пуканки Archives - Република https://republika.mk/tema/pukanki/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Jun 2022 13:21:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пуканки Archives - Република https://republika.mk/tema/pukanki/ 32 32 Недостиг на омилените намирници во светот: Нема компири, пуканки, загрозени и пивопиите https://republika.mk/vesti/svet/nedostig-na-omilenite-namirnici-vo-svetot-nema-kompiri-pukanki-zagrozeni-i-pivopiite/ Tue, 21 Jun 2022 13:21:54 +0000 https://republika.mk/?p=518088

Поради војната во Украина, светот се соочува со недостиг од популарни прехранбени производи.

Во текот на изминатите неколку месеци, многу популарни и секојдневни намирници во продавниците станаа ужасно скапи или многу тешко да се најдат, пишува „Блумберг“.

Исто така, во овој труд се наведува дека многу компании мака мачат да најдат алтернативи за производи кои не се достапни или се сè помалку на пазарот.

Проблемот се припишува на растегнатиот глобален синџир на снабдување, со голем број фактори кои се движат од неповолни временски услови и пандемијата на корона вирусот до геополитички тензии и зголемена побарувачка, кои придонесуваат за проблемот.

Во Германија луѓето што пијат пиво се соочуваат со недостиг од шишиња, делумно поради војната во Украина, која ги снабдува пиварите со стакло. Националните пиварници, кои веќе плаќаат повеќе за струја и јачмен, ги повикуваат клиентите да ги враќаат празните шишиња, пишуваат медиумите.

Во САД, пуканките станаа извор на загриженост за кинољубителите бидејќи фармерите размислуваат да се откажат од пченката во корист на попрофитабилните култури.

Проблемите не го поштедија ниту зеленчукот, а недостигот на зелена салата во Австралија го натера „КФЦ“ да става зелка во бургерите. Во Велика Британија, „Мекдоналдс“ поради недостиг, мораше да ги рационализира доматите, користејќи едно парче наместо две.

Гигантот за брза храна исто така мораше да престане да продава голем помфрит во неколку земји поради бавната испорака и глобалниот недостиг на компири.

Во меѓувреме, рестораните „КФЦ“ во Сингапур, наводно, го замениле помфритот со некаква мешавина од вафли. Во Кенија, корисниците на социјалните мрежи повикуваат на бојкот на синџирот за брза храна бидејќи не користат компири од локално потекло.

Исто така, недостигот на храна ја погоди и Јапонија, што доведе до тоа рестораните да повлечат одредени јадења од своето мени.

Како што истакнува Мадхав Дурба, потпретседател за стратегија за синџирот на снабдување во „Coupa Software“, деловните лидери треба повторно да размислат од каде да увезуваат стоки.

Тој за „Блумверг“ вели дека, преку нови технологии и подобро планирање, тие можат да ги намалат потенцијалните доцнења, изгубените приходи и „постојаното гаснење пожари“ за да се справат со недостигот.

The post Недостиг на омилените намирници во светот: Нема компири, пуканки, загрозени и пивопиите appeared first on Република.

]]>

Поради војната во Украина, светот се соочува со недостиг од популарни прехранбени производи. Во текот на изминатите неколку месеци, многу популарни и секојдневни намирници во продавниците станаа ужасно скапи или многу тешко да се најдат, пишува „Блумберг“. Исто така, во овој труд се наведува дека многу компании мака мачат да најдат алтернативи за производи кои не се достапни или се сè помалку на пазарот. Проблемот се припишува на растегнатиот глобален синџир на снабдување, со голем број фактори кои се движат од неповолни временски услови и пандемијата на корона вирусот до геополитички тензии и зголемена побарувачка, кои придонесуваат за проблемот. Во Германија луѓето што пијат пиво се соочуваат со недостиг од шишиња, делумно поради војната во Украина, која ги снабдува пиварите со стакло. Националните пиварници, кои веќе плаќаат повеќе за струја и јачмен, ги повикуваат клиентите да ги враќаат празните шишиња, пишуваат медиумите. Во САД, пуканките станаа извор на загриженост за кинољубителите бидејќи фармерите размислуваат да се откажат од пченката во корист на попрофитабилните култури. Проблемите не го поштедија ниту зеленчукот, а недостигот на зелена салата во Австралија го натера „КФЦ“ да става зелка во бургерите. Во Велика Британија, „Мекдоналдс“ поради недостиг, мораше да ги рационализира доматите, користејќи едно парче наместо две. Гигантот за брза храна исто така мораше да престане да продава голем помфрит во неколку земји поради бавната испорака и глобалниот недостиг на компири. Во меѓувреме, рестораните „КФЦ“ во Сингапур, наводно, го замениле помфритот со некаква мешавина од вафли. Во Кенија, корисниците на социјалните мрежи повикуваат на бојкот на синџирот за брза храна бидејќи не користат компири од локално потекло. Исто така, недостигот на храна ја погоди и Јапонија, што доведе до тоа рестораните да повлечат одредени јадења од своето мени. Како што истакнува Мадхав Дурба, потпретседател за стратегија за синџирот на снабдување во „Coupa Software“, деловните лидери треба повторно да размислат од каде да увезуваат стоки. Тој за „Блумверг“ вели дека, преку нови технологии и подобро планирање, тие можат да ги намалат потенцијалните доцнења, изгубените приходи и „постојаното гаснење пожари“ за да се справат со недостигот.

The post Недостиг на омилените намирници во светот: Нема компири, пуканки, загрозени и пивопиите appeared first on Република.

]]>