Рафа Archives - Република https://republika.mk/tema/rafa/ За подобро да се разбереме Sat, 22 Jun 2024 09:06:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рафа Archives - Република https://republika.mk/tema/rafa/ 32 32 Израел повторно бомбардираше шатори со бегалци https://republika.mk/vesti/svet/izrael-povtorno-bombardirashe-shatori-so-begaltsi/ Sat, 22 Jun 2024 09:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=789708

Најмалку 25 лица загинаа синоќа, а 50 се ранети во израелското гранатирање на шатори за раселените Палестинци северно од градот Рафа, соопшти Министерството за здравство на Газа и вработените во Итната помош.

Тоа е најновиот смртоносен напад врз малата палестинска енклава каде стотици илјади луѓе ги напуштија своите домови по конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Портпаролот на цивилната одбрана во Рафа, Ахмед Радван рече дека очевидци им кажале на спасувачите за гранатирање на две локации во крајбрежна област полна со шатори, а Министерството за здравство соопшти дека многу луѓе биле убиени и ранети во нападите.

Нападите се случија во непосредна близина на безбедната зона одредена од Израел.

Израелската армија соопшти дека проверува што се случило во наведените координати.

Израел претходно бомбардираше локации во таканаречената хуманитарна зона во Муваси, рурална област на брегот на Средоземното Море каде во последните месеци беа подигнати шатори за раселените.

Нападите дојдоа додека Израел ја продолжува својата воена операција во Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци избегаа од конфликтот во другите делови на Газа.

The post Израел повторно бомбардираше шатори со бегалци appeared first on Република.

]]>

Најмалку 25 лица загинаа синоќа, а 50 се ранети во израелското гранатирање на шатори за раселените Палестинци северно од градот Рафа, соопшти Министерството за здравство на Газа и вработените во Итната помош. Тоа е најновиот смртоносен напад врз малата палестинска енклава каде стотици илјади луѓе ги напуштија своите домови по конфликтот меѓу Израел и Хамас. Портпаролот на цивилната одбрана во Рафа, Ахмед Радван рече дека очевидци им кажале на спасувачите за гранатирање на две локации во крајбрежна област полна со шатори, а Министерството за здравство соопшти дека многу луѓе биле убиени и ранети во нападите. Нападите се случија во непосредна близина на безбедната зона одредена од Израел. Израелската армија соопшти дека проверува што се случило во наведените координати. Израел претходно бомбардираше локации во таканаречената хуманитарна зона во Муваси, рурална област на брегот на Средоземното Море каде во последните месеци беа подигнати шатори за раселените. Нападите дојдоа додека Израел ја продолжува својата воена операција во Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци избегаа од конфликтот во другите делови на Газа.

The post Израел повторно бомбардираше шатори со бегалци appeared first on Република.

]]>
Израелската армија тврди дека уништила половина од силите на Хамас во Рафа https://republika.mk/vesti/svet/izraelskata-armija-tvrdi-deka-unishtila-polovina-od-silite-na-hamas-vo-rafa/ Mon, 17 Jun 2024 17:44:14 +0000 https://republika.mk/?p=788511

Израелската армија денеска соопшти дека уништила околу половина од борбените сили на Хамас во Рафа, при што убила најмалку 550 вооружени луѓе во тоа подрачје.

Дивизијата 162 се бори во Рафа повеќе од 40 дена, откако најпрво ја презеде контролата врз источната периферија и граничниот премин кон Египет на почетокот на мај.

Во втората фаза од операцијата, десет дена подоцна, дивизијата ја презеде контролата врз бразилскиот кварт, јавуваат израелските медиуми.

Во третата фаза, армијата ја презеде контролата над целата граница меѓу Египет и Газа, позната како коридор Филаделфија, и влезе во северозападниот кварт на Тел Султан.

Според Израелските одбранбени сили (ИДФ), најмалку 550 вооружени мажи биле убиени во операцијата Рафа, а тој биланс ги вклучува и оние што војниците можеле физички да ги идентификуваат по борбите.

Покрај тоа, многу оперативци на Хамас се убиени во напади врз згради и тунели, проценува армијата, но не е познато колкумина побегнале од областа Рафа кога започнала офанзивата.

The post Израелската армија тврди дека уништила половина од силите на Хамас во Рафа appeared first on Република.

]]>

Израелската армија денеска соопшти дека уништила околу половина од борбените сили на Хамас во Рафа, при што убила најмалку 550 вооружени луѓе во тоа подрачје. Дивизијата 162 се бори во Рафа повеќе од 40 дена, откако најпрво ја презеде контролата врз источната периферија и граничниот премин кон Египет на почетокот на мај. Во втората фаза од операцијата, десет дена подоцна, дивизијата ја презеде контролата врз бразилскиот кварт, јавуваат израелските медиуми. Во третата фаза, армијата ја презеде контролата над целата граница меѓу Египет и Газа, позната како коридор Филаделфија, и влезе во северозападниот кварт на Тел Султан. Според Израелските одбранбени сили (ИДФ), најмалку 550 вооружени мажи биле убиени во операцијата Рафа, а тој биланс ги вклучува и оние што војниците можеле физички да ги идентификуваат по борбите. Покрај тоа, многу оперативци на Хамас се убиени во напади врз згради и тунели, проценува армијата, но не е познато колкумина побегнале од областа Рафа кога започнала офанзивата.

The post Израелската армија тврди дека уништила половина од силите на Хамас во Рафа appeared first on Република.

]]>
САД побараа од Израел да преземе мерки на претпазливост за заштита на цивилите во Рафа https://republika.mk/vesti/svet/sad-pobaraa-od-izrael-da-prezeme-merki-na-pretpazlivost-za-zashtita-na-tsivilite-vo-rafa/ Tue, 28 May 2024 16:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=782488

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден побара од Израел да преземе мерки на претпазливост за заштита на цивилното население по нападот во Рафа, при што загинаа десетици Палестинци.

- Израел има право да го гони Хамас и ние разбираме дека како резултат на тој напад загина двајца високопозиционирани терористи на Хамас одговорни за нападите на израелските граѓани, изјави синоќа претставник на Советот за национална безбедност во Белата куќа.

- Но ние јасно дадовме до знаење дека Израел треба да ги презема сите можни мерки на претпазливост за да се заштити цивилното население.

Од советот укажаа дека владата на САД „активно соработува“ на местото на настанот со израелски воени и други лица за да се оцени што се случило.

Администрација на Бајден се судира со незадоволство од демократите поради дејствијата на владата поврзани со војната помеѓу Израел и Хамас и тоа уште пред израелскиот напад во неделата врз Рафа, кога изби пожар во бегалски камп при што загинаа 45 луѓе.

Според најновата анкета на Ипсос речиси половина од демократските избирачи не ја одобруваат политиката на Бајден.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека цивилното население не било цел на нападот но „настаните зазеле друга, трагична насока“ што довело до цивилни жртви.

The post САД побараа од Израел да преземе мерки на претпазливост за заштита на цивилите во Рафа appeared first on Република.

]]>

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден побара од Израел да преземе мерки на претпазливост за заштита на цивилното население по нападот во Рафа, при што загинаа десетици Палестинци. - Израел има право да го гони Хамас и ние разбираме дека како резултат на тој напад загина двајца високопозиционирани терористи на Хамас одговорни за нападите на израелските граѓани, изјави синоќа претставник на Советот за национална безбедност во Белата куќа. - Но ние јасно дадовме до знаење дека Израел треба да ги презема сите можни мерки на претпазливост за да се заштити цивилното население. Од советот укажаа дека владата на САД „активно соработува“ на местото на настанот со израелски воени и други лица за да се оцени што се случило. Администрација на Бајден се судира со незадоволство од демократите поради дејствијата на владата поврзани со војната помеѓу Израел и Хамас и тоа уште пред израелскиот напад во неделата врз Рафа, кога изби пожар во бегалски камп при што загинаа 45 луѓе. Според најновата анкета на Ипсос речиси половина од демократските избирачи не ја одобруваат политиката на Бајден. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека цивилното население не било цел на нападот но „настаните зазеле друга, трагична насока“ што довело до цивилни жртви.

The post САД побараа од Израел да преземе мерки на претпазливост за заштита на цивилите во Рафа appeared first on Република.

]]>
Нападот на шаторите полни бегалци денеска на итна седница Советот за безбедност на ОН https://republika.mk/vesti/svet/napadot-na-shatorite-polni-begaltsi-deneska-na-itna-sednitsa-sovetot-za-bezbednost-na-on/ Tue, 28 May 2024 05:45:45 +0000 https://republika.mk/?p=782228

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска ќе одржи итен состанок по смртоносниот воздушен напад на Израел во близина на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Итниот состанок беше побаран од Алжир, а поддржан од Словенија, соопштија дипломати, пренесува ДПА.

Здравствените власти на Хамас во Газа соопштија дека 45 лица загинале, а десетици се повредени во воздушниот напад во неделата во кој беа погодени шатори во кои се сместени раселените луѓе.

Повеќето од жртвите на воздушниот напад се жени и деца, соопштија здравствените власти, опишувајќи го инцидентот како „масакр“.

The post Нападот на шаторите полни бегалци денеска на итна седница Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска ќе одржи итен состанок по смртоносниот воздушен напад на Израел во близина на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа. Итниот состанок беше побаран од Алжир, а поддржан од Словенија, соопштија дипломати, пренесува ДПА. Здравствените власти на Хамас во Газа соопштија дека 45 лица загинале, а десетици се повредени во воздушниот напад во неделата во кој беа погодени шатори во кои се сместени раселените луѓе. Повеќето од жртвите на воздушниот напад се жени и деца, соопштија здравствените власти, опишувајќи го инцидентот како „масакр“.

The post Нападот на шаторите полни бегалци денеска на итна седница Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху призна, се случила трагична грешка при нападот на шаторскиот камп во Рафа https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-prizna-se-sluchila-tragichna-greshka-pri-napadot-na-shatorskiot-kamp-vo-rafa/ Mon, 27 May 2024 21:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=782220

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше нападот во текот на ноќта врз шаторскиот камп во градот Рафа во кој загинаа најмалку 45 лица.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека целеле двајца високи лидери на Хамас во еден од комплексите на групата и ќе ги разгледаат извештаите дека пожарот се проширил во засолништата, загрозувајќи ги цивилите.

Нетанјаху рече дека Израел се обидел да ги заштити цивилите со евакуација на еден милион луѓе од Рафа, каде што се проценува дека имало околу 1,5 милиони луѓе пред почетокот на офанзивата. „И покрај нашите напори да не ги повредиме, се случи трагична грешка. Ние го истражуваме инцидентот. За нас тоа е трагедија, за Хамас тоа е стратегија“, рече Нетанјаху во парламентот.

Нападот дојде неколку часа откако Хамас истрела осум ракети од Рафа кон Тел Авив, први далечни напади врз градот од јануари.

Во соопштението објавено доцна синоќа по експлозијата во Газа, ИДФ соопшти дека „елиминирала“ двајца високи претставници на Хамас – Јасин Рабија и Калед Нагар – во „прецизен“ воздушен напад „во северозападниот дел на Рафа“.

Нападот предизвика бес кај светските лидери кои повикаа на спроведување на пресудата на Меѓународниот суд за запирање на израелскиот напад. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е огорчен од последните напади на Израел.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел рекоа дека пресудата на Меѓународниот суд на правдата мора да се почитува.

 

The post Нетанјаху призна, се случила трагична грешка при нападот на шаторскиот камп во Рафа appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше нападот во текот на ноќта врз шаторскиот камп во градот Рафа во кој загинаа најмалку 45 лица. Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека целеле двајца високи лидери на Хамас во еден од комплексите на групата и ќе ги разгледаат извештаите дека пожарот се проширил во засолништата, загрозувајќи ги цивилите. Нетанјаху рече дека Израел се обидел да ги заштити цивилите со евакуација на еден милион луѓе од Рафа, каде што се проценува дека имало околу 1,5 милиони луѓе пред почетокот на офанзивата. „И покрај нашите напори да не ги повредиме, се случи трагична грешка. Ние го истражуваме инцидентот. За нас тоа е трагедија, за Хамас тоа е стратегија“, рече Нетанјаху во парламентот. Нападот дојде неколку часа откако Хамас истрела осум ракети од Рафа кон Тел Авив, први далечни напади врз градот од јануари. Во соопштението објавено доцна синоќа по експлозијата во Газа, ИДФ соопшти дека „елиминирала“ двајца високи претставници на Хамас – Јасин Рабија и Калед Нагар – во „прецизен“ воздушен напад „во северозападниот дел на Рафа“. Нападот предизвика бес кај светските лидери кои повикаа на спроведување на пресудата на Меѓународниот суд за запирање на израелскиот напад. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е огорчен од последните напади на Израел. Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел рекоа дека пресудата на Меѓународниот суд на правдата мора да се почитува.  

The post Нетанјаху призна, се случила трагична грешка при нападот на шаторскиот камп во Рафа appeared first on Република.

]]>
Светскиот суд ќе одлучува за барањето за запирање на израелската офанзива врз Рафа https://republika.mk/vesti/svet/svetskiot-sud-ke-odluchuva-za-baraneto-za-zapirane-na-izraelskata-ofanziva-vrz-rafa/ Fri, 24 May 2024 08:15:19 +0000 https://republika.mk/?p=781331

Судиите во највисокиот суд на ОН денеска ќе донесат одлука за барањето на Јужна Африка да му се нареди на Израел да ја запре офанзивата во Рафа и да се повлече од Газа, дел од поширокиот случај во кој Израел е обвинет за геноцид.

Јужноафриканските застапници побараа од судот минатата недела итна мерка, нагласувајќи дека израелските напади врз јужниот град Газа „мора да престанат“ за да се обезбеди опстанок на палестинскиот народ.

Пресудите на Меѓународниот суд на правдата, познат и како Светски суд, се конечни и обврзувачки, но во минатото биле игнорирани. Судот нема извршни овластувања.

The post Светскиот суд ќе одлучува за барањето за запирање на израелската офанзива врз Рафа appeared first on Република.

]]>

Судиите во највисокиот суд на ОН денеска ќе донесат одлука за барањето на Јужна Африка да му се нареди на Израел да ја запре офанзивата во Рафа и да се повлече од Газа, дел од поширокиот случај во кој Израел е обвинет за геноцид. Јужноафриканските застапници побараа од судот минатата недела итна мерка, нагласувајќи дека израелските напади врз јужниот град Газа „мора да престанат“ за да се обезбеди опстанок на палестинскиот народ. Пресудите на Меѓународниот суд на правдата, познат и како Светски суд, се конечни и обврзувачки, но во минатото биле игнорирани. Судот нема извршни овластувања.

The post Светскиот суд ќе одлучува за барањето за запирање на израелската офанзива врз Рафа appeared first on Република.

]]>
По израелскиот напад врз Рафа раселени се 800.000 Палестинци https://republika.mk/vesti/svet/po-izraelskiot-napad-vrz-rafa-raseleni-se-800-000-palestintsi/ Sun, 19 May 2024 07:39:51 +0000 https://republika.mk/?p=779714

Шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА), Филипe Лазарини, соопшти дека од почетокот на израелската копнена операција во Рафа на 6 мај, од овој град се раселени 800.000 луѓе.

Лазарини посочи дека луѓето се кријат во урнати згради, во области каде што е прекинато водоснабдувањето, а санитарни јазли не постојат.

Кога луѓето бегаат, тие се без безбеден премин или заштита. Секој пат се принудени да ги остават зад себе неколкуте работи што ги имаат: душеци, шатори, прибор за готвење и основни потреби што не можат да ги понесат со себе или да платат транспорт“, истакна Лазарини на платформата Икс.

Тој нагласи дека Ал-Маваси, наводната безбедна зона во близина на Рафа, всушност е песочна област со големина од само 14 квадратни километри, во која се наоѓале 400.000 луѓе пред последната израелска ескалација.

The post По израелскиот напад врз Рафа раселени се 800.000 Палестинци appeared first on Република.

]]>

Шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА), Филипe Лазарини, соопшти дека од почетокот на израелската копнена операција во Рафа на 6 мај, од овој град се раселени 800.000 луѓе. Лазарини посочи дека луѓето се кријат во урнати згради, во области каде што е прекинато водоснабдувањето, а санитарни јазли не постојат.
Кога луѓето бегаат, тие се без безбеден премин или заштита. Секој пат се принудени да ги остават зад себе неколкуте работи што ги имаат: душеци, шатори, прибор за готвење и основни потреби што не можат да ги понесат со себе или да платат транспорт“, истакна Лазарини на платформата Икс.
Тој нагласи дека Ал-Маваси, наводната безбедна зона во близина на Рафа, всушност е песочна област со големина од само 14 квадратни километри, во која се наоѓале 400.000 луѓе пред последната израелска ескалација.

The post По израелскиот напад врз Рафа раселени се 800.000 Палестинци appeared first on Република.

]]>
Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата офанзива во Рафа https://republika.mk/vesti/svet/sholts-go-predupredi-izrael-da-ne-ja-shiri-svojata-ofanziva-vo-rafa/ Sun, 12 May 2024 07:15:42 +0000 https://republika.mk/?p=777157

Германскиот канцелар Олаф Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата воена операција во Појасот Газа со офанзива против градот Рафа на југот на земјата, јави ДПА.

-Веруваме дека офанзивата против Рафа...би била неодговорна, рече Шолц вчера, говорејќи на настан на веб-пренос на групата весници RND во Потсдам.

-Предупредуваме на ова и не веруваме дека постои некаков план што на крајот ќе дозволи ова да се случи без огромни жртви од страна на цивилното население, рече канцеларот.

Шолц нагласи и дека Израел има право да се брани и да се бори против палестинската исламистичка група Хамас.

Сепак, тој додаде дека хуманитарната помош треба да стигне и во Газа и да има перспектива за мирен соживот, заснован на решение со две држави.

The post Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата офанзива во Рафа appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата воена операција во Појасот Газа со офанзива против градот Рафа на југот на земјата, јави ДПА. -Веруваме дека офанзивата против Рафа...би била неодговорна, рече Шолц вчера, говорејќи на настан на веб-пренос на групата весници RND во Потсдам. -Предупредуваме на ова и не веруваме дека постои некаков план што на крајот ќе дозволи ова да се случи без огромни жртви од страна на цивилното население, рече канцеларот. Шолц нагласи и дека Израел има право да се брани и да се бори против палестинската исламистичка група Хамас. Сепак, тој додаде дека хуманитарната помош треба да стигне и во Газа и да има перспектива за мирен соживот, заснован на решение со две држави.

The post Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата офанзива во Рафа appeared first on Република.

]]>
Израел ги засили нападите врз Рафа, се заканува нова хуманитарна катастрофа https://republika.mk/vesti/svet/izrael-gi-zasili-napadite-vrz-rafa-se-zakanuva-nova-humanitarna-katastrofa/ Sat, 11 May 2024 07:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=776976

Израелските сили и покрај меѓународните предупредувања ги засилија нападите врз Рафа, од каде досега побегнаа околу 110.000 луѓе. Во тек се жестоки борби во јужниот дел на Рафа. Израелските тенкови навлегуваат подлабоко во градот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел ја продолжува борбата против Хамас, како што наведе, „дури и ако остане и сам“.

Ако треба да стоиме сами, ќе застанеме сами. Ќе се бориме со нокти и заби. Денес сме многу посилни. Одлучни сме и обединети да го победиме нашиот непријател и оние кои сакаат да не уништат, изјави Нетанјаху.

Израелскиот воен кабинет одобри проширување на областа на операции во Рафа. Неименувани извори за американските медиуми изјавиле дека тоа ќе биде одмерено проширување, кое нема да ја премине црвената линија на американскиот претседател Џо Бајден.

Агенциите за помош на Обединетите нации претходно предупредија дека намалувањето на резервите на храна и гориво може да ги запре операциите за помош во рок од неколку дена во Газа, бидејќи главните премини се затворени, што доведува до затворање на болници и дополнителна неухранетост.

Генералното собрание на Обединетите нации ја одобри резолуцијата за проширување на палестинските права во Светската организација. Резолуцијата го повикува Советот за безбедност да ја преиспита палестинската апликација за членство во Обединетите нации. САД досега го блокира секој обид со вето.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борељ, пак, најави дека Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро и официјално ќе ја признаат Палестина, што, како што рече, може да ги поттикне и другите членки на Унијата да го сторат истото.

Во меѓувреме, Франција го повика Израел веднаш да ја прекине воената операција во Рафах. Француското Министерство за надворешни работи го повика и на итно отворање на преминот Рафа кон Египет, кој од пред неклку дена е под израелска контрола.

Париз изрази жалење за започнувањето на израелската воена операција во Рафах и ги повика израелските власти „да направат се што е можно за да обезбедат заштита на цивилите и да гарантираат пристап до хуманитарна помош, во согласност со меѓународното право“.

The post Израел ги засили нападите врз Рафа, се заканува нова хуманитарна катастрофа appeared first on Република.

]]>

Израелските сили и покрај меѓународните предупредувања ги засилија нападите врз Рафа, од каде досега побегнаа околу 110.000 луѓе. Во тек се жестоки борби во јужниот дел на Рафа. Израелските тенкови навлегуваат подлабоко во градот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел ја продолжува борбата против Хамас, како што наведе, „дури и ако остане и сам“.
Ако треба да стоиме сами, ќе застанеме сами. Ќе се бориме со нокти и заби. Денес сме многу посилни. Одлучни сме и обединети да го победиме нашиот непријател и оние кои сакаат да не уништат, изјави Нетанјаху.
Израелскиот воен кабинет одобри проширување на областа на операции во Рафа. Неименувани извори за американските медиуми изјавиле дека тоа ќе биде одмерено проширување, кое нема да ја премине црвената линија на американскиот претседател Џо Бајден. Агенциите за помош на Обединетите нации претходно предупредија дека намалувањето на резервите на храна и гориво може да ги запре операциите за помош во рок од неколку дена во Газа, бидејќи главните премини се затворени, што доведува до затворање на болници и дополнителна неухранетост. Генералното собрание на Обединетите нации ја одобри резолуцијата за проширување на палестинските права во Светската организација. Резолуцијата го повикува Советот за безбедност да ја преиспита палестинската апликација за членство во Обединетите нации. САД досега го блокира секој обид со вето. Шефот на европската дипломатија Жозеп Борељ, пак, најави дека Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро и официјално ќе ја признаат Палестина, што, како што рече, може да ги поттикне и другите членки на Унијата да го сторат истото. Во меѓувреме, Франција го повика Израел веднаш да ја прекине воената операција во Рафах. Француското Министерство за надворешни работи го повика и на итно отворање на преминот Рафа кон Египет, кој од пред неклку дена е под израелска контрола. Париз изрази жалење за започнувањето на израелската воена операција во Рафах и ги повика израелските власти „да направат се што е можно за да обезбедат заштита на цивилите и да гарантираат пристап до хуманитарна помош, во согласност со меѓународното право“.

The post Израел ги засили нападите врз Рафа, се заканува нова хуманитарна катастрофа appeared first on Република.

]]>
Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали https://republika.mk/vesti/svet/preminot-rafa-blokiran-nema-gorivo-i-meditsinski-materijali/ Thu, 09 May 2024 14:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=776422

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека на југот на Појасот Газа има резерви со гориво само за во наредните три дена, поради што една болница е веќе затворена поради недостиг од гориво и медицински материјали.

Граничниот премин Рафа со Египет е затворен откако израелската армија ја презеде контролата врз палестинската страна на границата во вторникот наутро, блокирајќи го влезот на очајно потребната хуманитарна помош. ОН соопштија дека северниот дел на Газа веќе е во состојба на „целосна глад“.

Израел објави дека преминот Керем Шалом – втората рута за дистрибуција на помош – е повторно отворен во средата. Сепак, Светската програма за храна посочува дека преку тој премин не поминала никаква помош.

Војната во Газа принуди околу 80 отсто од населението од 2,3 милиони да ги напуштат своите домови и предизвика огромно уништување на станови, болници, џамии и училишта низ неколку градови. Бројот на загинати во Газа се искачи на повеќе од 34.500 луѓе, според локалните здравствени власти.

Војната започна на 7 октомври кога Хамас го нападна јужен Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе, главно цивили, а киднапирајќи околу 250 други. Израел вели дека милитантите сè уште држат околу 100 заложници и останките на повеќе од 30 други.

The post Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека на југот на Појасот Газа има резерви со гориво само за во наредните три дена, поради што една болница е веќе затворена поради недостиг од гориво и медицински материјали. Граничниот премин Рафа со Египет е затворен откако израелската армија ја презеде контролата врз палестинската страна на границата во вторникот наутро, блокирајќи го влезот на очајно потребната хуманитарна помош. ОН соопштија дека северниот дел на Газа веќе е во состојба на „целосна глад“. Израел објави дека преминот Керем Шалом – втората рута за дистрибуција на помош – е повторно отворен во средата. Сепак, Светската програма за храна посочува дека преку тој премин не поминала никаква помош. Војната во Газа принуди околу 80 отсто од населението од 2,3 милиони да ги напуштат своите домови и предизвика огромно уништување на станови, болници, џамии и училишта низ неколку градови. Бројот на загинати во Газа се искачи на повеќе од 34.500 луѓе, според локалните здравствени власти. Војната започна на 7 октомври кога Хамас го нападна јужен Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе, главно цивили, а киднапирајќи околу 250 други. Израел вели дека милитантите сè уште држат околу 100 заложници и останките на повеќе од 30 други.

The post Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали appeared first on Република.

]]>
Америка ја запре испораката на бомби за Израел поради Рафа https://republika.mk/vesti/svet/amerika-ja-zapre-isporakata-na-bombi-za-izrael-poradi-rafa/ Wed, 08 May 2024 09:37:44 +0000 https://republika.mk/?p=775390

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел минатата недела во спротивставување на очигледните потези на Израелците да го нападнат градот Рафа во јужна Газа, изјави висок претставник на администрацијата.

Бајден се обидуваше да го спречи целосниот напад на Израелците против Рафах, каде што стотици илјади Палестинци побараа засолниште од борбите на друго место во Газа.

Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека додека израелските лидери се чини дека пристапуваат кон одлука за упад во Рафа, „почнавме внимателно да ги разгледуваме предложените трансфери на одредено оружје во Израел што би можело да се користи во Рафа“ почнувајќи од април.

„Како резултат на тој преглед, паузиравме една пратка оружје минатата недела. Се состои од 1.800 бомби од еден тон и 1.700 бомби од 250 килограми “, рече официјалниот претставник, според Ројтерс. Асошиетед прес и Франс прес објавија слични коментари од висок американски функционер.

„Посебно сме фокусирани на крајната употреба на бомбите од еден тон и влијанието што тие би можеле да го имаат во густите урбани услови како што видовме во другите делови на Газа. Не донесовме конечна одлука за тоа како да продолжиме со оваа пратка“, рече официјалниот претставник.

Вториот американски функционер, кој исто така зборуваше анонимно и цитиран од „Вашингтон пост“, рече дека потегот има цел да му ја пренесе на Израел сериозноста на загриженоста на САД за неговата офанзива во Рафа.

Четири извори изјавија за Ројтерс дека пратките, кои се одложени најмалку две недели, вклучувале муниција за заеднички директен напад произведени од „Боинг“, кои ги претвораат неми бомби во прецизно наведувани, како и бомби со мал дијаметар.

Висок израелски функционер, кој зборуваше за Ројтерс под услов да остане анонимен, не потврди никакво специфично задржување на испораките на оружје, но се чини дека сериозно ги сфати извештаите: „Како што веќе рече премиерот, ако треба да се бориме со нокти , тогаш ќе го направиме она што треба да го направиме“.

Одложувањето доаѓа во време кога Вашингтон јавно врши притисок врз Израел да ја ограничи својата офанзива во Рафа и да преземе чекори за да избегне цивилни жртви.

Израелските сили во вторникот го зазедоа главниот граничен премин меѓу Газа и Египет во Рафа, отсекувајќи ја виталната рута за помош во оваа мала територија. Во понеделникот израелската армија повика 100.000 луѓе во источен Рафа да се евакуираат.

Без да се осврне на тоа дали имало застој во испораката на оружје, прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, потврди дека посветеноста на Вашингтон за безбедноста на Израел е „железна“.

The post Америка ја запре испораката на бомби за Израел поради Рафа appeared first on Република.

]]>

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел минатата недела во спротивставување на очигледните потези на Израелците да го нападнат градот Рафа во јужна Газа, изјави висок претставник на администрацијата. Бајден се обидуваше да го спречи целосниот напад на Израелците против Рафах, каде што стотици илјади Палестинци побараа засолниште од борбите на друго место во Газа. Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека додека израелските лидери се чини дека пристапуваат кон одлука за упад во Рафа, „почнавме внимателно да ги разгледуваме предложените трансфери на одредено оружје во Израел што би можело да се користи во Рафа“ почнувајќи од април. „Како резултат на тој преглед, паузиравме една пратка оружје минатата недела. Се состои од 1.800 бомби од еден тон и 1.700 бомби од 250 килограми “, рече официјалниот претставник, според Ројтерс. Асошиетед прес и Франс прес објавија слични коментари од висок американски функционер. „Посебно сме фокусирани на крајната употреба на бомбите од еден тон и влијанието што тие би можеле да го имаат во густите урбани услови како што видовме во другите делови на Газа. Не донесовме конечна одлука за тоа како да продолжиме со оваа пратка“, рече официјалниот претставник. Вториот американски функционер, кој исто така зборуваше анонимно и цитиран од „Вашингтон пост“, рече дека потегот има цел да му ја пренесе на Израел сериозноста на загриженоста на САД за неговата офанзива во Рафа. Четири извори изјавија за Ројтерс дека пратките, кои се одложени најмалку две недели, вклучувале муниција за заеднички директен напад произведени од „Боинг“, кои ги претвораат неми бомби во прецизно наведувани, како и бомби со мал дијаметар. Висок израелски функционер, кој зборуваше за Ројтерс под услов да остане анонимен, не потврди никакво специфично задржување на испораките на оружје, но се чини дека сериозно ги сфати извештаите: „Како што веќе рече премиерот, ако треба да се бориме со нокти , тогаш ќе го направиме она што треба да го направиме“. Одложувањето доаѓа во време кога Вашингтон јавно врши притисок врз Израел да ја ограничи својата офанзива во Рафа и да преземе чекори за да избегне цивилни жртви. Израелските сили во вторникот го зазедоа главниот граничен премин меѓу Газа и Египет во Рафа, отсекувајќи ја виталната рута за помош во оваа мала територија. Во понеделникот израелската армија повика 100.000 луѓе во источен Рафа да се евакуираат. Без да се осврне на тоа дали имало застој во испораката на оружје, прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, потврди дека посветеноста на Вашингтон за безбедноста на Израел е „железна“.

The post Америка ја запре испораката на бомби за Израел поради Рафа appeared first on Република.

]]>
Борел: Офанзива во Рафа ќе предизвика цивилни жртви, без разлика што вели Израел https://republika.mk/vesti/svet/borel-ofanziva-vo-rafa-ke-predizvika-tsivilni-zhrtvi-bez-razlika-shto-veli-izrael/ Tue, 07 May 2024 09:30:28 +0000 https://republika.mk/?p=774953

Офанзивата на Израел врз Рафа, најверојатно, ќе убие повеќе цивили и се спроведува и покрај експлицитните предупредувања против неа од земјите-членки на Европската унија и САД, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Офанзивата на Рафа повторно почна, и покрај сите барања на меѓународната заедница, САД, земјите членки на Европската унија, сите бараат од Нетанјаху да не напаѓа, изјави Борел, пренесува Тајмс оф Израел.

Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој

The post Борел: Офанзива во Рафа ќе предизвика цивилни жртви, без разлика што вели Израел appeared first on Република.

]]>

Офанзивата на Израел врз Рафа, најверојатно, ќе убие повеќе цивили и се спроведува и покрај експлицитните предупредувања против неа од земјите-членки на Европската унија и САД, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. Офанзивата на Рафа повторно почна, и покрај сите барања на меѓународната заедница, САД, земјите членки на Европската унија, сите бараат од Нетанјаху да не напаѓа, изјави Борел, пренесува Тајмс оф Израел. Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој

The post Борел: Офанзива во Рафа ќе предизвика цивилни жртви, без разлика што вели Израел appeared first on Република.

]]>
ИДФ воспоставија контрола врз палестинската страна на преминот Рафа, соопшти израелското армиско радио https://republika.mk/vesti/svet/idf-vospostavija-kontrola-vrz-palestinskata-strana-na-preminot-rafa-soopshti-izraelskoto-armisko-radio/ Tue, 07 May 2024 07:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=774933

Израелските сили (ИДФ) воспоставија контрола врз палестинската страна на граничниот контролен премин Рафа, што се наоѓа на границата на Појасот Газа со Египет, јавија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на израелското армиско радио.

Портпаролот на граничните власти на Газа изјави за британските медиуми дека контролниот пункт од палестинска страна е затворен поради присуството на израелски тенкови.

Претходно денеска, палестински функционер за безбедност и египетски претставник за американските медиуми изјавија дека израелски тенкови влегле во градот Рафа и се наоѓаат на само 200 метри од преминот.

The post ИДФ воспоставија контрола врз палестинската страна на преминот Рафа, соопшти израелското армиско радио appeared first on Република.

]]>

Израелските сили (ИДФ) воспоставија контрола врз палестинската страна на граничниот контролен премин Рафа, што се наоѓа на границата на Појасот Газа со Египет, јавија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на израелското армиско радио. Портпаролот на граничните власти на Газа изјави за британските медиуми дека контролниот пункт од палестинска страна е затворен поради присуството на израелски тенкови. Претходно денеска, палестински функционер за безбедност и египетски претставник за американските медиуми изјавија дека израелски тенкови влегле во градот Рафа и се наоѓаат на само 200 метри од преминот.

The post ИДФ воспоставија контрола врз палестинската страна на преминот Рафа, соопшти израелското армиско радио appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Израелските сили ќе влезат во Рафа https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-izraelskite-sili-ke-vlezat-vo-rafa/ Tue, 19 Mar 2024 19:22:54 +0000 https://republika.mk/?p=756413

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во Комитетот за надворешни работи и одбрана на Кнесетот, изјавил дека израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе влезат во Рафа како дел од копнената операција и дека тоа му го кажал на американскиот претседател Џо Бајден во нивниот последен телефонски разговор.

Имаме несогласување со Американците за потребата да влеземе во Рафа. Не за потребата да се елиминира Хамас, туку за потребата да се влезе во Рафа. Не гледаме начин за воено елиминирање на Хамас без да ги уништиме овие преостанати баталјони. Ние сме решени да го сториме тоа, рекол Нетанјаху во Комитетот за надворешни работи и одбрана, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој посочил дека на американскиот претседател, во нивниот вчерашен разговор, јасно му кажал дека Израел е решен да ја заврши елиминацијата на тие баталјони во Рафа.

Нетанјаху додал дека двајцата лидери се договориле за нов механизам - Американците да ги споделуваат со нив своите идеи за хуманитарна помош и евакуација на цивилите, за што е загрижен и Израел.

Тој нагласил дека Израел мора да ја заврши воената елиминација на Хамас.

Нема замена за тоа, не можете да го заобиколите, не можете да кажете „ќе уништиме 80 отсто од Хамас“, „ќе уништиме 20 отсто“, бидејќи тие 20 отсто ќе се реорганизираат и повторно ќе го заземат Појасот (Газа) и секако тие ќе претставуваат нова закана за Израел и секако тоа ќе биде и победа за пошироката оска што ни се заканува - иранската оска“, рекол Нетанјаху.

The post Нетанјаху: Израелските сили ќе влезат во Рафа appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во Комитетот за надворешни работи и одбрана на Кнесетот, изјавил дека израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе влезат во Рафа како дел од копнената операција и дека тоа му го кажал на американскиот претседател Џо Бајден во нивниот последен телефонски разговор.
Имаме несогласување со Американците за потребата да влеземе во Рафа. Не за потребата да се елиминира Хамас, туку за потребата да се влезе во Рафа. Не гледаме начин за воено елиминирање на Хамас без да ги уништиме овие преостанати баталјони. Ние сме решени да го сториме тоа, рекол Нетанјаху во Комитетот за надворешни работи и одбрана, објави „Тајмс оф Израел“.
Тој посочил дека на американскиот претседател, во нивниот вчерашен разговор, јасно му кажал дека Израел е решен да ја заврши елиминацијата на тие баталјони во Рафа. Нетанјаху додал дека двајцата лидери се договориле за нов механизам - Американците да ги споделуваат со нив своите идеи за хуманитарна помош и евакуација на цивилите, за што е загрижен и Израел. Тој нагласил дека Израел мора да ја заврши воената елиминација на Хамас.
Нема замена за тоа, не можете да го заобиколите, не можете да кажете „ќе уништиме 80 отсто од Хамас“, „ќе уништиме 20 отсто“, бидејќи тие 20 отсто ќе се реорганизираат и повторно ќе го заземат Појасот (Газа) и секако тие ќе претставуваат нова закана за Израел и секако тоа ќе биде и победа за пошироката оска што ни се заканува - иранската оска“, рекол Нетанјаху.

The post Нетанјаху: Израелските сили ќе влезат во Рафа appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху го најави израелското влегување во Рафа: Победата е на дофат на раце https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-go-najavi-izraelskoto-vleguvane-vo-rafa-pobedata-e-na-dofat-na-ratse/ Sun, 11 Feb 2024 07:47:36 +0000 https://republika.mk/?p=742710

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за „Еј-Би-Си Њуз“ изјави дека израелската армија ќе обезбеди „безбеден премин за цивилното население“ пред очекуваниот напад врз Рафа, најјужниот град на Појасот Газа, отфрлајќи ги стравувањата за хуманитарна катастрофа.

И покрај меѓународната тревога поради потенцијалниот масакр во градот каде се наоѓаат повеќе од еден милион раселени Палестинци, Нетанјаху вели дека офанзивата е клучна за нанесување пораз на Хамас.

Победата е на дофат на раце. Ќе го направиме тоа. Ќе ги победиме преостанатите терористички баталјони на Хамас во Рафа, кој е последниот бастион. Ќе го направиме тоа, вели Нетанјаху.

Како што нагласи тој, на цивилното население ќе му било обезбедено безбеден премин за да може да си замине. Нетанјаху призна дека се согласува оти операцијата прво ќе треба да го планира влијанието врз цивилите.

Ќе го направиме тоа додека обезбедуваме безбеден премин за цивилното население за да може да си замине, вели Нетанјаху.

Нејасно е каде може да оди толку голем број луѓе, кои се притиснати на границата со Египет и се засолнуваат во импровизирани шатори. Прашан за тоа, Нетанјаху само кажа дека „разработуваат детален план“.

Со константното напредување на израелските сили кон југ, Рафа стана последниот голем град во Газа во кој израелски војници допрва треба да влезат, иако речиси секојдневно е бомбардиран од воздух.

The post Нетанјаху го најави израелското влегување во Рафа: Победата е на дофат на раце appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за „Еј-Би-Си Њуз“ изјави дека израелската армија ќе обезбеди „безбеден премин за цивилното население“ пред очекуваниот напад врз Рафа, најјужниот град на Појасот Газа, отфрлајќи ги стравувањата за хуманитарна катастрофа. И покрај меѓународната тревога поради потенцијалниот масакр во градот каде се наоѓаат повеќе од еден милион раселени Палестинци, Нетанјаху вели дека офанзивата е клучна за нанесување пораз на Хамас.
Победата е на дофат на раце. Ќе го направиме тоа. Ќе ги победиме преостанатите терористички баталјони на Хамас во Рафа, кој е последниот бастион. Ќе го направиме тоа, вели Нетанјаху.
Како што нагласи тој, на цивилното население ќе му било обезбедено безбеден премин за да може да си замине. Нетанјаху призна дека се согласува оти операцијата прво ќе треба да го планира влијанието врз цивилите.
Ќе го направиме тоа додека обезбедуваме безбеден премин за цивилното население за да може да си замине, вели Нетанјаху.
Нејасно е каде може да оди толку голем број луѓе, кои се притиснати на границата со Египет и се засолнуваат во импровизирани шатори. Прашан за тоа, Нетанјаху само кажа дека „разработуваат детален план“. Со константното напредување на израелските сили кон југ, Рафа стана последниот голем град во Газа во кој израелски војници допрва треба да влезат, иако речиси секојдневно е бомбардиран од воздух.

The post Нетанјаху го најави израелското влегување во Рафа: Победата е на дофат на раце appeared first on Република.

]]>
Над 30 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Рафа https://republika.mk/vesti/svet/nad-30-luge-zaginaa-vo-izraelskiot-napad-vrz-rafa/ Sat, 10 Feb 2024 15:08:20 +0000 https://republika.mk/?p=742562

Најмалку 31 Палестинец се убиени денеска во Рафа, неколку часа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека побарал од армијата да подготви план за евакуација на стотици илјади луѓе од јужниот дел на Појасот Газа воочи копнената офанзива.

Нетанјаху не откри детали или временски рокови. Исто така не е јасно каде би можеле да одат цивилите ако го напуштат Рафа.

Израелската армија речиси секојдневно го бомбардира градот иако им нареди на цивилите да се засолнат во Рафа поради борбите во Кан Јунис.

Повеќе од половина од 2,3 милиони луѓе во Појасот Газа се собраа во Рафа, од кои многумина беа протерани од своите домови по претходните израелски наредби за евакуација кои зафатија две третини од територијата на енклавата.

Изминатите денови најавите за офанзивата врз Рафа ги зголемени тензиите помеѓу Нетанјаху и администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Според Вашингтон, офанзивата врз Рафа без план за цивили ќе предизвика катастрофа.

Палестинското исламистичко движење Хамас, пак, предупреди дека израелската офанзива против Рафа може да предизвика „десетици илјади загинати и повредени“.

Предупредуваме на катастрофа и масовни убиства што може да доведат до десетици илјади маченици и повредени, се наведува во соопштението на Хамас, при што се додава дека „американската администрација, меѓународната заедница и израелските окупатори ќе сносат одговорност за можните последици“.

И Германија и Саудиска Арабија апелираа Израел да не започнува офанзива во Рафа, бидејќи тоа ќе доведе до „хуманитарна катастрофа“.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел претходно на Икс објави дека израелските планови за воена офанзива во Рафа во Појасот Газа се „алармантни“ и таквата операција ќе има катастрофални последици, влошувајќи ја и онака лошата хуманитарна ситуација.

Претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, Денис Френсис синоќа изјави дека е вџашен од планираната израелска воена офанзива врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Во име на човештвото барам да се слушне нивната мака и да се одговори на нивните молби. Уште еднаш ги повторувам барањата на Генералното собрание на ОН за итен хуманитарен прекин на огнот, почитување на обврските на сите страни според меѓународното хуманитарно право и безусловно ослободување на сите преостанати заложници, истакна Френсис.

 

The post Над 30 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Рафа appeared first on Република.

]]>

Најмалку 31 Палестинец се убиени денеска во Рафа, неколку часа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека побарал од армијата да подготви план за евакуација на стотици илјади луѓе од јужниот дел на Појасот Газа воочи копнената офанзива. Нетанјаху не откри детали или временски рокови. Исто така не е јасно каде би можеле да одат цивилите ако го напуштат Рафа. Израелската армија речиси секојдневно го бомбардира градот иако им нареди на цивилите да се засолнат во Рафа поради борбите во Кан Јунис. Повеќе од половина од 2,3 милиони луѓе во Појасот Газа се собраа во Рафа, од кои многумина беа протерани од своите домови по претходните израелски наредби за евакуација кои зафатија две третини од територијата на енклавата. Изминатите денови најавите за офанзивата врз Рафа ги зголемени тензиите помеѓу Нетанјаху и администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Според Вашингтон, офанзивата врз Рафа без план за цивили ќе предизвика катастрофа. Палестинското исламистичко движење Хамас, пак, предупреди дека израелската офанзива против Рафа може да предизвика „десетици илјади загинати и повредени“.
Предупредуваме на катастрофа и масовни убиства што може да доведат до десетици илјади маченици и повредени, се наведува во соопштението на Хамас, при што се додава дека „американската администрација, меѓународната заедница и израелските окупатори ќе сносат одговорност за можните последици“.
И Германија и Саудиска Арабија апелираа Израел да не започнува офанзива во Рафа, бидејќи тоа ќе доведе до „хуманитарна катастрофа“. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел претходно на Икс објави дека израелските планови за воена офанзива во Рафа во Појасот Газа се „алармантни“ и таквата операција ќе има катастрофални последици, влошувајќи ја и онака лошата хуманитарна ситуација. Претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, Денис Френсис синоќа изјави дека е вџашен од планираната израелска воена офанзива врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.
Во име на човештвото барам да се слушне нивната мака и да се одговори на нивните молби. Уште еднаш ги повторувам барањата на Генералното собрание на ОН за итен хуманитарен прекин на огнот, почитување на обврските на сите страни според меѓународното хуманитарно право и безусловно ослободување на сите преостанати заложници, истакна Френсис.
 

The post Над 30 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Рафа appeared first on Република.

]]>
Загриженост во ОН поради плановите на Израел да ги насочи нападите кон Рафа https://republika.mk/vesti/svet/zagrizhenost-vo-on-poradi-planovite-na-izrael-da-gi-nasochi-napadite-kon-rafa/ Thu, 08 Feb 2024 07:47:38 +0000 https://republika.mk/?p=741692

Шефот на хуманитарната организација на ОН, Мартин Грифитс, изјави дека е „екстремно загрижен“ поради плановите на израелската армија да ги прошири воените операции до пограничниот град Рафа во Појасот Газа, каде внатрешно раселените палестински цивили живеат во исклучително тешки услови и од кадешто немаат каде да се засолнат.

Повеќе од половина од населението на Газа сега е во Рафа, град кој претходно имал само 250.000 жители, и тоа веднаш на прагот на Египет. Условите за живот се многу тешки. Ним им недостасуваат основните потреби за преживување, посочува Грифитс во писмената изјава.

Тој потенцираше дека потенцијалните борби во Рафа се закануваат да однесат повеќе животи.

Тоа ја става во опасност хуманитарната операција која веќе е придружена со несигурност, оштетена инфраструктура и ограничен пристап. Едноставно кажано, оваа војна мора да престане, истакна Грифитс.

The post Загриженост во ОН поради плановите на Израел да ги насочи нападите кон Рафа appeared first on Република.

]]>

Шефот на хуманитарната организација на ОН, Мартин Грифитс, изјави дека е „екстремно загрижен“ поради плановите на израелската армија да ги прошири воените операции до пограничниот град Рафа во Појасот Газа, каде внатрешно раселените палестински цивили живеат во исклучително тешки услови и од кадешто немаат каде да се засолнат. Повеќе од половина од населението на Газа сега е во Рафа, град кој претходно имал само 250.000 жители, и тоа веднаш на прагот на Египет. Условите за живот се многу тешки. Ним им недостасуваат основните потреби за преживување, посочува Грифитс во писмената изјава. Тој потенцираше дека потенцијалните борби во Рафа се закануваат да однесат повеќе животи. Тоа ја става во опасност хуманитарната операција која веќе е придружена со несигурност, оштетена инфраструктура и ограничен пристап. Едноставно кажано, оваа војна мора да престане, истакна Грифитс.

The post Загриженост во ОН поради плановите на Израел да ги насочи нападите кон Рафа appeared first on Република.

]]>
Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта https://republika.mk/vesti/svet/egipet-go-odrzhuvame-granichniot-premin-rafah-otvoren-izrael-ja-blokira-pomoshta/ Wed, 15 Nov 2023 08:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=701679

Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека граничниот премин Рафах, кој ги поврзува Египет и Појасот Газа, е отворен континуирано од почетокот на кризата во Газа.

Министерството тврди дека Израел е тој што ја спречува испораката на помош до опколената енклава со наметнување процедури и услови.

Портпаролот на министерството Ахмед Абу Зеид остро ги осуди сите тврдења за спротивното и ја потврди непоколебливата поддршка на Египет за палестинскиот народ и неговата солидарност со народот во Газа. Тој ги повика оние кои го проширија или побараа затворање на преминот да ги проверат изјавите на ОН и меѓународните хуманитарни претставници кои го посетија преминот и ги пофали напорите на Египет да го олесни влезот на хуманитарна помош во Газа.

Израелските пречки се причина за доцнењето во обезбедувањето помош за сиромашните меѓу братскиот палестински народ во Газа, заклучи Абу Зеид.

The post Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта appeared first on Република.

]]>

Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека граничниот премин Рафах, кој ги поврзува Египет и Појасот Газа, е отворен континуирано од почетокот на кризата во Газа. Министерството тврди дека Израел е тој што ја спречува испораката на помош до опколената енклава со наметнување процедури и услови. Портпаролот на министерството Ахмед Абу Зеид остро ги осуди сите тврдења за спротивното и ја потврди непоколебливата поддршка на Египет за палестинскиот народ и неговата солидарност со народот во Газа. Тој ги повика оние кои го проширија или побараа затворање на преминот да ги проверат изјавите на ОН и меѓународните хуманитарни претставници кои го посетија преминот и ги пофали напорите на Египет да го олесни влезот на хуманитарна помош во Газа. Израелските пречки се причина за доцнењето во обезбедувањето помош за сиромашните меѓу братскиот палестински народ во Газа, заклучи Абу Зеид.

The post Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта appeared first on Република.

]]>
Граничниот премин Рафа денеска повторно ќе биде отворен https://republika.mk/vesti/svet/granichniot-premin-rafa-deneska-povtorno-ke-bide-otvoren/ Sun, 12 Nov 2023 07:45:29 +0000 https://republika.mk/?p=700648

Граничната управа на Газа објави дека преминот Рафа на границата со Египет денеска повторно ќе биде отворен за оние кои поседуваат странски пасоши.

Евакуацијата од Појасот Газа во Египет за странски државјани и Палестинци на кои им е потребна итна медицинска помош беа прекинати во петокот, пишува Хаарец.

Изворите на весникот рекоа дека суспензијата е поради проблеми со носењето повредени во Рафа од Газа.

The post Граничниот премин Рафа денеска повторно ќе биде отворен appeared first on Република.

]]>

Граничната управа на Газа објави дека преминот Рафа на границата со Египет денеска повторно ќе биде отворен за оние кои поседуваат странски пасоши. Евакуацијата од Појасот Газа во Египет за странски државјани и Палестинци на кои им е потребна итна медицинска помош беа прекинати во петокот, пишува Хаарец. Изворите на весникот рекоа дека суспензијата е поради проблеми со носењето повредени во Рафа од Газа.

The post Граничниот премин Рафа денеска повторно ќе биде отворен appeared first on Република.

]]>
Утрово затворен преминот Рафа https://republika.mk/vesti/svet/utrovo-zatvoren-preminot-rafa/ Thu, 09 Nov 2023 10:07:27 +0000 https://republika.mk/?p=699808

Граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет утрово е затворен, јави Би-Би-Си.

Хамас нагласи дека сака на повеќе повредени луѓе да им биде дозволено да излезат од Газа преку преминот пред да им се дозволи на повеќе странски државјани да излезат.

Преминот меѓу Појасот Газа и Египет, преку кој влегуваа хуманитарни конвои и излегуваа странски државјани и повредени, вчера исто така беше затворен за луѓе, соопштија агенциите на ОН. Канцеларијата за координација на хуманитарна помош на ОН (ОЦХА) соопшти дека преминот е затворен „од непотврдени причини“.

The post Утрово затворен преминот Рафа appeared first on Република.

]]>

Граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет утрово е затворен, јави Би-Би-Си. Хамас нагласи дека сака на повеќе повредени луѓе да им биде дозволено да излезат од Газа преку преминот пред да им се дозволи на повеќе странски државјани да излезат. Преминот меѓу Појасот Газа и Египет, преку кој влегуваа хуманитарни конвои и излегуваа странски државјани и повредени, вчера исто така беше затворен за луѓе, соопштија агенциите на ОН. Канцеларијата за координација на хуманитарна помош на ОН (ОЦХА) соопшти дека преминот е затворен „од непотврдени причини“.

The post Утрово затворен преминот Рафа appeared first on Република.

]]>