прво бебе во 2023 Archives - Република https://republika.mk/tema/prvo-bebe-vo-2023/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Oct 2023 09:18:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прво бебе во 2023 Archives - Република https://republika.mk/tema/prvo-bebe-vo-2023/ 32 32 Се роди првото бебе во 2023 година во општина Зрновци https://republika.mk/zivot/semejstvo/se-rodi-prvoto-bebe-vo-2023-godina-vo-opshtina-zrnovtsi/ Thu, 05 Oct 2023 09:18:59 +0000 https://republika.mk/?p=688098

Жителите на општина Зрновци конечно го дочекаа првото новороденче во 2023 година. На акушерското одделение при Општата болница со проширена дејност во Кочани се роди здраво машко бебе, како петта рожба во семејството на Тања и Горан Атанасови, кои веќе имаат четири сина.

Градоначалникот на Зрновци Борчо Коцев денеска ги посети новороденчето и мајката во болницата, им врачи цвеќе и подароци и најави голема помош и поддршка за семејството.

-Изразувам огромна благодарност до раководниот и акушерскиот медицински тим во болницата што овозможија породувањето да помине во најдобар ред. Со оглед што се работи за многудетно семејство во социјален ризик, нашата локална самоуправа, заедно со детската градинка „Бисерчиња“, ќе даде максимална поддршка. Бебето, кое ќе го носи името Мартин, ќе добие бесплатен петгодишен престој во градинката, потоа вредносен ваучер во висина од 50 илјади денари за потребните набавки од аптеките, а ќе спроведеме и процедура за доделување градежна парцела од 500 квадратни метри за изградба на нов дом за семејството. Четирите братчиња на новороденчето, кои се ученици во ОУ „Синиша Стоилов“ ќе добијат парична стипендија, истакна градоначалникот Коцев.

Породувањето го извршил единствениот гинеколог со кој во моментот располага кочанската болница, а бебето се родило со тежина од околу 3,5 килограми и должина од 50 сантиметри.

-Имаше спонтано пораѓање што го извршивме заедно со дежурните акушерки, новороденчето беше со добар апгар тест, го прегледа педијатар и ја следи неговата здравствена состојба. Наскоро мајката и бебето ќе бидат пуштени дома, истакна Илчо Атанасовски, специјалист по гинекологија и акушерство во Општата болница.

Од раководството на Општата болница во Кочани го честитаа раѓањето на новиот жител на Зрновци и најавија дека се работи на кадровско подобрување и зајакнување на одделот за гинекологија и акушерство.

Во средината на идната година се очекува враќање од специјализација на четири гинеколози. 

The post Се роди првото бебе во 2023 година во општина Зрновци appeared first on Република.

]]>

Жителите на општина Зрновци конечно го дочекаа првото новороденче во 2023 година. На акушерското одделение при Општата болница со проширена дејност во Кочани се роди здраво машко бебе, како петта рожба во семејството на Тања и Горан Атанасови, кои веќе имаат четири сина. Градоначалникот на Зрновци Борчо Коцев денеска ги посети новороденчето и мајката во болницата, им врачи цвеќе и подароци и најави голема помош и поддршка за семејството. -Изразувам огромна благодарност до раководниот и акушерскиот медицински тим во болницата што овозможија породувањето да помине во најдобар ред. Со оглед што се работи за многудетно семејство во социјален ризик, нашата локална самоуправа, заедно со детската градинка „Бисерчиња“, ќе даде максимална поддршка. Бебето, кое ќе го носи името Мартин, ќе добие бесплатен петгодишен престој во градинката, потоа вредносен ваучер во висина од 50 илјади денари за потребните набавки од аптеките, а ќе спроведеме и процедура за доделување градежна парцела од 500 квадратни метри за изградба на нов дом за семејството. Четирите братчиња на новороденчето, кои се ученици во ОУ „Синиша Стоилов“ ќе добијат парична стипендија, истакна градоначалникот Коцев. Породувањето го извршил единствениот гинеколог со кој во моментот располага кочанската болница, а бебето се родило со тежина од околу 3,5 килограми и должина од 50 сантиметри. -Имаше спонтано пораѓање што го извршивме заедно со дежурните акушерки, новороденчето беше со добар апгар тест, го прегледа педијатар и ја следи неговата здравствена состојба. Наскоро мајката и бебето ќе бидат пуштени дома, истакна Илчо Атанасовски, специјалист по гинекологија и акушерство во Општата болница. Од раководството на Општата болница во Кочани го честитаа раѓањето на новиот жител на Зрновци и најавија дека се работи на кадровско подобрување и зајакнување на одделот за гинекологија и акушерство. Во средината на идната година се очекува враќање од специјализација на четири гинеколози. 

The post Се роди првото бебе во 2023 година во општина Зрновци appeared first on Република.

]]>
Родено првото бебе во 2023 во Пехчево https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/rodeno-prvoto-bebe-vo-2023-vo-pehchevo/ Tue, 21 Feb 2023 10:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=611444

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денес го посети првото новородено бебе во 2023 година во Пехчево, кое е момче и донесе среќа и бериќет во семејството Абдулови од село Црник, Пехчево.

Градоначалникот Китански и претставници од локалната самоуправа, денес официјално и честитаа на мајката Шарбина Абдулова. Среќната мајка ги прими честитките, а градоначалникот лично и ја додели наградата за првороденото дете во општината, пакет производи за бебиња и парична сума во висина од 6.000 денари, за секое првородено дете во општината и 5.000 денари за новородено дете.

Сакам да ви го честитам новороденото бебе, и посакувам на малиот Ајас да биде здрав, жив, весел, радоста да го следи во текот на целиот живот, а успесите и достигнувањата да не го одминат – истакна градоначалникот Александар Китански.

Среќна сум и имам голема чест што ме посети градоначалникот, а донесе и подароци за мојот син. Сепак мојот новороден син ми e најубавиот подарок и на сите им ја посакувам мајчинската среќа – изјави мајката Шарбина.

 

The post Родено првото бебе во 2023 во Пехчево appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денес го посети првото новородено бебе во 2023 година во Пехчево, кое е момче и донесе среќа и бериќет во семејството Абдулови од село Црник, Пехчево. Градоначалникот Китански и претставници од локалната самоуправа, денес официјално и честитаа на мајката Шарбина Абдулова. Среќната мајка ги прими честитките, а градоначалникот лично и ја додели наградата за првороденото дете во општината, пакет производи за бебиња и парична сума во висина од 6.000 денари, за секое првородено дете во општината и 5.000 денари за новородено дете. Сакам да ви го честитам новороденото бебе, и посакувам на малиот Ајас да биде здрав, жив, весел, радоста да го следи во текот на целиот живот, а успесите и достигнувањата да не го одминат – истакна градоначалникот Александар Китански. Среќна сум и имам голема чест што ме посети градоначалникот, а донесе и подароци за мојот син. Сепак мојот новороден син ми e најубавиот подарок и на сите им ја посакувам мајчинската среќа – изјави мајката Шарбина.  

The post Родено првото бебе во 2023 во Пехчево appeared first on Република.

]]>
Се роди Дона, првото бебе во Струмица за 2023 година https://republika.mk/vesti/makedonija/se-rodi-dona-prvoto-bebe-vo-strumitsa-za-2023-godina/ Tue, 03 Jan 2023 10:23:05 +0000 https://republika.mk/?p=593079

Првороденото бебе во новата 2023 година во струмичката болница е женско, а на свет го донесе Ани Ристова од село Еднокуќево, Општина Босилово.

Детете е родено вчера во 11:30 часот, а на родилката и е второ дете.

Мајката и бебето, кое го доби името Дона, ги посети советничката Елена Маѓеровска Паликарова која во име на градоначалникот Костадин Костадинов и Општината и врачи штедна книшка со 40.000 денари.

The post Се роди Дона, првото бебе во Струмица за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Првороденото бебе во новата 2023 година во струмичката болница е женско, а на свет го донесе Ани Ристова од село Еднокуќево, Општина Босилово. Детете е родено вчера во 11:30 часот, а на родилката и е второ дете. Мајката и бебето, кое го доби името Дона, ги посети советничката Елена Маѓеровска Паликарова која во име на градоначалникот Костадин Костадинов и Општината и врачи штедна книшка со 40.000 денари.

The post Се роди Дона, првото бебе во Струмица за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Ова е Ване, првото бебе родено во 2023 година https://republika.mk/zivot/zdravje/ova-e-vane-prvoto-bebe-rodeno-vo-2023-godina/ Sun, 01 Jan 2023 11:44:14 +0000 https://republika.mk/?p=592481

Првото бебе во 2023 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00:01 часот. Бебето го добило имато Ване.

Бебето е од машки пол, тешко е 3720 грама, долго е 51 сантиметар и е родено со Апгар 8/9.

Мајка на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани и тоа е нејзино прво дете.

Министрите за здравство Беким Сали и за труд и социјална политика Јована Тренчевска изутрина го посетија првото бебе и му подарија златник, а на родителите им честитаа за првата рожба.

Директорката на ГАК Викторија Јовановска соопшти дека породувањето за првото бебе е направено со царски рез.

Една минута после 12 се породи пацинетка и донесе на свет живо и здраво мако детенце, тешко 3.720 грама со 51 сантиметар. Мајката е првородка со повеќе ризици препратена тука од Кочани на клиника и е завршена со царски рез. После 12 часот се родија уште три бебиња и имаме две машки и две женски, изјави Јовановска.

 

The post Ова е Ване, првото бебе родено во 2023 година appeared first on Република.

]]>

Првото бебе во 2023 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00:01 часот. Бебето го добило имато Ване. Бебето е од машки пол, тешко е 3720 грама, долго е 51 сантиметар и е родено со Апгар 8/9. Мајка на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани и тоа е нејзино прво дете. Министрите за здравство Беким Сали и за труд и социјална политика Јована Тренчевска изутрина го посетија првото бебе и му подарија златник, а на родителите им честитаа за првата рожба. Директорката на ГАК Викторија Јовановска соопшти дека породувањето за првото бебе е направено со царски рез.
Една минута после 12 се породи пацинетка и донесе на свет живо и здраво мако детенце, тешко 3.720 грама со 51 сантиметар. Мајката е првородка со повеќе ризици препратена тука од Кочани на клиника и е завршена со царски рез. После 12 часот се родија уште три бебиња и имаме две машки и две женски, изјави Јовановска.
 

The post Ова е Ване, првото бебе родено во 2023 година appeared first on Република.

]]>