Радек Висингер Archives - Република https://republika.mk/tema/radek-visinger/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 13:20:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Радек Висингер Archives - Република https://republika.mk/tema/radek-visinger/ 32 32 Средба на претседателот на Собранието Гаши со претседателот на ИБАН, Радек Висингер https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pretsedatelot-na-sobranieto-gashi-so-pretsedatelot-na-iban-radek-visinger/ Thu, 10 Oct 2024 14:42:35 +0000 https://republika.mk/?p=825281

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска остварил средба со претседателот на Меѓународниот одбор на ревизори за НАТО (ИБАН), Радек Висингер, кој е во посета на Скопје.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, биле разменети мислења околу позиционираноста и придонесот на Република Македонија во рамки на НАТО, како релативно нова членка.

Притоа, претседателот Гаши изразил задоволство од можноста да се дискутира за опциите за унапредување на соработката и на процесите во земјава, во областа што ја покрива на ИБАН.

Висингер информирал за структурата и надлежностите на ИБАН, како независно тело за ревизија на НАТО, со мандат да обезбеди поголема сигурност за Алијансата и за владите на земјите-членки, за правилна искористеност на заедничките средства.

- Цел на ревизијата се перформансите на НАТО, за да се оцени економичноста, ефикасноста и ефективноста на активностите, операциите и програмите. За таа цел, како што рече Висингер, ИБАН остварува соработка со врховните ревизорски институции на сите земји членки, стои во соопштението.

На средбата присуствувал и главниот државен ревизор Максим Ацевски, кој информирал за досегашната добра соработка меѓу Државниот завод за ревизија и ИБАН, како и за можностите за понатамошна размена на искуства меѓу двете институции.

The post Средба на претседателот на Собранието Гаши со претседателот на ИБАН, Радек Висингер appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска остварил средба со претседателот на Меѓународниот одбор на ревизори за НАТО (ИБАН), Радек Висингер, кој е во посета на Скопје. На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, биле разменети мислења околу позиционираноста и придонесот на Република Македонија во рамки на НАТО, како релативно нова членка. Притоа, претседателот Гаши изразил задоволство од можноста да се дискутира за опциите за унапредување на соработката и на процесите во земјава, во областа што ја покрива на ИБАН. Висингер информирал за структурата и надлежностите на ИБАН, како независно тело за ревизија на НАТО, со мандат да обезбеди поголема сигурност за Алијансата и за владите на земјите-членки, за правилна искористеност на заедничките средства.