прво дете Archives - Република https://republika.mk/tema/prvo-dete/ За подобро да се разбереме Sun, 01 Jan 2023 13:22:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прво дете Archives - Република https://republika.mk/tema/prvo-dete/ 32 32 Првото новороденче во Битола е женско – градоначалникот додели вредносен ваучер и подароци https://republika.mk/vesti/makedonija/prvoto-novorodenche-vo-bitola-e-zhensko-gradonachalnikot-dodeli-vrednosen-vaucher-i-podarotsi/ Sun, 01 Jan 2023 13:22:35 +0000 https://republika.mk/?p=592538

Само една минута по полноќ, во Болница Плодност на свет дојде женско новороденче, Бојана, тешко 3360 грама, со должина 50 сантиметри.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски ја посети болницата, а на мајката Стефани Чалеска Димитријевска и подари вредносен ваучер и подароци за новороденчето, во име на општината.

Искрени честитки по повод Новата година до тимот на Болница Плодност, којашто имаше успешна година, честитки до првородените, имаме прво женско родено бебе и се надеваме дека ќе имаме плодна година. Посакувам успешна работа во оваа година, а мајките и родителите поубав подарок за Новата година не можеа да добијат. Општина Битола е тука да помогне колку што може, да создава услови младите да останат во нашиот град“, рече градоначалникот Тони Коњановски.

Инаку, на првиот ден во Новата 2023 година во болницата се родија две бебиња.

Покрај првороденото во 00.01 часот, во 05.01 часот се роди и Александар, со родилна тежина 2730 грама и должина 48 сантиметри.

На неговата мајка Славица Тановска од Ресен, градоначалникот исто така и подари ваучер и подарок за новороденчето.

The post Првото новороденче во Битола е женско – градоначалникот додели вредносен ваучер и подароци appeared first on Република.

]]>

Само една минута по полноќ, во Болница Плодност на свет дојде женско новороденче, Бојана, тешко 3360 грама, со должина 50 сантиметри. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски ја посети болницата, а на мајката Стефани Чалеска Димитријевска и подари вредносен ваучер и подароци за новороденчето, во име на општината.
Искрени честитки по повод Новата година до тимот на Болница Плодност, којашто имаше успешна година, честитки до првородените, имаме прво женско родено бебе и се надеваме дека ќе имаме плодна година. Посакувам успешна работа во оваа година, а мајките и родителите поубав подарок за Новата година не можеа да добијат. Општина Битола е тука да помогне колку што може, да создава услови младите да останат во нашиот град“, рече градоначалникот Тони Коњановски.
Инаку, на првиот ден во Новата 2023 година во болницата се родија две бебиња. Покрај првороденото во 00.01 часот, во 05.01 часот се роди и Александар, со родилна тежина 2730 грама и должина 48 сантиметри. На неговата мајка Славица Тановска од Ресен, градоначалникот исто така и подари ваучер и подарок за новороденчето.  

The post Првото новороденче во Битола е женско – градоначалникот додели вредносен ваучер и подароци appeared first on Република.

]]>
Првото бебе во новата година во Прилеп е девојче, мајката Ивона ја доби втората ќерќичка https://republika.mk/vesti/makedonija/prvoto-bebe-vo-novata-godina-vo-prilep-e-devojche-majkata-ivona-ja-dobi-vtorata-kjerkjichka/ Sat, 01 Jan 2022 10:48:23 +0000 https://republika.mk/?p=439245

Скоро еден час по полноќ во новата година, на одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп, се роди женско дете.

Градоначалникот Борче Јовчески, утринава ги посети мајката и бебето, и во името на Општина Прилеп им подари штедна книшка со 15.000 денари и други пригодни подароци за бебето.

Јовчески им ја честиташе радоста на родителите за нивното второ дете со желби за прекрасно детство на малечката и да имаат многу љубов и среќа во нивното семејство, а воедно и на персоналот во прилепската болница им ги честиташе новогодишните празници, и како што кажа оваа нова 2022 година да ни биде бериќетна на сите сограѓани и на целата Општина Прилеп, да имаме добро здравје пред се и се разбира успех и просперитет во сите полиња.

Мајката Ивона Смилеска истакна дека ова и е второ, исто така женско дете.

Многу сум среќна и благодарна од тимот на целата болница, посебно од докторката Изабела, пресреќна сум што на ваков ден добив втора ќеркичка - изјави мајката Ивона.

Доктор Изабела Чочева-Талеска исто така ги честиташе новогодишните празници и истакна дека во новата година на свет донесле живи и здрави две женски дечиња, а третото било на пат.

Првороденото бебе е женско, доносено дете 39-та гестациска недела, 3кг тешко и 47см долго во општа добра состојба - изјави Д-р Неонатолог Лилјана Христоска.

The post Првото бебе во новата година во Прилеп е девојче, мајката Ивона ја доби втората ќерќичка appeared first on Република.

]]>

Скоро еден час по полноќ во новата година, на одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп, се роди женско дете. Градоначалникот Борче Јовчески, утринава ги посети мајката и бебето, и во името на Општина Прилеп им подари штедна книшка со 15.000 денари и други пригодни подароци за бебето. Јовчески им ја честиташе радоста на родителите за нивното второ дете со желби за прекрасно детство на малечката и да имаат многу љубов и среќа во нивното семејство, а воедно и на персоналот во прилепската болница им ги честиташе новогодишните празници, и како што кажа оваа нова 2022 година да ни биде бериќетна на сите сограѓани и на целата Општина Прилеп, да имаме добро здравје пред се и се разбира успех и просперитет во сите полиња. Мајката Ивона Смилеска истакна дека ова и е второ, исто така женско дете.