Радослав Шикорски Archives - Република https://republika.mk/tema/radoslav-shikorski/ За подобро да се разбереме Sun, 15 Sep 2024 17:58:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Радослав Шикорски Archives - Република https://republika.mk/tema/radoslav-shikorski/ 32 32 Шикорски: ЕУ треба да им ја ускрати помошта на украинските бегалци кои избегнуваат да си ја бранат земјата https://republika.mk/vesti/svet/shikorski-eu-treba-da-im-ja-uskrati-pomoshta-na-ukrainskite-begaltsi-koi-izbegnuvaat-da-si-ja-branat-zemjata/ Sun, 15 Sep 2024 18:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=816594

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски денеска апелираше до членките на Европската унија да престанат да плаќаат социјална помош за украинските бегалци, особено за мажите кои се кријат од регрутација и мобилизација во Украина.

- Не треба да има финансиска корист за избегнување на регрутирањето во Украина. Социјалната помош за избегнување служење на татковината не е човеково право, изјави Шикорски за Полското радио.

Тој смета дека укинувањето на социјалната помош за Украинците, бегалци кои се доволно стари за воен рок, ќе биде корисно и за ЕУ ​​и за Украина.

- Тоа е практична идеја која би им помогнала на западноевропските јавни финансии, политички би им помогнала на традиционалните партии во борбата со радикалната десница и би ѝ помогнала и на Украина, рече Шикорски.

Многу украински бегалци од мај годинава останаа без валидни документи во земјите во кои побараа засолниште од руските напади, бидејќи властите во Киев инсистираат да ја регулираат воената обврска и не им издаваат нови документи додека не го сторат тоа.

Меѓутоа, повеќето од земјите што ги примија одбиваат активно да и помогнат на Украина да ги мобилизира бегалците и продолжуваат да им даваат привремено засолниште и да им исплаќаат социјална помош на сите оние кои имаат право на тоа.

The post Шикорски: ЕУ треба да им ја ускрати помошта на украинските бегалци кои избегнуваат да си ја бранат земјата appeared first on Република.

]]>

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски денеска апелираше до членките на Европската унија да престанат да плаќаат социјална помош за украинските бегалци, особено за мажите кои се кријат од регрутација и мобилизација во Украина.
- Не треба да има финансиска корист за избегнување на регрутирањето во Украина. Социјалната помош за избегнување служење на татковината не е човеково право, изјави Шикорски за Полското радио.
Тој смета дека укинувањето на социјалната помош за Украинците, бегалци кои се доволно стари за воен рок, ќе биде корисно и за ЕУ ​​и за Украина.
- Тоа е практична идеја која би им помогнала на западноевропските јавни финансии, политички би им помогнала на традиционалните партии во борбата со радикалната десница и би ѝ помогнала и на Украина, рече Шикорски.
Многу украински бегалци од мај годинава останаа без валидни документи во земјите во кои побараа засолниште од руските напади, бидејќи властите во Киев инсистираат да ја регулираат воената обврска и не им издаваат нови документи додека не го сторат тоа. Меѓутоа, повеќето од земјите што ги примија одбиваат активно да и помогнат на Украина да ги мобилизира бегалците и продолжуваат да им даваат привремено засолниште и да им исплаќаат социјална помош на сите оние кои имаат право на тоа.

The post Шикорски: ЕУ треба да им ја ускрати помошта на украинските бегалци кои избегнуваат да си ја бранат земјата appeared first on Република.

]]>
Шикорски: Полска не исклучува ништо, Путин нека погодува https://republika.mk/vesti/svet/shikorski-polska-ne-iskluchuva-nishto-putin-neka-pogoduva/ Tue, 28 May 2024 11:32:03 +0000 https://republika.mk/?p=782408

Шефот на полската дипломатија, Радослав Шикорски, во интервју за неколку европски весници изјави дека Полска не треба однапред да отфрли ниту една опција, дури ни испраќање свои војници во Украина и оти рускиот претседател Владимир Путин „нека погодува што ќе направи НАТО“.

Не треба да исклучуваме ниту една опција. Путин нека погодува што ќе правиме, вели Шикорски во интервјуто што денеска го објави полскиот весник „Газета Виборча“.

Полскиот министер за надворешни работи сепак ја отфрли можноста Полска да се обиде да набави нуклеарно оружје.

Полска го ратификуваше договорот за неширење нуклеарно оружје. И има намера да остане во него, рече Шикорски, а исто така негираше дека се водат преговори за Полска да се приклучи на американскиот проект за Нуклеар шеринг.

Полскиот претседател Анджеј Дуда тоа јавно го побара неколку пати, велејќи дека Полска е подготвена во тој проект, во кој неколку земји во своите бази имаат американски ракети со нуклеарни боеви глави, да се распоредат ракети и во Полска.

Учеството во таа програма не значи дека добивате оперативна контрола над нуклеарно оружје. Тоа е како да сте поштар. Нема да станете милионер ако имате задача да доставите чек од милион долари, рече Шикорски.

Полскиот министер предупреди дека нуклеарното оружје е последната карта што ја има рускиот претседател, а кога се во прашање заканите, Русија веќе подолго време и се заканува на Полска со нуклеарно оружје.

Русите се заканија дека ќе не уништат со нуклеарно оружје уште кога преговарав со САД за распоредување на противракетен штит во Полска. Тие се закануваа толку често што морав да апелирам до руските генерали да не ни се закануваат со нуклеарно оружје почесто од еднаш на секои три месеци. Потоа престанаа на некое време, рече Шикорски.

Во врска со неодамнешните најави дека Русија брзо повлекла дека планира да ги промени границите на Балтичкото Море, шефот на полската дипломатија рече дека најавите за промени на границите може да бидат знак за слабост и паника на Русија.

Позицијата на Русија на Балтикот генерално се влоши по инвазијата врз Украина. Финска и Шведска се приклучија на НАТО. Најавата на Русија за границите може да биде знак на слабост и паника, рече Шикорски.

Полскиот министер сепак нагласи дека Полска, Европската Унија и НАТО прво темелно проверуваат што навистина значи таа руска најава и тоа што Русија ги отстранила граничните бои на речната граница со Естонија.

Речните корита постојано се менуваат, а во врска со тоа треба да се сменат маршрутите или да се корегираат границите. Ова го знаеме бидејќи полско-германската граница е на реката Одра. Но, не би ме изненадило ако Путин провоцира мала земја на НАТО само за злонамерно да сее конфузија и страв кај нејзините жители, изјави шефот на полската дипломатија.

Според Шикорски, Полска сега треба да се концентрира на зајакнување и фортификација на источната граница со Русија и Белорусија во новиот воен проект „Источен штит“ и заштита на границите од илегална миграција, која Полска ја гледа како дел од хибридната војна што овие две земји ја водат против неа и ЕУ веќе неколку години.

The post Шикорски: Полска не исклучува ништо, Путин нека погодува appeared first on Република.

]]>

Шефот на полската дипломатија, Радослав Шикорски, во интервју за неколку европски весници изјави дека Полска не треба однапред да отфрли ниту една опција, дури ни испраќање свои војници во Украина и оти рускиот претседател Владимир Путин „нека погодува што ќе направи НАТО“. Не треба да исклучуваме ниту една опција. Путин нека погодува што ќе правиме, вели Шикорски во интервјуто што денеска го објави полскиот весник „Газета Виборча“. Полскиот министер за надворешни работи сепак ја отфрли можноста Полска да се обиде да набави нуклеарно оружје. Полска го ратификуваше договорот за неширење нуклеарно оружје. И има намера да остане во него, рече Шикорски, а исто така негираше дека се водат преговори за Полска да се приклучи на американскиот проект за Нуклеар шеринг. Полскиот претседател Анджеј Дуда тоа јавно го побара неколку пати, велејќи дека Полска е подготвена во тој проект, во кој неколку земји во своите бази имаат американски ракети со нуклеарни боеви глави, да се распоредат ракети и во Полска. Учеството во таа програма не значи дека добивате оперативна контрола над нуклеарно оружје. Тоа е како да сте поштар. Нема да станете милионер ако имате задача да доставите чек од милион долари, рече Шикорски. Полскиот министер предупреди дека нуклеарното оружје е последната карта што ја има рускиот претседател, а кога се во прашање заканите, Русија веќе подолго време и се заканува на Полска со нуклеарно оружје. Русите се заканија дека ќе не уништат со нуклеарно оружје уште кога преговарав со САД за распоредување на противракетен штит во Полска. Тие се закануваа толку често што морав да апелирам до руските генерали да не ни се закануваат со нуклеарно оружје почесто од еднаш на секои три месеци. Потоа престанаа на некое време, рече Шикорски. Во врска со неодамнешните најави дека Русија брзо повлекла дека планира да ги промени границите на Балтичкото Море, шефот на полската дипломатија рече дека најавите за промени на границите може да бидат знак за слабост и паника на Русија. Позицијата на Русија на Балтикот генерално се влоши по инвазијата врз Украина. Финска и Шведска се приклучија на НАТО. Најавата на Русија за границите може да биде знак на слабост и паника, рече Шикорски. Полскиот министер сепак нагласи дека Полска, Европската Унија и НАТО прво темелно проверуваат што навистина значи таа руска најава и тоа што Русија ги отстранила граничните бои на речната граница со Естонија. Речните корита постојано се менуваат, а во врска со тоа треба да се сменат маршрутите или да се корегираат границите. Ова го знаеме бидејќи полско-германската граница е на реката Одра. Но, не би ме изненадило ако Путин провоцира мала земја на НАТО само за злонамерно да сее конфузија и страв кај нејзините жители, изјави шефот на полската дипломатија. Според Шикорски, Полска сега треба да се концентрира на зајакнување и фортификација на источната граница со Русија и Белорусија во новиот воен проект „Источен штит“ и заштита на границите од илегална миграција, која Полска ја гледа како дел од хибридната војна што овие две земји ја водат против неа и ЕУ веќе неколку години.

The post Шикорски: Полска не исклучува ништо, Путин нека погодува appeared first on Република.

]]>