публикација Archives - Република https://republika.mk/tema/publikacija/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Aug 2023 10:54:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png публикација Archives - Република https://republika.mk/tema/publikacija/ 32 32 Тренчевска: Родовата еднаквост е еден од приоритетите на Владата https://republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-rodovata-ednakvost-e-eden-od-prioritetite-na-vladata/ Mon, 21 Aug 2023 10:54:50 +0000 https://republika.mk/?p=674172

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на настанот на кој што се презентираше публикацијата „Жените и мажите во Северна Македонија“. Публикацијата е издадена во рамки на проектот „Gender Equality Facility - Советодавни услуги за вклучување на родовата перспектива за администрацијата на Македонија на централно ниво“, финансиски поддржан од Шведска, кој се спроведува од UN Women во партнерство со Секретаријатот за европски прашања и Министерство за труд и социјална политика.

Концептот на еднакви можности ги означува еднаквите можности на жените и мажите како и еднаквиот пристап до ресурси и подеднакво право на учество во општествениот и во политичкиот живот, посочи Тренчевска во своето обраќање.

Министерката истакна дека еднаквите можности на мажите и жените во Република Македонија се регулирани  со Уставот како највисок правен акт, кој е гаранција за превенција и заштита на основните човекови права и фундаментални слободи.

Родовата еднаквост е еден од приоритетите на Владата на Република Северна  Македонија. Родовата еднаквост е дел од Програмата за работа на Владата 2020-2023 и исто така е обврска од Агендата за одржлив развој до 2030 година како на национално така и на локално ниво истакна министерката.

Тренчевска на крај ги посочи и придобивките од публикацијата каде се сумирани сите статистички податоци и рече дека токму податоците кои ја составуваат содржината на публикацијата даваат насока по која треба да се движат институциите и организациите при решавање на прашањата поврзани со родовата еднаквости.

The post Тренчевска: Родовата еднаквост е еден од приоритетите на Владата appeared first on Република.

]]>

„Националните финансиски политики во културата“: Јавна расправа и промоција на публикацијата во КСП Центар-Јадро https://republika.mk/vesti/kultura/natsionalnite-finansiski-politiki-vo-kulturata-javna-rasprava-i-promotsija-na-publikatsijata-vo-ksp-tsentar-jadro/ Thu, 09 Feb 2023 15:46:06 +0000 https://republika.mk/?p=606976

Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, организира јавна расправа по повод промоција на документот за јавни политики „Националните финансиски политики во културата“ во авторство на еконмскиот истражувач Бранимир Јовановиќ.

Промоцијата ќе се одржи на 10 февруари (петок), со почеток во 12 часот во просториите на КСП „Центар Јадро“ (ул. Алберт Ајнштајн, бр. 1 - поранешната месна заедница Дане Крапчев во Дебар Маало).

Во разговор со Јовановиќ, на промоцијата ќе земe збор и културниот работник и активист Теодор Целакоски (Хрватска).
Дискусијата ќе ја модерира културната работничка и историчарка на уметност Тијана Ана Спасовска.

Јадро – Асоцијација на независната културна сцена, како актер кој веќе 10 години будно следи и се застапува за подобрување на условите на независната културна сцена, го издаде овој документ за јавни политики со кој се анализира државното финансирање во културата со цел појасно застапување за достоинствени средства за вложување во одржувањето на независната културна сцена. Првиот дел од документот е посветен на анализа на државните буџети за култура, додека вториот се фокусира на годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2021 и 2022 година.

Публикацијата посочува во кои аспекти од финансирањето државата потфрла и кои се следните чекори што треба да се преземат за надминување на критичната состојба во независниот културен сектор, кој се наоѓа во трајно прекарна состојба.

The post „Националните финансиски политики во културата“: Јавна расправа и промоција на публикацијата во КСП Центар-Јадро appeared first on Република.

]]>

Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, организира јавна расправа по повод промоција на документот за јавни политики „Националните финансиски политики во културата“ во авторство на еконмскиот истражувач Бранимир Јовановиќ. Промоцијата ќе се одржи на 10 февруари (петок), со почеток во 12 часот во просториите на КСП „Центар Јадро“ (ул. Алберт Ајнштајн, бр. 1 - поранешната месна заедница Дане Крапчев во Дебар Маало). Во разговор со Јовановиќ, на промоцијата ќе земe збор и културниот работник и активист Теодор Целакоски (Хрватска). Дискусијата ќе ја модерира културната работничка и историчарка на уметност Тијана Ана Спасовска. Јадро – Асоцијација на независната културна сцена, како актер кој веќе 10 години будно следи и се застапува за подобрување на условите на независната културна сцена, го издаде овој документ за јавни политики со кој се анализира државното финансирање во културата со цел појасно застапување за достоинствени средства за вложување во одржувањето на независната културна сцена. Првиот дел од документот е посветен на анализа на државните буџети за култура, додека вториот се фокусира на годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2021 и 2022 година. Публикацијата посочува во кои аспекти од финансирањето државата потфрла и кои се следните чекори што треба да се преземат за надминување на критичната состојба во независниот културен сектор, кој се наоѓа во трајно прекарна состојба.

The post „Националните финансиски политики во културата“: Јавна расправа и промоција на публикацијата во КСП Центар-Јадро appeared first on Република.

]]>
Државниот завод за статистика ја подготви првата публикација од Пописот 2021 https://republika.mk/vesti/makedonija/drzavniot-zavod-za-statistika-ja-podgotvi-prvata-publikacija-od-popisot-2021/ Thu, 20 Oct 2022 10:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=563515

По обработката на податоците и објавувањето во сетови, Државниот завод за статистика ја подготви и првата публикација од Пописот 2021 во која се содржани клучните показатели за населението, домаќинствата и становите во Македонија.

Преку 22 табели, графикони и други визуелизации, на едно место може да се најдат социоекономски податоци за основните единици на Пописот – лицата, домаќинствата и становите - на ниво на целата држава, но и по општини.

Публикацијата е подготвена со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА.

Со објавувањето на публикацијата Државниот завод за статистика се приклучува кон одбележувањето на 20 октомври – Европскиот ден на статистиката кој годинава се одбележува под мотото: „Статистиката – алатка за разбирање и поврзување на општеството во потрагата по вистината“

The post Државниот завод за статистика ја подготви првата публикација од Пописот 2021 appeared first on Република.

]]>

По обработката на податоците и објавувањето во сетови, Државниот завод за статистика ја подготви и првата публикација од Пописот 2021 во која се содржани клучните показатели за населението, домаќинствата и становите во Македонија. Преку 22 табели, графикони и други визуелизации, на едно место може да се најдат социоекономски податоци за основните единици на Пописот – лицата, домаќинствата и становите - на ниво на целата држава, но и по општини. Публикацијата е подготвена со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА. Со објавувањето на публикацијата Државниот завод за статистика се приклучува кон одбележувањето на 20 октомври – Европскиот ден на статистиката кој годинава се одбележува под мотото: „Статистиката – алатка за разбирање и поврзување на општеството во потрагата по вистината“    

The post Државниот завод за статистика ја подготви првата публикација од Пописот 2021 appeared first on Република.

]]>
МСУ ја објави публикацијата „Балкан Брутализам #Скопје“ https://republika.mk/vesti/kultura/msu-ja-objavi-publikacijata-balkan-brutalizam-skopje/ Wed, 02 Mar 2022 11:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=466430

Среќни сме да ви ја претставиме публикацијата „Балкан Брутализам #Скопје“ во издаваштво на Музејот на современата уметност-Скопје, ако резултат на двокомпонентиот проект „99 фајлови“, со цел да го надгради знаењето за бруталисткичкото наследство преку критички и концептуален преглед на 15 објекти изградени по земјотресот во 1963 година, сооптшија од МСУ.

На публикацијата и претходеше изложба во Музејот на современата уметност-Скопје во 2018 година, со колекција од цртежи, фотографии, видеа и текстови, добиени од меѓународен повик, а инспирирани од бруталистичката архитектура во Скопје. Публикацијата е издадена во соработка со италијанската истражувачка лабараторија „Landscape in progress“ при Универзитетот Медитеранеа од Реџо, Калабрија, Италија, под водство на Проф. Д-р Марина Торнатора и соработникот Д-р Благоја Бајковски.

The post МСУ ја објави публикацијата „Балкан Брутализам #Скопје“ appeared first on Република.