први септември Archives - Република https://republika.mk/tema/prvi-septemvri/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 17:13:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png први септември Archives - Република https://republika.mk/tema/prvi-septemvri/ 32 32 Од први септември 124 основни и средни училишта може да работат само прва смена https://republika.mk/vesti/makedonija/od-prvi-septemvri-124-osnovni-i-sredni-uchilishta-mozhe-da-rabotat-samo-prva-smena/ Mon, 19 Aug 2024 16:08:24 +0000 https://republika.mk/?p=808020

Од први септември 124 основни и средни училишта можат да почнат со настава во една смена. Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека со дел од училиштата сѐ уште се разговара, а дел веќе самостојно одлучиле од септември да почнат со едносменска настава.

Во тек е и анализата што ја прави Министерството за образование и наука, а ни помага и Светска банка, што точно ќе покаже кои училишта имаат можност да работат само во една смена. Според првичните сознанија, уште 50-тина училишта, со доградба на една до пет училници, би можеле да работат само во една смена, изјави министерката Јаневска.

Појасни дека овозможувањето едносменска настава е приоритет на Министерството и во следните неколку години ќе се вршат прилагодувања на сите училишта. Со тоа ќе се промени и самиот начин на учење и ангажирањето на наставниците, а за учениците ќе значи подолг престој во училиште исполнет со различни дополнителни наставни и воннаставни активности, кои во светот се покажале корисни во образовниот процес.

The post Од први септември 124 основни и средни училишта може да работат само прва смена appeared first on Република.

]]>

За десет дена ќе се знае дали новата учебна година ќе почне на први септември https://republika.mk/vesti/makedonija/za-deset-dena-ke-se-znae-dali-novata-uchebna-godina-ke-pochne-na-prvi-septemvri/ Thu, 06 Jul 2023 09:31:38 +0000 https://republika.mk/?p=658612

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека за десет дена МОН ќе излезе со став дали ќе има поместување на почетокот на учебната година од стандардниот термин 1 септември. Најави дека наредната недела пред Комисијата за човечки ресурси ќе ги претстави трите предлози за почеток и завршување на учебната година.

Ќе бидат вклучени униите на средношколците, но исто така и синдикатите за мислењата да ги слушнат членовите на Комисијата. Мислам дека во рок од десет дена ќе имаме конечен став кој од предлозите ќе биде прифатен, изјави Шаќири одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Форумот за реорганизација на училишната мрежа.

Првиот предлог до МОН е учебната година да почне како и досега - на 1 септември, вториот е да почне на 11 септември, без пролетен распуст, и да трае до средината на јуни, третиот предлог е да почне на 1 септември, да има пролетен распуст од пет дена и учебната година да заврши во средината на јуни.

Во врска со реакции во јавноста и кај наставници дека во новата наставна програма по предметот Македонски јазик за шесто одделение е изоставена темата за историјата на македонскиот јазик односно дека таа ќе се изучува во погорните одделенија, Шаќири одговори дека до неговиот кабинет не е стигната реакција.

Но, од овој момент штом има проблем, јас ќе ги повикам. Но на истиот состанок ќе треба да бидат присутни и претставници од Бирото за развој на образование, како институција која ја има предложено програмата за тој предмет, рече министерот Шаќири.

The post За десет дена ќе се знае дали новата учебна година ќе почне на први септември appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека за десет дена МОН ќе излезе со став дали ќе има поместување на почетокот на учебната година од стандардниот термин 1 септември. Најави дека наредната недела пред Комисијата за човечки ресурси ќе ги претстави трите предлози за почеток и завршување на учебната година.
Ќе бидат вклучени униите на средношколците, но исто така и синдикатите за мислењата да ги слушнат членовите на Комисијата. Мислам дека во рок од десет дена ќе имаме конечен став кој од предлозите ќе биде прифатен, изјави Шаќири одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Форумот за реорганизација на училишната мрежа.
Првиот предлог до МОН е учебната година да почне како и досега - на 1 септември, вториот е да почне на 11 септември, без пролетен распуст, и да трае до средината на јуни, третиот предлог е да почне на 1 септември, да има пролетен распуст од пет дена и учебната година да заврши во средината на јуни. Во врска со реакции во јавноста и кај наставници дека во новата наставна програма по предметот Македонски јазик за шесто одделение е изоставена темата за историјата на македонскиот јазик односно дека таа ќе се изучува во погорните одделенија, Шаќири одговори дека до неговиот кабинет не е стигната реакција.