првата конференција „Чувари на мудроста“ Archives - Република https://republika.mk/tema/prvata-konferentsija-chuvari-na-mudrosta/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Mar 2023 10:05:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png првата конференција „Чувари на мудроста“ Archives - Република https://republika.mk/tema/prvata-konferentsija-chuvari-na-mudrosta/ 32 32 Во Скопје ќе се одржи првата конференција „Чувари на мудроста“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-skopje-ke-se-odrzhi-prvata-konferentsija-chuvari-na-mudrosta/ Mon, 06 Mar 2023 10:05:58 +0000 https://republika.mk/?p=616342

На 31 март ќе се одржи првата конференција „Чувари на мудроста“ на која ќе говорат успешни новинари, стопанственици, уметници, културни работници, професори.

Во време на брзо живеење, зависност од дигитални технологии и алатки за вештачка интелигенција, младите генерации често забораваат на вредноста и важноста на советот и искуството од повозрасните, од оние кои зад себе оставиле многу.

Со цел да им даде глас на припадниците на повозрасните генерации, Халкбанк ја започна кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“, која е наменета на генерациите пред нас, на оние кои нè пораснаа и нѝ го покажа патот по кој чекориме денес.

На првата конференција „Чувари на мудроста“ ќе се дискутираат интересни теми за значењето на професионалната надградба и кариерниот развој, економија, претприемништвото, значењето на културната едукација. Целната публика се пред сè младите луѓе и токму затоа покани за присуство ќе бидат испратени до младински граѓански организации, студенти, млади претприемачи итн.

Кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ започна во октомври минатата година. Во рамки на истата се спроведоа повеќе активности меѓу кои акцијата „На кино со баба и дедо“ во рамки на која во повеќе градови во Македонија се прикажуваа македонски филмови. Исто така, во пресрет на новогодишните празници, во повеќе домови за стари лица се организираа игранки со истакната естрадни уметници.

The post Во Скопје ќе се одржи првата конференција „Чувари на мудроста“ appeared first on Република.

]]>

На 31 март ќе се одржи првата конференција „Чувари на мудроста“ на која ќе говорат успешни новинари, стопанственици, уметници, културни работници, професори. Во време на брзо живеење, зависност од дигитални технологии и алатки за вештачка интелигенција, младите генерации често забораваат на вредноста и важноста на советот и искуството од повозрасните, од оние кои зад себе оставиле многу. Со цел да им даде глас на припадниците на повозрасните генерации, Халкбанк ја започна кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“, која е наменета на генерациите пред нас, на оние кои нè пораснаа и нѝ го покажа патот по кој чекориме денес. На првата конференција „Чувари на мудроста“ ќе се дискутираат интересни теми за значењето на професионалната надградба и кариерниот развој, економија, претприемништвото, значењето на културната едукација. Целната публика се пред сè младите луѓе и токму затоа покани за присуство ќе бидат испратени до младински граѓански организации, студенти, млади претприемачи итн. Кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ започна во октомври минатата година. Во рамки на истата се спроведоа повеќе активности меѓу кои акцијата „На кино со баба и дедо“ во рамки на која во повеќе градови во Македонија се прикажуваа македонски филмови. Исто така, во пресрет на новогодишните празници, во повеќе домови за стари лица се организираа игранки со истакната естрадни уметници.

The post Во Скопје ќе се одржи првата конференција „Чувари на мудроста“ appeared first on Република.

]]>