работно време Archives - Република https://republika.mk/tema/rabotno-vreme/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Aug 2024 07:14:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png работно време Archives - Република https://republika.mk/tema/rabotno-vreme/ 32 32 Основач на „Линкд-Ин“: Работното време од девет до пет ќе исчезне до 2034 година https://republika.mk/zivot/kariera/osnovach-na-linkd-in-rabotnoto-vreme-od-devet-do-pet-ke-ischezne-do-2034-godina/ Sat, 24 Aug 2024 07:14:53 +0000 https://republika.mk/?p=809619

Рид Хофман, со-основачот на платформата за барање работа, „Линкд-Ин“, верува дека работното време, на кое се навикнати повеќето луѓе, наскоро ќе стане минато.

– Работното време од девет до пет часот нема да се задржи уште долго време. До 2034 година веќе нема да се работи на тој начин… Ќе има поголема флексибилност и можности, но ќе има и недостаток на сигурност на работните места, што е нешто што го сакаат речиси сите вработени, а луѓето ќе мора да работат на тоа за да се постигне одредена сигурност. Многу работни места ќе ја променат својата природа на работа, бидејќи автоматизацијата целосно ќе ги преземе работните места или ќе го промени начинот на којшто луѓето ги извршуваат тие работи, објасни тој.

Тоа, значи и дека, веројатно, голем дел од работната сила ќе биде заменета со вештачка интелигенција, пренесува „Јунилад“ (Unilad).

– Луѓето нема да работат само во една компанија, туку во повеќе од една, можеби дури и во повеќе различни индустрии. Сѐ тоа се промени што нѐ очекуваат и сѐ ќе биде различно од она на што сме навикнати изминативе неколку десетлетија, додаде Рид.

Овие предвидувања предизвикаа мешани реакции кај луѓето бидејќи многумина стравуваат дека нивната стабилност и начин на живот ќе се влошат. Но, има и спротивни мислења.

– Работните места веќе се поделени на флексибилни и фиксни часови, тоа не е ништо ново, аргументира Џеј Загорски за „Нејшнал“ (The National), по коментарите на Хофман.

Загорски вели дека тие работни места, од чистачи до контролори на летање, имаат едно нешто заедничко – „кога смената ќе заврши, работата на човекот е завршена“. Според него, овие работни места нема да исчезнат, без оглед на спротивните предвидувања.

The post Основач на „Линкд-Ин“: Работното време од девет до пет ќе исчезне до 2034 година appeared first on Република.

]]>

7,1 отсто од вработените во ЕУ работат долго работно време од 49 или повеќе часа неделно https://republika.mk/vesti/svet/7-1-otsto-od-vrabotenite-vo-eu-rabotat-dolgo-rabotno-vreme-od-49-ili-poveke-chasa-nedelno/ Fri, 03 May 2024 17:53:14 +0000 https://republika.mk/?p=773906

Во Европската Унија во 2023 година, 7,1 отсто од вработените работеле 49 или повеќе часа неделно, што спаѓа во долго работно време, покажуваат податоците објавени од „Евростат“.

Од земјите на Европската Унија најголем удел на работници со долго работно време има во Грција, поточно 11,6 отсто, потоа во Кипар со 10,4 отсто и во Франција со 10,1 отсто.

Најмал удел на вакви работници е забележан во Бугарија, 0,4 отсто, како и во Литванија и Летонија, по 1,1 отсто.

Речиси една третина од самовработените или поточно 29,3 отсто од оваа категорија, работат 49 или повеќе часа неделно, додека кај вработените овој процент е значително помал и изнесува 3,6 отсто.

Долгите работни часови најчесто се застапени кај квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарството, како и кај менаџерите.

Како што пренесува порталот „Статиста“, вработените со полно работно време во Европската Унија во првиот квартал од 2023 година работеле во просек по 40,4 часа неделно.

The post 7,1 отсто од вработените во ЕУ работат долго работно време од 49 или повеќе часа неделно appeared first on Република.

]]>

Во Европската Унија во 2023 година, 7,1 отсто од вработените работеле 49 или повеќе часа неделно, што спаѓа во долго работно време, покажуваат податоците објавени од „Евростат“. Од земјите на Европската Унија најголем удел на работници со долго работно време има во Грција, поточно 11,6 отсто, потоа во Кипар со 10,4 отсто и во Франција со 10,1 отсто. Најмал удел на вакви работници е забележан во Бугарија, 0,4 отсто, како и во Литванија и Летонија, по 1,1 отсто. Речиси една третина од самовработените или поточно 29,3 отсто од оваа категорија, работат 49 или повеќе часа неделно, додека кај вработените овој процент е значително помал и изнесува 3,6 отсто. Долгите работни часови најчесто се застапени кај квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарството, како и кај менаџерите. Како што пренесува порталот „Статиста“, вработените со полно работно време во Европската Унија во првиот квартал од 2023 година работеле во просек по 40,4 часа неделно.

The post 7,1 отсто од вработените во ЕУ работат долго работно време од 49 или повеќе часа неделно appeared first on Република.

]]>
Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ ќе работат и утре https://republika.mk/vesti/makedonija/shalterite-za-izdavane-gotovi-dokumenti-vo-mrtv-ke-rabotat-i-utre/ Fri, 05 Jan 2024 14:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=730115

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (сабота, 6 јануари) ќе работат шалтерите за издавање готови документи во објектот во МРТВ.

Работното време на шалтерите ќе биде од 8 до 16 часот.

The post Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ ќе работат и утре appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (сабота, 6 јануари) ќе работат шалтерите за издавање готови документи во објектот во МРТВ. Работното време на шалтерите ќе биде од 8 до 16 часот.  

The post Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ ќе работат и утре appeared first on Република.

]]>
Граѓаните негодуваат за работното време на банките, бараат достапност и во попладневните часови https://republika.mk/vesti/ekonomija/graganite-negoduvaat-za-rabotnoto-vreme-na-bankite-baraat-dostapnost-i-vo-popladnevnite-chasovi/ Tue, 12 Sep 2023 09:59:04 +0000 https://republika.mk/?p=681197

Скратеното работно време на комерцијалните банки во земјава кое се наметна со ковид мерките, остана во функција и понатаму, пишува Фактор.мк.

Граѓаните негодуваат дека во банките за било која услуга која сакаат да ја завршат мора да излезат од работа, да користат од слободното време за ручек, или пак да користат слободен ден, доколку обврските налагаат подолг престој.

Нејасно е зошто банките остануваат со работно време најмногу од 8 часот наутро па до 16 часот во попладневните часови кога и најголем дел од граѓаните се на работа.

Целиот текст овде.

The post Граѓаните негодуваат за работното време на банките, бараат достапност и во попладневните часови appeared first on Република.

]]>

Скратеното работно време на комерцијалните банки во земјава кое се наметна со ковид мерките, остана во функција и понатаму, пишува Фактор.мк. Граѓаните негодуваат дека во банките за било која услуга која сакаат да ја завршат мора да излезат од работа, да користат од слободното време за ручек, или пак да користат слободен ден, доколку обврските налагаат подолг престој. Нејасно е зошто банките остануваат со работно време најмногу од 8 часот наутро па до 16 часот во попладневните часови кога и најголем дел од граѓаните се на работа. Целиот текст овде.  

The post Граѓаните негодуваат за работното време на банките, бараат достапност и во попладневните часови appeared first on Република.

]]>
Работно време на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје за утрешниот празник https://republika.mk/vesti/skopje/rabotno-vreme-na-jp-gradski-parking-skopje-za-utreshniot-praznik/ Thu, 07 Sep 2023 10:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=679654

Утре, 8 Септември 2023 година, по повод Денот на независноста, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите.

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), кадешто продолжува редовно работно време 09:00 – 16:00часот.

Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00:00 до 24:00 часот.

The post Работно време на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје за утрешниот празник appeared first on Република.

]]>

Утре, 8 Септември 2023 година, по повод Денот на независноста, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите. Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), кадешто продолжува редовно работно време 09:00 – 16:00часот. Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00:00 до 24:00 часот.  

The post Работно време на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје за утрешниот празник appeared first on Република.

]]>
Владата воведува работно време од 72 часа во една недела како пред 137 години https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-voveduva-rabotno-vreme-od-72-chasa-vo-edna-nedela-kako-pred-137-godini/ Fri, 05 May 2023 12:49:01 +0000 https://republika.mk/?p=637339

Владата воведува работно време како пред 137 години со кое овозможува работниците нечовечки да бидат експлоатирани во траење од 72 часа во текот на една недела што е преседан и во светски размери и директен атак врз здравјето и безбедноста на работниците, порачаа од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), како и Унијата на независни синдикални и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ) во заедничко соопштение осудувајќи ја одлуката на Владата предлог измените за коридорите 8 и 10д да се носат со европско знаменце.

Синдикатите истакнуваат дека ова е најцрниот ден за работниците во државава и најавуваат дека жестоко ќе го бранат правото на 40 часовна работна недела.

ССМ, КСС, КСОМ и УНАСМ како најголеми синдикални централи во Македонија, кои заеднички здружуваат повеќе од 150.000 работници во Македонија, најостро ги осудуваат одлуките на Владата, по итна постапка и со европско знаменце да воведат неевропски вредности во Македонија, без расправа и согласност на социјалните партнери. Со оваа одлука Владата не води грижа за животот и здравјето на работниците туку единствено ги гледа своите интереси и интересите на нејзините стратешки партнери, жртвувајќи ги работниците и нивните семејства.

Осуда за ваквите ставови и намери на Владата, стои во соопштението, беа доставени и од Европската конфедерација на синдикатите - ЕТУК, Светската конфедерација на синдикатите - ИТУК, Европската федерација за градежништво и дрвна индустрија и Светската организација за градежништво кои имаат повеќе од 300 милиони членови кои рамо до рамо застануваат со синдикатите од Македонија.

-Синдикатите ССМ, КСС, КСОМ и УНАСМ ќе ги преземат сите чекори да ги заштитат работниците и работничките права и жестоко ќе го бранат правото на 40 часовна работна недела, 8 часа работен ден, 8 часа одмор и 8 часа време со семејството и рекреација!. Функционери претеравте, работници обединете се!, стои во соопштението.

The post Владата воведува работно време од 72 часа во една недела како пред 137 години appeared first on Република.

]]>

Владата воведува работно време како пред 137 години со кое овозможува работниците нечовечки да бидат експлоатирани во траење од 72 часа во текот на една недела што е преседан и во светски размери и директен атак врз здравјето и безбедноста на работниците, порачаа од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), како и Унијата на независни синдикални и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ) во заедничко соопштение осудувајќи ја одлуката на Владата предлог измените за коридорите 8 и 10д да се носат со европско знаменце. Синдикатите истакнуваат дека ова е најцрниот ден за работниците во државава и најавуваат дека жестоко ќе го бранат правото на 40 часовна работна недела.
ССМ, КСС, КСОМ и УНАСМ како најголеми синдикални централи во Македонија, кои заеднички здружуваат повеќе од 150.000 работници во Македонија, најостро ги осудуваат одлуките на Владата, по итна постапка и со европско знаменце да воведат неевропски вредности во Македонија, без расправа и согласност на социјалните партнери. Со оваа одлука Владата не води грижа за животот и здравјето на работниците туку единствено ги гледа своите интереси и интересите на нејзините стратешки партнери, жртвувајќи ги работниците и нивните семејства.
Осуда за ваквите ставови и намери на Владата, стои во соопштението, беа доставени и од Европската конфедерација на синдикатите - ЕТУК, Светската конфедерација на синдикатите - ИТУК, Европската федерација за градежништво и дрвна индустрија и Светската организација за градежништво кои имаат повеќе од 300 милиони членови кои рамо до рамо застануваат со синдикатите од Македонија.
-Синдикатите ССМ, КСС, КСОМ и УНАСМ ќе ги преземат сите чекори да ги заштитат работниците и работничките права и жестоко ќе го бранат правото на 40 часовна работна недела, 8 часа работен ден, 8 часа одмор и 8 часа време со семејството и рекреација!. Функционери претеравте, работници обединете се!, стои во соопштението.
 
The post Владата воведува работно време од 72 часа во една недела како пред 137 години appeared first on Република.

]]>
Индиска ИТ компанија инсталира програма која на вработените им кажува кога треба да си одат дома https://republika.mk/vesti/svet/indiska-it-kompanija-instalira-programa-koja-na-vrabotenite-im-kazhuva-koga-treba-da-si-odat-doma/ Sun, 26 Feb 2023 19:26:51 +0000 https://republika.mk/?p=613456

Една мала ИТ компанија во индискиот град Индоре смислила необичен начин да се погрижи нејзините вработени да одржуваат здрава рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот – со инсталирање софтвер кој ќе ги потсети кога нивната смена ќе заврши и дека е време да си одат дома.

Софтверот на „Softgrid Computers“ е опремен со систем за известување кој почнува кога ќе заврши смената на вработениот, предупредувајќи ги дека „системот ќе се исклучи за 10 минути“ и повикува „Ве молиме одете дома“.

Компанијата се одлучила за оваа мерка врз основа на се поголем број студии кои ги докажуваат штетните ефекти од долгите работни часови врз физичкото здравје и меѓучовечките односи на вработените ширум светот.

Светската здравствена организација, на пример, уште во 2021 година предупреди дека работата 55 или повеќе часа неделно го зголемува ризикот од мозочен удар за 35 отсто, а ризикот од смрт од срцеви заболувања за 17 отсто.

Целта на оваа мерка е да им обезбеди на вработените добар баланс помеѓу работата и приватниот живот за да можат да поминуваат време со своите семејства и најблиските“, нагласува извршниот директор Ајај Голани.

Предупредувањето со скокачки ефекти на екранот предизвика големо внимание на социјалните мрежи кога Танви Ханделвал, еден од вработените во компанијата, сподели видео од предупредувањето на својот профил на „ЛинкедИн“.

Тие ни го поставија овој специјален потсетник, кој ја заклучува работната површина по часови и издава предупредување. Нема повеќе повици и е-пошта надвор од работното време!! Зарем ова не е фантастично?“, напиша Ханделвол.

Критика Дубеј, една од 40-те вработени во компанијата, за Ројтерс вели дека мерката ѝ помогнала да ја напушти работата навреме и да стигне да ги заврши домашните обврски.

https://www.youtube.com/watch?v=6ps1-8HCAug&embeds_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Индиска ИТ компанија инсталира програма која на вработените им кажува кога треба да си одат дома appeared first on Република.

]]>

Една мала ИТ компанија во индискиот град Индоре смислила необичен начин да се погрижи нејзините вработени да одржуваат здрава рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот – со инсталирање софтвер кој ќе ги потсети кога нивната смена ќе заврши и дека е време да си одат дома. Софтверот на „Softgrid Computers“ е опремен со систем за известување кој почнува кога ќе заврши смената на вработениот, предупредувајќи ги дека „системот ќе се исклучи за 10 минути“ и повикува „Ве молиме одете дома“. Компанијата се одлучила за оваа мерка врз основа на се поголем број студии кои ги докажуваат штетните ефекти од долгите работни часови врз физичкото здравје и меѓучовечките односи на вработените ширум светот. Светската здравствена организација, на пример, уште во 2021 година предупреди дека работата 55 или повеќе часа неделно го зголемува ризикот од мозочен удар за 35 отсто, а ризикот од смрт од срцеви заболувања за 17 отсто.
Целта на оваа мерка е да им обезбеди на вработените добар баланс помеѓу работата и приватниот живот за да можат да поминуваат време со своите семејства и најблиските“, нагласува извршниот директор Ајај Голани.
Предупредувањето со скокачки ефекти на екранот предизвика големо внимание на социјалните мрежи кога Танви Ханделвал, еден од вработените во компанијата, сподели видео од предупредувањето на својот профил на „ЛинкедИн“.
Тие ни го поставија овој специјален потсетник, кој ја заклучува работната површина по часови и издава предупредување. Нема повеќе повици и е-пошта надвор од работното време!! Зарем ова не е фантастично?“, напиша Ханделвол.
Критика Дубеј, една од 40-те вработени во компанијата, за Ројтерс вели дека мерката ѝ помогнала да ја напушти работата навреме и да стигне да ги заврши домашните обврски. https://www.youtube.com/watch?v=6ps1-8HCAug&embeds_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Индиска ИТ компанија инсталира програма која на вработените им кажува кога треба да си одат дома appeared first on Република.

]]>
За да ги завршат обврските во банка граѓаните се принудени да користат слободен ден од работа https://republika.mk/vesti/ekonomija/za-da-gi-zavrshat-obvrskite-vo-banka-graganite-se-prinudeni-da-koristat-sloboden-den-od-rabota/ Wed, 22 Feb 2023 20:31:58 +0000 https://republika.mk/?p=612088

Работното време на експозитурите на банките во земјава е до 16 часот, а само мал дел од нив работат до 17 часот. Ова е периодот во кој граѓаните можат да ги завршат обврските на шалтерите во банките, но оние чии работни обврски не дозволуваат да излезат од работа, се оневозможени да го сторат тоа.

Дел од нив сметаат дека работното време на банките не е соодветно на потребите на најголем дел од граѓаните затоа што има луѓе кои работат само прва смена и не се во можност да излезат од работа, а оние кои имаат таква можност, ги користат паузите за да завршат работа во банка.

Банките не треба да работат до 16 часот, бидејќи со тоа им се ускратува можноста на вработените лица да ги завршуваат своите обврски во банките. Тие се принудени да ги користат паузите од работа за да извршат некоја уплата, да платат сметки во банка ..., а често и поради големите метежи на шалтерите се доведуваат во ситуација да се задржат подолго време во банката, велат соговорниците што ги анкетираше МИА.

Има и такви кои се принудени да земат слободен ден од работа за да ги завршат обврските во банка.

Сегашното работно време до 16 часот ограничува многу граѓани да завршат работа за која што треба да се одвои повеќе време во банката. Принудени се тоа да го прават со користење слободен ден и отсуства од работното место. Не се сите во државата пензионери и да можат да си одберат кога ќе појдат во банка, велат граѓаните.

Тие Предлагаат псекоја банка да има по една филијала која ќе работи попладне или во сабота.

Работното време на банките е деловна одлука на секоја банка одделно, но засега ниту една од нив не работи по 17 часот.

[caption id="attachment_612091" align="aligncenter" width="640"] Фото: МИА[/caption]

МИА ја контактираше и Македонската банкарска асоцијација (МБА) од каде посочуваат дека банките го прилагодуваат своето работење на новите потреби и навики на клиентите и дека граѓаните го имаат на располагање дигиталното банкарство со кое услугите се достапни 24/7.

Потребите и навиките на клиентите во последните неколку години драстично се променија, поради што банките во земјава го прилагодија целокупното свое работење на новите трендови токму за да ги задоволат новите потреби на корисниците. Банкарските производи и услуги веќе се достапни 24/7 и можностите за вршење банкарски трансакции се неограничени благодарение на дигиталното банкарство кое е достапно за клиентите од секое место и во секое време, велат од МБА.

Оттаму посочуваат дека клиентите имаат можност 24/7 да користат дигитални зони во експозитурите на банките или пак мобилно и електронско банкарство од својот дом, канцеларија или од кое било место во светот.

Со ваквите тврдења не се согласуваат граѓаните, кои посочуваат дека не секој знае да користи електронско банкарство и дека за дел од услугите мора да ги посетат шалтерите на банките како што е на пример да се информираат или пак да ја завршат процедурата за подигање на кредит.

The post За да ги завршат обврските во банка граѓаните се принудени да користат слободен ден од работа appeared first on Република.

]]>

Работното време на експозитурите на банките во земјава е до 16 часот, а само мал дел од нив работат до 17 часот. Ова е периодот во кој граѓаните можат да ги завршат обврските на шалтерите во банките, но оние чии работни обврски не дозволуваат да излезат од работа, се оневозможени да го сторат тоа. Дел од нив сметаат дека работното време на банките не е соодветно на потребите на најголем дел од граѓаните затоа што има луѓе кои работат само прва смена и не се во можност да излезат од работа, а оние кои имаат таква можност, ги користат паузите за да завршат работа во банка.
Банките не треба да работат до 16 часот, бидејќи со тоа им се ускратува можноста на вработените лица да ги завршуваат своите обврски во банките. Тие се принудени да ги користат паузите од работа за да извршат некоја уплата, да платат сметки во банка ..., а често и поради големите метежи на шалтерите се доведуваат во ситуација да се задржат подолго време во банката, велат соговорниците што ги анкетираше МИА.
Има и такви кои се принудени да земат слободен ден од работа за да ги завршат обврските во банка.
Сегашното работно време до 16 часот ограничува многу граѓани да завршат работа за која што треба да се одвои повеќе време во банката. Принудени се тоа да го прават со користење слободен ден и отсуства од работното место. Не се сите во државата пензионери и да можат да си одберат кога ќе појдат во банка, велат граѓаните.
Тие Предлагаат псекоја банка да има по една филијала која ќе работи попладне или во сабота. Работното време на банките е деловна одлука на секоја банка одделно, но засега ниту една од нив не работи по 17 часот. [caption id="attachment_612091" align="aligncenter" width="640"] Фото: МИА[/caption] МИА ја контактираше и Македонската банкарска асоцијација (МБА) од каде посочуваат дека банките го прилагодуваат своето работење на новите потреби и навики на клиентите и дека граѓаните го имаат на располагање дигиталното банкарство со кое услугите се достапни 24/7.
Потребите и навиките на клиентите во последните неколку години драстично се променија, поради што банките во земјава го прилагодија целокупното свое работење на новите трендови токму за да ги задоволат новите потреби на корисниците. Банкарските производи и услуги веќе се достапни 24/7 и можностите за вршење банкарски трансакции се неограничени благодарение на дигиталното банкарство кое е достапно за клиентите од секое место и во секое време, велат од МБА.
Оттаму посочуваат дека клиентите имаат можност 24/7 да користат дигитални зони во експозитурите на банките или пак мобилно и електронско банкарство од својот дом, канцеларија или од кое било место во светот. Со ваквите тврдења не се согласуваат граѓаните, кои посочуваат дека не секој знае да користи електронско банкарство и дека за дел од услугите мора да ги посетат шалтерите на банките како што е на пример да се информираат или пак да ја завршат процедурата за подигање на кредит.

The post За да ги завршат обврските во банка граѓаните се принудени да користат слободен ден од работа appeared first on Република.

]]>
Жичарницата на Водно го намалува работното време за еден час https://republika.mk/vesti/makedonija/zicharnicata-na-vodno-go-namaluva-rabotnoto-vreme-za-eden-chas/ Mon, 31 Oct 2022 13:37:50 +0000 https://republika.mk/?p=567829

Жичарницата на Водно од утре ќе работи со намалено работно време за еден час. Како што информираат од ЈСП, новото работно време на жичарницата ќе биде од 10 до 17 часот.

Жичарницата од утре, вторник (01.11.2022 год), ќе работи еден час помалку од досега, односно од 10 до 17 часот.

Во период од 16 - 16.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 16.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Новото работно време е согласно Одлуката за работно време на Жичарницата во период ноември – март.

Секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови на објектот - се наведува во соопштението на ЈСП.

The post Жичарницата на Водно го намалува работното време за еден час appeared first on Република.

]]>

Жичарницата на Водно од утре ќе работи со намалено работно време за еден час. Како што информираат од ЈСП, новото работно време на жичарницата ќе биде од 10 до 17 часот.
Жичарницата од утре, вторник (01.11.2022 год), ќе работи еден час помалку од досега, односно од 10 до 17 часот.   Во период од 16 - 16.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 16.45 часот е последно возење од врвот надолу. Новото работно време е согласно Одлуката за работно време на Жичарницата во период ноември – март.   Секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови на објектот - се наведува во соопштението на ЈСП.

The post Жичарницата на Водно го намалува работното време за еден час appeared first on Република.

]]>
Администрацијата да работи од 9 до 15 часот за да се заштеди, бара КСС https://republika.mk/vesti/makedonija/administracijata-da-raboti-od-9-do-15-chasot-za-da-se-zashtedi-bara-kss/ Mon, 05 Sep 2022 11:51:35 +0000 https://republika.mk/?p=547623

Јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, е мерката за заштеда на електична енергија што ја предлага Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Како што соопшти денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски енергијата што ќе се заштеди од јавните институции потоа да им се даде како помош на бизнис секторот и јавно – комунлните претпријатија за да се спречат поголеми ценовни шокови.

Може да се направи рационализација, јавниот сектор може да работи со скратено работно време од два часа со што ќе се заштедат големи количини електрична енергија. Може да се направат дежурни тимови кои ќе ги сервисираат неопхоедните дејности во текот на еден ден, истакна Ралповски.

The post Администрацијата да работи од 9 до 15 часот за да се заштеди, бара КСС appeared first on Република.

]]>

Јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, е мерката за заштеда на електична енергија што ја предлага Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Како што соопшти денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски енергијата што ќе се заштеди од јавните институции потоа да им се даде како помош на бизнис секторот и јавно – комунлните претпријатија за да се спречат поголеми ценовни шокови.
Може да се направи рационализација, јавниот сектор може да работи со скратено работно време од два часа со што ќе се заштедат големи количини електрична енергија. Може да се направат дежурни тимови кои ќе ги сервисираат неопхоедните дејности во текот на еден ден, истакна Ралповски.

The post Администрацијата да работи од 9 до 15 часот за да се заштеди, бара КСС appeared first on Република.

]]>
Во Белгија работникот има право да не му крене на шефот после работното време https://republika.mk/zivot/kariera/vo-belgija-rabotnikot-ima-pravo-da-ne-mu-krene-na-shefot-posle-rabotnoto-vreme/ Tue, 15 Feb 2022 17:46:04 +0000 https://republika.mk/?p=459005

Белгиските работници ќе можат да работат четири дена во неделата, според владиниот договор чија цел е да се зголеми флексибилноста на инаку крутиот пазар на трудот.

Говорејќи пред новинарите откако седумчлената владејачка коалиција постигна договор денеска, премиерот Александар Де Кро рече дека пандемијата на коронавирус ги принудила луѓето да работат во пофлексибилни услови и да го комбинираат приватниот и деловниот живот.

– Ова доведе до нови начини на работа, нагласи Де Кро.

Работниците кои ќе го побараат тоа ќе можат да работат и до 10 часа дневно доколку синдикатите се согласат, наместо максимум осум како досега, да работат еден ден помалку неделно за иста плата.

Тие ќе можат да изберат дали ќе работат повеќе во една недела, а помалку во следната.

Договорот го предвидува и правото на работникот да не му биде достапен на работодавачот по истекот на работното време. Тоа ќе го овозможат компании со над 20 работници.

Тој, исто така, дефинира нови правила за работниците на платформата, оние кои работат за платформи како што е Uber, вклучувајќи нови критериуми според кои тие се сметаат за вработени

The post Во Белгија работникот има право да не му крене на шефот после работното време appeared first on Република.

]]>

Белгиските работници ќе можат да работат четири дена во неделата, според владиниот договор чија цел е да се зголеми флексибилноста на инаку крутиот пазар на трудот. Говорејќи пред новинарите откако седумчлената владејачка коалиција постигна договор денеска, премиерот Александар Де Кро рече дека пандемијата на коронавирус ги принудила луѓето да работат во пофлексибилни услови и да го комбинираат приватниот и деловниот живот. – Ова доведе до нови начини на работа, нагласи Де Кро. Работниците кои ќе го побараат тоа ќе можат да работат и до 10 часа дневно доколку синдикатите се согласат, наместо максимум осум како досега, да работат еден ден помалку неделно за иста плата. Тие ќе можат да изберат дали ќе работат повеќе во една недела, а помалку во следната. Договорот го предвидува и правото на работникот да не му биде достапен на работодавачот по истекот на работното време. Тоа ќе го овозможат компании со над 20 работници. Тој, исто така, дефинира нови правила за работниците на платформата, оние кои работат за платформи како што е Uber, вклучувајќи нови критериуми според кои тие се сметаат за вработени

The post Во Белгија работникот има право да не му крене на шефот после работното време appeared first on Република.

]]>