прв меѓународен медицински траспорт со хеликоптер Archives - Република https://republika.mk/tema/prv-megunaroden-meditsinski-trasport-so-helikopter/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Feb 2024 10:15:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прв меѓународен медицински траспорт со хеликоптер Archives - Република https://republika.mk/tema/prv-megunaroden-meditsinski-trasport-so-helikopter/ 32 32 Три месеци се подготвувал првиот меѓународен лет за медицински транспорт со хеликоптер со кој 18-годишниот Леонид Индов замина за Виена на лекување https://republika.mk/vesti/makedonija/tri-mesetsi-se-podgotvuval-prviot-megunaroden-let-za-meditsinski-transport-so-helikopter-so-koj-18-godishniot-leonid-indov-zamina-za-viena-na-lekuvane/ Tue, 06 Feb 2024 10:10:30 +0000 https://republika.mk/?p=740869

Три месеци траела подготовката и обуката на медицинскиот персонал од ГОБ „8 Септември“ кој денеска заедно со 18-годишниот пациент Леонид Индов замина во Виена, со првиот меѓунроден лет за медицински транспорт со хеликоптер.

Рано утринава во 6.30 часот, персоналот и управата на Градската Општа Болница „8.Септември“, доц. Д-р Татјана Тројиќ спец. анестезиолог, д-р Јасмина Панова спец. анестезиолог, мед.сестра анестет. Марина Јанчева и проф. д-р Христијан Костов, со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски го организираа првиот меѓународен лет во историјата на современата македонска држава со хеликоптер од Одделот за воздухопловни единици при МВР со кој за медицинско лекување беше транспортиран пациентот Индов од Скопје до Виена, Австрија.

Ова не е едноставен транспорт, напротив, многу е ризично, бидејќи пациентот не дише самостојно, туку со респиратор. Затоа и е потребен ваков транспорт. Три месеци се подготовувавме за ова. Екипата која го придружува пациентот е одлична и е обучена за вакви патувања. За Македонија, ова е историски чин и многу е важно да се истакне дека транспортот е бесплатен и му следува на секој осигуреник во Макеоднија, изјави за „Република“ директорот на ГОБ „8 Септември“, проф. д-р Костов.

Костов вели дека досега низ Македонија се медицинскиот хеликоптер се превезувале пацинети, но ова е првпат хеликоптерот да лета во странство.

Скопје - Осјек - Виена е рутата по која се движи Медикоптерот. Индов ќе биде транспортиран до главниот град на Австрија, екипата се враќа утре. Тој ќе се лекува во центар за рехабилитација во Виена.

Во најкраток временски период се докажа подготвеноста и кооперативноста на МВР и  ГОБ „8 Септември“, со поддршка од Министерството за здравство, со цел подобрување на услугите за граѓаните преку обезбедување на медицинска помош на пациенти на кои им е потребен итен транспорт до други здравствени установи, вели д-р Костов.

Медикоптерот, „бел 212“, е на Министерството за внатрешни работи, опремен е со медицинска опрема за итен транспорт на високоризични пациенти, а беше промовиран во декември минатата година, на хелиодромот на Општа болница Битола.

18-годишниот Индов летово доживеа тешка несреќа. Тој е ученик во Математичко-информатичката гимназија кој со своите другари изработија апликација што го анализира и проучува движењето на Меѓународната вселенска станица и го освоија првото место на меѓународниот натпревар NASA Space Apps Challenge.

https://youtu.be/fX4qYD-NG-s?si=KIpUHHXiAPV0WQO6

 

The post Три месеци се подготвувал првиот меѓународен лет за медицински транспорт со хеликоптер со кој 18-годишниот Леонид Индов замина за Виена на лекување appeared first on Република.

]]>

Три месеци траела подготовката и обуката на медицинскиот персонал од ГОБ „8 Септември“ кој денеска заедно со 18-годишниот пациент Леонид Индов замина во Виена, со првиот меѓунроден лет за медицински транспорт со хеликоптер. Рано утринава во 6.30 часот, персоналот и управата на Градската Општа Болница „8.Септември“, доц. Д-р Татјана Тројиќ спец. анестезиолог, д-р Јасмина Панова спец. анестезиолог, мед.сестра анестет. Марина Јанчева и проф. д-р Христијан Костов, со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски го организираа првиот меѓународен лет во историјата на современата македонска држава со хеликоптер од Одделот за воздухопловни единици при МВР со кој за медицинско лекување беше транспортиран пациентот Индов од Скопје до Виена, Австрија.
Ова не е едноставен транспорт, напротив, многу е ризично, бидејќи пациентот не дише самостојно, туку со респиратор. Затоа и е потребен ваков транспорт. Три месеци се подготовувавме за ова. Екипата која го придружува пациентот е одлична и е обучена за вакви патувања. За Македонија, ова е историски чин и многу е важно да се истакне дека транспортот е бесплатен и му следува на секој осигуреник во Макеоднија, изјави за „Република“ директорот на ГОБ „8 Септември“, проф. д-р Костов.
Костов вели дека досега низ Македонија се медицинскиот хеликоптер се превезувале пацинети, но ова е првпат хеликоптерот да лета во странство. Скопје - Осјек - Виена е рутата по која се движи Медикоптерот. Индов ќе биде транспортиран до главниот град на Австрија, екипата се враќа утре. Тој ќе се лекува во центар за рехабилитација во Виена.
Во најкраток временски период се докажа подготвеноста и кооперативноста на МВР и  ГОБ „8 Септември“, со поддршка од Министерството за здравство, со цел подобрување на услугите за граѓаните преку обезбедување на медицинска помош на пациенти на кои им е потребен итен транспорт до други здравствени установи, вели д-р Костов.
Медикоптерот, „бел 212“, е на Министерството за внатрешни работи, опремен е со медицинска опрема за итен транспорт на високоризични пациенти, а беше промовиран во декември минатата година, на хелиодромот на Општа болница Битола. 18-годишниот Индов летово доживеа тешка несреќа. Тој е ученик во Математичко-информатичката гимназија кој со своите другари изработија апликација што го анализира и проучува движењето на Меѓународната вселенска станица и го освоија првото место на меѓународниот натпревар NASA Space Apps Challenge. https://youtu.be/fX4qYD-NG-s?si=KIpUHHXiAPV0WQO6  

The post Три месеци се подготвувал првиот меѓународен лет за медицински транспорт со хеликоптер со кој 18-годишниот Леонид Индов замина за Виена на лекување appeared first on Република.

]]>