психичка состојба Archives - Република https://republika.mk/tema/psihichka-sostojba/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Mar 2023 12:32:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png психичка состојба Archives - Република https://republika.mk/tema/psihichka-sostojba/ 32 32 Во владата има министерка на седативи, се чувствува немоќно, опседната е, има непријатни мисли, а има и безбедносен сертификат https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-vladata-ima-ministerka-na-sedativi-se-chuvstvuva-nemokno-opsednata-e-ima-neprijatni-misli-a-ima-i-bezbednosen-sertifikat/ Tue, 28 Mar 2023 12:32:58 +0000 https://republika.mk/?p=624677

Јавниот интерес за политичарите мора да биде над се, како и зголемената потреба од отчетност и одговорност на избраните и именуваните функционери кои на располагање го имаат државниот имот и носат одлуки кои може да имаа трајни последици за сегашните и идните генерации, на јавноста и обелоденуваме дека во владата има министер кој не може да се носи со секојдневните обврски и согласно вешт наод и мислење од специјалист психијатар од 16.02.2023 година, подолг период е на седативи и има чувство на немоќ, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Тој потенцира дека за да се биде министер или премиер на една држава треба да поседуваш одредени квалитети, но и да имаш соодветни реакции во дадени ситуации кои не секогаш ќе бидат пријатни.

Според стручни лица кои како пратеник ги консултирав неподготвеноста за соочување со вистината и стравот поради своите несоодветни постапки може да предизвика манифестации в однесувањето како резултат на психичката состојба. Конкретно на министерката за одбрана согласно извештајот од психијатарот, цитирам: и се тресат рацете, не може да задржи мисла, има намалено внимание и концентрација, проблеми во мислењето, збунета е и конфузна. Има намалена волја, непријатни мисли и мора да вложува дополнителни напори да ги извршува истите работи што претходно ги извршувала, изјави тој.

Ковачки потенцираше дека според извештајот  министерката чувствува бесцелност на нејзината активност и залагања и вели 3 месеци има повторувачки слики, опседната е, постојано е напната, често има немир, често има нарушен сон и инхибиција.

Според специјалистот-психијатар, во психичкиот статус на министерката која доброволно се јавила и доброволно ги вршела психијатриските прегледи се констатира дека има оптиварен мисловен процес. Покрај оваа состојба на намалени когнитивни функции, на министерката ѝ е препишана и седативна терапија, односно 3 месеци е под седативи, изјави Ковачки.

Тој истакна дека според Законот за класифицирани информации односно уредбата член 4 точка 13, не може да му се издаде безбедносен сертификат на лице кое страда од ментална или емоционална состојба која може да предизвика значителни недостатоци на неговото расудување или доверливост и може да го направи лицето дури и ненамерно потенцијален безбедносен ризик што се утврдува врз основа на медицинската документација.

Прашањето до премиерот дали мислите дека има потреба за итно разрешување на министерката за одбрана која е со наведените манифестации на психичката состојба за која има писмен документ од психијатар? Дали ќе ја разрешите, прашува Ковачки.

The post Во владата има министерка на седативи, се чувствува немоќно, опседната е, има непријатни мисли, а има и безбедносен сертификат appeared first on Република.

]]>