птијада Archives - Република https://republika.mk/tema/ptijada/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Oct 2022 13:51:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png птијада Archives - Република https://republika.mk/tema/ptijada/ 32 32 Искусните велешки пекари Орце и Александар ја направија џиновската пита пастрмалија која денеска ќе се сече https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/iskusnite-veleshki-pekari-orce-i-aleksandar-ja-napravija-dzinovskata-pita-pastrmalija-koja-deneska-kje-se-seche/ Sun, 09 Oct 2022 13:51:43 +0000 https://republika.mk/?p=559088

Во рамките на програмата од третиот ден на годинашната „Велешка питијада 2022“, попладнево во 16 часот ќе биде сечена и продавана џиновската велешка пита пастрмалија што специјално за оваа пригода ќе ја подготват искусните велешки пекари Орце и Александар.
На последната, трета вечер од „Велешка питијада 2022“, од 18 часот ќе настапат 5 + бенд, Сузана Спасовска, Академци, Љубојна, Brass Fantasy и Лозано.

Вчера настапија детската група од Дајте музика, а вечерта Наум Петрески и Зуица Лазова, Фолтин и Каролина Гочева. Концертите ги проследи повеќеилјадна публика од Велес и од други градови кои дојдоа да пробаат велешка пастрмалија и вино и да уживаат во прекрасниот амбиент и гостољубивоста на велешките угостители.

Покрај штандовите на отворено, бројните гости деновиве ги посетуваат и рестораните и кафаните во градот каде овој викенд најмногу се бара и служи уникатната и единствена по својот вкус и надалеку прочуена велешка пастрмалија. За разлика од другите вакви пити, велешката покрај свинско месо се збогатува и со овча пастрма.

Општина Велес како организатор на манифестацијата ги повика сите добронамерници да дојдат во Велес и да уживаат во вкусниот велешки специјалитет и прекрасната атмасфера во овој прекрасен сончев октомвриски ден.

 

The post Искусните велешки пекари Орце и Александар ја направија џиновската пита пастрмалија која денеска ќе се сече appeared first on Република.

]]>

Во рамките на програмата од третиот ден на годинашната „Велешка питијада 2022“, попладнево во 16 часот ќе биде сечена и продавана џиновската велешка пита пастрмалија што специјално за оваа пригода ќе ја подготват искусните велешки пекари Орце и Александар. На последната, трета вечер од „Велешка питијада 2022“, од 18 часот ќе настапат 5 + бенд, Сузана Спасовска, Академци, Љубојна, Brass Fantasy и Лозано. Вчера настапија детската група од Дајте музика, а вечерта Наум Петрески и Зуица Лазова, Фолтин и Каролина Гочева. Концертите ги проследи повеќеилјадна публика од Велес и од други градови кои дојдоа да пробаат велешка пастрмалија и вино и да уживаат во прекрасниот амбиент и гостољубивоста на велешките угостители. Покрај штандовите на отворено, бројните гости деновиве ги посетуваат и рестораните и кафаните во градот каде овој викенд најмногу се бара и служи уникатната и единствена по својот вкус и надалеку прочуена велешка пастрмалија. За разлика од другите вакви пити, велешката покрај свинско месо се збогатува и со овча пастрма. Општина Велес како организатор на манифестацијата ги повика сите добронамерници да дојдат во Велес и да уживаат во вкусниот велешки специјалитет и прекрасната атмасфера во овој прекрасен сончев октомвриски ден.  

The post Искусните велешки пекари Орце и Александар ја направија џиновската пита пастрмалија која денеска ќе се сече appeared first on Република.

]]>