работни спорови Archives - Република https://republika.mk/tema/rabotni-sporovi/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 20:07:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png работни спорови Archives - Република https://republika.mk/tema/rabotni-sporovi/ 32 32 Мицкоски: МВР изгубило 20 милиони евра за работни спорови, расипнички се трошеле државни пари https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-mvr-izgubilo-20-milioni-evra-za-rabotni-sporovi-rasipnichki-se-troshele-drzhavni-pari/ Mon, 22 Jul 2024 20:07:49 +0000 https://republika.mk/?p=799339

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Топ Тема на ТВ Телма говорејќи за тоа како претходната влада неодговорно се однесувала со буџетот на граѓаните истакна дека државата треба да им исплати десетици милиони евра на вработените во МВР и МО кои од одредени министри кои лечеле лични фрустрации биле противправно преместувани од едно на друго работно место.

Дваесет милиони евра треба да платиме оштета на вработените во Министерството за внатрешни работи затоа што некој дивеел и ги преместувал од едно на друго работно место незаконски. Петнаесет милиони во Министерството за одбрана“, истакна Мицкоски додавајќи дека со ваквите работи треба да се занимаваат истражните органи.

„Кој сум јас да се однесувам бахато па да лечам сопствена фрустрација да го оштетувам буџетот којшто го полнат граѓаните. Така се однесувале некои министри“, потенцираше Мицкоски и додаде:

Во буџетот недостасуваат 200 милиони евра. Со 200 милини евра, што се пари украдени, не само во здравството, ќе имавме повеќе пари и за образованието, ќе имавме повеќе пари и за други места, за секаде ќе имавме. Но тоа допрва ќе има одговорност за тие 200 милиони евра украдени коишто вака на прва до сега сме ги констатирале“.

Тој исто така додаде дека недостасувале и 5 милијарди денари за пензионерите.

Ви кажувам дека фалеа половина милијарда денари за регуларна исплата на пензиите. Ние што направивме? Ние истиот волумен којшто беше предвиден согласно закон само го реструктуиравме за да биде фер. Да не биде процентуално зголемувањето на пензиите, туку линеарно и на тоа качивме плус мислам дека околу 180 милиони денари“, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски истакна дека според договорот за Коридорот 8 и 10 Д во овој буџет во оваа година календарска биле резервирани 15 милијарди денари, а реализацијата ниту чуда да се случат не може да биде поголема од 6 милијарди затоа што претходната влада преземале обврски коишто не успеале да ги испорачаат и да обезбедат фронт на изведувачите со тоа што ќе ги решат имотно правните односи, односно експропријацијата која за делницата Ќафасан-Требеништа е преземена обврска дека ќе се речи до средината на 2023 година и не е решена ниту 1%, па за да не пропаднат тие пари, дел од нив ќе се искористат за да им се исплати на земјоделците и на вработените во Национални шуми тоа што претходната заборавила да предвиди како и за капитални проекти во општините.

Ако ја оставиме оваа динамика вака како што е тие 9 милијарди денари ќе пропаднат, резервирани за овој проект. Затоа ние велиме 6 милијарди ќе инвестираме во капитални проекти во општините. Од останатите пари, на земјоделците им се должи 3 милијарди и 700. Ќе вратиме една милијарда и 700 на луѓето коишто ја хранат Македонија и коишто изведуваат да им вратиме една милијарда и 700. Не можеме сите 3 и 700, можеме милијарда и 700. Со идниот буџет којшто ние ќе го правиме до година ќе бидат уште 2 милијарди“, нагласи Мицкоски и додаде:

„На луѓето коишто се од Национални шуми им треба пола милијарда за да им бидат платени платите. Луѓето немаат 4 месеци плата земено“.

The post Мицкоски: МВР изгубило 20 милиони евра за работни спорови, расипнички се трошеле државни пари appeared first on Република.

]]>