работа во недела Archives - Република https://republika.mk/tema/rabota-vo-nedela/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Dec 2022 07:28:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png работа во недела Archives - Република https://republika.mk/tema/rabota-vo-nedela/ 32 32 „Работа во недела” на седница на Уставен суд https://republika.mk/vesti/makedonija/rabota-vo-nedela-na-sednica-na-ustaven-sud/ Thu, 01 Dec 2022 07:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=580281

Уставниот суд на денешната 38. седница ќе одлучува по Рефератот кој е подготвен по претходно поднесената иницијатива од страна на Стопанската комора на Македонија, со која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела”.

Според подносителот на иницијативата, со оспорениот закон e определено дека ден на неделен одмор е недела и притоа се дефинирани дејностите кои претставуваат исклучок од ова правило. Во иницијативата се наведува дека ден на неделен одмор може да биде било кој друг ден во неделата, дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 отсто за секој час поминат на работа и од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите. Во иницијативата се содржани наводи дека со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела (неметалните минерални производи) и имаат еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата кои се утврдени со закон се ставени во нееднаква правна положба со работодавачите од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка. Подносителот смета дека е нарушено начелото на владеење на правото и дека оспорениот закон е во спротивност со членот 8 став 1 алинеи 3 и 7 и член 9 став 2 од Уставот.

Уставниот суд расправаше за овој случај на седница што се одржа на 14 септември годинава, но одлука не беше донесена поради недоволно мнозинство гласови.
На седницата, меѓу другото ќе бидат разгледани иницијативите поднесени за Законот за социјална заштита во одредбата за обезбедување на надоместок заради попреченост, за изборот за претседател на Собранието од 2 мај 2017 година, како и иницијативата поднесена од Светски македонски конгрес, а се однесува на оспорениот акт: „Прв заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за координација на политичките прашања на ресорите“ во насловот на Глава II, членовите 5 и 6 од Деловникот за работа на Владата на Република Македонија.
На дневен ред на денешната седница се осум предмети за оценување на уставност и законитост. Шест предмети, како што велат од Судот, се со исцрпена дискусија и се во фаза на гласање, бидејќи претходно не добиле мнозинство гласови.

The post „Работа во недела” на седница на Уставен суд appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на денешната 38. седница ќе одлучува по Рефератот кој е подготвен по претходно поднесената иницијатива од страна на Стопанската комора на Македонија, со која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела”. Според подносителот на иницијативата, со оспорениот закон e определено дека ден на неделен одмор е недела и притоа се дефинирани дејностите кои претставуваат исклучок од ова правило. Во иницијативата се наведува дека ден на неделен одмор може да биде било кој друг ден во неделата, дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 отсто за секој час поминат на работа и од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите. Во иницијативата се содржани наводи дека со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела (неметалните минерални производи) и имаат еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата кои се утврдени со закон се ставени во нееднаква правна положба со работодавачите од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка. Подносителот смета дека е нарушено начелото на владеење на правото и дека оспорениот закон е во спротивност со членот 8 став 1 алинеи 3 и 7 и член 9 став 2 од Уставот. Уставниот суд расправаше за овој случај на седница што се одржа на 14 септември годинава, но одлука не беше донесена поради недоволно мнозинство гласови. На седницата, меѓу другото ќе бидат разгледани иницијативите поднесени за Законот за социјална заштита во одредбата за обезбедување на надоместок заради попреченост, за изборот за претседател на Собранието од 2 мај 2017 година, како и иницијативата поднесена од Светски македонски конгрес, а се однесува на оспорениот акт: „Прв заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за координација на политичките прашања на ресорите“ во насловот на Глава II, членовите 5 и 6 од Деловникот за работа на Владата на Република Македонија. На дневен ред на денешната седница се осум предмети за оценување на уставност и законитост. Шест предмети, како што велат од Судот, се со исцрпена дискусија и се во фаза на гласање, бидејќи претходно не добиле мнозинство гласови.

The post „Работа во недела” на седница на Уставен суд appeared first on Република.

]]>
Дали недела неработен ден ќе пaдне утре на Уставен суд? https://republika.mk/vesti/ekonomija/dali-nedela-neraboten-den-kje-pdne-utre-na-ustaven-sud/ Tue, 19 Apr 2022 13:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=490559

Законската одредба за недела неработен ден во државата, утре ќе биде разгледана од Уставниот суд на иницијатива на Стопанска комора на Македонија, која се однесува на последните измени на Законот за работните односи.

– Подносителот смета дека оспорениот закон кој се однесува на уредување на работата во недела е спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Во иницијативата се наведува дека Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи го уредува користењето на неделен одмор преку воведување на забрана за работа во недела и притоа таксативно ги набројува исклучоците на одредени дејности кај кои неделниот одмор може да се користи во друг ден во неделата и се укажува дека ова законско решение не е во полза ниту на економските субјекти, ниту на работниците и директно задирало во темелните вредности на уставниот поредок на државата, велат од Уставен суд.

Според подносителот, со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела – неметалните минерални производи, имале еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата, кои се утврдени со закон, но биле ставени во нееднаква правна положба со работодавачите од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка.

Освен ова точка, Уставниот суд утре ќе дискутира и за иницијативата поднесена од Здружението на приватни стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина од Кавадарци и за Правилниот за облиците на континуирано стручно усовршување.

Други две иницијативи за кои уставните судии утре треба да се произнесат се за носењето на лична заштита заради спречување на ширењето на Ковид-19 и за еден обвинителен акт поднесен од Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

The post Дали недела неработен ден ќе пaдне утре на Уставен суд? appeared first on Република.

]]>

Законската одредба за недела неработен ден во државата, утре ќе биде разгледана од Уставниот суд на иницијатива на Стопанска комора на Македонија, која се однесува на последните измени на Законот за работните односи.
– Подносителот смета дека оспорениот закон кој се однесува на уредување на работата во недела е спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Во иницијативата се наведува дека Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи го уредува користењето на неделен одмор преку воведување на забрана за работа во недела и притоа таксативно ги набројува исклучоците на одредени дејности кај кои неделниот одмор може да се користи во друг ден во неделата и се укажува дека ова законско решение не е во полза ниту на економските субјекти, ниту на работниците и директно задирало во темелните вредности на уставниот поредок на државата, велат од Уставен суд.
Според подносителот, со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела – неметалните минерални производи, имале еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата, кои се утврдени со закон, но биле ставени во нееднаква правна положба со работодавачите од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка. Освен ова точка, Уставниот суд утре ќе дискутира и за иницијативата поднесена од Здружението на приватни стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина од Кавадарци и за Правилниот за облиците на континуирано стручно усовршување. Други две иницијативи за кои уставните судии утре треба да се произнесат се за носењето на лична заштита заради спречување на ширењето на Ковид-19 и за еден обвинителен акт поднесен од Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

The post Дали недела неработен ден ќе пaдне утре на Уставен суд? appeared first on Република.

]]>