пушење Archives - Република https://republika.mk/tema/pushenje/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 08:10:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пушење Archives - Република https://republika.mk/tema/pushenje/ 32 32 ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење https://republika.mk/zivot/zdravje/ijz-so-telefonska-linija-za-soveti-za-otkazhuvane-od-pushene/ Fri, 08 Nov 2024 08:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=835348

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) започнува телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето, информираат утрово од Институтот.

Како што појаснуваат, линијата ќе биде достапна секои понеделник и среда од 11 до 13 часот. Заинтересираните да се откажат од пушење, може да се јават на телефонскиот број 078 285 873 и да добијат совети.

Од Институтот порачуваат да не се чека, да се почне со патот кон подобро здравје.

The post ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) започнува телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето, информираат утрово од Институтот. Како што појаснуваат, линијата ќе биде достапна секои понеделник и среда од 11 до 13 часот. Заинтересираните да се откажат од пушење, може да се јават на телефонскиот број 078 285 873 и да добијат совети. Од Институтот порачуваат да не се чека, да се почне со патот кон подобро здравје.

The post ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење appeared first on Република.

]]>
Посиромашните Македонци би се откажале од храна за да купат цигари https://republika.mk/vesti/makedonija/posiromashnite-makedontsi-bi-se-otkazhale-od-hrana-za-da-kupat-tsigari/ Sun, 27 Oct 2024 19:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=831465

Македонците се убедливо најголеми потрошувачи на цигари во регионот и во топ 10 во светот. Дури 46% од возрасните се пушачи на цигари, притоа не сметајќи ги електронските цигари и другите тутунски производи.

За споредба, во Европската Унија пушачи се 18,4%, а во светот 17% од населението. Речиси секој втор пушач во Македонија троши повеќе од една кутија цигари дневно. Од година в година возраста на која младите почнуваат да пушат драстично се намалува. Просекот во Македонија е 13 и пол години, анализира Алфа.

Истражувањето на тинк-тенкот Аналитика покажува дека пушењето може да доведе до 39 илјади смртни случаи во следните 40 години. И покрај застрашувачките бројки, анализата покажала дека Македонците немаат намера да се откажат од пушењето. Богатите истовремено конзумирале и повеќе алкохол, оние од средна класа заради пушењето не трошат на образование, додека посиромашните попрво би избрале цигара, отколку да си купат нешто за јадење. Дури 13% од платата ја трошат на тутунски производи.

Кај посиромашните домаќинства, трошоците кои се направени за набавка на цигари влијаат да се исфрлат трошоците поврзани со набавка на храна, млеко и млечни производи. Фамилиите имаат значајно нарушување на нивниот животен стандард затоа што имаат издатоци за цигари“, вели Кристијан Кожески – Економски Факултет при УКИМ зa Алфа.

Истражувачите препорачуваат властите да ги едуцираат граѓаните за штетните ефекти на цигарите врз здравјето на луѓето, но и врз нивниот семеен буџет. Дополнително, зголемувањето на акцизата за 16% годишно треба да доведе до натамошно поскапување на цигарите за околу 13% во 2025 и 2026 година, а со тоа и до откажување од пушење на дел од луѓето и намалување на трошоците за здравствени услуги. Покачувањето на акцизата би значело и плус 30 милиони евра во државниот буџет годишно.

Конкретно за Македонија имавме пример ако се зголеми акцизата за 15 проценти некаде за 10 отсто ќе се зголемат приходите од акциза во тој дел од буџетот. Она што сите симулациски модели го покажаа е тоа дека со зголемувањето на акцизата за цигарите дефинитивно доаѓа да кажам еве на англиски до win win стратегија, дека ќе дојде до зголемување на приходите во буџетот од една страна, а од друга страна намалување на потрошувачката на цигари, што е една важна цел во споредба со она краткорочно полнење на буџетот. Од здравствен аспект доаѓа до намалување на преваленцата го видовме тоа од податоците за Македонија некаде 1 до 2 проценти, рече Мирјана Чизмовиќ од Институт за социо-економски анализи, Универзитет Медитеран, Црна Гора.

Македонците пушат најевтини цигари во Западен Балкан, односно кутија просечно чинела 2,4 евра лани. На акциза отпаѓаат 1,12 евра. Во Македонија акцизата изнесува 56 евра на илјада цигари, што е значително под правилата во ЕУ за 90 евра. Дополнително, Унијата ќе го разгледува и предлогот акцизата да се зголеми и до 200 евра за 1000 цигари, што значително ќе ги поскапе цигарите.

The post Посиромашните Македонци би се откажале од храна за да купат цигари appeared first on Република.

]]>

Македонците се убедливо најголеми потрошувачи на цигари во регионот и во топ 10 во светот. Дури 46% од возрасните се пушачи на цигари, притоа не сметајќи ги електронските цигари и другите тутунски производи. За споредба, во Европската Унија пушачи се 18,4%, а во светот 17% од населението. Речиси секој втор пушач во Македонија троши повеќе од една кутија цигари дневно. Од година в година возраста на која младите почнуваат да пушат драстично се намалува. Просекот во Македонија е 13 и пол години, анализира Алфа. Истражувањето на тинк-тенкот Аналитика покажува дека пушењето може да доведе до 39 илјади смртни случаи во следните 40 години. И покрај застрашувачките бројки, анализата покажала дека Македонците немаат намера да се откажат од пушењето. Богатите истовремено конзумирале и повеќе алкохол, оние од средна класа заради пушењето не трошат на образование, додека посиромашните попрво би избрале цигара, отколку да си купат нешто за јадење. Дури 13% од платата ја трошат на тутунски производи.
Кај посиромашните домаќинства, трошоците кои се направени за набавка на цигари влијаат да се исфрлат трошоците поврзани со набавка на храна, млеко и млечни производи. Фамилиите имаат значајно нарушување на нивниот животен стандард затоа што имаат издатоци за цигари“, вели Кристијан Кожески – Економски Факултет при УКИМ зa Алфа.
Истражувачите препорачуваат властите да ги едуцираат граѓаните за штетните ефекти на цигарите врз здравјето на луѓето, но и врз нивниот семеен буџет. Дополнително, зголемувањето на акцизата за 16% годишно треба да доведе до натамошно поскапување на цигарите за околу 13% во 2025 и 2026 година, а со тоа и до откажување од пушење на дел од луѓето и намалување на трошоците за здравствени услуги. Покачувањето на акцизата би значело и плус 30 милиони евра во државниот буџет годишно.
Конкретно за Македонија имавме пример ако се зголеми акцизата за 15 проценти некаде за 10 отсто ќе се зголемат приходите од акциза во тој дел од буџетот. Она што сите симулациски модели го покажаа е тоа дека со зголемувањето на акцизата за цигарите дефинитивно доаѓа да кажам еве на англиски до win win стратегија, дека ќе дојде до зголемување на приходите во буџетот од една страна, а од друга страна намалување на потрошувачката на цигари, што е една важна цел во споредба со она краткорочно полнење на буџетот. Од здравствен аспект доаѓа до намалување на преваленцата го видовме тоа од податоците за Македонија некаде 1 до 2 проценти, рече Мирјана Чизмовиќ од Институт за социо-економски анализи, Универзитет Медитеран, Црна Гора.
Македонците пушат најевтини цигари во Западен Балкан, односно кутија просечно чинела 2,4 евра лани. На акциза отпаѓаат 1,12 евра. Во Македонија акцизата изнесува 56 евра на илјада цигари, што е значително под правилата во ЕУ за 90 евра. Дополнително, Унијата ќе го разгледува и предлогот акцизата да се зголеми и до 200 евра за 1000 цигари, што значително ќе ги поскапе цигарите.

The post Посиромашните Македонци би се откажале од храна за да купат цигари appeared first on Република.

]]>
ЕУ препорачува да не се пуши на постојки, луна паркови и базени https://republika.mk/zivot/zdravje/eu-preporachuva-da-ne-se-se-pushi-na-postojkii-luna-parkovi-i-bazeni/ Wed, 18 Sep 2024 07:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=817270

- Европската комисија усвои препораки за подобра заштита на луѓето во ЕУ, особено на децата и младите, од ефектите на пасивното пушење и аеросолите, преку проширување на реоните на отворено во кои ќе биде забрането пушењето цигари.

Согласно овие препораки до земјите членки на ЕУ, новите „зони без чад“ треба да ги вклучат местата за рекреација на отворено каде што вообичаено се собираат деца, како јавни игралишта, забавни (луна) паркови и базени, потоа реоните околу здравствени и образовни установи и јавни и услужни институции, како и автобуски и железнички постојки и станици.

ЕК препорачува и проширување на опсегот на забрана за користење на електронските цигари и производите од прегорен тутун, врз основа на најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО) за негативните ефекти, меѓу кои се и респираторни и кардиоваскуларни проблеми, од изложеност на емисиите на чад од нив.

За спроведување на овие препораки и за зајакнување на контролата на тутунот и никотинот и на превенцијата од зависности, ЕК ќе обезбеди финансиска поддршка во форма на грантови во износ од 16 милиони евра од програмата „ЕУзаЗдравје“ (EU4Health) и 80 милиони евра од програмата „Хоризонт“. Дополнително, Комисијата ќе подготви и пакет превентивни алатки за поддршка на заштитата на здравјето на децата и младите.

- Имајќи предвид дека здравствената политика е надлежност на земјите членки, ги повикуваме да ги имплементираат овие препораки преку нивните политики, како што сметаат дека е најсоодветно, притоа земајќи ги предвид нивните национални состојби и потреби, се наведува во соопштението на ЕК.

Според Комисијата, овие препораки претставуваат уште еден чекор напред во напорите за подобрување на превентивното здравје и кон „денормализација“ на употребата на тутун и никотински производи.

Со Европскиот план за борба против ракот, поставена е цел за создаде „генерација без тутун“ до 2040 година, односно доведување во состојба пушачи да бидат помалку од пет отсто од вкупното население во ЕУ.

The post ЕУ препорачува да не се пуши на постојки, луна паркови и базени appeared first on Република.

]]>

- Европската комисија усвои препораки за подобра заштита на луѓето во ЕУ, особено на децата и младите, од ефектите на пасивното пушење и аеросолите, преку проширување на реоните на отворено во кои ќе биде забрането пушењето цигари. Согласно овие препораки до земјите членки на ЕУ, новите „зони без чад“ треба да ги вклучат местата за рекреација на отворено каде што вообичаено се собираат деца, како јавни игралишта, забавни (луна) паркови и базени, потоа реоните околу здравствени и образовни установи и јавни и услужни институции, како и автобуски и железнички постојки и станици. ЕК препорачува и проширување на опсегот на забрана за користење на електронските цигари и производите од прегорен тутун, врз основа на најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО) за негативните ефекти, меѓу кои се и респираторни и кардиоваскуларни проблеми, од изложеност на емисиите на чад од нив. За спроведување на овие препораки и за зајакнување на контролата на тутунот и никотинот и на превенцијата од зависности, ЕК ќе обезбеди финансиска поддршка во форма на грантови во износ од 16 милиони евра од програмата „ЕУзаЗдравје“ (EU4Health) и 80 милиони евра од програмата „Хоризонт“. Дополнително, Комисијата ќе подготви и пакет превентивни алатки за поддршка на заштитата на здравјето на децата и младите.
- Имајќи предвид дека здравствената политика е надлежност на земјите членки, ги повикуваме да ги имплементираат овие препораки преку нивните политики, како што сметаат дека е најсоодветно, притоа земајќи ги предвид нивните национални состојби и потреби, се наведува во соопштението на ЕК.
Според Комисијата, овие препораки претставуваат уште еден чекор напред во напорите за подобрување на превентивното здравје и кон „денормализација“ на употребата на тутун и никотински производи. Со Европскиот план за борба против ракот, поставена е цел за создаде „генерација без тутун“ до 2040 година, односно доведување во состојба пушачи да бидат помалку од пет отсто од вкупното население во ЕУ.

The post ЕУ препорачува да не се пуши на постојки, луна паркови и базени appeared first on Република.

]]>
Пуши пола Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/pushi-pola-makedonija/ Sat, 01 Jun 2024 16:25:08 +0000 https://republika.mk/?p=783423

Употребата на тутун кај нас е многу висока. Последните истражувања покажуваат дека процентуалната застапеност на население кое употребува тутун, нѐ става меѓу земјите во светот со најголеми стапки на граѓани - активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на луѓе - пет проценти, кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години. Овие податоци ги споделија од ИЈЗ по повод 31 мај - Светски ден против употреба на тутун.

Во советувалиштата за откажување од пушење, што функционираат во склоп на центрите за јавно здравје низ целата држава, има многу мала посетеност. Во 2023 година во советувалиштата за откажување од пушење се јавиле само 43 луѓе, што е многу мала бројка. Односно, нема голема заинтересираност за откажување од пушењето кај населението, потенцираат од Институтот.

Оттаму нагласуваат дека како еден од најголемите и најзастапените ризик фактори кај речиси сите видови хронични незаразни заболувања, употребата на тутун сериозно придонесува кон нарушувањето на општото здравје на популацијата. Кардиоваскуларни, респираторни, репродуктивни, малигни, ендокрини и многу други видови заболувања, може да се јават како последица од редовна употреба на тутун.

За да се спречи можноста од срцев удар, важен е здравиот начин на живот. Понекогаш е доволна физичката активност и здравата и урамнотежена исхрана, без алкохол, цигари и без стрес.

И покрај сите релевантни институции во државата што работат на намалување на употребата на тутун, вклучително со континуираната едукација на населението, за жал нема голем напредок во обидите да се намали преваленцата на пушењето во државата. Иако Република Македонија во 2006 година ја ратификуваше Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) на Светската здравствена организација и низ годините имало напори за да се зајакне здравствената регулатива поврзана со употребата на тутун, во последните години има застој на ова поле, со укинување на забраните за пушење во терасите од угостителските локали, а дополнително се дозволи употреба на електронските уреди што го загреваат, а не го горат тутунот (HTTP) во јавни затворени локали, додаваат од ИЈЗ.

Тутунската индустрија, како што наведуваат, со сите свои ресурси успешно се бори против напорите за зајакнување на законската легислатива, која всушност е еден од условите за пристап кон Европската Унија, па така потреба од прилагодување на законите со оние од ЕУ е неопходна за напредокот на земјата.

Младите сѐ повеќе изложени на привлечноста на тутунските производи

Годинава, ИЈЗ учествува во две истражувања поврзани со употреба на тутун кај младите лица. Станува збор за ЕСПАД (ESPAD - European school survey project on alcohol and other drugs) и ГИТС (GYTS -  Global youth tobacco survey). Резултатите од овие истражувања ќе бидат објавени и достапни кон крајот на годината, информираат од ИЈЗ, кога истражувањата ќе бидат целосно завршени.

Светскиот ден без тутун во 2024 година ќе им даде платформа на младите луѓе ширум светот, кои ги повикуваат владите да ги заштитат од предаторските тактики за маркетинг на тутунската индустрија. Индустријата е насочена кон младите за цел живот на профит, создавајќи нов бран на зависност. Децата користат е-цигари со стапки повисоки од возрасните во сите региони, додаваат од ИЈЗ.

Темата на Светскиот ден без тутун, годинава е „Заштита на децата од влијанието на тутунската индустрија“, за да се заштитат идните генерации и да се осигура дека употребата на тутун ќе продолжи да опаѓа.

Годинава вниманието е насочено кон алармантниот тренд на насочениот маркетинг на тутунската индустрија кон младите. Преку опсежни кампањи за социјални медиуми и стриминг платформи, младите сѐ повеќе се изложени на привлечноста на тутунските производи, што претставува значителна закана за нивното здравје и благосостојба. Истражувањата во земјите постојано покажуваат дека децата на возраст од 13 до 15 години во повеќето земји користат тутун и никотински производи, појаснуваат од Институтот.

Пушењето меѓу младите останува распространето и се зголемува во одредени нации. Според достапните информации, над 38 милиони млади луѓе на возраст меѓу 13 и 15 години користат некаков облик на тутун.

Во 2022 година, сцените со тутун се зголемија за 110 отсто во популарните неодамнешни емисии кај младите од 15 до 24 години, често прикажувајќи го пушењето како гламурозно и „кул“. Според „Иницијативата за вистина“, младите имаат до трипати поголема веројатност да почнат да пушат кога се изложени на слики за пушење на екранот, наведуваат од ИЈЗ. 

The post Пуши пола Македонија appeared first on Република.

]]>

Употребата на тутун кај нас е многу висока. Последните истражувања покажуваат дека процентуалната застапеност на население кое употребува тутун, нѐ става меѓу земјите во светот со најголеми стапки на граѓани - активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на луѓе - пет проценти, кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години. Овие податоци ги споделија од ИЈЗ по повод 31 мај - Светски ден против употреба на тутун.
Во советувалиштата за откажување од пушење, што функционираат во склоп на центрите за јавно здравје низ целата држава, има многу мала посетеност. Во 2023 година во советувалиштата за откажување од пушење се јавиле само 43 луѓе, што е многу мала бројка. Односно, нема голема заинтересираност за откажување од пушењето кај населението, потенцираат од Институтот.
Оттаму нагласуваат дека како еден од најголемите и најзастапените ризик фактори кај речиси сите видови хронични незаразни заболувања, употребата на тутун сериозно придонесува кон нарушувањето на општото здравје на популацијата. Кардиоваскуларни, респираторни, репродуктивни, малигни, ендокрини и многу други видови заболувања, може да се јават како последица од редовна употреба на тутун. За да се спречи можноста од срцев удар, важен е здравиот начин на живот. Понекогаш е доволна физичката активност и здравата и урамнотежена исхрана, без алкохол, цигари и без стрес.
И покрај сите релевантни институции во државата што работат на намалување на употребата на тутун, вклучително со континуираната едукација на населението, за жал нема голем напредок во обидите да се намали преваленцата на пушењето во државата. Иако Република Македонија во 2006 година ја ратификуваше Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) на Светската здравствена организација и низ годините имало напори за да се зајакне здравствената регулатива поврзана со употребата на тутун, во последните години има застој на ова поле, со укинување на забраните за пушење во терасите од угостителските локали, а дополнително се дозволи употреба на електронските уреди што го загреваат, а не го горат тутунот (HTTP) во јавни затворени локали, додаваат од ИЈЗ.
Тутунската индустрија, како што наведуваат, со сите свои ресурси успешно се бори против напорите за зајакнување на законската легислатива, која всушност е еден од условите за пристап кон Европската Унија, па така потреба од прилагодување на законите со оние од ЕУ е неопходна за напредокот на земјата.

Младите сѐ повеќе изложени на привлечноста на тутунските производи

Годинава, ИЈЗ учествува во две истражувања поврзани со употреба на тутун кај младите лица. Станува збор за ЕСПАД (ESPAD - European school survey project on alcohol and other drugs) и ГИТС (GYTS -  Global youth tobacco survey). Резултатите од овие истражувања ќе бидат објавени и достапни кон крајот на годината, информираат од ИЈЗ, кога истражувањата ќе бидат целосно завршени.
Светскиот ден без тутун во 2024 година ќе им даде платформа на младите луѓе ширум светот, кои ги повикуваат владите да ги заштитат од предаторските тактики за маркетинг на тутунската индустрија. Индустријата е насочена кон младите за цел живот на профит, создавајќи нов бран на зависност. Децата користат е-цигари со стапки повисоки од возрасните во сите региони, додаваат од ИЈЗ.
Темата на Светскиот ден без тутун, годинава е „Заштита на децата од влијанието на тутунската индустрија“, за да се заштитат идните генерации и да се осигура дека употребата на тутун ќе продолжи да опаѓа.
Годинава вниманието е насочено кон алармантниот тренд на насочениот маркетинг на тутунската индустрија кон младите. Преку опсежни кампањи за социјални медиуми и стриминг платформи, младите сѐ повеќе се изложени на привлечноста на тутунските производи, што претставува значителна закана за нивното здравје и благосостојба. Истражувањата во земјите постојано покажуваат дека децата на возраст од 13 до 15 години во повеќето земји користат тутун и никотински производи, појаснуваат од Институтот.
Пушењето меѓу младите останува распространето и се зголемува во одредени нации. Според достапните информации, над 38 милиони млади луѓе на возраст меѓу 13 и 15 години користат некаков облик на тутун.
Во 2022 година, сцените со тутун се зголемија за 110 отсто во популарните неодамнешни емисии кај младите од 15 до 24 години, често прикажувајќи го пушењето како гламурозно и „кул“. Според „Иницијативата за вистина“, младите имаат до трипати поголема веројатност да почнат да пушат кога се изложени на слики за пушење на екранот, наведуваат од ИЈЗ. 

The post Пуши пола Македонија appeared first on Република.

]]>
Италијански град го забрани пушењето на оддалеченост помала од пет метри од други луѓе https://republika.mk/vesti/svet/italijanski-grad-go-zabrani-pusheneto-na-oddalechenost-pomala-od-pet-metri-od-drugi-luge/ Wed, 17 Apr 2024 07:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=766852

Италијанскиот град Торино, донесе одлука пушењето на отворено да биде дозволено само ако другите луѓе се оддалечени најмалку пет метри од пушачот, а градоначалникот Стефано Ло Русо смета дека одлуката се заснова на „здрав разум“.

Се работи за почитување на оние кои не пушат, а во исто време се работи за промовирање на културата на почит“, изјави Ло Русо, член на централно-левичарската Демократска партија, за локална радио станица.

Сите оние кои не ја почитуваат оваа регулатива ризикуваат казна од 100 евра. Забраната се однесува на пушење цигари, пури, лулиња, загреани тутунски производи и електронски цигари, стои во одлуката што во понеделникот ја усвои и ја одобри градскиот совет.

Регулативата предвидува на луѓето кои пушат да им приоѓаат на другите со цигара „само со нивна согласност“, додека пушењето на отворено е целосно забрането во присуство на деца и трудници.

Торино не е првиот голем италијански град кој го ограничува пушењето на отворено. Во 2021 година, Милан го забрани автобуски станици, такси, стадиони, паркови и гробишта.

The post Италијански град го забрани пушењето на оддалеченост помала од пет метри од други луѓе appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот град Торино, донесе одлука пушењето на отворено да биде дозволено само ако другите луѓе се оддалечени најмалку пет метри од пушачот, а градоначалникот Стефано Ло Русо смета дека одлуката се заснова на „здрав разум“.
Се работи за почитување на оние кои не пушат, а во исто време се работи за промовирање на културата на почит“, изјави Ло Русо, член на централно-левичарската Демократска партија, за локална радио станица.
Сите оние кои не ја почитуваат оваа регулатива ризикуваат казна од 100 евра. Забраната се однесува на пушење цигари, пури, лулиња, загреани тутунски производи и електронски цигари, стои во одлуката што во понеделникот ја усвои и ја одобри градскиот совет. Регулативата предвидува на луѓето кои пушат да им приоѓаат на другите со цигара „само со нивна согласност“, додека пушењето на отворено е целосно забрането во присуство на деца и трудници. Торино не е првиот голем италијански град кој го ограничува пушењето на отворено. Во 2021 година, Милан го забрани автобуски станици, такси, стадиони, паркови и гробишта.

The post Италијански град го забрани пушењето на оддалеченост помала од пет метри од други луѓе appeared first on Република.

]]>
Можете да предвидите кога сте подготвени да ги оставите цигарите https://republika.mk/zivot/zdravje/mozhete-da-predvidite-koga-ste-podgotveni-da-gi-ostavite-tsigarite/ Wed, 13 Mar 2024 07:35:51 +0000 https://republika.mk/?p=754363

Пробавте да се откажете од пушење, но не ви одеше? Постои рационално објаснување зошто не сте успеале во тоа. Не затоа што престанувањето на пушењето е невозможно, туку веројатно не сте биле подготвени за тоа.

За да престанете да пушите, важно е да бидете подготвени на тоа – емоционално и ментално. Некои луѓе едноставно се поподготвени од другите. Интегративниот модел на намерна промена на однесувањето кој го развија Прохаска и ДиКлементе опишува и предвидува кога и како лицето ќе го промени своето однесување. Според овој модел, луѓето поминуваат низ пет фази во процесот на промената (предконтемплација, контемплација, подготовка, акција, одржување).

Ако како пример го земеме пушењето, во првата фаза лицето воопшто не сака да ги остави цигарите, не е ни свесно за проблемот, туку воглавно луѓето во неговата околина го забележуваат проблемот и вршат притисок за промена.

Во вториот стадиум лицето е свесно дека треба да ги остави цигарите и размислува за тоа дека ќе престане еден ден. Сега тоа навистина го сака, но ништо не презема тоа и да го направи.

Подготовката, или третата фаза, често се истакнува како најважна бидејќи ја означува пресудната точка во процесот на промената. Тоа е фаза во која човекот е подготвен да се промени и активно разработува стратегии и планови на кој начин тоа ќе го направи. Пушачите воглавно како цел го поставуваат целосното оставање на тутунските и никотински производи и/или намалувањето на штетите по здравјето.

За сите оние кои моментно не се подготвени веднаш во целост да го остават тутунот и никотинот, Американскиот колеџ на кардиолизи го истакнува и третиот тн. Среден пат – разговор за научно поткрепени алтернативни тутунски производи, кои од перспектива на здравствен ризик, претставуваат подобар избор. Се работи за производи кои не го согоруваат тутунот како цигарите, туку го загреваат и не произведуваат тутунски чад, намалувајќи го нивото и количината на штетни и потенцијално штетни материи до 95 проценти во просек, во споредба со цигарите. Овој пристап се истакнува како пожелно дополнување на стратегиите за намалување на пушењето.

Со влезот во четвртата фаза всушност почнува да го остварува својот план, додека петтиот стадиум подразбира одржување на промената и се смета дека лицето го остварило доколку не пуши една година. Конечно човекот успева да излезе од маѓепсаниот круг!

The post Можете да предвидите кога сте подготвени да ги оставите цигарите appeared first on Република.

]]>

Пробавте да се откажете од пушење, но не ви одеше? Постои рационално објаснување зошто не сте успеале во тоа. Не затоа што престанувањето на пушењето е невозможно, туку веројатно не сте биле подготвени за тоа. За да престанете да пушите, важно е да бидете подготвени на тоа – емоционално и ментално. Некои луѓе едноставно се поподготвени од другите. Интегративниот модел на намерна промена на однесувањето кој го развија Прохаска и ДиКлементе опишува и предвидува кога и како лицето ќе го промени своето однесување. Според овој модел, луѓето поминуваат низ пет фази во процесот на промената (предконтемплација, контемплација, подготовка, акција, одржување). Ако како пример го земеме пушењето, во првата фаза лицето воопшто не сака да ги остави цигарите, не е ни свесно за проблемот, туку воглавно луѓето во неговата околина го забележуваат проблемот и вршат притисок за промена. Во вториот стадиум лицето е свесно дека треба да ги остави цигарите и размислува за тоа дека ќе престане еден ден. Сега тоа навистина го сака, но ништо не презема тоа и да го направи. Подготовката, или третата фаза, често се истакнува како најважна бидејќи ја означува пресудната точка во процесот на промената. Тоа е фаза во која човекот е подготвен да се промени и активно разработува стратегии и планови на кој начин тоа ќе го направи. Пушачите воглавно како цел го поставуваат целосното оставање на тутунските и никотински производи и/или намалувањето на штетите по здравјето. За сите оние кои моментно не се подготвени веднаш во целост да го остават тутунот и никотинот, Американскиот колеџ на кардиолизи го истакнува и третиот тн. Среден пат – разговор за научно поткрепени алтернативни тутунски производи, кои од перспектива на здравствен ризик, претставуваат подобар избор. Се работи за производи кои не го согоруваат тутунот како цигарите, туку го загреваат и не произведуваат тутунски чад, намалувајќи го нивото и количината на штетни и потенцијално штетни материи до 95 проценти во просек, во споредба со цигарите. Овој пристап се истакнува како пожелно дополнување на стратегиите за намалување на пушењето. Со влезот во четвртата фаза всушност почнува да го остварува својот план, додека петтиот стадиум подразбира одржување на промената и се смета дека лицето го остварило доколку не пуши една година. Конечно човекот успева да излезе од маѓепсаниот круг!

The post Можете да предвидите кога сте подготвени да ги оставите цигарите appeared first on Република.

]]>
Меџити: Пушењето не е зависност, туку лоша навика, ќе има ригорозни санкции, особено за здравствените работници https://republika.mk/zivot/zdravje/medhiti-pusheneto-ne-e-zavisnost-tuku-losha-navika-ke-ima-rigorozni-sanktsii-osobeno-za-zdravstvenite-rabotnitsi/ Wed, 27 Dec 2023 13:02:43 +0000 https://republika.mk/?p=727107

Пушењето не е зависност, туку лоша навика. Ќе има најстроги санкции за сите, особено за здравствените работници кои нема да го почитуваат законот. Но, пред да се казнува, ќе се апелира на штетноста од пушењето. Секоја лоша навика може да доведе до болест од која, можеби, нема да има спас, рече денеска на брифингот со новинарите министерот за здравство Фатмир Меџити.

Меџити повика да се менуваат навиките и да се почитуваат законите.

Мора превентивно да се влијае, особено кога станува збор за пушењето, бидејќи со тоа, покрај грижата за сопственото и туѓото здравје, се влијае и врз тоа колку болестите врз кои влијаело и пушењето, ја чинат државата, истакна министерот.

Министерот одговори дека идентификувано е лицето, што, според фотографии на социјалните мрежи, пуши во здравствена институција на работното место.

- Најстрого ќе биде санкционирано спрема законот. Суспендирано од местото на работа, а ќе се формира и дисциплинска комисија, сите мерки ќе бидат преземени согласно законот за здравствена заштита, подвлече Меџити, информирајќи дека по Нова година, ќе има засилени контроли, ќе се влезе во секоја институција, за да се укаже, да се подобрат здравствените услуги.

Меџити најави дека многу брзо ќе има двоцифрен број на нови лекови на позитивна листа. Министерот рече дека многу труд бил вложен за трајно вработување на здравствени работници, кои по неколку години се работно ангажирани во здравството. Тој додаде дека ова останува под знак прашалник уште неколку дена, до петок, кога ќе го има конечниот одговор. Бројките биле усогласени со Министерството за финансии и Фондот за здравство, но, потребен бил уште еден состанок за дефинитивна одлука.

Во врска со загадениот воздух, тој рече дека како и секаде во светот, Министерството за здравство повикува на превентивни мерки а од наредната година, повтори оти многу динамично ќе се пристапи и со ригорозни мерки, заедно со други министерства и институции.

Ќе има ригорозни мерки и за загадувачите. Мора да се стремиме кон таа зелена и еколошка светска карта, нагласи Меџити.

The post Меџити: Пушењето не е зависност, туку лоша навика, ќе има ригорозни санкции, особено за здравствените работници appeared first on Република.

]]>

Пушењето не е зависност, туку лоша навика. Ќе има најстроги санкции за сите, особено за здравствените работници кои нема да го почитуваат законот. Но, пред да се казнува, ќе се апелира на штетноста од пушењето. Секоја лоша навика може да доведе до болест од која, можеби, нема да има спас, рече денеска на брифингот со новинарите министерот за здравство Фатмир Меџити. Меџити повика да се менуваат навиките и да се почитуваат законите.
Мора превентивно да се влијае, особено кога станува збор за пушењето, бидејќи со тоа, покрај грижата за сопственото и туѓото здравје, се влијае и врз тоа колку болестите врз кои влијаело и пушењето, ја чинат државата, истакна министерот.
Министерот одговори дека идентификувано е лицето, што, според фотографии на социјалните мрежи, пуши во здравствена институција на работното место.
- Најстрого ќе биде санкционирано спрема законот. Суспендирано од местото на работа, а ќе се формира и дисциплинска комисија, сите мерки ќе бидат преземени согласно законот за здравствена заштита, подвлече Меџити, информирајќи дека по Нова година, ќе има засилени контроли, ќе се влезе во секоја институција, за да се укаже, да се подобрат здравствените услуги.
Меџити најави дека многу брзо ќе има двоцифрен број на нови лекови на позитивна листа. Министерот рече дека многу труд бил вложен за трајно вработување на здравствени работници, кои по неколку години се работно ангажирани во здравството. Тој додаде дека ова останува под знак прашалник уште неколку дена, до петок, кога ќе го има конечниот одговор. Бројките биле усогласени со Министерството за финансии и Фондот за здравство, но, потребен бил уште еден состанок за дефинитивна одлука. Во врска со загадениот воздух, тој рече дека како и секаде во светот, Министерството за здравство повикува на превентивни мерки а од наредната година, повтори оти многу динамично ќе се пристапи и со ригорозни мерки, заедно со други министерства и институции.
Ќе има ригорозни мерки и за загадувачите. Мора да се стремиме кон таа зелена и еколошка светска карта, нагласи Меџити.
     
The post Меџити: Пушењето не е зависност, туку лоша навика, ќе има ригорозни санкции, особено за здравствените работници appeared first on Република.

]]>
Меџити: Ќе има ригорозни мерки за пушењето во идната 2024 година, нека си ја мислат пушачите како понатаму https://republika.mk/zivot/zdravje/medhiti-ke-ima-rigorozni-merki-za-pusheneto-vo-idnata-2024-godina-neka-si-ja-mislat-pushachite-kako-ponatamu/ Mon, 25 Dec 2023 13:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=726520

Министерот за здравство Фатмир Меџити најави дека во 2024 година ќе има поригорозни мерки за пушењето. Ова го кажа во тетовската болница каде присуствуваше на промоција на соба за доење, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се преземат дополнителни мерки поради интензивирање на загадувањето на воздухот и проблемите на луѓето со респираторни заболувања.

Денес зборувавме на редовниот понеделнички колегиум со службите во Министерството. Ќе има ригорозни мерки за пушењето во идната 2024 година, а потпишан е протокол со Светска здравствена организација. Нека си ја мислат пушачите како понатаму, рече во одговорот министерот Меџити.

На прашањето до каде е процесот за опфаќање на сите пациенти со цистична фиброза со лекот „трикафта“, Меџити посочи дека се работи на прагматично и сеопфатно решение.

Овие пациенти беа вклучени од првиот ден кога јас дојдов за министер. После еден месец јас ја донесов првата „трикафта“ лекот, за тие првопланирани осум, па после 12 пациенти, нели со поевтина цена за да можеме да го зголемиме бројот на пациенти, тоа што никој не веруваше досега. Јас лично верував во себе и за толку кратко време овој проблем го решив. Така ќе постапиме, ќе треба точно да се одреди локацијата каде ќе бидат згрижени понатаму пациентите, затоа што немаше ни стручна комисија немаше ни јасни протоколи, истакна Меџити.

За болниците во Кичево и Штип, Меџити повтори дека двата договори за доградба на тамошните објекти се раскинати.

Договорот е раскинат за Кичево исто како и за болницата во Штип, поради прагматични причини за да не се дозволи да се продолжат да се влечат проблемите, поради прагматичност и ќе се пристапи кон нова постапка за реализација на овие проекти, посочи Меџити.

За новите вработувања во здравството, министерот рече дека сега со нова одлука нема да зависат од Министерството за финансии. За јавните набавки за нови лифтови во тетовската Клиничка болница Меџити посочи дека процесот е во второстепен комисија и се поништува во два наврати, а потенцираше дека има обезбедено средства за да се набават.

The post Меџити: Ќе има ригорозни мерки за пушењето во идната 2024 година, нека си ја мислат пушачите како понатаму appeared first on Република.

Граѓаните во Македонија пушат најмногу во Југоисточна Европа, а цените на кутија цигари се најевтини во Европа https://republika.mk/zivot/zdravje/graganite-vo-makedonija-pushat-najmnogu-vo-jugoistochna-evropa-a-tsenite-na-kutija-tsigari-se-najevtini-vo-evropa/ Wed, 06 Dec 2023 14:01:12 +0000 https://republika.mk/?p=720364

Граѓаните во Македонија се најголеми конзуматори на тутун во споредба со жителите од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Високи 48,40% од македонските граѓани пушат цигари, а во ЈИЕ  тој процент е 22,30 отсто. Споредбено се земјите од Европа, Македонија се уште ги има најниските цени по кутија цигари што воедно ги прави и најдостапни за популацијата независно од возраста.

Ова се резултатите кои ги објави „Аналитика“ тинк-тенк која на денешниот настан „Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во Македонија“, ги презентираше резултатите и препораките од претходните две студии на кои работеше, а тоа се: „Влијанието на оданочувањето на цигарите врз намалување на пушење и зголемување на буџетски приходи” и „Влијанието на цените на цигарите и политиките на контрола на тутун врз иницијацијата со пушење кај адолесцентите: Докази од Македонија”.

Негативен тренд за достапноста на цигарите е домашната акциза која е за 36 евра под потребниот минимум во земјите членки на ЕУ каде акцизата изнесува 90 евра на 1 000 цигари, како и нелегалната трговија со цигари која во Македонија е најниска споредбено со земјите од регионот.

Својствено на овие бројки „Аналитика“ работеше на анализа од ефектот од зголемувањето на акцизата врз вкупните приходи и намалување на бројот на смртни случаи поврзани или предизвикани од пушење.

За таа цел при истражувањето „Аналитика“ зема предвид три сценарија преку зголемување на специфичната стапка на акцизата од 10%, 30, 50%, кои покажаа зголемување на приходите од акцизи меѓу 8% и 22,5% односно зголемување меѓу 227 и 312 милиони евра во државниот буџет.

Од здравствен аспект студиите покажуваат дека зголемување на акцизата носи здравствени придобивки, намалување на бројот на пушачи од 3000 до 48000 пушачи и сериозно намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето.

М-р Бојана Мијовиќ Христовска која ги презентираше трите сценарија како најопштимално го издвојува зголемувањето на специфичната стапка на акцизата за 30%.

Зголемување на приходите од акциза за 30% покрај тоа што значи прилив од 276 милиони евра во буџетот, носи големи бенефити односно намалување на потрошувачка на цигари за 16%, намалување на број на пушачи за приближно 25000, намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето за околу 7000 и намалување на интензитет на пушење на околу 300 цигари годишно. Тоа воедно значи намалување на интензитетот на пушење по број на цигари на жител, подобрено здравје кај граѓаните и секако намалување на смртноста поврзана со пушење и спасени животи“, рече Христовска.

М-р Тамара Мијовиќ Спасова, од „Аналитика“ тинк тенк истакна дека Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач, а статистиките за младите пушачи од 12 до 15 години изнесуваат 12,4%.

Мијовиќ Спасова потенцира дека иако навидум бројките се мали тие се сериозно високи ако се земе опсег возрата на децата. Таа ги претстави резултатите за адолесцентите кои покажуваат дека речиси 30% од нив обично започнуваат со пушење на возраст од 14 години.

Затоа наведува Мијовиќ Спасова ценовната политика сама нема да доведе намалување на овие бројки затоа потребни се низа алатки за намалување на овој тренд. Истражувањето исто така покажува дека 79% од младите имаат поголема веројатност да почнат да пушат доколку нивниот родител пуши од причина што цигарите им се достапни дома и 62% можат да почнат да пушат доколку пушат и нивните пријатели.

Според истражувањето 80% од младите пушачи не биле спречени да купуваат цигари поради возраста односно поради достапноста на цигарите и не-ценовните политики во државата како и дека цената на цигарите има влијание врз одлуката на младите да започнат со пушење.

Статистиките на „Аналитика“ велат дека зголемувањето на цените на цигарите за 10% ја намалува веројатноста за започнување со пушење кај младите за 3%. Токму поради овие статистики Мијовиќ Спасова посочува дека државата мора да изнајде мерки кои ќе ги ублажат истите.

Анализите за контрола на тутунот на кои работеше „Аналитика“ бележат навистина поразителни бројки за нашите граѓани особено за младите. Затоа неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето. Неколку од нив се зголемување на акцизите и на цената на цигарите, затоа што ќе послужат како ефикасна мерка во борба против пушењето, намалување на достапноста која може да придонесе за намалување на преваленцата на пушење, зајакнување на имплементацијата на политиките за контрола на тутунот кои го забрануваат пушењето, на јавни места, и кои ќе го ограничат пристапот до тутунски производи за малолетните ученици, но и медиумски кампањи за едукација на родителите за штетните ефекти од пушењето и важноста да се биде здрав пример за своите деца, едукативни и здравствени предавања во наставните програми во училиштата за едукација на младите за негативните ефекти од пушењето, и масовни медиумски кампањи на владата кои ја нагласуваат важноста за живеење здрав живот и живот без чад за целото општество“, посочува Мијовиќ Спасова.

Консумирањето тутун предизвикува срцева слабост и зголемен ризик од срцев и мозочен удар како и серија други здравствени проблеми посочи заменик министерката за здравство Маја Манолева која зема учество во презентирањето на резултатите од спроведените истражувања. Таа рече дека употребата на тутунот е штетно по здравјето на сите граѓани независно дали тие се активни или пасивни пушачи.

„Во сите 10 Центри за јавно здравје во државата функционираат индивидуални и групни советувалишта за откажување од пушење. На годишно ниво во овие центри совети бараат повеќе од 200 граѓани, сепак радува фактот што населението е свесно за негативните последици и бара начини на одвикнување од неговото користење, кажа Манолева.

Настанот кој го организираше „Аналитика“ е дел од меѓународниот научно-истражувачки проект „Унапредување на даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход" финансиран од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) и Bloomberg Philanthropies.

The post Граѓаните во Македонија пушат најмногу во Југоисточна Европа, а цените на кутија цигари се најевтини во Европа appeared first on Република.

]]>

Граѓаните во Македонија се најголеми конзуматори на тутун во споредба со жителите од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Високи 48,40% од македонските граѓани пушат цигари, а во ЈИЕ  тој процент е 22,30 отсто. Споредбено се земјите од Европа, Македонија се уште ги има најниските цени по кутија цигари што воедно ги прави и најдостапни за популацијата независно од возраста. Ова се резултатите кои ги објави „Аналитика“ тинк-тенк која на денешниот настан „Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во Македонија“, ги презентираше резултатите и препораките од претходните две студии на кои работеше, а тоа се: „Влијанието на оданочувањето на цигарите врз намалување на пушење и зголемување на буџетски приходи” и „Влијанието на цените на цигарите и политиките на контрола на тутун врз иницијацијата со пушење кај адолесцентите: Докази од Македонија”. Негативен тренд за достапноста на цигарите е домашната акциза која е за 36 евра под потребниот минимум во земјите членки на ЕУ каде акцизата изнесува 90 евра на 1 000 цигари, како и нелегалната трговија со цигари која во Македонија е најниска споредбено со земјите од регионот. Својствено на овие бројки „Аналитика“ работеше на анализа од ефектот од зголемувањето на акцизата врз вкупните приходи и намалување на бројот на смртни случаи поврзани или предизвикани од пушење. За таа цел при истражувањето „Аналитика“ зема предвид три сценарија преку зголемување на специфичната стапка на акцизата од 10%, 30, 50%, кои покажаа зголемување на приходите од акцизи меѓу 8% и 22,5% односно зголемување меѓу 227 и 312 милиони евра во државниот буџет. Од здравствен аспект студиите покажуваат дека зголемување на акцизата носи здравствени придобивки, намалување на бројот на пушачи од 3000 до 48000 пушачи и сериозно намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето. М-р Бојана Мијовиќ Христовска која ги презентираше трите сценарија како најопштимално го издвојува зголемувањето на специфичната стапка на акцизата за 30%.
Зголемување на приходите од акциза за 30% покрај тоа што значи прилив од 276 милиони евра во буџетот, носи големи бенефити односно намалување на потрошувачка на цигари за 16%, намалување на број на пушачи за приближно 25000, намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето за околу 7000 и намалување на интензитет на пушење на околу 300 цигари годишно. Тоа воедно значи намалување на интензитетот на пушење по број на цигари на жител, подобрено здравје кај граѓаните и секако намалување на смртноста поврзана со пушење и спасени животи“, рече Христовска.
М-р Тамара Мијовиќ Спасова, од „Аналитика“ тинк тенк истакна дека Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач, а статистиките за младите пушачи од 12 до 15 години изнесуваат 12,4%. Мијовиќ Спасова потенцира дека иако навидум бројките се мали тие се сериозно високи ако се земе опсег возрата на децата. Таа ги претстави резултатите за адолесцентите кои покажуваат дека речиси 30% од нив обично започнуваат со пушење на возраст од 14 години. Затоа наведува Мијовиќ Спасова ценовната политика сама нема да доведе намалување на овие бројки затоа потребни се низа алатки за намалување на овој тренд. Истражувањето исто така покажува дека 79% од младите имаат поголема веројатност да почнат да пушат доколку нивниот родител пуши од причина што цигарите им се достапни дома и 62% можат да почнат да пушат доколку пушат и нивните пријатели. Според истражувањето 80% од младите пушачи не биле спречени да купуваат цигари поради возраста односно поради достапноста на цигарите и не-ценовните политики во државата како и дека цената на цигарите има влијание врз одлуката на младите да започнат со пушење. Статистиките на „Аналитика“ велат дека зголемувањето на цените на цигарите за 10% ја намалува веројатноста за започнување со пушење кај младите за 3%. Токму поради овие статистики Мијовиќ Спасова посочува дека државата мора да изнајде мерки кои ќе ги ублажат истите.
Анализите за контрола на тутунот на кои работеше „Аналитика“ бележат навистина поразителни бројки за нашите граѓани особено за младите. Затоа неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето. Неколку од нив се зголемување на акцизите и на цената на цигарите, затоа што ќе послужат како ефикасна мерка во борба против пушењето, намалување на достапноста која може да придонесе за намалување на преваленцата на пушење, зајакнување на имплементацијата на политиките за контрола на тутунот кои го забрануваат пушењето, на јавни места, и кои ќе го ограничат пристапот до тутунски производи за малолетните ученици, но и медиумски кампањи за едукација на родителите за штетните ефекти од пушењето и важноста да се биде здрав пример за своите деца, едукативни и здравствени предавања во наставните програми во училиштата за едукација на младите за негативните ефекти од пушењето, и масовни медиумски кампањи на владата кои ја нагласуваат важноста за живеење здрав живот и живот без чад за целото општество“, посочува Мијовиќ Спасова.
Консумирањето тутун предизвикува срцева слабост и зголемен ризик од срцев и мозочен удар како и серија други здравствени проблеми посочи заменик министерката за здравство Маја Манолева која зема учество во презентирањето на резултатите од спроведените истражувања. Таа рече дека употребата на тутунот е штетно по здравјето на сите граѓани независно дали тие се активни или пасивни пушачи.
„Во сите 10 Центри за јавно здравје во државата функционираат индивидуални и групни советувалишта за откажување од пушење. На годишно ниво во овие центри совети бараат повеќе од 200 граѓани, сепак радува фактот што населението е свесно за негативните последици и бара начини на одвикнување од неговото користење, кажа Манолева.
Настанот кој го организираше „Аналитика“ е дел од меѓународниот научно-истражувачки проект „Унапредување на даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход" финансиран од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) и Bloomberg Philanthropies.

The post Граѓаните во Македонија пушат најмногу во Југоисточна Европа, а цените на кутија цигари се најевтини во Европа appeared first on Република.

]]>
Концерт за виолина и пијано со изведувачи од Грција на Скопско Лето 2023 https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-za-violina-i-pijano-so-izveduvachi-od-grtsija-na-skopsko-leto-2023/ Fri, 07 Jul 2023 09:54:00 +0000 https://republika.mk/?p=658874

Во рамките на музичката програма на Фестивалот Скопско лето 2023, вечер во фоајето на Националната опера и балет ќе настапат пијанистот Уве Матшке и виолинистката Данае Папаматеу – Матшке од Грција, со изведба на неколку дела на класична музика за виолина и пијано од истакнати грчки композитори.

Обожавателите на класичната музика ќе имаат исклучителна можност првпат во Скопје да ги проследат делата „Шепот на ветрот“ од Димитрис Терзакис, „Мала суита од популарни грчки мелодии од Додеканезите“ од Јанис Констадинидис и сонатите за виолина и пијано од Борис Папандопуло и францускиот композитор Сезар Франк, во изведба на двајцата виртуози на пијано и виолина.

Гостувањето на уметниците од Грција е во организација на Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Република Грција во Скопје во соработка со Фестивалот Скопско лето 2023. Компанијата ОКТА АД – Скопје, како верен партнер на културни настани, е главен спонзор на овој концерт.

Пијанистот Уве Матшке (Uwe Matschke) е роден во Германија, а студирал на музичката школа „Франц Лист“ во Вајмар и на Академијата „Франц Лист“ во Будимпешта. Од 1987 година живее и работи во Грција, каде што е професор по пијано на Катедрата за музичка наука и уметност на Универзитетот во Солун, а член е и на солунскиот Државниот симфониски оркестар. Има одржано многубројни солистички концерти во Москва, Минхен, Хамбург, Порто, Лајпциг и Дрезден, а настапувал со симфониски оркестри од многу европски земји и со познати во светот камерни оркестри како што се Гевандаус квартет од Лапциг, Лајпцигер Штрајх квартет и Гудачкиот квинтет од Дрезден. Неговиот вешт начин на интерпретација кој се одликува со голема чувствителност, континуирано наидува на признание од музичките критичари.

Виолинистката Данае Папаматеу-Матшке (Danae Papamattheou Matschke) е една од најперспективните грчки виолинистки од помладата генерација. Родена е во Атина, а студирала на Универзитетот Моцартеум во Салцбург и на Универзитетот во Хамбург. Има одржано рецитали во Германија, Кина, САД, Италија, Швајцарија, Австрија, Словенија, Шведска, Естонија, Финска, Кипар, Велика Британија, а има бројни настапи со симфониски и камерни оркестри од Грција и Германија. Носител е на први награди и специјални признанија за најдобра интерпретација на разни државни и меѓународни натпревари. Докторирала на Универзитетот во Солун. Данае Папаматеу-Митшке настапува со виолина создадена од Карло Фердинандо Ландолфи во Милано во 1760 година.

The post Концерт за виолина и пијано со изведувачи од Грција на Скопско Лето 2023 appeared first on Република.

]]>

Во рамките на музичката програма на Фестивалот Скопско лето 2023, вечер во фоајето на Националната опера и балет ќе настапат пијанистот Уве Матшке и виолинистката Данае Папаматеу – Матшке од Грција, со изведба на неколку дела на класична музика за виолина и пијано од истакнати грчки композитори. Обожавателите на класичната музика ќе имаат исклучителна можност првпат во Скопје да ги проследат делата „Шепот на ветрот“ од Димитрис Терзакис, „Мала суита од популарни грчки мелодии од Додеканезите“ од Јанис Констадинидис и сонатите за виолина и пијано од Борис Папандопуло и францускиот композитор Сезар Франк, во изведба на двајцата виртуози на пијано и виолина. Гостувањето на уметниците од Грција е во организација на Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Република Грција во Скопје во соработка со Фестивалот Скопско лето 2023. Компанијата ОКТА АД – Скопје, како верен партнер на културни настани, е главен спонзор на овој концерт. Пијанистот Уве Матшке (Uwe Matschke) е роден во Германија, а студирал на музичката школа „Франц Лист“ во Вајмар и на Академијата „Франц Лист“ во Будимпешта. Од 1987 година живее и работи во Грција, каде што е професор по пијано на Катедрата за музичка наука и уметност на Универзитетот во Солун, а член е и на солунскиот Државниот симфониски оркестар. Има одржано многубројни солистички концерти во Москва, Минхен, Хамбург, Порто, Лајпциг и Дрезден, а настапувал со симфониски оркестри од многу европски земји и со познати во светот камерни оркестри како што се Гевандаус квартет од Лапциг, Лајпцигер Штрајх квартет и Гудачкиот квинтет од Дрезден. Неговиот вешт начин на интерпретација кој се одликува со голема чувствителност, континуирано наидува на признание од музичките критичари. Виолинистката Данае Папаматеу-Матшке (Danae Papamattheou Matschke) е една од најперспективните грчки виолинистки од помладата генерација. Родена е во Атина, а студирала на Универзитетот Моцартеум во Салцбург и на Универзитетот во Хамбург. Има одржано рецитали во Германија, Кина, САД, Италија, Швајцарија, Австрија, Словенија, Шведска, Естонија, Финска, Кипар, Велика Британија, а има бројни настапи со симфониски и камерни оркестри од Грција и Германија. Носител е на први награди и специјални признанија за најдобра интерпретација на разни државни и меѓународни натпревари. Докторирала на Универзитетот во Солун. Данае Папаматеу-Митшке настапува со виолина создадена од Карло Фердинандо Ландолфи во Милано во 1760 година.  

The post Концерт за виолина и пијано со изведувачи од Грција на Скопско Лето 2023 appeared first on Република.

]]>
Германија планира да воведе забрана за пушење во автомобили со деца https://republika.mk/vesti/svet/germanija-planira-da-vovede-zabrana-za-pushene-vo-avtomobili-so-detsa/ Fri, 07 Jul 2023 09:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=658869

Во Германија повеќе нема да биде дозволено пушење во автомобил доколку во автомобилот има деца или бремени жени, јави ДПА, повикувајќи се на германското Министерство за здравство.

Забраната, за која федералните провинции долго време се залагаат, е утврдена во нацрт-законот за измена на Законот за заштита на непушачите.

Предлог-законот, доставен до министерот за здравство Карл Лаутербах, сè уште треба да се договори со другите министерства пред да биде претставен во Парламентот.

Со него се предвидува забраната за пушење, која веќе е воведена во јавниот превоз, да се применува и „во затворени возила во присуство на малолетници или бремени жени“.

Во 2019 година, некои германски покраини веќе презедоа слични мерки, со казни до 3.000 евра во случај на прекршување.

Лаутербах сака да ги прошири сегашните забрани за пушење и да ги вклучи е-цигарите и производите од канабис.

The post Германија планира да воведе забрана за пушење во автомобили со деца appeared first on Република.

]]>

Во Германија повеќе нема да биде дозволено пушење во автомобил доколку во автомобилот има деца или бремени жени, јави ДПА, повикувајќи се на германското Министерство за здравство. Забраната, за која федералните провинции долго време се залагаат, е утврдена во нацрт-законот за измена на Законот за заштита на непушачите. Предлог-законот, доставен до министерот за здравство Карл Лаутербах, сè уште треба да се договори со другите министерства пред да биде претставен во Парламентот. Со него се предвидува забраната за пушење, која веќе е воведена во јавниот превоз, да се применува и „во затворени возила во присуство на малолетници или бремени жени“. Во 2019 година, некои германски покраини веќе презедоа слични мерки, со казни до 3.000 евра во случај на прекршување. Лаутербах сака да ги прошири сегашните забрани за пушење и да ги вклучи е-цигарите и производите од канабис.

The post Германија планира да воведе забрана за пушење во автомобили со деца appeared first on Република.

]]>
Основачот на Глобалниот форум за никотин: Зошто и натаму сум голем оптимист по прашањето на намалување на штети од пушење https://republika.mk/zivot/zdravje/osnovachot-na-globalniot-forum-za-nikotin-zoshto-i-natamu-sum-golem-optimist-po-prashaneto-na-namaluvane-na-shteti-od-pushene/ Mon, 22 May 2023 09:24:19 +0000 https://republika.mk/?p=643589

„Намалувањето на штетите често погрешно се смета за политика и практика што ја воведуваат владите, а ја спроведуваат експертите. Всушност, зад него секогаш стојат  обичните луѓе кои одлучуваат намалувањето на штетите да го спроведат во пракса и некои штетни навики да ги заменат со помалку штетни“, вели во свој авторски текст Гери Стимсон, основач на Глобалниот форум за никотин, кој ќе се одржи во јуни во Варшава.

Текстот со наслов „Зошто сè уште сум голем оптимист по прашањето на намалување на штети од пушењето“ го напиша Стимсон во пресрет на десеттото издание на овој форум, кој ги собира претставниците на сите интересни групи во областа на намалување на штетите од пушењето и им дава можност да зборуваат на оваа тема, со цел да се најде заедничко решение. Кога беше основана, ова беше првата конференција која некогаш се занимавала со никотин и поврзани научни, политички, регулаторни и потрошувачки прашања.

Тој верува дека намалувањето на штетите од пушењето се заснова на едноставната претпоставка дека ако се достапни и пристапни побезбедни никотински производи, повеќето пушачи ќе се префрлат на нив, наместо да продолжат да пушат цигари, бидејќи повеќето луѓе се свесни дека цигарите доведуваат до болести, инвалидитет или прерана смрт.

Појавата на електронските цигари во 2007 година донесе зголемена свест дека луѓето можат да консумираат никотин - дури и орално преку вдишување, што е најпопуларно и најприродно за луѓето - без штетните ефекти од согорувањето. „На почетокот на 2000-те мислев дека сме на почеток на големиот прогрес во борбата против пушењето, што ќе се случи веднаш. Ги пропуштив предупредувачките знаци…“

Законодавците можат на пушачите да им го олеснат преминот на алтернативи или тој пат да го забават

Во текот на изминатата деценија, јасно се виде каков хаос можат да направат некои земји од овој проблем. Австралија – која беше лидер во намалувањето на штети - направи студија на случај на тема последиците од забраната на никотинските производи. Политичарите ширум светот го наведуваат вкусот на испарувањето и опасноста за младите, што секако е проблем кој мора да се реши, но ги игнорираат последиците по големата, често маргинализирана популација на возрасни пушачи полнолетни, пишува Стимсон.

Меѓутоа, тој додава дека имало и исклучителни примери на пушачи брзо да се префрлат на побезбедни алтернативи. Велика Британија, Норвешка, Шведска, Јапонија и Нов Зеланд забележаа намалување на стапката на пушење, предизвикано со примена на концептот на намалување на штети. Велика Британија е сè уште лидер: новиот план за бесплатна поделба на милион парчиња електронски цигари на пушачите потсетува на дистрибуцијата на игли и кондоми за време на кризата со ХИВ/СИДА.

За да се намали штетноста од пушењето неопходен е ангажман на сите заинтереситани страни

Гери Стимсон смета дека она што недостастува во меѓународниот одговор на пушењето е широк ангажман, односно напредокот во намалувањето на штетите од пушење бара на иста маса да седнат корсиниците - лицата кои користат побезбедни никотински производи, креатори на политики, регулатори, научници и производители. Глобалниот форум за никотин, кој тој го основа и даде прилика на секоја од овие групи да ги изнесат своите ставови, да се слушнат и корисниците, чиј глас досега не се слушна, но и на производителите на тутунските производи - од независните производители на уредите за испарување до големите тутунски компании кои сега произведуваат побезбедни алтернативи – да разговараат, и што е уште побитно, да се слушаат едни со други.

„За разлика од многу други настани, никому не му е забрането да учествува или да говори. Оваа политика на отворени врати подразбира и одредени предизвици: на некои луѓе кои работат на контрола на тутунот, нивните организации им забрануваат да учествуваат. Но, ние цврсто веруваме дека дебата со почитување, која ги опфаќа сите интересни групи претставува пат напред“, наведува Стимсон.

Додава дека се уште не успеале да воспостават некој вид соработка со Светската здравствена организација. „Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) на СЗО го опфаќа намалувањето на штетите како еден од трите столба на контрола на тутунот, покрај намалувањето на понудата и побарувачката. СЗО намерно го игнорира намалувањето на штетите и не е подготвена да слуша“.

Меѓутоа, Гери Стимсон смета дека СЗО на крајот сепак ќе се вклучи во процесот кој подразбира намалување на штетноста на тутунот, бидејќи не може засекогаш да ја игнорира оваа тема.

Својот оптимизам, Стимсон го заснова на тоа што зад целата приказна за намалувањето на штети стојат обичните луѓе и нивното воведување на здрави навики. За него не е прашање дали ќе дојде до намалување на штетите од пушење, туку кога?

The post Основачот на Глобалниот форум за никотин: Зошто и натаму сум голем оптимист по прашањето на намалување на штети од пушење appeared first on Република.

]]>

„Намалувањето на штетите често погрешно се смета за политика и практика што ја воведуваат владите, а ја спроведуваат експертите. Всушност, зад него секогаш стојат  обичните луѓе кои одлучуваат намалувањето на штетите да го спроведат во пракса и некои штетни навики да ги заменат со помалку штетни“, вели во свој авторски текст Гери Стимсон, основач на Глобалниот форум за никотин, кој ќе се одржи во јуни во Варшава. Текстот со наслов „Зошто сè уште сум голем оптимист по прашањето на намалување на штети од пушењето“ го напиша Стимсон во пресрет на десеттото издание на овој форум, кој ги собира претставниците на сите интересни групи во областа на намалување на штетите од пушењето и им дава можност да зборуваат на оваа тема, со цел да се најде заедничко решение. Кога беше основана, ова беше првата конференција која некогаш се занимавала со никотин и поврзани научни, политички, регулаторни и потрошувачки прашања. Тој верува дека намалувањето на штетите од пушењето се заснова на едноставната претпоставка дека ако се достапни и пристапни побезбедни никотински производи, повеќето пушачи ќе се префрлат на нив, наместо да продолжат да пушат цигари, бидејќи повеќето луѓе се свесни дека цигарите доведуваат до болести, инвалидитет или прерана смрт. Појавата на електронските цигари во 2007 година донесе зголемена свест дека луѓето можат да консумираат никотин - дури и орално преку вдишување, што е најпопуларно и најприродно за луѓето - без штетните ефекти од согорувањето. „На почетокот на 2000-те мислев дека сме на почеток на големиот прогрес во борбата против пушењето, што ќе се случи веднаш. Ги пропуштив предупредувачките знаци…“ Законодавците можат на пушачите да им го олеснат преминот на алтернативи или тој пат да го забават Во текот на изминатата деценија, јасно се виде каков хаос можат да направат некои земји од овој проблем. Австралија – која беше лидер во намалувањето на штети - направи студија на случај на тема последиците од забраната на никотинските производи. Политичарите ширум светот го наведуваат вкусот на испарувањето и опасноста за младите, што секако е проблем кој мора да се реши, но ги игнорираат последиците по големата, често маргинализирана популација на возрасни пушачи полнолетни, пишува Стимсон. Меѓутоа, тој додава дека имало и исклучителни примери на пушачи брзо да се префрлат на побезбедни алтернативи. Велика Британија, Норвешка, Шведска, Јапонија и Нов Зеланд забележаа намалување на стапката на пушење, предизвикано со примена на концептот на намалување на штети. Велика Британија е сè уште лидер: новиот план за бесплатна поделба на милион парчиња електронски цигари на пушачите потсетува на дистрибуцијата на игли и кондоми за време на кризата со ХИВ/СИДА. За да се намали штетноста од пушењето неопходен е ангажман на сите заинтереситани страни Гери Стимсон смета дека она што недостастува во меѓународниот одговор на пушењето е широк ангажман, односно напредокот во намалувањето на штетите од пушење бара на иста маса да седнат корсиниците - лицата кои користат побезбедни никотински производи, креатори на политики, регулатори, научници и производители. Глобалниот форум за никотин, кој тој го основа и даде прилика на секоја од овие групи да ги изнесат своите ставови, да се слушнат и корисниците, чиј глас досега не се слушна, но и на производителите на тутунските производи - од независните производители на уредите за испарување до големите тутунски компании кои сега произведуваат побезбедни алтернативи – да разговараат, и што е уште побитно, да се слушаат едни со други. „За разлика од многу други настани, никому не му е забрането да учествува или да говори. Оваа политика на отворени врати подразбира и одредени предизвици: на некои луѓе кои работат на контрола на тутунот, нивните организации им забрануваат да учествуваат. Но, ние цврсто веруваме дека дебата со почитување, која ги опфаќа сите интересни групи претставува пат напред“, наведува Стимсон. Додава дека се уште не успеале да воспостават некој вид соработка со Светската здравствена организација. „Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) на СЗО го опфаќа намалувањето на штетите како еден од трите столба на контрола на тутунот, покрај намалувањето на понудата и побарувачката. СЗО намерно го игнорира намалувањето на штетите и не е подготвена да слуша“. Меѓутоа, Гери Стимсон смета дека СЗО на крајот сепак ќе се вклучи во процесот кој подразбира намалување на штетноста на тутунот, бидејќи не може засекогаш да ја игнорира оваа тема. Својот оптимизам, Стимсон го заснова на тоа што зад целата приказна за намалувањето на штети стојат обичните луѓе и нивното воведување на здрави навики. За него не е прашање дали ќе дојде до намалување на штетите од пушење, туку кога?

The post Основачот на Глобалниот форум за никотин: Зошто и натаму сум голем оптимист по прашањето на намалување на штети од пушење appeared first on Република.

]]>
Македонците лидери во регионот според потрошувачка на цигари по најниска цена https://republika.mk/zivot/zdravje/makedontsite-lideri-vo-regionot-spored-potroshuvachka-na-tsigari-po-najniska-tsena/ Fri, 20 Jan 2023 09:39:19 +0000 https://republika.mk/?p=598986

Република  Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач. Според истражувањето на „Аналитика тинк-тенк“, преваленцата на пушење во земјата изнесува 48,4 отсто, додека во европските земји е далеку пониска или ЕУ просекот е 29 проценти. Во Шведска преваленцата изнесува 8,7 отсто, а во Грција и Бугарија 27 проценти.

Анализите покажуваат дека речиси половина од возрасните луѓе во Република Македонија (48,4 проценти) во моментов користат тутун. Преваленцата на пушење е 57,9 проценти кај мажите и 39,0 проценти кај жените. Преваленцата на пушење се зголемува со возраста на пушачи, достигнувајќи го својот врв на 45-54 години (60,1 процент за пушачи на дневна основа), објаснува Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика.

Таа додаде дека нашата држава е лидер во регионот по потрошувачка на цигари по најниска цена и многу малку се прави за надминување на проблемот со пушењето, без разлика дали станува збор за законски решенија, покачување на акцизите или за кампањи за подигнување на јавната свест, покажува истражувањето на „Аналитика тинк-тенк“ спроведено заедно со Универзитетот Илиноис од Чикаго во 2020 годинa.

Станува збор за регионално истражување за употребата на тутун во земјата и регионот кое е една од првите студии во Македонија што дава сеопфатни информации за употребата на тутунот, односно цигарите.

Податоците покажуваат дека просечната цена на кутија цигари во Македонија е 1,7 евра, во регионот на ЈИЕ е околу 2,1 евро, додека европското ниво е 4,9 евра, што го потврдува фактот дека сме држава со најниски цени на цигари во регионот.

Оданочувањето на тутунот е една од најефикасните алатки за намалување на потрошувачката на тутун (зголемената акциза резултира во намалување на конзумирањето тутун во сите земји од ЈИЕ) и ќе резултира во силно зголемување на јавните приходи во Буџетот.

Бојана Христовска од „Аналитика“ објаснува дека само 11,9 отсто од пушачите се изјасниле дека пушењето е забрането во нивниот дом (не пушат дома), а пак кај 42,9 отсто од непушачите не се пуши во домот. Најголем степен на изложеност на пасивно пушење има во баровите, ноќните клубови (73,6 проценти) и во рестораните (44,2 отсто). Скоро сите пушачи (97 отсто) потврдуваат дека барем еднаш им било потенцирано дека пушењето цигари им пречи на другите луѓе. Според возраста, младите се најмногу изложени на чад од тутун во баровите или ноќните клубови (83,8 проценти). Воедно оваа возрасна група (од 18 до 24 години) е релативно повеќе од другите возрасни групи изложени на чад во владини институции (20,2 проценти) и во универзитетите и училиштата (13,4 проценти).

Таа додава дека вкупно 58,1 процент од возрасните во Република Македонија сметаат дека пушењето ќе се намали ако продажбата на тутунски производи и пушењето се забранат со закон, а 55,7 отсто од возрасните сметаат дека со покачување на цената на цигарите ќе се намали пушењето.

Од „Аналитика“ препорачуваат подигање на свеста за штетните ефекти врз здравјето од користење на тутун и воведување на сеопфатни програми за контрола на тутунот со цел да се намали пушењето и кај младите и кај возрасните преку организирање јавни кампањи во медиумите, како и во училиштата, болниците и работните места.

Покрај тоа, штетните ефекти на тутунот треба да се воведат како тема во наставната образовна програма, почнувајќи од основните училишта, а особено во средните училишта. Развивање на ефикасни услуги за откажување од пушење и да се направат достапни и овозможени за сите пушачи. Услугите за откажување во форма на консултации со медицински професионалци по телефон или лично треба да бидат широко достапни во училиштата, колеџите, ординациите на општите лекари и болниците. Да се врати примената за Законот за заштита од пушење во 2010 година, бидејќи кога беше воведена забрана за пушење во сите јавни затворени простории, значително негативно влијаело врз потрошувачката на цигари, односно истата се намалила, при сите други фактори непроменети. Ова го потврдува фактот дека политиките за контрола на тутунот се важни детерминанти на потрошувачката на тутунски производи, наведува „Аналитика“ во соопштението.

Регионалното истражување е во рамките на проектот„Унапредување на даночните политики за тутун во земјите со низок и среден доход, финансиски поддржан од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) – Институт за истражување и здравствена политика.

The post Македонците лидери во регионот според потрошувачка на цигари по најниска цена appeared first on Република.

]]>

Република  Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач. Според истражувањето на „Аналитика тинк-тенк“, преваленцата на пушење во земјата изнесува 48,4 отсто, додека во европските земји е далеку пониска или ЕУ просекот е 29 проценти. Во Шведска преваленцата изнесува 8,7 отсто, а во Грција и Бугарија 27 проценти. Анализите покажуваат дека речиси половина од возрасните луѓе во Република Македонија (48,4 проценти) во моментов користат тутун. Преваленцата на пушење е 57,9 проценти кај мажите и 39,0 проценти кај жените. Преваленцата на пушење се зголемува со возраста на пушачи, достигнувајќи го својот врв на 45-54 години (60,1 процент за пушачи на дневна основа), објаснува Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика. Таа додаде дека нашата држава е лидер во регионот по потрошувачка на цигари по најниска цена и многу малку се прави за надминување на проблемот со пушењето, без разлика дали станува збор за законски решенија, покачување на акцизите или за кампањи за подигнување на јавната свест, покажува истражувањето на „Аналитика тинк-тенк“ спроведено заедно со Универзитетот Илиноис од Чикаго во 2020 годинa. Станува збор за регионално истражување за употребата на тутун во земјата и регионот кое е една од првите студии во Македонија што дава сеопфатни информации за употребата на тутунот, односно цигарите. Податоците покажуваат дека просечната цена на кутија цигари во Македонија е 1,7 евра, во регионот на ЈИЕ е околу 2,1 евро, додека европското ниво е 4,9 евра, што го потврдува фактот дека сме држава со најниски цени на цигари во регионот. Оданочувањето на тутунот е една од најефикасните алатки за намалување на потрошувачката на тутун (зголемената акциза резултира во намалување на конзумирањето тутун во сите земји од ЈИЕ) и ќе резултира во силно зголемување на јавните приходи во Буџетот. Бојана Христовска од „Аналитика“ објаснува дека само 11,9 отсто од пушачите се изјасниле дека пушењето е забрането во нивниот дом (не пушат дома), а пак кај 42,9 отсто од непушачите не се пуши во домот. Најголем степен на изложеност на пасивно пушење има во баровите, ноќните клубови (73,6 проценти) и во рестораните (44,2 отсто). Скоро сите пушачи (97 отсто) потврдуваат дека барем еднаш им било потенцирано дека пушењето цигари им пречи на другите луѓе. Според возраста, младите се најмногу изложени на чад од тутун во баровите или ноќните клубови (83,8 проценти). Воедно оваа возрасна група (од 18 до 24 години) е релативно повеќе од другите возрасни групи изложени на чад во владини институции (20,2 проценти) и во универзитетите и училиштата (13,4 проценти). Таа додава дека вкупно 58,1 процент од возрасните во Република Македонија сметаат дека пушењето ќе се намали ако продажбата на тутунски производи и пушењето се забранат со закон, а 55,7 отсто од возрасните сметаат дека со покачување на цената на цигарите ќе се намали пушењето. Од „Аналитика“ препорачуваат подигање на свеста за штетните ефекти врз здравјето од користење на тутун и воведување на сеопфатни програми за контрола на тутунот со цел да се намали пушењето и кај младите и кај возрасните преку организирање јавни кампањи во медиумите, како и во училиштата, болниците и работните места. Покрај тоа, штетните ефекти на тутунот треба да се воведат како тема во наставната образовна програма, почнувајќи од основните училишта, а особено во средните училишта. Развивање на ефикасни услуги за откажување од пушење и да се направат достапни и овозможени за сите пушачи. Услугите за откажување во форма на консултации со медицински професионалци по телефон или лично треба да бидат широко достапни во училиштата, колеџите, ординациите на општите лекари и болниците. Да се врати примената за Законот за заштита од пушење во 2010 година, бидејќи кога беше воведена забрана за пушење во сите јавни затворени простории, значително негативно влијаело врз потрошувачката на цигари, односно истата се намалила, при сите други фактори непроменети. Ова го потврдува фактот дека политиките за контрола на тутунот се важни детерминанти на потрошувачката на тутунски производи, наведува „Аналитика“ во соопштението. Регионалното истражување е во рамките на проектот„Унапредување на даночните политики за тутун во земјите со низок и среден доход, финансиски поддржан од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) – Институт за истражување и здравствена политика.

The post Македонците лидери во регионот според потрошувачка на цигари по најниска цена appeared first on Република.

]]>
Додека буквално насекаде се пуши: Направени се над 200 инспекции за пушење во затворени објекти https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dodeka-bukvalno-nasekade-se-pushi-napraveni-se-nad-200-inspektsii-za-pushene-vo-zatvoreni-objekti/ Tue, 17 Jan 2023 14:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=597973

Над 200 инспекциски надзори направиле инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на изминатата недела, односно во период од 10 до 14 јануари на територија на целата држава, во согласност со надлежностите кои произлегуваат од Законот за заштита од пушење при што се издадени 56 прекршочни платни налози.

Како што информираа од ДПИ утврдени се неправилности, односно непочитување на член 2 и член 3 од Законот за заштита од пушењето. Според Законот, казната за правното лице е од 2.000 до 4.500 евра, за одговорното лице од 500 до 1.000 евра, а физичкото лице кое ќе биде фатено како пуши во затворен објект од 100 до 300 евра, во денарска противвредност.

Државниот пазарен инспекторат постапува по над 80 закони и подзаконски акти и Одлуки донесени од страна на Владата, меѓу кои и Законот за заштита од пушењето. Заради зголемениот број на пријави од страна на граѓаните за пушење во јавните простории согласно член 2 од Законот за заштита од пушењето, напоменуваме дека согласно член 3 од истиот Закон, пушењето е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект (тераса, летна бавча и слично) па согласно тоа, Државниот пазарен инспекторат како и до сега така и од сега ќе продолжи со интензивни контроли врз субјектите со цел контрола врз почитувањето на законските одредби, порачуваат од ДПИ.

Напоменуваат дека казните се високи и затоа, како што велат, апелираат правните субјекти да го почитуваат Законот, а граѓаните да го искористат законското право и да поднесат пријава до Државниот пазарен инспекторат доколку забележат прекршување на законот.

The post Додека буквално насекаде се пуши: Направени се над 200 инспекции за пушење во затворени објекти appeared first on Република.

]]>

Над 200 инспекциски надзори направиле инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на изминатата недела, односно во период од 10 до 14 јануари на територија на целата држава, во согласност со надлежностите кои произлегуваат од Законот за заштита од пушење при што се издадени 56 прекршочни платни налози. Како што информираа од ДПИ утврдени се неправилности, односно непочитување на член 2 и член 3 од Законот за заштита од пушењето. Според Законот, казната за правното лице е од 2.000 до 4.500 евра, за одговорното лице од 500 до 1.000 евра, а физичкото лице кое ќе биде фатено како пуши во затворен објект од 100 до 300 евра, во денарска противвредност. Државниот пазарен инспекторат постапува по над 80 закони и подзаконски акти и Одлуки донесени од страна на Владата, меѓу кои и Законот за заштита од пушењето. Заради зголемениот број на пријави од страна на граѓаните за пушење во јавните простории согласно член 2 од Законот за заштита од пушењето, напоменуваме дека согласно член 3 од истиот Закон, пушењето е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект (тераса, летна бавча и слично) па согласно тоа, Државниот пазарен инспекторат како и до сега така и од сега ќе продолжи со интензивни контроли врз субјектите со цел контрола врз почитувањето на законските одредби, порачуваат од ДПИ. Напоменуваат дека казните се високи и затоа, како што велат, апелираат правните субјекти да го почитуваат Законот, а граѓаните да го искористат законското право и да поднесат пријава до Државниот пазарен инспекторат доколку забележат прекршување на законот.

The post Додека буквално насекаде се пуши: Направени се над 200 инспекции за пушење во затворени објекти appeared first on Република.

]]>
Нов Зеланд се подготвува за целосно укинување на пушењето цигари https://republika.mk/vesti/svet/nov-zeland-se-podgotvuva-za-celosno-ukinuvanje-na-pushenjeto-cigari/ Tue, 13 Dec 2022 09:49:27 +0000 https://republika.mk/?p=585088

Парламентот на Нов Зеланд денеска усвои единствен закон за постепено укинување на пушењето цигари, со воведување забрана за младите да ги купуваат.

Според законот, цигарите не смеат да се продаваат на луѓе родени на или по 1 јануари 2009 година. Со новиот закон се намалува и бројот на продавници за тутун, од околу 6.000, на само 600, а се намалува и дозволената количина на никотин во тутунот што се пуши.

Нема добра причина да се дозволи да се продава производ што убива половина од луѓето што го користат, изјави помошник-министерката за здравство Ајеша Верал пред пратениците во Парламентот.

Таа рече дека здравствениот систем ќе заштеди милијарди долари со тоа што нема да лекува болести поврзани со пушењето како што се ракот, срцевите удари, мозочните удари и ампутациите. Таа рече дека законот ќе доведе до промена на генерациите и ќе остави во наследство подобро здравје за младите.

Нов Зеланд веќе ја ограничува продажбата на цигари на лица над 18 години, бара на кутиите цигари да има графички здравствени предупредувања и да се продаваат во стандардизирани пакувања. Во последните години Нов Зеланд воведе серија големи даночни зголемувања на цигарите.

The post Нов Зеланд се подготвува за целосно укинување на пушењето цигари appeared first on Република.

]]>

Парламентот на Нов Зеланд денеска усвои единствен закон за постепено укинување на пушењето цигари, со воведување забрана за младите да ги купуваат. Според законот, цигарите не смеат да се продаваат на луѓе родени на или по 1 јануари 2009 година. Со новиот закон се намалува и бројот на продавници за тутун, од околу 6.000, на само 600, а се намалува и дозволената количина на никотин во тутунот што се пуши. Нема добра причина да се дозволи да се продава производ што убива половина од луѓето што го користат, изјави помошник-министерката за здравство Ајеша Верал пред пратениците во Парламентот. Таа рече дека здравствениот систем ќе заштеди милијарди долари со тоа што нема да лекува болести поврзани со пушењето како што се ракот, срцевите удари, мозочните удари и ампутациите. Таа рече дека законот ќе доведе до промена на генерациите и ќе остави во наследство подобро здравје за младите. Нов Зеланд веќе ја ограничува продажбата на цигари на лица над 18 години, бара на кутиите цигари да има графички здравствени предупредувања и да се продаваат во стандардизирани пакувања. Во последните години Нов Зеланд воведе серија големи даночни зголемувања на цигарите.

The post Нов Зеланд се подготвува за целосно укинување на пушењето цигари appeared first on Република.

]]>
Данска сака никој роден по 2010 година да не почне да пуши цигари https://republika.mk/zivot/zdravje/danska-saka-nikoj-roden-po-2010-godina-da-ne-pochne-da-pushi-cigari/ Thu, 24 Mar 2022 08:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=477476

Данската Влада работи на „целосно искоренување на навиките за пушење кај идните генерации“, т.е. никој роден 2010 година и потоа да не почне да пуши и да не користи други никотински производи.

„‘Генерацијата без никотин 2010 плус’ ќе биде историска пресвртница во спречување на болестите и смртта, соопшти Министерството за здравство на Данска.

Според владиниот предлог, како дел од здравствената реформа што во Копенхаген ја откри министерот Магнус Хеунике, одлуката може да вклучи забрана за продажба на тутун и никотински производи на таа генерација. Се работи за предлог за зголемување на старосната граница за продажба на алкохол којшто е долго очекуван и важи за сеопфатен.

Премиерката Мете Фредриксен исто така предложи да се зголеми старосната граница за продажба на алкохол на 18 години. Во мигов во Данска пиво можат да купат луѓе постари од 16 години, а пијалаци со поголем удел на алкохол може да се набават доколку купувачот има 18 години.

Во предлозите Владата посочи дека младите од Данска се на врвот по консумација на алкохол во Европа и оти прекумерното пиење има сериозни последици. За предлозите ќе се расправа во Собранието.

The post Данска сака никој роден по 2010 година да не почне да пуши цигари appeared first on Република.

]]>

Данската Влада работи на „целосно искоренување на навиките за пушење кај идните генерации“, т.е. никој роден 2010 година и потоа да не почне да пуши и да не користи други никотински производи.
„‘Генерацијата без никотин 2010 плус’ ќе биде историска пресвртница во спречување на болестите и смртта, соопшти Министерството за здравство на Данска.
Според владиниот предлог, како дел од здравствената реформа што во Копенхаген ја откри министерот Магнус Хеунике, одлуката може да вклучи забрана за продажба на тутун и никотински производи на таа генерација. Се работи за предлог за зголемување на старосната граница за продажба на алкохол којшто е долго очекуван и важи за сеопфатен. Премиерката Мете Фредриксен исто така предложи да се зголеми старосната граница за продажба на алкохол на 18 години. Во мигов во Данска пиво можат да купат луѓе постари од 16 години, а пијалаци со поголем удел на алкохол може да се набават доколку купувачот има 18 години. Во предлозите Владата посочи дека младите од Данска се на врвот по консумација на алкохол во Европа и оти прекумерното пиење има сериозни последици. За предлозите ќе се расправа во Собранието.

The post Данска сака никој роден по 2010 година да не почне да пуши цигари appeared first on Република.

]]>