Прозарт Archives - Република https://republika.mk/tema/prozart/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 09:25:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Прозарт Archives - Република https://republika.mk/tema/prozart/ 32 32 Доделување на наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало вечерва во Даут Пашин амам https://republika.mk/vesti/kultura/dodeluvane-na-nagradata-prozart-na-vladimir-pishtalo-vecherva-vo-daut-pashin-amam/ Tue, 17 Sep 2024 09:25:06 +0000 https://republika.mk/?p=817038

Српскиот писател Владимир Пиштало е годинешниот лауреат на наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот. Наградата ќе му биде доделена на Пиштало вечерва за време на затворањето на фестивалот во Даут Пашин амам.

Станува збор за писател што ги означи еволуцијата и достигнувањата на современата српска проза при крајот на 20 и почетокот на 21 век, како што стои во образложението за доделување на наградата.

Тоа што го возбудува секој приврзан читател кон прозата на Пиштало, е еден многу редок спој на изграден стил и експериментаторски нагон: тој како шетач низ просторот и времето многу внимателно ги забележува деталите на животот, а од друга страна го искушува обликот на пишување. Оттаму наградата „Прозарт“ сосема заслужено и праведно припаѓа на еден од големите балкански мајстори и иницијатори на создавањето врвна проза на овие простори, се вели во образложението за доделувањето на „Прозарт“.

Претседател на жири комисијата за доделување на наградата е проф. д-р Ермис Лафазановски, а членови се проф. д-р Александар Прокопиев и Дејан Трајкоски.

Владимир Пиштало е роден во Сараево во 1960 година. Израснал во Мостар, Краљево и Белград, каде завршил основно училиште и гимназија. Студирал право во Белград и Сараево. Завршил докторски студии на Светска историја и Американска историја на Универзитетот во Њу Хемпшир во САД.

Пиштало верува дека добро воочените и остро изразените детали ни обезбедуваат порта кон другиот свет.

Тој ја објавил својата прва приказна во списание уште кога имал 18 години, а првата книга на 21 година. Како студент ја основал книжевната група „Белградско производство на соништата“. Објавил 14 книги белетристика, од поетска проза до романи – „Сликовница“, „Ноќи“, „Манифести“, „Крајот на векот“, „Корто Малтезе“, „Витраж во сеќавањето“, „Александрида“, „Приказни од целиот свет“, „Милениум во Белград“, „Тесла, портрет со маски“, „Венеција“, „Сонцето на овој ден: писмо до Андриќ“, „Значењето на Џокерот“ и „Песната за три света“. Неговите раскази се вклучени во сите поголеми антологии на српската проза.

Пиштало ја има добиено наградата „Милош Ѓуриќ“ за преводот на песните на Чарлс Симиќ. Неговиот роман „Тесла, портрет со маски“ е награден со книжевната награда НИН за најдобар роман, што е најпрестижната литературна награда во Србија. Ја има добиено и наградата на Народната библиотека на Србија за најчитана книга во библиотеките на Србија во 2009 година. Ги добил и наградите Меша Селимовиќ и Бора Станковиќ. Делови од неговиот роман за Тесла се вклучени во училишната програма за средните училишта во Србија. Неговиот роман „Милениум во Белград“ беше финалист за Prix Femina за најдобар преведен роман во Франција меѓу 700 романи во 2008 година.

Освен Пиштало, гости на 12. издание на Фестивалот ќе бидат познатиот хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш од Бугарија, Мајк Дауни од Велика Британија, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија и домашните претставници Виолета Танчева-Златева и Ѕвездан Георгиевски.

Во рамките на ПРО-ЗА Балкан, годинава се одржува 11. програма „Скопје фелоушип“, која се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија, а ко-финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.

The post Доделување на наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало вечерва во Даут Пашин амам appeared first on Република.

]]>

Српскиот писател Владимир Пиштало е годинешниот лауреат на наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот. Наградата ќе му биде доделена на Пиштало вечерва за време на затворањето на фестивалот во Даут Пашин амам. Станува збор за писател што ги означи еволуцијата и достигнувањата на современата српска проза при крајот на 20 и почетокот на 21 век, како што стои во образложението за доделување на наградата.
Тоа што го возбудува секој приврзан читател кон прозата на Пиштало, е еден многу редок спој на изграден стил и експериментаторски нагон: тој како шетач низ просторот и времето многу внимателно ги забележува деталите на животот, а од друга страна го искушува обликот на пишување. Оттаму наградата „Прозарт“ сосема заслужено и праведно припаѓа на еден од големите балкански мајстори и иницијатори на создавањето врвна проза на овие простори, се вели во образложението за доделувањето на „Прозарт“.
Претседател на жири комисијата за доделување на наградата е проф. д-р Ермис Лафазановски, а членови се проф. д-р Александар Прокопиев и Дејан Трајкоски. Владимир Пиштало е роден во Сараево во 1960 година. Израснал во Мостар, Краљево и Белград, каде завршил основно училиште и гимназија. Студирал право во Белград и Сараево. Завршил докторски студии на Светска историја и Американска историја на Универзитетот во Њу Хемпшир во САД. Пиштало верува дека добро воочените и остро изразените детали ни обезбедуваат порта кон другиот свет. Тој ја објавил својата прва приказна во списание уште кога имал 18 години, а првата книга на 21 година. Како студент ја основал книжевната група „Белградско производство на соништата“. Објавил 14 книги белетристика, од поетска проза до романи – „Сликовница“, „Ноќи“, „Манифести“, „Крајот на векот“, „Корто Малтезе“, „Витраж во сеќавањето“, „Александрида“, „Приказни од целиот свет“, „Милениум во Белград“, „Тесла, портрет со маски“, „Венеција“, „Сонцето на овој ден: писмо до Андриќ“, „Значењето на Џокерот“ и „Песната за три света“. Неговите раскази се вклучени во сите поголеми антологии на српската проза. Пиштало ја има добиено наградата „Милош Ѓуриќ“ за преводот на песните на Чарлс Симиќ. Неговиот роман „Тесла, портрет со маски“ е награден со книжевната награда НИН за најдобар роман, што е најпрестижната литературна награда во Србија. Ја има добиено и наградата на Народната библиотека на Србија за најчитана книга во библиотеките на Србија во 2009 година. Ги добил и наградите Меша Селимовиќ и Бора Станковиќ. Делови од неговиот роман за Тесла се вклучени во училишната програма за средните училишта во Србија. Неговиот роман „Милениум во Белград“ беше финалист за Prix Femina за најдобар преведен роман во Франција меѓу 700 романи во 2008 година. Освен Пиштало, гости на 12. издание на Фестивалот ќе бидат познатиот хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш од Бугарија, Мајк Дауни од Велика Британија, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија и домашните претставници Виолета Танчева-Златева и Ѕвездан Георгиевски. Во рамките на ПРО-ЗА Балкан, годинава се одржува 11. програма „Скопје фелоушип“, која се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија, а ко-финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.

The post Доделување на наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало вечерва во Даут Пашин амам appeared first on Република.

]]>
Орор Туја од „Галимар“, Пелин Јилмаз од „Епсилон“, Катја Кац од КУД „Содобност Интернационал“ и Владислав Бајац од „Геополитика“ на 10. издание на ПРО-ЗА Балкан https://republika.mk/vesti/kultura/oror-tuja-od-galimar-pelin-jilmaz-od-epsilon-katja-kac-od-kud-sodobnost-internacional-i-vladislav-bajac-od-geopolitika-na-10-izdanie-na-pro-za-balkan/ Tue, 06 Sep 2022 07:37:45 +0000 https://republika.mk/?p=547842

Најважната издавачка куќа за квалитетна литература во Европа со своја претставничка ќе биде дел од програмата „Скопје фелоушип“, на претстојниот 10. Интернационален фестивал на литературата „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје. Орор Туја, уредничка и координаторка за странска литература во францускиот издавач ќе гостува на јубилејниот фестивал, а со неа ќе имaат можност да се запознаат и македонските автори и издавачки куќи. Туја е задолжена за преводите од германски, холандски, од јазиците од Источна и Централна Европа, а од минатата година ја координира и програмата на изданието Du Monde Entier во Галимар, меѓународно издание кое во 2021 година наполни 90 години. Токму во издание на „Галимар“, деновиве ќе излезе и француското издание на книгата „Мојот маж“ на македонската писателка Румена Бужаровска.

Во програмата „Скопје фелоушип“ вообичаено учествуваат врвни издавачи и литературни агенти од цел свет, со цел македонската литература да се доближи до светот. Наш ценет гостин ќе биде и писателот Владимир Бајац, кој е првиот лауреат на „Прозарт“ на фестивалот. Тој ќе биде дел и од „Скопје фелоушип“ програмата, претставувајќи ја својата издавачка куќа „Геопоетика“.

Учесници во оваа програма се и: Пелин Јилмаз од издавачката група „Епсилон“ и Катја Кац од КУД „Содобност Интернационал“. Тие ќе учествуваат на тркалезна маса на вториот фестивалски ден и ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи.

Орор Туја (Aurore Touya) (Париз, 1983) е уредник и координатор за странска литература во француската издавачка куќа Editions Gallimard. По студиите по француска и компаративна книжевност на École Normale Supérieure (Лион, 2003-2006), ја напишала својата магистерската теза на Универзитетот во Калифорнија (Беркли, 2007) и одбранила докторска теза по компаративна книжевност на Универзитетот во Сорбона. Таа е рецензент и преведувач на изданијата на Кристијан Бургоа, а преведувала и филмски сценарија и романи од англиски, германски и од шпански јазик. Од 2011 до 2016 година работела како уредничка на изданието Bibliothèque de la Pléiade во „Галимар“, а потоа се вработила во одделот за странска литература во истата куќа.

Владислав Бајац е роден во 1954 година во Србија. Студирал Општа и југословенска книжевност на Филолошкиот факултет во Белград и работел како новинар и преведувач до 1993 година, кога ја основал издавачката куќа „Геопоетика“, а од 2008 до 2010 година бил и потпретседател на српскиот ПЕН-центар. Бајац има напишано повеќе романи, збирки раскази, збирки поезија. Добитник е на многу светски награди за своите дела. Двапати ја освојувал наградата на Итан – Меѓународен конкурс за хаику поезија во Токио, прво во 1991, а потоа и во 1993 година.

Меѓу неговите збирки со кратки раскази се „Европа на грбот на бикот“, издадена во 1998 година, и „Подметка за сништа“, издадена во 1992, за која ја освоил и наградата „Стеван Пешиќ“ за најдобра проза на годината. За „Црна кутија“ издадена во 1993 година ја добил наградата „Борислав Пекиќ“, „Друидот од Синдидун“ издадена во 1998 година е роман кој освоил две награди „Бранко Ќопиќ“, што ја доделува Српската академија на науките и уметностите и „Шести април“. Неговиот четврт роман „Бегство од биографија“ бил добитник на „Хит либрис“, додека „Европа експрес“ ја добил македонската наградата „Златен прстен“ во 2003 година. Романот „Амамот Балканија“ ја доби меѓународната награда „Балканика“ за најдобра книга во 2008 година. Бајац е добитник на 20-ина релевантни награди и 10-ина номинации. Неговите дела се преведени на 20-ина светски јазици и многу од нив се адаптирани за театарски претстави.

Пелин Јилмаз работи во издавачката група „Епсилон“ од 2019 година како менаџерка за странски права. Нејзините главни одговорности во издавачката група се проектен менаџмент, корпоративна продажба и маркетинг. Од 2020 година е исклучиво одговорна за Одделот за права. Целта им е нивните книги да патуваат низ светот. Нивните наслови се преведени на многу јазици: англиски, француски, шпански, италијански, полски, словенечки, корејски, кинески, арапски, итн... Нејзината цел е да одржува одржлив однос со меѓународните издавачи и менаџерите за странски права.

Катја Кац (1992) дипломирала на културолошките студии на Факултетот за општествени науки во Љубљана. Од 2012 до 2014 година, работела на музичкиот фестивал „Годибоди” како координатор за гости и уметници. Работела и на европската промоција на најголемиот словенечки фестивал на отворено, „Фестивалскиот пост“ од 2011 година. Во 2014 година била потпретседател, работела на грантови, односи со јавност и промоција. Во 2013 година соработувала со Хуманиот центар за историја и култура на Источно-Централна Европа. Од јуни 2015 година работи во КУД „Содобност Интернационал“ како проект-менаџер и менаџер за странски права. Од мај 2016 година, таа е вклучена во проектите „Нашата мала библиотека“ (DG EAC го нарече проектот OLL како „успешна приказна“), „Книгите ги поврзуваат световите“ и „Спремни за читање“. Била проект-менаџер на проектот за соработка со ЕУ „Нашата мала библиотека: Ајде да запознаеме детски автори и илустратори“.

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е „Прозарт медиа“. Поддржувачи се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотека, СПОНА, Национална Галерија.

 

 

 

The post Орор Туја од „Галимар“, Пелин Јилмаз од „Епсилон“, Катја Кац од КУД „Содобност Интернационал“ и Владислав Бајац од „Геополитика“ на 10. издание на ПРО-ЗА Балкан appeared first on Република.

]]>

Најважната издавачка куќа за квалитетна литература во Европа со своја претставничка ќе биде дел од програмата „Скопје фелоушип“, на претстојниот 10. Интернационален фестивал на литературата „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје. Орор Туја, уредничка и координаторка за странска литература во францускиот издавач ќе гостува на јубилејниот фестивал, а со неа ќе имaат можност да се запознаат и македонските автори и издавачки куќи. Туја е задолжена за преводите од германски, холандски, од јазиците од Источна и Централна Европа, а од минатата година ја координира и програмата на изданието Du Monde Entier во Галимар, меѓународно издание кое во 2021 година наполни 90 години. Токму во издание на „Галимар“, деновиве ќе излезе и француското издание на книгата „Мојот маж“ на македонската писателка Румена Бужаровска. Во програмата „Скопје фелоушип“ вообичаено учествуваат врвни издавачи и литературни агенти од цел свет, со цел македонската литература да се доближи до светот. Наш ценет гостин ќе биде и писателот Владимир Бајац, кој е првиот лауреат на „Прозарт“ на фестивалот. Тој ќе биде дел и од „Скопје фелоушип“ програмата, претставувајќи ја својата издавачка куќа „Геопоетика“. Учесници во оваа програма се и: Пелин Јилмаз од издавачката група „Епсилон“ и Катја Кац од КУД „Содобност Интернационал“. Тие ќе учествуваат на тркалезна маса на вториот фестивалски ден и ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи. Орор Туја (Aurore Touya) (Париз, 1983) е уредник и координатор за странска литература во француската издавачка куќа Editions Gallimard. По студиите по француска и компаративна книжевност на École Normale Supérieure (Лион, 2003-2006), ја напишала својата магистерската теза на Универзитетот во Калифорнија (Беркли, 2007) и одбранила докторска теза по компаративна книжевност на Универзитетот во Сорбона. Таа е рецензент и преведувач на изданијата на Кристијан Бургоа, а преведувала и филмски сценарија и романи од англиски, германски и од шпански јазик. Од 2011 до 2016 година работела како уредничка на изданието Bibliothèque de la Pléiade во „Галимар“, а потоа се вработила во одделот за странска литература во истата куќа. Владислав Бајац е роден во 1954 година во Србија. Студирал Општа и југословенска книжевност на Филолошкиот факултет во Белград и работел како новинар и преведувач до 1993 година, кога ја основал издавачката куќа „Геопоетика“, а од 2008 до 2010 година бил и потпретседател на српскиот ПЕН-центар. Бајац има напишано повеќе романи, збирки раскази, збирки поезија. Добитник е на многу светски награди за своите дела. Двапати ја освојувал наградата на Итан – Меѓународен конкурс за хаику поезија во Токио, прво во 1991, а потоа и во 1993 година. Меѓу неговите збирки со кратки раскази се „Европа на грбот на бикот“, издадена во 1998 година, и „Подметка за сништа“, издадена во 1992, за која ја освоил и наградата „Стеван Пешиќ“ за најдобра проза на годината. За „Црна кутија“ издадена во 1993 година ја добил наградата „Борислав Пекиќ“, „Друидот од Синдидун“ издадена во 1998 година е роман кој освоил две награди „Бранко Ќопиќ“, што ја доделува Српската академија на науките и уметностите и „Шести април“. Неговиот четврт роман „Бегство од биографија“ бил добитник на „Хит либрис“, додека „Европа експрес“ ја добил македонската наградата „Златен прстен“ во 2003 година. Романот „Амамот Балканија“ ја доби меѓународната награда „Балканика“ за најдобра книга во 2008 година. Бајац е добитник на 20-ина релевантни награди и 10-ина номинации. Неговите дела се преведени на 20-ина светски јазици и многу од нив се адаптирани за театарски претстави. Пелин Јилмаз работи во издавачката група „Епсилон“ од 2019 година како менаџерка за странски права. Нејзините главни одговорности во издавачката група се проектен менаџмент, корпоративна продажба и маркетинг. Од 2020 година е исклучиво одговорна за Одделот за права. Целта им е нивните книги да патуваат низ светот. Нивните наслови се преведени на многу јазици: англиски, француски, шпански, италијански, полски, словенечки, корејски, кинески, арапски, итн... Нејзината цел е да одржува одржлив однос со меѓународните издавачи и менаџерите за странски права. Катја Кац (1992) дипломирала на културолошките студии на Факултетот за општествени науки во Љубљана. Од 2012 до 2014 година, работела на музичкиот фестивал „Годибоди” како координатор за гости и уметници. Работела и на европската промоција на најголемиот словенечки фестивал на отворено, „Фестивалскиот пост“ од 2011 година. Во 2014 година била потпретседател, работела на грантови, односи со јавност и промоција. Во 2013 година соработувала со Хуманиот центар за историја и култура на Источно-Централна Европа. Од јуни 2015 година работи во КУД „Содобност Интернационал“ како проект-менаџер и менаџер за странски права. Од мај 2016 година, таа е вклучена во проектите „Нашата мала библиотека“ (DG EAC го нарече проектот OLL како „успешна приказна“), „Книгите ги поврзуваат световите“ и „Спремни за читање“. Била проект-менаџер на проектот за соработка со ЕУ „Нашата мала библиотека: Ајде да запознаеме детски автори и илустратори“. Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е „Прозарт медиа“. Поддржувачи се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотека, СПОНА, Национална Галерија.      

The post Орор Туја од „Галимар“, Пелин Јилмаз од „Епсилон“, Катја Кац од КУД „Содобност Интернационал“ и Владислав Бајац од „Геополитика“ на 10. издание на ПРО-ЗА Балкан appeared first on Република.

]]>