прво бебе во новата година Archives - Република https://republika.mk/tema/prvo-bebe-vo-novata-godina/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jan 2024 11:22:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прво бебе во новата година Archives - Република https://republika.mk/tema/prvo-bebe-vo-novata-godina/ 32 32 Меџити се кладел дека првото новороденче ќе е машко https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-se-kladel-deka-prvoto-novorodenche-ke-e-mashko/ Mon, 01 Jan 2024 11:30:11 +0000 https://republika.mk/?p=728626

Во петокот, при крај на работното време, во мојот Кабинет, во релаксирана атмосфера со моите колеги се кладев дека првото родено дете во 2024 година ќе биде машко и тоа се исполни, значи ќе се исполнат сите планирани проекти во здравството. Им порачувам на граѓаните да веруваат во здравствениот систем и во сите здравствени работници, ќе работиме максимално, а целта ни е, наместо со скандали, здравството годинава да биде на ниво на кое заслужуваат нашите пациенти.

Ова го истакна претпладнево министерот за здравство Фатмир Меџити, кој заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска го посети Алек, првото бебе годинава кое се роди на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје.

Меџити во оваа прилика уште еднаш им ја честита новата година на граѓаните и им посака добро здравје и успеси.

Министерството за здравство продолжува да спорведува политики и мерки за заштита на здравјето на мајките, новодоренчињата и на другите пациенти, подвлече Меџити.

Тренчевска им честита на родителите на Алек, мајката и таткото Стефановски. Потсети и дека веќе се подготвува националната стратегија за демографија, насочена кон зголемување на наталитетот.

Традиционално, како и секоја година, со министерот за здравство сме во болницата каде е родено првото бебе оваа година. Овој пат тоа е ГАК. Алек се роди, им честитам на родителите, на мајката и таткото Стефановски, да им е живо и здраво бебето и да има среќно детство, изјави министерката.

Во однос на стратегијата напомена дека целта е и да се намали трендот на иселување на младите.

Верувам дека со добри трудови политики и подобри плати, како и подостојни работни места прималиви за младите, ќе успееме да ги задржиме и да ја подобриме демографската состојба во земјата, истакна Тренчевска.

Алек е здраво машко бебе, тешко 3 706 грама и долго 52 сантиметра. Се родил во десетата секунда од 2024 година.

Годината почна убаво, со родени три бебиња во првите 15 минути по почетокот на годината што треба да е добар знак, се надеваме дека ќе имаме што повеќе здрави бебиња и среќни родители, изјави директорката на ГАК, Викторија Јовановска.

Од полноќ до сега на ГАК се родиле вкупно шест бебиња, а повеќето се машки.

The post Меџити се кладел дека првото новороденче ќе е машко appeared first on Република.

]]>

Во петокот, при крај на работното време, во мојот Кабинет, во релаксирана атмосфера со моите колеги се кладев дека првото родено дете во 2024 година ќе биде машко и тоа се исполни, значи ќе се исполнат сите планирани проекти во здравството. Им порачувам на граѓаните да веруваат во здравствениот систем и во сите здравствени работници, ќе работиме максимално, а целта ни е, наместо со скандали, здравството годинава да биде на ниво на кое заслужуваат нашите пациенти. Ова го истакна претпладнево министерот за здравство Фатмир Меџити, кој заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска го посети Алек, првото бебе годинава кое се роди на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје. Меџити во оваа прилика уште еднаш им ја честита новата година на граѓаните и им посака добро здравје и успеси.
Министерството за здравство продолжува да спорведува политики и мерки за заштита на здравјето на мајките, новодоренчињата и на другите пациенти, подвлече Меџити.
Тренчевска им честита на родителите на Алек, мајката и таткото Стефановски. Потсети и дека веќе се подготвува националната стратегија за демографија, насочена кон зголемување на наталитетот.
Традиционално, како и секоја година, со министерот за здравство сме во болницата каде е родено првото бебе оваа година. Овој пат тоа е ГАК. Алек се роди, им честитам на родителите, на мајката и таткото Стефановски, да им е живо и здраво бебето и да има среќно детство, изјави министерката.
Во однос на стратегијата напомена дека целта е и да се намали трендот на иселување на младите.
Верувам дека со добри трудови политики и подобри плати, како и подостојни работни места прималиви за младите, ќе успееме да ги задржиме и да ја подобриме демографската состојба во земјата, истакна Тренчевска.
Алек е здраво машко бебе, тешко 3 706 грама и долго 52 сантиметра. Се родил во десетата секунда од 2024 година.
Годината почна убаво, со родени три бебиња во првите 15 минути по почетокот на годината што треба да е добар знак, се надеваме дека ќе имаме што повеќе здрави бебиња и среќни родители, изјави директорката на ГАК, Викторија Јовановска.
Од полноќ до сега на ГАК се родиле вкупно шест бебиња, а повеќето се машки.

The post Меџити се кладел дека првото новороденче ќе е машко appeared first on Република.

]]>
Внуката на Дионис Пашлаков прво бебе во болницата во Кавадарци https://republika.mk/vesti/makedonija/vnukata-na-dionis-pashlakov-prvo-bebe-vo-bolnitsata-vo-kavadartsi/ Mon, 01 Jan 2024 10:42:17 +0000 https://republika.mk/?p=728603

Женско е првото бебе родено годинава во болницата во Кавадарци. Станува збор за внука на познатиот колекционер на стари автомобили Дионис Пашлаков од Неготино, за кого беше снимен и документарен филм. Сопругата на Пашлаков, Грозданка, рече за МИА, дека три години по неговата смрт, имаат среќна вест во семејството.

Малечката се роди тешка 3.150 грама, долга е 50 сантиметри. Таа е прво дете на помалиот син Кирил и неговата сопруга Тања. Посакуваме многу здравје и среќа за неа, како што посакуваме многу здравје и среќа за сите луѓе во оваа нова година, нагласи Пашлакова.

Таа додаде дека подмладокот во семејството Пашлакови, заедно со неа, се трудат да го одржат делото на Дионис и конечно вистински да проработи музејот за стари автомобили, што беше негов сон со децении и во кој има над 100 експонати.

Малечката внукичка, рече Пашлакова, ќе биде само уште еден продолжувач на семејната љубов на Пашлакови, кон старите автомобили.

The post Внуката на Дионис Пашлаков прво бебе во болницата во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Женско е првото бебе родено годинава во болницата во Кавадарци. Станува збор за внука на познатиот колекционер на стари автомобили Дионис Пашлаков од Неготино, за кого беше снимен и документарен филм. Сопругата на Пашлаков, Грозданка, рече за МИА, дека три години по неговата смрт, имаат среќна вест во семејството.
Малечката се роди тешка 3.150 грама, долга е 50 сантиметри. Таа е прво дете на помалиот син Кирил и неговата сопруга Тања. Посакуваме многу здравје и среќа за неа, како што посакуваме многу здравје и среќа за сите луѓе во оваа нова година, нагласи Пашлакова.
Таа додаде дека подмладокот во семејството Пашлакови, заедно со неа, се трудат да го одржат делото на Дионис и конечно вистински да проработи музејот за стари автомобили, што беше негов сон со децении и во кој има над 100 експонати. Малечката внукичка, рече Пашлакова, ќе биде само уште еден продолжувач на семејната љубов на Пашлакови, кон старите автомобили.

The post Внуката на Дионис Пашлаков прво бебе во болницата во Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Прво па машко за 2024 година, првото бебе се роди на ГАК https://republika.mk/vesti/makedonija/prvo-pa-mashko-za-2024-godina-prvoto-bebe-se-rodi-na-gak/ Mon, 01 Jan 2024 09:07:48 +0000 https://republika.mk/?p=728575

Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот. Бебето е од машки пол, тешко е 3.760 грама, долго е 52 сантиметри и е родено со Апгар 10/10.

Како што информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, породувањето беше извршено по природен пат. Дежурната екипа на ГАК на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.

На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство, се наведува во соопштението.

Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родија три бебиња.

The post Прво па машко за 2024 година, првото бебе се роди на ГАК appeared first on Република.

]]>

Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот. Бебето е од машки пол, тешко е 3.760 грама, долго е 52 сантиметри и е родено со Апгар 10/10. Како што информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, породувањето беше извршено по природен пат. Дежурната екипа на ГАК на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.
На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство, се наведува во соопштението.
Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родија три бебиња.

The post Прво па машко за 2024 година, првото бебе се роди на ГАК appeared first on Република.

]]>
Првото бебе во 2023 година е кочанчанче родено во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/prvoto-bebe-vo-2023-godina-e-kochanchanche-rodeno-vo-skopje/ Sat, 31 Dec 2022 23:59:49 +0000 https://republika.mk/?p=592382

Првото бебе во 2023 година се роди на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот.

Бебето е од машки пол, тешко е 3720 грама, долго е 51 сантиметар и е родено со Апгар 8/9.

Мајка на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани и тоа е нејзино прво дете.

И првото бебе во 2022 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје една минута по полноќ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prvo-pa-mashko-sincheto-na-suzana-od-skopje-e-prvoto-bebe-rodeno-vo-2022-godina/

The post Првото бебе во 2023 година е кочанчанче родено во Скопје appeared first on Република.

]]>

Првото бебе во 2023 година се роди на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот. Бебето е од машки пол, тешко е 3720 грама, долго е 51 сантиметар и е родено со Апгар 8/9. Мајка на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани и тоа е нејзино прво дете. И првото бебе во 2022 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје една минута по полноќ. https://republika.mk/vesti/makedonija/prvo-pa-mashko-sincheto-na-suzana-od-skopje-e-prvoto-bebe-rodeno-vo-2022-godina/  

The post Првото бебе во 2023 година е кочанчанче родено во Скопје appeared first on Република.

]]>
Првото новороденче во Охрид е машко, градоначалникот Пецаков ги посети мајката и бебето https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/prvoto-novorodenche-vo-ohrid-e-mashko-gradonachalnikot-pecakov-gi-poseti-majkata-i-bebeto/ Sun, 02 Jan 2022 20:50:45 +0000 https://republika.mk/?p=439741

Здраво машко дете е првото новороденче во 2022 година во Општина Охрид.

Денес ги посетив и во името на граѓаните на Охрид и во мое лично име им честитав на семејството Миткоски за нивната принова и им посакав новороденчето да израсне во здрав, среќен и успешен човек.
Голема благодарност упатувам до лекарскиот тим кој го изврши породувањето доктор Катерина Попоска, доктор Владо Устијаноски, анестезиологот доктор Јован Недески, педијатарот доктор Весна Паскали и до целиот медицински персонал, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Бебето е тешко 3 килограми и 70 грама и долго 52 сантиметри. Породувањето било со царски рез во 09 и 45 минути. Бебето и мајката се во добра состојба.

The post Првото новороденче во Охрид е машко, градоначалникот Пецаков ги посети мајката и бебето appeared first on Република.

]]>

Здраво машко дете е првото новороденче во 2022 година во Општина Охрид.
Денес ги посетив и во името на граѓаните на Охрид и во мое лично име им честитав на семејството Миткоски за нивната принова и им посакав новороденчето да израсне во здрав, среќен и успешен човек. Голема благодарност упатувам до лекарскиот тим кој го изврши породувањето доктор Катерина Попоска, доктор Владо Устијаноски, анестезиологот доктор Јован Недески, педијатарот доктор Весна Паскали и до целиот медицински персонал, вели градоначалникот Кирил Пецаков.