Процесот за соработка во Југоисточна Европа Archives - Република https://republika.mk/tema/protsesot-za-sorabotka-vo-jugoistochna-evropa/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Jun 2024 09:12:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Процесот за соработка во Југоисточна Европа Archives - Република https://republika.mk/tema/protsesot-za-sorabotka-vo-jugoistochna-evropa/ 32 32 Цело Скопје блокирано: Почна Процесот за соработка во Југоисточна Европа https://republika.mk/vesti/makedonija/tselo-skopje-blokirano-pochna-protsesot-za-sorabotka-vo-jugoistochna-evropa/ Thu, 13 Jun 2024 09:09:26 +0000 https://republika.mk/?p=787140

Претседавачот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и министер за надворешни работи, Бујар Османи ја отвори пленарната сесија на министерскиот состанок, што се одржува во рамки на нашето едногодишно претседавање со Процесот, под мотото „Премостувајќи Поделби, Градејќи Доверба”.

Како што соопшти МНР, Османи се заблагодари за поддршката од Советот за регионална соработка (RСС) при реализирање на активностите при што, како што истакна, „Оставаме зад нас една успешна година, со бројни постигнувања на полето на регионалната соработка, а особено значаен е постигнатиот консензус за избор на нов Генерален секретар на RСС“.

-Да ги наведам уште еднаш нашите основачки документи кои укажуваат на основната цел на нашиот регионален процес: ‘Добрососески односи, стабилност, безбедност и соработка во Jугоисточна Eвропа’ и стремежот за ‘Интегрирање на нашите земји во евроатлантското семејство на слободни и демократски нации’, кои се релевантни и применливи денес исто како и во минатото, нагласи Османи.

Османи рече дека учесниците во Процесот имаат постигнато важни резултати во бројни области, но дека морат да ги удвојат напорите до крајната цел - членство во ЕУ за сите учесниците на ПСЈИЕ.

-Проширувањето на ЕУ е еден од најуспешните мировни проекти на европскиот континент кој носи незаменлива вредност во градењето отпорни општества и постигнувањето економски напредок и просперитет, истакна Османи, повторувајќи дека повеќе интеграција пред членството претставува соодветно решение за долгогодишните предизвици со кои се соочуваме.

По отвореното обраќање на Османи следуваат обраќања на шефовите на делегации на 13 учесници, претставници на ЕУ и РСС, по што агендата продолжува со усвојување на Годишниот извештај на РСС, дискусија на тема избор на Генерален секретар на РСС и одобрување на Декларацијата на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што ќе се одржи попладнево

The post Цело Скопје блокирано: Почна Процесот за соработка во Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>

Претседавачот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и министер за надворешни работи, Бујар Османи ја отвори пленарната сесија на министерскиот состанок, што се одржува во рамки на нашето едногодишно претседавање со Процесот, под мотото „Премостувајќи Поделби, Градејќи Доверба”. Како што соопшти МНР, Османи се заблагодари за поддршката од Советот за регионална соработка (RСС) при реализирање на активностите при што, како што истакна, „Оставаме зад нас една успешна година, со бројни постигнувања на полето на регионалната соработка, а особено значаен е постигнатиот консензус за избор на нов Генерален секретар на RСС“. -Да ги наведам уште еднаш нашите основачки документи кои укажуваат на основната цел на нашиот регионален процес: ‘Добрососески односи, стабилност, безбедност и соработка во Jугоисточна Eвропа’ и стремежот за ‘Интегрирање на нашите земји во евроатлантското семејство на слободни и демократски нации’, кои се релевантни и применливи денес исто како и во минатото, нагласи Османи. Османи рече дека учесниците во Процесот имаат постигнато важни резултати во бројни области, но дека морат да ги удвојат напорите до крајната цел - членство во ЕУ за сите учесниците на ПСЈИЕ.
-Проширувањето на ЕУ е еден од најуспешните мировни проекти на европскиот континент кој носи незаменлива вредност во градењето отпорни општества и постигнувањето економски напредок и просперитет, истакна Османи, повторувајќи дека повеќе интеграција пред членството претставува соодветно решение за долгогодишните предизвици со кои се соочуваме.
По отвореното обраќање на Османи следуваат обраќања на шефовите на делегации на 13 учесници, претставници на ЕУ и РСС, по што агендата продолжува со усвојување на Годишниот извештај на РСС, дискусија на тема избор на Генерален секретар на РСС и одобрување на Декларацијата на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што ќе се одржи попладнево

The post Цело Скопје блокирано: Почна Процесот за соработка во Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>
Jaков Милатовиќ, Марко Ѓуриќ, Вјоса Османи во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/jakov-milatovik-marko-gurik-vjosa-osmani-vo-skopje/ Thu, 13 Jun 2024 07:18:28 +0000 https://republika.mk/?p=787100

Самит на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Состанок на министрите за надворешни работи на Процесот, ќе се одржи денеска во Скопје како завршна активност во рамки на македонското претседавање со Процесот под мотото „Премостување на поделбите, градење доверба“.

На Самитот, своето учество го потврдиле претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи на Република Србија, Марко Ѓуриќ, министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, заменик-министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Иван Кондов, државниот секретар на МНР на Молдавија, Сергеј Михов, државната секретарка на МНР на Романија, Даниела Гитман, амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, заменик управниот директор во Европската служба за надворешни работи на ЕУ, Марко Маковец, генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу и претставничката од Европската Комисија, Ана Везироглу.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе биде домаќин на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во ПСЈИЕ, во рамки на кој, како што најавија од Кабинетот на Сиљановска Давкова, е предвиден пленарен состанок на шефовите на делегациите по што ќе следува заедничка прес-конференција на актуелниот, претходниот и идниот претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во својство на Претседавач со ПСЈИЕ ќе биде домаќин на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот, на кој, како што информираат, учество ќе земат делегациите од 13 учесници во Процесот, претставници на Европската Унија и Регионалниот совет за соработка (RCC).

Процесот за соработка во Југоисточна Европа, како форум за регионална соработка е основан во 1996 година и ги вклучува сите 13 учесници од југоисточна Европа со цел изнаоѓање на решение за регионалните прашања, јакнење на добрососедските односи, промовирање на дијалог и соработка и поттикнување на европската и евроатлантската интеграција на земјите од Југоисточна Европа. Во таа насока, главните цели на ПСЈИЕ се унапредување на политичката и безбедносната соработка, поттикнување на економската соработка и проширување на соработката во областа на човековите права, демократијата и правдата.

The post Jaков Милатовиќ, Марко Ѓуриќ, Вјоса Османи во Скопје appeared first on Република.

]]>

Самит на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Состанок на министрите за надворешни работи на Процесот, ќе се одржи денеска во Скопје како завршна активност во рамки на македонското претседавање со Процесот под мотото „Премостување на поделбите, градење доверба“. На Самитот, своето учество го потврдиле претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи на Република Србија, Марко Ѓуриќ, министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, заменик-министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Иван Кондов, државниот секретар на МНР на Молдавија, Сергеј Михов, државната секретарка на МНР на Романија, Даниела Гитман, амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, заменик управниот директор во Европската служба за надворешни работи на ЕУ, Марко Маковец, генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу и претставничката од Европската Комисија, Ана Везироглу. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе биде домаќин на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во ПСЈИЕ, во рамки на кој, како што најавија од Кабинетот на Сиљановска Давкова, е предвиден пленарен состанок на шефовите на делегациите по што ќе следува заедничка прес-конференција на актуелниот, претходниот и идниот претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во својство на Претседавач со ПСЈИЕ ќе биде домаќин на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот, на кој, како што информираат, учество ќе земат делегациите од 13 учесници во Процесот, претставници на Европската Унија и Регионалниот совет за соработка (RCC). Процесот за соработка во Југоисточна Европа, како форум за регионална соработка е основан во 1996 година и ги вклучува сите 13 учесници од југоисточна Европа со цел изнаоѓање на решение за регионалните прашања, јакнење на добрососедските односи, промовирање на дијалог и соработка и поттикнување на европската и евроатлантската интеграција на земјите од Југоисточна Европа. Во таа насока, главните цели на ПСЈИЕ се унапредување на политичката и безбедносната соработка, поттикнување на економската соработка и проширување на соработката во областа на човековите права, демократијата и правдата.

The post Jaков Милатовиќ, Марко Ѓуриќ, Вјоса Османи во Скопје appeared first on Република.

]]>