пуч Archives - Република https://republika.mk/tema/puch/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 12:18:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пуч Archives - Република https://republika.mk/tema/puch/ 32 32 Турската амбасада го одбележа 15 Јули – Денот на демократијата и националното единство https://republika.mk/vesti/makedonija/turskata-ambasada-go-odbelezha-15-juli-denot-na-demokratijata-i-natsionalnoto-edinstvo/ Mon, 15 Jul 2024 12:18:50 +0000 https://republika.mk/?p=797061

Амбасадорот на Република Турција во Скопје, Фатих Улусој денеска приреди церемонијата со која беше одбележан 15 јули - Денот на демократијата и националното единство.

На церемонијата во резиденцијата на која присуствуваа поранешниот претседател Ѓорге Иванов, пратеници и претседатели на политички партии, претставници на бизнис заедницата и на медиуми, амбасадорот Улусој посочи дека поминале осум години од обидот за преврат на, како што рече, „кукавичката терористичка организација ФЕТО чија цел беше поткопување на постоењето и опстојувањето на Република Туркије“.

-Припадниците на ФЕТО инфилтрирани во турските вооружени сили, вечерта на 15 јули, во Туркије имаа намера да ја превземат контролата врз државните институции. Таа вечер, симболот на народниот суверенитет, Големото национално собрание на Туркије, сведочеше на настан кој не се случил во ниедна претходна војна, односно заедно со други институции беше бомбардирано, и тоа додека внатре беа присутни пратеници. Во една вечер 251 наш граѓанин, стари, млади и деца паднаа во одбрана на татковината, а над две илијади беа ранети. Обидот за државен удар од 15 јули беше оневозможен под водство на почитуваниот претседател на Туркије и благодарение на одлучниот став на безбедносните сили и турскиот народ. Отпорот на турскиот народ таа вечер моќно ја олицетвори народната волја. Народот таа вечер со знамиња во раце ги запре тенковите. 15 јули е „Победата на народот“, рече Улусој.

Тој потенцира дека борбата против ФЕТО е консензуална тема на сите страни во Турција и оти во периодот по обидот за преврат до денес, уништена е нејзината инфраструктура, завршени се правните процеси и одговорните се изнесени пред лицето на правдата, а вели, „затворени се и нивните паравански структури во областите на образованието, медиумите и банкарството“.

Откако ја изгубила својата структура во Турција, по 15 јули, како што наведе турскиот амбасадор ФЕТО опстојува во странски земји и „претставува сериозна закана за националната безбедност не само за Анкара, туку за самите земји во кои е присутна, поради што продолжуваат со нивната битка за спречување на дејствувањето на ФЕТО во странски земји“.

Во тој контекст наведе дека се започнати правни процеси за лицата поврзани со ФЕТО во странски земји со барања за нивна депортација и екстрадиција кои се доставени до релевантните земји, како и иницијативи во насока на затворање на образовните институции на ФЕТО во странство и пренесување на нивната сопственост на Турската државна фондација – МААРИФ. Досега, додаде тој, над 200 училишта во разни земји преминале во сопствеништво на Турската државна фондација Маариф која нуди образование според највисоки стандарди и е присутна и во Македонија. -Од друга страна жалам што ФЕТО продолжува да постои во МакедонијаЗатскриени зад превезот на образовни институции и злоупотребувајќи го името на значајниот поет на турската книжевност Јахја Кемал, во Скопје, Тетово и Струга дејствуваат три училишта кои се поврзани со ФЕТО, изјави турскиот амбасадор.

На 15 јули 2016 година во Турција се случи неуспешен обид за државен удар започнат од група воени службеници во кој загинаа над 250 лица, а над 2.000 беа повредени. Турските власти сметаат дека ФЕТО на проповедникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, стои зад пучот

The post Турската амбасада го одбележа 15 Јули – Денот на демократијата и националното единство appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Република Турција во Скопје, Фатих Улусој денеска приреди церемонијата со која беше одбележан 15 јули - Денот на демократијата и националното единство. На церемонијата во резиденцијата на која присуствуваа поранешниот претседател Ѓорге Иванов, пратеници и претседатели на политички партии, претставници на бизнис заедницата и на медиуми, амбасадорот Улусој посочи дека поминале осум години од обидот за преврат на, како што рече, „кукавичката терористичка организација ФЕТО чија цел беше поткопување на постоењето и опстојувањето на Република Туркије“.
-Припадниците на ФЕТО инфилтрирани во турските вооружени сили, вечерта на 15 јули, во Туркије имаа намера да ја превземат контролата врз државните институции. Таа вечер, симболот на народниот суверенитет, Големото национално собрание на Туркије, сведочеше на настан кој не се случил во ниедна претходна војна, односно заедно со други институции беше бомбардирано, и тоа додека внатре беа присутни пратеници. Во една вечер 251 наш граѓанин, стари, млади и деца паднаа во одбрана на татковината, а над две илијади беа ранети. Обидот за државен удар од 15 јули беше оневозможен под водство на почитуваниот претседател на Туркије и благодарение на одлучниот став на безбедносните сили и турскиот народ. Отпорот на турскиот народ таа вечер моќно ја олицетвори народната волја. Народот таа вечер со знамиња во раце ги запре тенковите. 15 јули е „Победата на народот“, рече Улусој.
Тој потенцира дека борбата против ФЕТО е консензуална тема на сите страни во Турција и оти во периодот по обидот за преврат до денес, уништена е нејзината инфраструктура, завршени се правните процеси и одговорните се изнесени пред лицето на правдата, а вели, „затворени се и нивните паравански структури во областите на образованието, медиумите и банкарството“. Откако ја изгубила својата структура во Турција, по 15 јули, како што наведе турскиот амбасадор ФЕТО опстојува во странски земји и „претставува сериозна закана за националната безбедност не само за Анкара, туку за самите земји во кои е присутна, поради што продолжуваат со нивната битка за спречување на дејствувањето на ФЕТО во странски земји“. Во тој контекст наведе дека се започнати правни процеси за лицата поврзани со ФЕТО во странски земји со барања за нивна депортација и екстрадиција кои се доставени до релевантните земји, како и иницијативи во насока на затворање на образовните институции на ФЕТО во странство и пренесување на нивната сопственост на Турската државна фондација – МААРИФ. Досега, додаде тој, над 200 училишта во разни земји преминале во сопствеништво на Турската државна фондација Маариф која нуди образование според највисоки стандарди и е присутна и во Македонија. -Од друга страна жалам што ФЕТО продолжува да постои во МакедонијаЗатскриени зад превезот на образовни институции и злоупотребувајќи го името на значајниот поет на турската книжевност Јахја Кемал, во Скопје, Тетово и Струга дејствуваат три училишта кои се поврзани со ФЕТО, изјави турскиот амбасадор. На 15 јули 2016 година во Турција се случи неуспешен обид за државен удар започнат од група воени службеници во кој загинаа над 250 лица, а над 2.000 беа повредени. Турските власти сметаат дека ФЕТО на проповедникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, стои зад пучот

The post Турската амбасада го одбележа 15 Јули – Денот на демократијата и националното единство appeared first on Република.

]]>
Белата куќа загрижена поради извештаите дека рускиот претседател Владиир Путин наводно планира пуч во Молдавија https://republika.mk/vesti/svet/belata-kuka-zagrizhena-poradi-izveshtaite-deka-ruskiot-pretsedatel-vladiir-putin-navodno-planira-puch-vo-moldavija/ Tue, 14 Feb 2023 12:00:11 +0000 https://republika.mk/?p=608832

Портпаролот на Советот за национална безбедност во Белата куќа Џон Кирби рече дека извештаите за тоа дека рускиот претседател Владимир Путин наводно планира пуч во Молдавија „предизвикуваат голема загриженост“.

Претседателката на Молдавија Маја Санду претходно го обвини Путин за намера да ја урне владата на земјата. На прашање на новинар на брифингот синоќа, Кирби одговори дека „извештаите за ова предизвикуваат длабока загриженост“.

-Ние даваме целосна подршка на владата на Молдавија и молдавскиот народ. Не видовме независни потврди за тоа, но тоа сигурно изгледа како страница од учебникот на Путин, рече тој.

 

The post Белата куќа загрижена поради извештаите дека рускиот претседател Владиир Путин наводно планира пуч во Молдавија appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Советот за национална безбедност во Белата куќа Џон Кирби рече дека извештаите за тоа дека рускиот претседател Владимир Путин наводно планира пуч во Молдавија „предизвикуваат голема загриженост“. Претседателката на Молдавија Маја Санду претходно го обвини Путин за намера да ја урне владата на земјата. На прашање на новинар на брифингот синоќа, Кирби одговори дека „извештаите за ова предизвикуваат длабока загриженост“.
-Ние даваме целосна подршка на владата на Молдавија и молдавскиот народ. Не видовме независни потврди за тоа, но тоа сигурно изгледа како страница од учебникот на Путин, рече тој.
 

The post Белата куќа загрижена поради извештаите дека рускиот претседател Владиир Путин наводно планира пуч во Молдавија appeared first on Република.

]]>
Александар бил оженет со Хрватка, така организаторите на пучот во Германија се опремале со оружје https://republika.mk/vesti/svet/aleksandar-bil-ozenet-so-hrvatka-taka-organizatorite-na-puchot-vo-germanija-se-opremale-so-oruzje/ Tue, 13 Dec 2022 10:03:34 +0000 https://republika.mk/?p=585097

Граѓаните на Рајхот, ултрадесничарско германско движење кое планираше државен удар, пред извесно време купиле оружје за своите терористички акции во Хрватска, пишува „Јутарњи лист“.

Александар Рајл, еден од поистакнатите членови на движењето, живеел во Хрватска, каде што се населил откако се оженил со Хрватка.

Хрватската полиција и УСКОК спречија набавка на оружје за Граѓаните на Рајхот, а во заедничка акција со германската полиција биле уапсени десетина лица, меѓу кои и хрватски државјани. Истрагата утврдила дека дел од оружјето во Германија било користено за ликвидација на десничарските политички противници. Весникот го пренесува сведочењето на Хрватот Мартин М., кој се занимавал со набавка на оружје.

Александар го запознав во Германија, тој беше муштерија во мојата автомеханичарска работилница. Еднаш ми даде пиштол за самоодбрана, но подоцна ме замоли да му купам оружје во Хрватска. Имал жена во Задар. Ми се јави еднаш кога бев во Хрватска и ме замоли да земам пакет во Загреб. Извесен Иван дојде со автомобил со задарски регистарски таблички и ми даде пакет, но јас го отворив подоцна бидејќи беше тежок, а во него имаше пушка ПАП, калашников, два пиштоли и мала пушка со оптички нишан. Александар бил заинтересиран за автоматско и кратко оружје, пумпни пушки, скорпии и калашникови. Оружјето што го возев во Германија за него беше наменето за десничарските партии кои се вооружуваат, им рекол Мартин на хрватските инспектори.

Ова признание, како и прислушувањето на разговорите на шверцерите од страна на хрватскиот УСКОК, доведоа до неодамнешната осуда пред судот во Минхен против Александар Рајхл, Мартин М и уште еден член на Граѓанинот Рајх, пишува „Јутарњи лист“.

The post Александар бил оженет со Хрватка, така организаторите на пучот во Германија се опремале со оружје appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Рајхот, ултрадесничарско германско движење кое планираше државен удар, пред извесно време купиле оружје за своите терористички акции во Хрватска, пишува „Јутарњи лист“. Александар Рајл, еден од поистакнатите членови на движењето, живеел во Хрватска, каде што се населил откако се оженил со Хрватка. Хрватската полиција и УСКОК спречија набавка на оружје за Граѓаните на Рајхот, а во заедничка акција со германската полиција биле уапсени десетина лица, меѓу кои и хрватски државјани. Истрагата утврдила дека дел од оружјето во Германија било користено за ликвидација на десничарските политички противници. Весникот го пренесува сведочењето на Хрватот Мартин М., кој се занимавал со набавка на оружје.
Александар го запознав во Германија, тој беше муштерија во мојата автомеханичарска работилница. Еднаш ми даде пиштол за самоодбрана, но подоцна ме замоли да му купам оружје во Хрватска. Имал жена во Задар. Ми се јави еднаш кога бев во Хрватска и ме замоли да земам пакет во Загреб. Извесен Иван дојде со автомобил со задарски регистарски таблички и ми даде пакет, но јас го отворив подоцна бидејќи беше тежок, а во него имаше пушка ПАП, калашников, два пиштоли и мала пушка со оптички нишан. Александар бил заинтересиран за автоматско и кратко оружје, пумпни пушки, скорпии и калашникови. Оружјето што го возев во Германија за него беше наменето за десничарските партии кои се вооружуваат, им рекол Мартин на хрватските инспектори.
Ова признание, како и прислушувањето на разговорите на шверцерите од страна на хрватскиот УСКОК, доведоа до неодамнешната осуда пред судот во Минхен против Александар Рајхл, Мартин М и уште еден член на Граѓанинот Рајх, пишува „Јутарњи лист“.

The post Александар бил оженет со Хрватка, така организаторите на пучот во Германија се опремале со оружје appeared first on Република.

]]>
Се подготвува пуч врз Путин? https://republika.mk/vesti/svet/se-podgotvuva-puch-vrz-putin/ Wed, 04 May 2022 08:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=497295

Во Москва се шират гласини дека голем број поранешни генерали и функционери на тајната служба ФСБ се подготвуваат да го соборат рускиот претседател Владимир Путин и планираат да стават крај на војната во Украина. Врвот на поранешниот работодавач на Путин – руската безбедносна служба ФСБ – се вели дека е толку фрустрирана поради недостатокот на воен напредок во Украина што допрел до голем број генерали и поранешни армиски функционери, според различни аналитичари и извештаи на локални медиуми, пишува Дејли Меил.

Конкретно, групата наречена „Силовики“ – која се состои од поранешни офицери на ФСБ кои се активни во руската политика, се вели дека напорно вршат притисок да го сменат Путин, заедно со поранешните офицери од ГРУ, КГБ и ФСО, други руски разузнавачки единици.

Идејата дека државен удар може да биде неизбежен е дополнително зајакната со активноста на социјалните мрежи низ Русија и Источна Европа.

Покрај тоа, аналитичарите во и надвор од Русија велат дека постојат сите знаци дека Путин наскоро ќе се соочи со државен удар.

Рускиот претседател, наводно, е „многу загрижен“ и ја зајакнал безбедноста во и околу Кремљ.

Дали е важно? Тоа е многу важно. Рускиот претседател веќе неколку недели се подготвува за државен удар бидејќи се соочи со жестоки критики за неговата „специјална операција“ во Украина и тој исчисти околу 150 свои шпиони поради постојаните неуспеси, рече рускиот експерт за безбедност Андреј Солдатов за Центарот за анализа на европската политика.

Тој додава дека ова е првпат силовиците да прават дистанца меѓу себе и претседателот што „отвора секакви можности“.

Згора на тоа, се шират гласини дека здравјето на Путин е погодено од почетокот на војната. На голем број видеа рускиот претседател изгледа уморно и иритирано.

Станало очигледно дека односите меѓу ФСБ и Путин се влошија од почетокот на војната, пишуваат британските медиуми.

Минатиот месец, двајца високи офицери во ФБ биле ставени во домашен притвор од Путин.

 

The post Се подготвува пуч врз Путин? appeared first on Република.

]]>

Во Москва се шират гласини дека голем број поранешни генерали и функционери на тајната служба ФСБ се подготвуваат да го соборат рускиот претседател Владимир Путин и планираат да стават крај на војната во Украина. Врвот на поранешниот работодавач на Путин – руската безбедносна служба ФСБ – се вели дека е толку фрустрирана поради недостатокот на воен напредок во Украина што допрел до голем број генерали и поранешни армиски функционери, според различни аналитичари и извештаи на локални медиуми, пишува Дејли Меил. Конкретно, групата наречена „Силовики“ – која се состои од поранешни офицери на ФСБ кои се активни во руската политика, се вели дека напорно вршат притисок да го сменат Путин, заедно со поранешните офицери од ГРУ, КГБ и ФСО, други руски разузнавачки единици. Идејата дека државен удар може да биде неизбежен е дополнително зајакната со активноста на социјалните мрежи низ Русија и Источна Европа. Покрај тоа, аналитичарите во и надвор од Русија велат дека постојат сите знаци дека Путин наскоро ќе се соочи со државен удар. Рускиот претседател, наводно, е „многу загрижен“ и ја зајакнал безбедноста во и околу Кремљ.
Дали е важно? Тоа е многу важно. Рускиот претседател веќе неколку недели се подготвува за државен удар бидејќи се соочи со жестоки критики за неговата „специјална операција“ во Украина и тој исчисти околу 150 свои шпиони поради постојаните неуспеси, рече рускиот експерт за безбедност Андреј Солдатов за Центарот за анализа на европската политика.
Тој додава дека ова е првпат силовиците да прават дистанца меѓу себе и претседателот што „отвора секакви можности“. Згора на тоа, се шират гласини дека здравјето на Путин е погодено од почетокот на војната. На голем број видеа рускиот претседател изгледа уморно и иритирано. Станало очигледно дека односите меѓу ФСБ и Путин се влошија од почетокот на војната, пишуваат британските медиуми. Минатиот месец, двајца високи офицери во ФБ биле ставени во домашен притвор од Путин.  

The post Се подготвува пуч врз Путин? appeared first on Република.

]]>