Процесот Брдо-Бриони Archives - Република https://republika.mk/tema/protsesot-brdo-brioni/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 14:52:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Процесот Брдо-Бриони Archives - Република https://republika.mk/tema/protsesot-brdo-brioni/ 32 32 Милановиќ: Државите ќе го изгубат трпението доколку се одложи проширувањето на ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/milanovik-drzhavite-ke-go-izgubat-trpenieto-dokolku-se-odlozhi-proshiruvaneto-na-eu/ Tue, 08 Oct 2024 15:26:24 +0000 https://republika.mk/?p=824273

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ изјави дека процесот за членство во ЕУ трае со години, дека го обележуваат состаноци кои се одржуваат еднаш годишно, а администрацијата на ЕУ не е ефикасна.

Ниту еден процес на ЕУ не доведе до ништо. Ова е форма на комуникација меѓу луѓето и државите, ЕУ е инертен состав во кој влегоа Словенија и Хрватска и во кој треба да имаме корист, но не гледам никаква идеологија во тоа, рече Милановиќ.

Тој рече дека државите ќе го изгубат трпението доколку се одложи понатамошното проширување на ЕУ и дека задача на Хрватска е да ги охрабри тие држави.

Сакам соседите да ни бидат пријатели, мора да имаме разбирање за нивните проблеми, вклучително и проблемите на внатрешната политика, кои се природни затоа што црногорската историја не започна утринава, а секако не голем дел од тоа време беше менаџирана од Загреб, изјави Милановиќ.

На прашањето како ги оценува односите меѓу Црна Гора и Хрватска, тој рече дека се добри.

Разбирам дека некои пратеници во Собранието на Црна Гора имаат потреба да нагласат нешто што ги загрижува, се работеше за Резолуцијата за Јасеновац, која според мене е сосема непотребна, тоа се работи што стојат зад нас, вели Милановиќ.

Тој рече дека ниту ја поддржува, ниту ја осудува одлуката за прогласување на црногорските пратеници за персона нон грата и дека не учествувал во таа одлука.

The post Милановиќ: Државите ќе го изгубат трпението доколку се одложи проширувањето на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Со усвојување заедничка Декларација, заврши Самитот Брдо-Бриони https://republika.mk/vesti/makedonija/so-usvojuvane-zaednichka-deklaratsija-zavrshi-samitot-brdo-brioni/ Tue, 08 Oct 2024 15:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=824272

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ на прес-конференцијата во Тиват рече дека на лидерската средба на процесот Брдо-Бриони е усвоена заедничка Декларација. Сепак, тој додадава дека влезот во ЕУ не е само потреба и декларирана цел, туку геополитички и морален императив за Западен Балкан.

Самитот беше уште една можност да ја повториме единствената порака, заедничка за сите нас, дека нашиот простор е простор на заеднички вредности, мир и просперитет, и дека ЕУ не е целосна без земјите од Западен Балкан, истакна Милатовиќ на заедничката прес-конференција со претседателите на Словенија и Хрватска.

Тој додаде дека мирот и безбедноста никогаш не можат да се земат здраво за готово и дека самитот е секогаш добра прилика да се разговара и за оние прашања околу кои не секој има исто мислење.

Долгорочната стабилност подразбира добрососедски односи, рече Милатовиќ, додавајќи дека „Црна Гора е и секогаш ќе биде земја посветена на регионалната соработка и добрососедските односи.“

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, рече дека процесот Брдо-Бриони трае со години како форма на комуникација меѓу државите, од кои некои меѓусебно не се признаваат, што, како што наведе, само по себе е вредно за напор.

Милановиќ оцени дека ЕУ е голем и многу инертен систем и дека идните членки „ако се чека толку долго колку што се чека сега, ќе го изгубат трпението“. - Наша задача е да ги охрабруваме, додаде тој.

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, истакна дека Црна Гора има најголем потенцијал за прием во ЕУ, а според неа, Косово има најмали шанси за тоа.

На пленарната седница на самитот Брдо-Бриони, се разговараше за унапредување на соработката меѓу Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ.

Покрај домаќинот, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, учествуваа и претседателите на Албанија и Хрватска, Бајрам Бегај и Зоран Милановиќ, претседателките на Косово, Словенија и Македонија, Вјоса Османи, Наташа Пирц Мусар и Гордана Силјановска Давкова.

Присуствуваа и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им се придружи на учесниците на самитот подоцна, за време на работниот ручек.

Процесот Брдо-Бриони е заедничка словенечко-хрватска иницијатива започната во 2013 година, со цел зајакнување на меѓусебната доверба и помош на Западен Балкан на патот кон ЕУ.

Членки се Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија.

The post Со усвојување заедничка Декларација, заврши Самитот Брдо-Бриони appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ на прес-конференцијата во Тиват рече дека на лидерската средба на процесот Брдо-Бриони е усвоена заедничка Декларација. Сепак, тој додадава дека влезот во ЕУ не е само потреба и декларирана цел, туку геополитички и морален императив за Западен Балкан.
Самитот беше уште една можност да ја повториме единствената порака, заедничка за сите нас, дека нашиот простор е простор на заеднички вредности, мир и просперитет, и дека ЕУ не е целосна без земјите од Западен Балкан, истакна Милатовиќ на заедничката прес-конференција со претседателите на Словенија и Хрватска.
Тој додаде дека мирот и безбедноста никогаш не можат да се земат здраво за готово и дека самитот е секогаш добра прилика да се разговара и за оние прашања околу кои не секој има исто мислење.
Долгорочната стабилност подразбира добрососедски односи, рече Милатовиќ, додавајќи дека „Црна Гора е и секогаш ќе биде земја посветена на регионалната соработка и добрососедските односи.“
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, рече дека процесот Брдо-Бриони трае со години како форма на комуникација меѓу државите, од кои некои меѓусебно не се признаваат, што, како што наведе, само по себе е вредно за напор. Милановиќ оцени дека ЕУ е голем и многу инертен систем и дека идните членки „ако се чека толку долго колку што се чека сега, ќе го изгубат трпението“. - Наша задача е да ги охрабруваме, додаде тој. Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, истакна дека Црна Гора има најголем потенцијал за прием во ЕУ, а според неа, Косово има најмали шанси за тоа. На пленарната седница на самитот Брдо-Бриони, се разговараше за унапредување на соработката меѓу Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ. Покрај домаќинот, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, учествуваа и претседателите на Албанија и Хрватска, Бајрам Бегај и Зоран Милановиќ, претседателките на Косово, Словенија и Македонија, Вјоса Османи, Наташа Пирц Мусар и Гордана Силјановска Давкова. Присуствуваа и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им се придружи на учесниците на самитот подоцна, за време на работниот ручек. Процесот Брдо-Бриони е заедничка словенечко-хрватска иницијатива започната во 2013 година, со цел зајакнување на меѓусебната доверба и помош на Западен Балкан на патот кон ЕУ. Членки се Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија.

The post Со усвојување заедничка Декларација, заврши Самитот Брдо-Бриони appeared first on Република.

]]>
Милатовиќ: Европската унија не е целосна без земјите од Западен Балкан https://republika.mk/vesti/balkan/milatovik-evropskata-unija-ne-e-tselosna-bez-zemjite-od-zapaden-balkan/ Tue, 08 Oct 2024 14:49:06 +0000 https://republika.mk/?p=824265

Во време на геополитичка неизвесност, сметаме дека промовирањето на дијалогот е дел од решението, изјави претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на прес-конференција во рамки на Самитот на процесот Брдо-Бриони.

Тој рече дека му претставува голема чест да биде домаќин на овој самит, а заедничката порака на претседателите на земјите учеснички е „дека нашиот простор е област на заеднички вредности, мир и просперитет“.

Европската унија не е целосна без земјите од Западен Балкан, длабоко сум убеден дека успехот на Црна Гора ќе биде поттик за сите други земји во регионот и дека ќе претставува голем чекор напред, рече Милатовиќ.

Тој додаде дека проширувањето на ЕУ не е само потреба, туку е и поставена цел и императив.

Со разнишаниот светски поредок, цврсто верувам дека како лидери на Западен Балкан сме свесни за овој геополитички и политички момент, овој прозорец во ЕУ кога станува збор за проширувањето, и подготвени сме да ја искористиме можноста, рече Милатовиќ.

Тој го пофали Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој го нарече стимулирачка алатка.

Важно е да се истакне дека во земјите кои денеска беа на маса со нас ние извезуваме повеќе од 50 отсто од нашите производи, а тие сочинуваат 50 отсто од нашиот туристички потенцијал, рече Милатовиќ.

Тој истакна дека демократскиот развој не треба да се зема „здраво за готово“.

Долгорочната регионална стабилност подразбира добрососедски односи, соработка во добра волја... Црна Гора секогаш ќе биде земја која е посветена на добрососедските односи и стабилност, рече Милатовиќ.

The post Милатовиќ: Европската унија не е целосна без земјите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Во време на геополитичка неизвесност, сметаме дека промовирањето на дијалогот е дел од решението, изјави претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на прес-конференција во рамки на Самитот на процесот Брдо-Бриони. Тој рече дека му претставува голема чест да биде домаќин на овој самит, а заедничката порака на претседателите на земјите учеснички е „дека нашиот простор е област на заеднички вредности, мир и просперитет“.
Европската унија не е целосна без земјите од Западен Балкан, длабоко сум убеден дека успехот на Црна Гора ќе биде поттик за сите други земји во регионот и дека ќе претставува голем чекор напред, рече Милатовиќ.
Тој додаде дека проширувањето на ЕУ не е само потреба, туку е и поставена цел и императив.
Со разнишаниот светски поредок, цврсто верувам дека како лидери на Западен Балкан сме свесни за овој геополитички и политички момент, овој прозорец во ЕУ кога станува збор за проширувањето, и подготвени сме да ја искористиме можноста, рече Милатовиќ.
Тој го пофали Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој го нарече стимулирачка алатка.
Важно е да се истакне дека во земјите кои денеска беа на маса со нас ние извезуваме повеќе од 50 отсто од нашите производи, а тие сочинуваат 50 отсто од нашиот туристички потенцијал, рече Милатовиќ.
Тој истакна дека демократскиот развој не треба да се зема „здраво за готово“.
Долгорочната регионална стабилност подразбира добрососедски односи, соработка во добра волја... Црна Гора секогаш ќе биде земја која е посветена на добрососедските односи и стабилност, рече Милатовиќ.

The post Милатовиќ: Европската унија не е целосна без земјите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова: Очекуваме и нашите соседи да ги почитуваат договорите без да го злоупотребуваат правото на вето https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-ochekuvame-i-nashite-sosedi-da-gi-pochituvaat-dogovorite-bez-da-go-zloupotrebuvaat-pravoto-na-veto/ Tue, 08 Oct 2024 14:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=824259

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на пленарната сесија на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, што се одржува во Тиват, Црна Гора.

Во обраќањето, Сиљановска Давкова се осврнала на евроинтеграцијата, како приоритетен предизвик на земјите од регионот. Според неа, чекалната на Европската Унија наречена Западен Балкан се празни само на два начини: со интегрирање на земјите од овој гео-политички регион во ЕУ или преку иселување на луѓето, особено младите, кои, како што посочила, се уморни од чекањето за членство на нивните држави во Европската Унија и се интегрираат по брза постапка, по скратен пат, неретко и со пасош на туѓа држава.

Ваквата демографска закана, според претседателката Сиљановска Давкова, е опасна не само за економијата, туку и за демократијата, бидејќи, како што посочила, помалку граѓани значи и сѐ помал притисок врз властите за европските реформи, за владеење на правото и борба против корупцијата, за демократските вредности и почитувањето на човековите права и слободи.

Процесот Брдо Бриони треба да ни помогне, оваа чекална наречена Западен Балкан да се испразни преку интегрирање на државите, а не мигрирање на граѓаните. Процесот ќе ја исполни својата цел тогаш кога и последната држава заглавена во овој гео-политички регион ќе стане полноправна членка на Унијата и кога жаргонот Западен Балкан ќе го испратиме во историјата, и тоа не подоцна од 2030-та година,  рекла претседателката Сиљановска Давкова, соопштија од нејзиниот Кабинет.

Таа посочила дека е неопходно сите земји да се третирани еднакво и напредувањето кон ЕУ да биде резултат на достигнувањето на европските реформи и критериуми поврзани со европското законодавство.

Како држава што е посветена на добрососедството и регионалната соработка, ние ги почитуваме билатераланите договори со нашите соседи и очекуваме и нашите соседи да ги почитуваат договорите без да го злоупотребуваат правото на вето, истакнала Сиљановска Давкова.

Пред лидерите на процесот Брдо-Бриони укажала на потребата за регионална соработка и поддржување едни со други, по примерот на скандинавските земји, истакнувајќи дека тоа е неопходно за да може да се фокусираме на клучните проблеми на регионот.

Веќе го спомнав иселувањето на младите. Кон тоа ќе ја додадам и потребата од инфраструктурно, енергетско и дигитално поврзување, што ќе помогне регионот да стане поконкурентен на поширокиот европски и глобален пазар. Планот на Европската Унија за раст за Западниот Балкан треба да биде инструмент од кој сите држави од регионот, независно од степенот на евроинтегративниот процес, да имаат еднаков бенефит. Но, на повидок е и уште посериозен проблем, а тоа се климатските промени,  рекла претседателката.

Според Сиљановска Давкова, европската реинтеграција, односно реунификација е незавршена без нас, оти поделбата на Запад и Исток е вештачка и мора да се надмине. Како што посочила, целосната интеграција на Балканот во ЕУ ќе стави крај на бескрајното прекројување на границите, како и на балканизацијата како феномен.

Во изјава по завршувањето на состанокот, претседателката посочила дека собирот поминал во пријателска атмосфера и на него била потенцирана важноста за регионалната соработка и поддршка, истакнувајќи дека не можеме да очекуваме респект и разбирање од членките на ЕУ, доколку сами меѓу себе не се разбираме. Таа ја потенцирала клучната улога на иницијаторите за Процесот Брдо-Бриони, Словенија и Хрватска и изразила надеж за продолжување на нивната гласност во процесот на нашата реунификација или реинтеграција во Европа.

На денешниот самит, шефовите на делегациите на земјите учеснички на Процесот Брдо-Бриони усвоиле Декларација во која го потврдиле нивното непоколебливо уверување дека интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија е најветувачкиот и најнезаменливиот пат кон Европа, потенцирајќи ја неопходноста од храбри чекори со цел обезбедување на долгорочна стабилност на континентот и создавајќи услови со цел младите луѓе да останат во регионот и да напредуваат во праведни, просперитетни и одржливи општества.

The post Сиљановска Давкова: Очекуваме и нашите соседи да ги почитуваат договорите без да го злоупотребуваат правото на вето appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на пленарната сесија на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, што се одржува во Тиват, Црна Гора. Во обраќањето, Сиљановска Давкова се осврнала на евроинтеграцијата, како приоритетен предизвик на земјите од регионот. Според неа, чекалната на Европската Унија наречена Западен Балкан се празни само на два начини: со интегрирање на земјите од овој гео-политички регион во ЕУ или преку иселување на луѓето, особено младите, кои, како што посочила, се уморни од чекањето за членство на нивните држави во Европската Унија и се интегрираат по брза постапка, по скратен пат, неретко и со пасош на туѓа држава. Ваквата демографска закана, според претседателката Сиљановска Давкова, е опасна не само за економијата, туку и за демократијата, бидејќи, како што посочила, помалку граѓани значи и сѐ помал притисок врз властите за европските реформи, за владеење на правото и борба против корупцијата, за демократските вредности и почитувањето на човековите права и слободи.
Процесот Брдо Бриони треба да ни помогне, оваа чекална наречена Западен Балкан да се испразни преку интегрирање на државите, а не мигрирање на граѓаните. Процесот ќе ја исполни својата цел тогаш кога и последната држава заглавена во овој гео-политички регион ќе стане полноправна членка на Унијата и кога жаргонот Западен Балкан ќе го испратиме во историјата, и тоа не подоцна од 2030-та година,  рекла претседателката Сиљановска Давкова, соопштија од нејзиниот Кабинет.
Таа посочила дека е неопходно сите земји да се третирани еднакво и напредувањето кон ЕУ да биде резултат на достигнувањето на европските реформи и критериуми поврзани со европското законодавство.
Како држава што е посветена на добрососедството и регионалната соработка, ние ги почитуваме билатераланите договори со нашите соседи и очекуваме и нашите соседи да ги почитуваат договорите без да го злоупотребуваат правото на вето, истакнала Сиљановска Давкова.
  Пред лидерите на процесот Брдо-Бриони укажала на потребата за регионална соработка и поддржување едни со други, по примерот на скандинавските земји, истакнувајќи дека тоа е неопходно за да може да се фокусираме на клучните проблеми на регионот.
Веќе го спомнав иселувањето на младите. Кон тоа ќе ја додадам и потребата од инфраструктурно, енергетско и дигитално поврзување, што ќе помогне регионот да стане поконкурентен на поширокиот европски и глобален пазар. Планот на Европската Унија за раст за Западниот Балкан треба да биде инструмент од кој сите држави од регионот, независно од степенот на евроинтегративниот процес, да имаат еднаков бенефит. Но, на повидок е и уште посериозен проблем, а тоа се климатските промени,  рекла претседателката.
Според Сиљановска Давкова, европската реинтеграција, односно реунификација е незавршена без нас, оти поделбата на Запад и Исток е вештачка и мора да се надмине. Како што посочила, целосната интеграција на Балканот во ЕУ ќе стави крај на бескрајното прекројување на границите, како и на балканизацијата како феномен. Во изјава по завршувањето на состанокот, претседателката посочила дека собирот поминал во пријателска атмосфера и на него била потенцирана важноста за регионалната соработка и поддршка, истакнувајќи дека не можеме да очекуваме респект и разбирање од членките на ЕУ, доколку сами меѓу себе не се разбираме. Таа ја потенцирала клучната улога на иницијаторите за Процесот Брдо-Бриони, Словенија и Хрватска и изразила надеж за продолжување на нивната гласност во процесот на нашата реунификација или реинтеграција во Европа. На денешниот самит, шефовите на делегациите на земјите учеснички на Процесот Брдо-Бриони усвоиле Декларација во која го потврдиле нивното непоколебливо уверување дека интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија е најветувачкиот и најнезаменливиот пат кон Европа, потенцирајќи ја неопходноста од храбри чекори со цел обезбедување на долгорочна стабилност на континентот и создавајќи услови со цел младите луѓе да останат во регионот и да напредуваат во праведни, просперитетни и одржливи општества.

The post Сиљановска Давкова: Очекуваме и нашите соседи да ги почитуваат договорите без да го злоупотребуваат правото на вето appeared first on Република.

]]>
Утре доаѓа Вучиќ https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-doaga-vuchik/ Sun, 10 Sep 2023 14:24:22 +0000 https://republika.mk/?p=680628

 Претседателот Стево Пендаровски, утре во Скопје ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони.

На состанокот, како што е најавено, ќе учествуваат претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, во улога на ко-домаќини, како и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и членовите на претседателството на Босна и Херцеговина: Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ.

Во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје се европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите.

Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година на заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска, во Брдо кај Крањ.

Главната цел на процесот е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија, стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони се состануваат најмалку еднаш годишно.

На состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони, кој ќе се одржи во хотелот „Хилтон“ во Скопје, се акредитирани 125 претставници на медиумите, 72 од нашата држава и 53 од странство

The post Утре доаѓа Вучиќ appeared first on Република.

]]>

 Претседателот Стево Пендаровски, утре во Скопје ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони. На состанокот, како што е најавено, ќе учествуваат претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, во улога на ко-домаќини, како и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и членовите на претседателството на Босна и Херцеговина: Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ. Во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје се европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите. Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година на заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска, во Брдо кај Крањ. Главната цел на процесот е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија, стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања. Лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони се состануваат најмалку еднаш годишно. На состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони, кој ќе се одржи во хотелот „Хилтон“ во Скопје, се акредитирани 125 претставници на медиумите, 72 од нашата држава и 53 од странство

The post Утре доаѓа Вучиќ appeared first on Република.

]]>
Вучиќ доаѓа во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/vuchik-doaga-vo-skopje/ Tue, 15 Aug 2023 17:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=672448

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со претседателите на Република Словенија Наташа Пирц-Мусар и на Република Хрватска Зоран Милановиќ, ќе биде домаќин на состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, кој ќе се одржи на 11 септември 2023 година во хотелот „DoubleTree by Hilton“ – Скопје.

Земји учеснички во Процесот Брдо-Бриони се Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Република Македонија, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска и Црна Гора, претставени на ниво на претседатели на држави. Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година, на иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска и претставува најпрестижна регионална инцијатива која дава политички резултати и поттикнува политички дијалог меѓу земјите од регионот со отворени прашања.

The post Вучиќ доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со претседателите на Република Словенија Наташа Пирц-Мусар и на Република Хрватска Зоран Милановиќ, ќе биде домаќин на состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, кој ќе се одржи на 11 септември 2023 година во хотелот „DoubleTree by Hilton“ – Скопје. Земји учеснички во Процесот Брдо-Бриони се Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Република Македонија, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска и Црна Гора, претставени на ниво на претседатели на држави. Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година, на иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска и претставува најпрестижна регионална инцијатива која дава политички резултати и поттикнува политички дијалог меѓу земјите од регионот со отворени прашања.

The post Вучиќ доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>