борбени авиони и сака да гради нуклеарни централи: Вучиќ заминува во Париз на средба со Макрон appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре во Париз официјално ќе се сретне со претседателот на Франција, Емануел Макрон, во посета најавена како од големо значење за Србија. Меѓу темите се зајакнувањето на билатералната соработка, Косово, Сребреница, нуклеарната енергија, купување 12 борбени авиони Рафал, Експо2027, јави дописникот на МИА од Белград.
Ќе побарам од претседателот Макрон да земе предвид се што разговаравме, но и да ги земе предвид меѓународните норми на јавното право, особено обврската за формирање Заедница на српски општини. Знам дека Франција ја поддржува независноста на Косово, но на мене останува да прашам, рече Вучиќ.
Една од темите ќе биде изградба на големи и мали нуклеарни централи.
Франција е најголемата европска нуклеарна енергетска сила. 70 отсто од електричната енергија ја добива од нуклеарна енергија. Сакам да знаете дека до 2050 година ќе трошиме четири пати повеќе електрична енергија отколку денес. Што и да правиме, немаме шанси ако не почнеме брзо да го решаваме тој проблем. А тој проблем е можно само со изградба на големи и мали нуклеарни централи, изјави Вучиќ.
Покрај дискусијата за нуклеарната енергија, Вучиќ најави дека во Франција ќе се разговара за наменската индустрија, купувањето на 12 нови француски воени авиони „Рафал“ и друга опрема. Вучиќ изјави дека во Франција ќе се разговара и за ИТ секторот, развојот на вештачката интелигенција, гејминг индустријата, производството на автомобили и батерии, иновациите, стартапите и изградбата и управувањето со пречистителни станици за отпадни води. Тој додаде дека една од темите ќе биде воведувањето на летечки такси за Србија до почетокот на „Експо 2027“. Францускиот весник „Фигаро“ во текст под наслов „Макрон во понеделник ќе го прими српскиот претседател во Елисејската палата“, пишува дека Макрон и Вучиќ в понеделник во Елисејската палата ќе разговараат за интеграцијата на Србија во ЕУ и односите меѓу Белград и Приштина. Осврнувајќи се на изјавата на Елисејската палата, „Фигаро“ наведува дека во оваа прилика Макрон „ќе ја потврди својата посветеност и целосна поддршка за европската интеграција на Србија“ и „дека нормализацијата на односите со Косово е составен дел од процесот на пристапување во ЕУ“.

The post Србија купува француски борбени авиони и сака да гради нуклеарни централи: Вучиќ заминува во Париз на средба со Макрон appeared first on Република.

]]>
Грчкото небо ќе го чуваат француски „Рафали“ https://republika.mk/vesti/balkan/grchkoto-nebo-kje-go-chuvaat-francuiski-rafali/ Tue, 15 Feb 2022 21:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=459052

Со широко мнозинство грчкиот Парламент вечерва го изгласа новиот закон за зајакнување на одбраната на земјата што вклучува набавка на дополнителни шест воени авиони „Рафал“ и три фрегати „Белара“ од Франција, јави дописничката на МИА од Атина.

За конкретниот закон од Министерството за одбрана, „за“ гласаа пратениците од Нова демократија, Движење на промена и Грчко решение, „против“ беа Комунистичката партија и МЕРА 25, додека пак пратениците од СИРИЗА гласаа „присутни“.

Грција веќе има договор за 18 воени авиони „Рафал“, а шест од нив минатиот месец пристигнаа во Атина.

На крајот од септември минатата година, министрите за надворешни работи и одбрана на Грција и Франција, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во Париз го потпишаа Договорот за воспоставување стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка меѓу двете земји што содржи набавка на три модерни француски фрегати „Белара“, со можност за набавување на плус уште една

The post Грчкото небо ќе го чуваат француски „Рафали“ appeared first on Република.

]]>

Со широко мнозинство грчкиот Парламент вечерва го изгласа новиот закон за зајакнување на одбраната на земјата што вклучува набавка на дополнителни шест воени авиони „Рафал“ и три фрегати „Белара“ од Франција, јави дописничката на МИА од Атина. За конкретниот закон од Министерството за одбрана, „за“ гласаа пратениците од Нова демократија, Движење на промена и Грчко решение, „против“ беа Комунистичката партија и МЕРА 25, додека пак пратениците од СИРИЗА гласаа „присутни“. Грција веќе има договор за 18 воени авиони „Рафал“, а шест од нив минатиот месец пристигнаа во Атина. На крајот од септември минатата година, министрите за надворешни работи и одбрана на Грција и Франција, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во Париз го потпишаа Договорот за воспоставување стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка меѓу двете земји што содржи набавка на три модерни француски фрегати „Белара“, со можност за набавување на плус уште една

The post Грчкото небо ќе го чуваат француски „Рафали“ appeared first on Република.

]]>